Велат по утрото и денот се познава а кај мене по ноќта се познава денот. Вчера таман со мм го заспавме синко кај 21 часот заспива меѓу нас легнат и не гушка едниот па друиот спиеше што спиеше и кај 23 часот кога списка дете вика рика во сон со мм двајцата се збркавме кој што да прави,арно тоа пројде дете заспа во сон се нацица и толку до сабајле не мрдна најадено и напиено си ја преспива ноќта. Вака прави двата кеца горе му се набабрени и кај и да е ќе излезат,таман јас сум заспала нештоо почна на кровот да трча да треска ја кога срипав на мм на глава му се качив .Го терав на таванот да се качи среде ноќ тој кутриот мораше што да прави, виде и ми кажа дека мачката била .Едвај заспав па беба стана да цица кај 5 часот па мм стана на работа да оди и така јас морав да станам уште со петлите.
Ние имавме слична случка пред една недела со вриштење во сон, значи панично викање проследено со плачење. Се распаметивме со маж ми сред ноќ, такви поспани ко муви без глави уште да почневме да се маваме од ѕидови и шифоњери Одма ја земав во скут, чекав да се расони малце за да не и продолжи сонот, и ја прашав што ја ислаши, вика: лавот! После тоа ја ставивме да спие помеѓу нас. Завчера пак, ја гледам станува сред ноќ и гледам се прекачува кај мене, ја прашувам: што е?, она ми вика: мамо лавот! Гревче. Појма неам што гледала или кој и раскажувал нешто со лав па толку да се уплаши.
Имаше еден период кога ќерката така панично плачеше, се зајдуваше од плач и тоа секоја ноќ некој период. Страв од нешто. Сега нема, но некогаш се буди и доаѓа кај нас, без плачење само сонливо мумлање. Цело утро се напорни, го пијам второто кафе, јас поспана а тие полни со енергија. Така нека биде само да се расположени и весели. Насекаде хартии, цртежи, играчки, трошки...немам нешто сила, има такви денови.
Женски добар ден, само да ве поздравам сите, а посебно @kallias ти си една силна мајка, да си побараш повеќе мислења па ќе видиш што ќе напрвиш со крајниците. @blessed.an созадоцнување ама вечна да ви е славата. Ние добри сме во поглед на здравје, ама инаку темперамент невиден е, нема ни 9месеци ама не застанува ни секунда, цело време сака да е во раце, никако не сака да е сама, треба да си до неа и заедно да играме, почнувам колку толкуда ја оставам сама да се заигрува, ама околинава ме убива, свекрвица ми има набиено комплекс со плачењето... како дете почнува да плаче јас се тресам целата.... Инаку сме си на гости кај мм, се шеткаме колку можеме на ова глупаво време и така. Беба нана ама кај и да е ќе стане, мм ќе се врати од раб и одиме на ручече. Доста беше од мене за денес, поззз до сите мајкицииии
Добар ден мајки! Само што заспа пред малку. Се намачивме 3 дена сме со температура. Сите опции ги пројдовме...Заби, вирус, настинка, сипаница... Вчера направивме крвна слика и леукоцитите беа покачени. Отидовме денес кај матичниот, и испадна афта на грлото и плус 3 забчиња наеднаш излегуваат Се намачи срцето мајкино, сеа и антибиотик примаме, далеронот не ни ја симнуваше температурата. А гледам се мачи, не јаде...а неа ја болело Денес малку подобра од претходните денови, гледам и температурата се намалува. Се надевам брзо ке и помине. Сега ке варам леќа и за нас и се надевам и она ке може да јаде. Убав ден мајки
Добро утро сред пладне мајки. Со турско и Дак тв за малку раат. Денес сум во погон, па на кратко седнувам само. Сум останала без сјај и сол за машина за садови, а богами и без детергент па решив да мијам на раце, е кога решив веќе дај генералка на кујната д аи направам, па ај кога правам веќе генералка дај да ја прередам и така си отворив работа. Ама сега пијам кафе. Туку кажувајте што пие кафана? Малку кренав џева и не примија во градинка, од први галиба ќе си одиме во градинка. Леле коа ми де стегна душичката, леле лелееее.... Сакам да иде, мора да иде оти истиот ден ми се јавија и за кредитот за фирмата, што пие кафана втор пат, ама некако си викам нема да е ништо веќе исто. Ќе стане плачливо, нервозно, болежливо, нема да јаде веќе здрава и избалансирана исхрана, шо знам, некако ме фати мака. Ама ќе почнам со работа па нема да имам веќе време за мислење. Не знам дали ве почастив јас? Проодевме па мама правеше постапалчиња, а една друга тетка форумска ни направи па шарени постапалчиња. Си имам дома сега одалче шеталче. Дада му кога прооде беше многу постабилна од него, ова оди оди падни си. Епа толку мајки од мојот одмор, да си станам оти и две вангли цреши ме чекаат да ги средам за замрзнувач.
Добар ден мајки. Значи аман веќе од тоа време таман малку се стопли и сега пак дождови, надвор човек да не може да иде. Туку и на синко крајниците ме загрижуваат. Имаше температура пред 3-4 дена отидовме кај матичната и му даде сируп сумамед за крајниците, а не кашлаше ниту носе да тече туку темп.била од крајниците. Незнам дали треба да се вадат или некогаш ке поминат врска немам ке мора да читам по нет за да дознаам. Инаку бебе е супер почнавме со кашички после ке одам да и купам готови и овошје. Тоа е мајки поззз
Здраво мајки. Конечно да пишам од компјутер. Бебе нана во релаксатор, бато го нишкаше до сега. Јас спремав ручек, садови, па големиот помага. Откако го добив нутри на поклон, само правам експерименти. Среќа мм не е дома инаку само вика по мене, дека некогаш и утки знаам да направам, па да фрлам Сабајлево ме разбуди лош сон и мислев цел ден катастрофа ќе биде, ама ми помина стравот. Сонував змија кај моите дома. Уффф се ежам од помислата. Пред некој ден гуштер ни влезе дома, малава го виде одма над неа, се стаписа душичка. А јас го грабнав малиов и побегнав, кога ми текна девојчето внатре го оставив, а таа душичка си излезе сама. И сега строго затворени врати и прозори. Сакам пролет, ама од проклети животинчиња и бубачки сеа сакам зима. Еве го се разбуди, нејќе мајка му бадијала да седи Поздрав мами имајте убав ден.
Мајки, моево девојче мајмунче станало! На 16 неполни месеци сама излегува од игротеката (кош, оградичка...како ли се вика?!?) појма немам како се прекачува ама веќе два пати ја оставам внатре а за пет минути е излезена од неа! И секогаш се погодува кога е сама па никој не ја видел како ја изведува акробацијата! Време е да ја пензионираме оградичката @AngelOfArh , случајно ти ги видов на фб постапалчињата, мислам дека те препознав по фраерот твој...нека му е со среќа проодувањето! Среќно и сигурно да чекори цел живот! Туку, каде на одмор? Го испланиравте ли летото? Јас уште сум во потрага по ефтина варијанта...како за безпари!
И нас така ни правеше педијатарот, демек нема потреба мал е, свеж е.... Минатата година кога бевме во МК проверивме за сигурност, излезе дека е слабокрв. Кога му ги дадов резултатите, остана без збор. Од тогаш ми дозволува без проблем на 2,3 месеци да контролирам. Штом ќе одите МК, провери за да си мирна Ние дома, се едно исто... Синко од капките е подобар. Еве го, наместо да спие тој на глава ми се качува Ми треба одмор, масажа и една тегла нутела Пмс ме уби Поздрав дами
@Monella pedijatrata ne mi pravi problemi,koga i kazuvam i baram ona mi kazuva mislejne i potoa zapisuva tuku vo bolnica mi pravat problem da da koga ke idam mak ke proveram a i tuka mora da se odi napred oti ovie ne si rabotat rabotata kako sto treba Tuku sto se slucuva vo MAK?
@Sunshine_1979 и јас имам дома едно мајмунче. На ваша возраст отприлика, море помала, ја оставив во монтажното на минута за да отидам до веце и наеднаш трессс. Срце ми застана. Се враќам во дневна она испружена на земја. Крв не остана во тој момент во мене, се следенив. Среќа во несреќа не се поткачила на ќош од маса или масиче од тв, што воопшто не беше повредена. До ден денес не ми е јасно како успеала да се искачи и да рипне, да се префрли, толкацко човече, ама од тој момент ова дете не е ниту секунда без надзор. Ниту во хранилка ниту во монтажно е безбедна. Во хранилката знае како се откопчуваат каишите и во делче од секундата се одврзува и на нозе се дига...од памет ќе го извади човек. Додека јаде нема оставање сама за на кратко одење во кујна нешто да зедам. Однапред мора се до нас оти од видик не ја испуштам. Многу, многу е темпераментна и своеглава. Ние на одмор од 17 јуни во Грција. Се надевам на убаво време и дечињата да се фит за да може максимално да уживаат и радуваат. Прв одмор ни е. Малото ќе биде 5 месеци а големата на рамно 2 год. Големава е родена летото 2015 па ништо од одморот, минатото лето бев со меше па пак ништо, сега верувам ќе биде пресреќна. Ова ќе ни биде прв фамилијарен одмор.
Добар ден мами. Кај мене поприлично напорно деновиве. Син ми пак кашла. Рамно една недела беше здрав и сега пак јово наново аман веке. Суво кашла и сабајле го носам накај гадинка и како одиме низ градинката од сите страни деца абе буквално сите кашлаа. Што е работава, аман. @Sunshine_1979 и мојот од таа возраст излегува од креветчето. И тоа нашето е дрвено и доста длабоко. Излегуваат како клипчињата на фб што ги има. Значи се фака со раце за оградата и се крева, и ако успее едната нога да ја качи горе готово го крева газот и се префрла. Мојот сега по прозорите се качува. Прозор не смееме отворен да оставиме. И мавта од прозор на луге што поминуваат. Кој знае што си мислат тие што поминуваат. Инаку од денес сум 37 недела. Ситно бројам, а ништо не сум спремна, а немам ни време. Се надевам викендов да стигнам да си ја спремам торбицата за мене и облеката за бебе. А ако се породам денес утре чорба, мм нека се снаога. Па ке правиме реприза ко пред две години кога ми дојде во болница со кеса полна алишта за бебето и друга кеса полна алишта за мене, па јас во тоа собчето таму комбинации правев, а на другите родилки им донесоа симпатични украсни кутии со здиплени алиштенца внатре. Јас бев зини земјо голтини ме.
Здраво мајкии. Ние вадиме заби и само плачеме Во раце плаче, на земја плаче....само надвор кога е не плаче, ама па лази и кине цвеќиња во двор.....и јаде земја неможеш да го допазиш. Ние одиме на одмор неделава, летна количка не најдов така што ќе си одиме со големата (за што дававме толку пари, да се искористи убаво треба ). Лани бевме ама бебе беше 4 месеца и си седеше на едно место, е годинава ќе видиме. Се мислам колку облека да земам, ќе гледам што помалку, на плажа и така планирам со гаќички да е. Се надевам дека ќе се одморам, барем јадењето ќе е обезбедено, појадок и вечера ама вечерата нели кај 6 е обично така што во меѓувреме нешто лабаво ќе јаде па за вечера ќе му давам пообилно и готово. Пуштив машина во Скопје ја пружив па дојдовме тука и сега пак треба да пуштам и за тука. Кој што прави ја машини пуштам
Ако одите во Грција, можеш ли да ми кажеш каде. Зошто и јас барам соодветно место за со мало бебе. Можеш и во лп да ми пишеш.
Здраво од мене мамици! Конечно слободна минутка за да ве читнам и да ви пишам, конечно со мирна душа и за среќа решени проблеми од работа, конечно со завршени обврски кои ги одлагав едно 2 месеци! Денов дождлив, маало цело поплавено! ММ отиде во помош кај соседите од спроти да вадат вода, кутри луѓе се поплавија! Малата ми реди алишта по фотелја, омилена игра и е во последно! Лоша навика, ама детето среќно ! Во принцип ептен строга сум за такви ,,забранети игри,, ама кога нејзината фантазија оди до таму таа да биде продавачка во бутик, епа не сакам да и го скратам задоволството! Воглавном деновите и кај нас отсликани еден на друг... малата во градинка, јас на работа, мм на работа па пак на др. работа.... бабите ни се малку растеретени периодов со оглед на тоа што малата пола ден во градинка го минува, па често знаат да се јават и да не израдуваат со некоја досетка ,,детево ќе не заборави, што му зборите лошо за нас та не сака да дојде,, Ама ете го викендов на прагот, па ќе им ја оставам два дена на спиење... ем баба задоволна, јас одморена, дете среќно! Тоа мајки од мене, ве гушкам!
Здраво од мене јас читам максимум по 2-3 поста на ден од темава,толку време имам.Сега прчнав со работа и сум малку позафатена.Сепак ми годи работењево,променам малку средина и се осеќам поубаво. Малку ми е напорно што сум се испозабравила од мојата работа, дипломата долго ми стоеше во регал и фаќаше прашина.После додекај ја признаам,па породилно и кога видиш минале 9 години Се чустувам многу несигурно,за се препрашувам по 100 пати,малку ги нервирам колегите,ама баш ми е гајле...кога работам со луѓе нема зафрканција.Недај Боже да грешам нешто може некој живот да го чини.И така по сто пати си прашувам кој како се вика и за лекарствата да не забравам нешто,пропратно ми се и маките да го научам системот Ама не се давам и читам стручна литература колку ми дозволува времето. Малиот добар,оди во градинка.Вчера го пофалија кога воспитачката му дала колаче и рекол фалаЕптен бев горда кога ми кажаа.Многу ми е смешен,кажува по некој збор и онака некогаш ептен погоди и го каже на место и ме става во мисла да го разбира точно значењето на зборот или е само случајност За денот на таткото планирав на мм да му купам чаша на која се појавува слика кога се сипува жежок пијалок.Ама многу ми се виде работа,да бирам слика од малиот па порачки и чекање и ништо не му купив. Тоа жени утре ќе здивнам еден ден и викенот дежурам на работа. Поздрави и убав ден на сите
Мајки, не знам колку од вас се со деца околу 3-4 година, но доколку има би ми значеле искуства. Син ми е 3, 5 години. Во последно време само квиче, плаче, се инаети, се дере. Се не му е погодено. Игра на таблет, квиче. Ќе излеземе и пак ќе квиче. И претходно беше таков ама се трпеше. Сега е неподнослив. Ако му подвикнам или да го удрам по газе се дере"Не ме тепај, не цркај" и вреска, хистерише. Поминуваме низ стресен период, разделбата со татко му тешко ја поднесува. Кога го зимам последните пати е многу лошо. Вчера ме гребеше, врескаше, плачеше и хистерија невидена. А претходно немаше такви испади. Не знам што да правам веќе. Вечерва му дадов бедоксин. Планирам и наутро оти друго не знам. Период ли е, фаза ли не знам веќе.
Moze ke bide glupavo prasanhe, ama da ne slucajno tatko mu zbori loso za tebe ili da slusa od strana?! Malo mi e deteto za taa faza, pa ne sum bas kompetentna ama da porazgovaras, da go prasas ubavo sto si praat muabet, kako si pominuva tamu.,zosto vika...
Татко му вели дека не му збори, а за баба му не гарантирам. Можно е. Значи пред 2 недели детево ми се јавуваше да го земам, нормално плачеше по татко му, ама сега е страшно. И понашањето му е сменето. Дали вака искажува револт, се бунтува не знам. Кога го прашувам што прави не кажува ништо лошо.