После 3 некаде сакав докај 4г разлика ама излегоа скоро 6 . Се си има и мани и предности. Мала разлика е убаво дека за кратко ке се изедначат малтене па ќе си се друштво ама затоа оди уздржи го тоа за кратко Не е лошо ни поголема, повеќе разбираат па се доста заштитнички настроени према помалите во некои случаи и помагаат. Еве моиве веќе си играат ако се поголема разлика
По мене идеална разлика е 3до 4 години мегу децата. Ама ете моите ке бидат 2 години разлика. Може за децата ке биде поубаво, ама јас ке се окозам со бебе и големо бебе кое уште носи пелени, не јаде само и не разбира дека ке падне, ке се удри па мора цело време под надзор да биде. И бременоста позаморна ми е, малово не разбира, ме бара постојано, јас да го преслечам, наранам, играм, легната сум буквално само ноке. Ама нека се живи и здрави, се се издржува.
Ирена до каде си кога ти е термин? Добро утро, кафе испиено го пратив мм по доручек дома нема баш ништо после да се изорганизираме да испазаримњ до кам. Не знам што ќе се прави денес времево е тапа. Имам еден куп работа дома ама малово само се влече по мене и цица пак на саат време малтене
Добро утро. Кафето е на маса, синко гледа цртани и бебето во лулашка и тоа гледа цртани. Времето ми досади веќе секој ден се по досадно. Утре ако е убаво ке шетнеме некаде. Ништо ново нема секој ден е исто. Имајте убав викенд
37 недела сум веке. Се надевам нема уште многу да терам, тешко ми е веке. На здравје да ви е одморот, секогаш прија одмор пред сезона. Кажи ми, те молам, каде бевте и како си задоволна. Јас барам за во септември, па ми треба искуство некој што бил со мали деца. Можеш и во лп. Фала.
Незнам дали има поубаво нешто од тоа кога бебе си спие мирно,спокојно а мами го гледа.Еве баш сега си лежам на креветот а тоа до мене во креветче си спие мирничко Го гледам и си велам фала ти Господе што ми го подари. Убав ден мајки кај нас почна да излегува после цели 3-4 дена дожд.Епа мора ради времето да се прошетаме малце. После накај 13часот ке му зготвам ручече и ке идеме да се прошетаме до кај една пријателка еве и таа е веќе 9 месец скоро ке му подари на Јаков другарче за играње се радувам многу за нив после 2ипол години мачење здравје ке си начекат и тие подарок од Бога. Инаку @vitamina ни ја нема во темава нешто што бидна стигнавте во МК? Ајде ве
Морген мами Кере гледа цртани а јас да искористам кафе да се напијам Денес барам сенка вчера поштено се испеков на сонцето Времето се подобри овде па го користиме максимално Денес ке излезиме,нешто да се наполни фрижидер и малку да прошетаме Јас почнав да учам за возачката,прво да положам тестовите па после ке земам часови за возење Не ми се лупаат џабе пари а може и да не успеам Теоријата ми ја донесоа на Хрватски јазикот ми е баш непознат,има толку многу зборови кои не ги разбирам па со тоа и неможам да ги разберам прашањата Ке пробам па ако успеам во ред ако не автобусите тука се Кере синоќе се разбуди во два, онолку никогаш не плачела,ецаше дете едвај се смири Можеби се има уплашено нешто Охх раат да не сме Ајде мајки кој е за кафица нека повели
Добро утро, мхм, добрар ден е веќе, а мене ми летна денот. Спремам ручек за бебе, денес ќе им се тупосаме на кумовите, да поиграат децава малку, досадно ова времиштево одвратно, па толку досадно мислам не ми било никогаш. Туку на нас ни изникнаа многу нови запчиња, за две недели три, смешен е со полна уста заби, ама бар нема веќе да кенка и да квичи толку. Гледам се спремате за одмори некои веќе и ги истеравте, ние годинава тешко одмор да ќе видиме, мама станува бизнисменка, ама затоа следна година уплаќам ултра ол инклузив на некое убаво место и се надевам ќе одморам како човек. Многу ми треба одмор, а во моментов сакам на југ кај моите, да се одморам под кивите на татко ми, да пуштам мозок на пасење и да соберам многу Д витамин. Ама нема. Ме чека напорна долга недела, состаноци, прегледи на клиника, многу трчкарања наваму натаму, ајде бар побргу ќе дојде петок и продолжен викенд.
Ооо ситно броиш ајде со лесно. Бевме во Пефкохори Хотел Port Marina преку боокинг мн добра понуда. Се беше супер само не е одма на плажа во сезона поради тоа не би одела. Мора со кола или со бусче за 5м си на плажа. За вон сезона е супер има голем базен двор сенки палми, собите се широчки. Не знам како е со цени др период сега имаше мн голем попуст 240е 5 ноќевања со доручек и вечера за сите
Еве ме и мене после 3 недели ...откако поминавме 300 ортопеди , ендокринологија и нз колку ренгени. Многу време ми требаше да си ја "соберам душата" и да кажам дека болеста е потврдена кај моето дете , а го чував како капка роса ...секој миг му го посветував и никогаш не ми беше тешко да станам и сред ноќ да му зготвам нешто. Ама живот и мораш да продолжиш ...жив во гроб не се влегува , а тоа мало палаво детенце е најпаметното и најмилото дете, не само за мене .. туку и за сите што имале прилика да поделат момент со нас. Како што реков и пред некој месец ..бидејќи речиси знаев што не чека ДОЛГИ И ТЕШКИ СЕ НАШИТЕ ПАТИШТА СО ЌЕРКА МИ АМА НЕ ЈА ОСТАВА МАЈКА И !!!! Инаку детето има остеопоротични коски..
Лајкот е за подршка Веројатно веќе ти кажале во случај да не...земете витамини кои содржат витамин д,бакар,калциум и магнезиум.Не лекуваат но ке ви бидат од корист.И зголемете внес на туна,лосос,харинга. И главата горе мајче..ние ако не се бориме за децата нема кој друг.Господ со Тебе да е.
Ви Благодарам ,на сите за поддршката . Не само купишта витамини туку секој ден варам телешки коски (еве и во моментов варам ) целер , банани што ли не... Го молам бога да нема кршеници само и така се плаши да се пушти да оди , а често паѓа ...многу е немирно ама го чува господ до сега немало ништо . Само некако чудно му крцкаат рачиња ,ноџиња Вежбаме се се што треба , па се надевам бог нема го толку да ме "убие" и така цел живот ми е пекол... Многу грозно чувство ,за една недела ми побеле косата и имам некоја чудна болка на едната страна на главата и не сум присебе веќе ни дома ни на работа, а неможам да плачам .. На никој ама на никој да не му се случи ..
@Tinushka само лесно да поминува, да си растеш среќно и здраво дете. Ве читам се спремате за одмор. Годинава свеки ќе си дојдат од туѓина,уште од таму неа сите денови и се испланирани,ќе оделе на бања,па Србија,па на одмор па по гости,ич не ќе имале време да помогнат. Демек она на комшиите ќе им помага,не на синот. Како не и е мило,внучето 2год го нема видено. Некоја да е,ќе нема да сака да се оддели од него. Нејсе,мене уште поубаво. Како што сме сами навикнати,уште од сега со мм се ,,спремаме,, како ќе се издржи Заради ова,не знаеме како ќе биде мм со обврски и ништо не можеме од напред да планираме. А ќе го биде одмор,бар неколку дена сигурно,и викендче во Охридот обавезно. Го знаете оној момент ,кога сакате малку раат да одморите,сааами,без никој,мозок на пасење... Маж зеде дете на утакмица,а јас се чудам што да правам од досада,и овој еден час без дете мене ми е досаден,го сакам покрај мене,ете до толку сум приврзана за него Ај убав викенд на сите,мене страшно ми се оди на кафе,ако успеам да наканам маж,ќе го биде вечер едно излегување,секако фамилијарно
Добра вечер мајки. Јас цел ден безделничам. Само со правосмукалка поминав. Дека мораше инаку ни тоа не би. Некако во некоја блага депресија како да сум. Само гледам понуди за одмор, читам по форуми, праќам меилови за цени, а којзнае дали ќе одиме. А ми се оди ми се плаче. Ајде ако ги пуштат париве за трето дете одеднаш во август може и ќе ми се оствари желбата. Или во меѓувреме ако ми падне на лото.
пуста мајка...повеќе боли за детето одколку за себе! Сё ќе биде добро мајка, ве гушкам и ви посакувам мнооогу здравје!
Коса ми се крева, морници ме лазат читајќи те....значи овој живот е навистина толку многу неправеден, тоа е факт. Дај се од себе, прави се што може да направи една мајка за своето чедо, сега, додека е уште на почеток. Јас не можев да направам ништо за моето и до ден денес жива ќе се изедам што не можев некако на било кој начин да и помогнам.....едноставно ми се лизна и од раце ми го зеде Бог. Тоа е чудо колку бргу се деси мојот пекол... Затоа ти, немој да оставаш така, оди, прашувај, лечи, сега, додека е уште рано и од се срце ти посакувам да има нај среќен живот твоето малечко. Нај брзо да мине ова што го минувате и секогаш да биде здрава и права мома, затоа што животот е пред неа. Ви го посакувам нај доброто од се срце. Гушки и бакнежи до вас...