@kallias уште ли нема ништо од обдукцијата, па многу време помина? За да се смиреш мајка, имајќи ги сите одговори.
Добар ден мамички! Денес нешто се на лежење ме тера, се избањав и си залегнав на тросед - глава ме боли, нозе ме вртат, ништо не ми е погодено! Цуцево мало мамино се развртка околу мене и ко маче се стутка да ја гушнам и заспа! Од 5 сме на роденден на отворено, како што ми изгледа само ќе отидеме да дадеме подарок и назад дома, ако заврне мислам!
Колку се мили децата тоа е едно чудо.Денес иако треба ,не ми е денот.Знам и зошто но неможам ништо да променам повеќе.Цел дем нервозна и иако е мала разбира и осеќа.Капак на се беше кога ми се истури сок на сиот хаос и седнав и заплакав.Не за сокот туку он врв беше на денот И иде малата и носи марамици.Бара да и извадам.И дадов и зема го бриша истурениот сок. Не пачи мама ја бишам се ми вика.Толку мали а полни со љубов се
Душичка бе јас еднаш така исто врв ми беше чашка сок негова со капаче само што му ставив на тепих ми падна, се отвори и капачето и се лом.. и јас почнав даа се нервирам, да плачам (сега трудна ова), доаѓа мм и вика што е? Кој истури сок? И знаеше дека на мене ми падна ама сепак прашува за да одговори синко и он ќути... абе кој истури сок? вика и не гледа двајцата и се врти синко и вика чашата (да не ме кара случајно мм) Ме бранеше, ама не се мести он
Душички мили се сите. И мене ми се случи еднаш во таква ситуација да си заплачам, повеќе од нерва, ко ме виде кутрото почна и тоа да плаче и да ме гушка и бакнува. Си реков што правам јас, тој да ме теши мене.
Тинушка многу ми е жал...памтам кога бараше совет...барем појдовте веднаш и се дозна брзо...колку покасно за таа состојба, толку полошо. Не се обесхрабрувај...кај мало дете коските сеуште се во развој и повеќе може да се делува, отколку кај стар човек (кај старите лица може само да се спречува да не напредува)....труди се да има правилна исхрана и нормално суплементи. Како што читам чиа семето е доста добро за развојот на мускулите и коските и ја регулира и столицата .Јас баш некни земав пошто гледам дека многу го користат, дури потоа седнав да прочитам кои се придовките од негово конзумирање. Битно е што повеќе да се информираш за остеопорозата и да знаеш како понатаму да се бориш со тоа. Уште вчера прочитав и сакав да пишам...само не најдов време...никогаш не губи надеж, информирај се и делувај.
@Tinushka биди храбра мајче. На малата и требаш повеќе од било кога. Верувам дека и последен атом енергија ќе вложиш за нејзино подобро утре. Можам да замислам само колку те боли дијагнозата, претпоставувам и дека веќе доволно се советуваше и информираше околу исхрана и суплементи. @kallias прочитав дека малиот се чуствува многу подобро одкако е дома. Добро што ќе правите пауза до Септември, и тебе и него ви е потребно истото. За несебичното и храбро споделување на своето искуство и знаење за да помогнеш на другите мајки. @mariz ме изнасмеа со Тео. Итрец мамин @Mari* како е малата лепотица? Претпоставувам пресројот во градинка веќе и годи, а и тебе некој час издишка. @tincemajmunce мајката на најголемиот форумски шармер во катчето за клинци и клинцези да се јави со некоја дешавка. @irena.1 ситно броиш мајче. Те читав за одморот во Септември. Малку напорно со две бебиња, ама мижам да прњтпоставам колку ќе биде среќен големиот, а и за малото . Јас од сега ја замислувам фацата на мојава. Досега не видела море и не се бањала. Море поради поладните лета ниту разголена не беше лани лето. Срце ми се полни само од помислата. Инаку олеснети ќе биде што се бо возраст кога не мора екстра за нив да се готви а и малите независно дали ад или доење... па тоа барем, да поминуваш пивеќе време со нив а не во готвење. @joy1 Среќен роденден @НаталиЛили се надевам ќе се поклопат стрелките што би рекле и ќе го остварите првиот фамилијарен одмор со трите дечиња. Еден период паузираше од форумов, мило ми е што си повторно тука во зајачан состав, со уште едно детенце. Ние добри. Досаден неделен ден... еден од ретките, па му се радувам како на празник.
@danichap фала што не помисли. Ние цели сме дешавка,коњуктивит,тт,таман се залечивме еве го почна да кашла а, мене ме префати коњуктивитот и тоа на двете очи.Црвени жар,печат,солзат....Времево катастрофа и ние некако како него. Излеговме сабајле со точак се повозивме до пред зграда,после го заспав,излеговме со мм на едно кафенце и муабет. Некако сум напната се спремаме за заминување од држава.Па имам голем немир ме мачи што,како,зошто...дали ќе се снајдеме,како ќе биде.Па и не ми се напуштаат сите драги и свои.Така да периодов сум некако ептен даун.... Позз до сите. Бакнежи од шмекерот имате сите.
Ако син ми види кога мм ме боцка клексан доага со вриштење и со цела сила мава по него си ја брани мајка му. Добар ден мајки, мажите спијат јас заглавив во кујна. Од сабајле се изнашетавме, бар времето денес е ок. Пазаревме за јадење и стварно не се нормални со цените на овошјето и зеленчукот. Јагоди 90, црешите 100, кајсии 75 боже ко којзнае колкав да ни е стандардот. @danichap верувај ке ужива големата и многу ке и прија морето и климата. Син ми лани од прво здогледување на морето врискаше од радост, се затрча и пикна во него ко секој ден на плажа да одел. Дури се плашев да не се уплаши он, па после да несака да влегува, ама не.секој ден беше нова радост на плажа. Затоа толку притискам и оваа година да го носиме. Имам план мајка ми и татко ми да дојдат со нас.па ке видам дали ке ги убедам. Зошто они секоја година летуваат на едно исто место и тешки се на промени. А баш добро би ми дошле за помош.
@tincemajmunce побрзо оздравување на малиот шмекер. Не сум прочитала дека саката недвор да заминувате. Ако станува збор за Германија тука сум за разни прашања. @irena.1 доколку имате можност обавезно одете со твоите. И мајка ми ќе иде со нас, ние додека со големата изведуваме водени лудории она ќе си уживка со малото под сенка.
Оо Дани не да ќе се радува. Мојава жаба побудале сега кога бевме за жал беше морето уште многу ладно па се бањаа повеќе во базен ама не сакаше да излезе колку беше среќна. Прво со гума после кога се засили *тама пивам* па ја држев под раменца и мавта со нозете и со рацете, смешки. Деца бе колку малку им треба да се радуваат Денес како што мислев да не ја оставам многу да спие преку ден мислиш ме разбрала. Заспа многу бргу и да ја оставам на креветче отвори очи почна да вука *дугото цице , ај заспа пак цицајќи и со цицање и држење во раце и се фати 40мин дремка ај викам на спална ќе ја оставам да не се разбуди додека ја префрлам во креветче отвори очи пак и мислиш спиела 5 саати почна да се глупира, тама спијам вика, лежи дежек ќе спие и ми вика бегај таму . 5м лежеше и рипна одам тато и почна да трча по дома. Ама богами ми се погоди, ја избањав после во 6:30 во 7 беше заспана. Ми требаше ова баш како за недела вечер, посебно после одмор. Се средив јас го избањав големиот, му ја средив ташната за школо погледавме малку тв и си легнав со него. Не ми се спие ама мислам ако станам одма ќе рипне и он. Нешто ми е екстра уплашен од вчера, ноќеска само се будеше преплашен. Го молев да ми каже што му е сега пред да заспие ми кажа дека комшичето што си играа вчера му раскажал нешто страшно, ама вика заборавив сега што и не се плашам веќе. Што ќе правам со плашкивково мој не знам, некако се повеќе се плаши од многу работи пазиме што гледаме што збориме пред него ама се снима околу, вести не можеме да пуштиме. Оф луѓе отиде неделава одмарачка за час, во грч сум што треба од утре пак на работа пак брзање од сабајле пак гужви во сообраќај . А тек малово колку ќе плаче сабајле
Добра вечер мамички..Деца заспани јас конечно да ви пишам..Неделава свадби родендени сестра ми беше овде па вчера ја испративме си отиде..Синока после година ипол влегов во дискотека излеговме друштво..Мислам лошо ми стана сум заборавила на гласната музика А и не седевме многу 2 часа и дома моите ги чуваа децава па мајка ми се јави синко не сакал шишето да го фати плачел па ајде накај дома..Но сепак и толку ми беше доволно..Многу е приврзан за мене никаде неможам да одам..Во недела сме на свадба 1братучед од страна на мм..Пак моите треба да ги гледаат како ке сме навистина незнам..Како некои родители ги гледам ги оставаат децата и цела вечер по дискотеки играат ниту се јавуват да прашат ништо..Јас по цела вечер сум со телл во раце и се јавувам прашувам а навистина некогаш сакам да се ослободам и си велам ако има нешто ке се јават ама неможам ете..Толку од мене мајки испушив една цигара уз ваше друштво и легнувам до ангелите мои..Пријатна вечеер
Teshi se so mene, pred dva dena prv pat go prativ mm so sin mi kaj svekrva mi, mm ke raboteshe kaj niv vo dvorot a sveki da go chuva sinko. Znachi samo sho gi isprativ grutka u grlo mi zastana, i pochnav da placham. Si vikam zoshto odam protiv svoja volja koga ednostavno sum od tie majki shto ne mozhat ni na saat da gi ostavat decata i moram da se pomiram.. A pazi mm beshe tamu, da go pratev sam mislam za 5 minuti ke im dzvonev da mi go donesat. Kolku ludo i da zvucham, takva sum
Мајка да ви пише пред легнување. Сум се наконтала за утре, па тоа локни, па тоа фризура, ја молам фризерката сомгодини вака да ми ја навитка и се праи на тошо, епа сум можела и јас сама, сега кога имам убаво фигаро де. Се тешам за утре за на лекар да не мислам, па со вакви глупости се занимавам. Убедена сум дека се е во ред, ај ради реда да помине ова, ама пак црвче ме јаде. Мајка, тоа е. Викате деца се радуваат на море, ма јас како се радувам да знаете, мене Јонско и Крф ми се во крФта, си ги обожавам, да можам се таму би идела. Му викам на мм годинава не, ама следна година идеме на море абе два аранжмана ќе уплатам, е до толку ми се одмара. Ајде да заработиме годинава, догодина ќе одмараме. Мојата бизнис идеа станува стварност веќе, неделава отвараме фирмата, се вработуваме, следната да редам банки манки и после се фрламе на работа. Имам за дизајнирање ентериер, дуќан за опремување, многу работа имам. Е така мамаситас, јас ќе гледам да задремам за да можам да отспијам бар 6 саата, оти утре сабајле ќе се станува ранко.
@Tinushka мајче биди силна. Животот понекогаш знае да биде суров, ама, нема откажување. Главата горе и храбро Гледам веќе зборувате за одмор. Ние планиравме да одиме некој ден тука, па здравје август и во Грчка ама како што е лош синко и не сум баш сигурна. Последната недела мислам дека сум на работ да се скренам Малиот е неподнослив, стално плаче без веза, не знам дали е скок или се 5-те Немаме излезено на раат како луѓе, се е во трчење. Вчера бевме во град, мм вели ај ќе вечераме надвор, знам какво е детето, едно што не јаде ништо, др. не стои ни секунда ама ај за атер прифатив. На глава ни се качи, јадењето во грб ни отиде Денес мм се запнал да одиме на забава, тука во маало, има музика и сречки за деца. Не фала, па отидоа двајцата да се забавуваат. По пола саат доаѓаат дома, мм жива вода како да трчал маратон и на крај јас крива, на мене бил (атлетичар)
Добро утро ! За мене и не баш добро,ја однесов малата во градинка и пред самиот влез имаше пред нас мајка со дете од поголемата група само што свати дека ќе влезе во градинката почна да се тегне од количка да испадне па мајката ја зема во раце тоа претање плачење врескање ја моли мајката да не ја пушта внатре,ја предадов мојава она мака нема си влезе јас си тргнав а девојчето уште плачеше не можев да останам имуна и јас зсплакав по пат а верувам на мајката и беше уште потешко. Тоа од мене ваа недела втора смена шо ич не ја сакам ама тоа е.
Добро утро! Со малото по дома, го хранам ама многу лошо станува, сака само да јаде, ја граба лажичката лом се прави ај тоа настрана туку и не се убаво најадува. Некако послабо апетит, можеби и топлото што фати. Во градинка утрово децата надвор беа, убаво пријатно утро. Ех вака да е секое утро и мене ми полесно, веднаш отрчка кај другите дечиња и воспитувачката инаку со малото ја водиме горе на спрат, проблемот е што само го вадам од количката, некогаш задреме, некогаш се тегне по дада му....ама како е така е, секако мора човек да се прилагодува.
Не сум ве дружела одамна тука во катчето мамино. Женската моја беше на гости кај баба и дедо пет дена во друг град и супер си поминала,уживала со баба,се шетале,лани летото ја имавме оставено ама сега дека поголема и повеќе разбира мислев дека ќе не бара и ќе плаче,ама не, била многу послушна и не не барала,викала мама и тато одат абота,носат паи,мене купат атце Во поглед на чувствителност да не зборам,ова моево е премногу осетливо,ако плачам или ако сум нешто изнервирана одма доаѓа и ме гушка дури некогаш знае и да се расплаче,па гледам многу пред неа да не покажувам слабост. Сега се научила ќе дојде и ме гушка и ми вика "мамо ногу такам",и тато такам или јас ќе и речам многу те сакам па она ми вика и јас тебе такам,душичка. Ние уште не сме одлучиле каде ќе одиме на одмор,може и на два пати да го поделам по една недела,мојата ужива на море,прв пат ја носевме на 8 месеци,се изнабања врискаше за во вода,лани беше 1,6 и првото влегување еден бран ненадејно ја потопи цела заедно со мм и мислевме дека ќе се исплаши ама не бре,после сама стоеше на брановите покрај брегот интересно и беше и цело време во вода,па си играше со кофичките и лопатките. @Tinushka ,многу ми е жал за состојбата,ама мора да се бориме,мене животот ми се скрати кога ќерка ми беше само две недели ми се јавија од клиника да ми кажат дека тсх хормонот и е покачен и има хипотиреоза па одма на терапија и следење секој месец,мислам од тој стрес го изгубив млекото,ама среќа кај нас излезе дека била пролазна состојбата па после една година ни ја укинаа терапијата и сега само редовно го следиме хормонот на шест месеци.Се надевам и кај вас ќе се подобри состојбата.