1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. Sunshine_1979

    Sunshine_1979 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2015
    Пораки:
    1.351
    Допаѓања:
    11.929
    Пол:
    Женски
    Жени, добар ден!
    Ај и јас да се пофалам од големата ќерка...душа од детенце е... и плаче и се радува со мене, веќе е 13 години и многу сум задоволна од нејзиното однесување! Одговорна, самостојна, чувствителна, внимателна - летам од радост на секоја средба со други родители и наставници! Е само од неа не барај раскревање и средување на собата - уште од мала ужива во креативен хаос! Баш во петокот и запретив дека од денес сѐ што начекам низ соба а не е на свое место ќе оди во контејнер... лажам, нема шанси тоа да го направам оти после пак мене ме чека купувањето!
    Еднаш така и ги сокрив темперите и четките за ликовно оти 4 дена дремеа во купатило за миење и ѝ реков дека сум ги фрлила! Следниот час си позајмила од другарка, а кога ѝ ги вратив, Лавчето мое после цел месец ми се лутеше што сум ја зафркала!

    Како ја викаат децата вашата мајка? Во наш крај е "баба" ,но многу ми е симпатично кога ќе слушнам "нана". Баш симпа!!!
     
    На Arien, sanjaeva, Kitten и 6 други им се допаѓа ова.
  2. H&J

    H&J Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    1.337
    Пол:
    Женски
    го прочитав постот па ако може јас да те прашам нешто да ти пишам во лп.Се извинувам ова се однесуваше на tincemajmunce ама и ние сакаме да си бегаме од овде и тоа во Германија ама имаме само една пречка односно не сме баш убаво информираме па би сакала некој да ми каже што е веќе таму.
     
    На danichap му/ѝ се допаѓа ова.
  3. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.872
    Допаѓања:
    28.580
    Здраво од мене!!!!
    @Tinushka :hug:


    Малата во градинка, мм на работа а јас пред да им се вратам на домашните обврски се почастив со пола кутија сладолед и дремам пред лаптопот! Апетитот ми е на стотка, изгледа решив да се направам ќофте баш за лето! Одмори и ние планираме, ама сеуште ништо конкретно. Изминативе одмори со малата супер поминавме, очекувам и оваа година да биде интересно!

    Со муабетото за излегување ноќе без деца самата себе сум си досадна ама некако се пронаоѓам па и затоа си давам право да си кажам свое мислење.
    @blessed.an малку осудувачки ти звучеше постот со тоа
    Ете јас сум од тој тип на мајки кои остава дете секој викенд да преспие кај баба и јас со мм со друштво сум излезена. Се дотерувам од дома, нашминкана со кејф, насмејана, па и некогаш со чаша вино повеќе... Сигурно да ме видиш ќе кажеш дека сум од ,,оние мајки,, И не се јавувам, подредени ми се работите да знам дека детето ми е на безбедно место и дека е среќна таму па и дека баба и дедо се чувствуваат убаво со неа. Мене ова не ме прави лоша мајка, ако најдам 3-4 часа за себе и мм не значи дека детето сум го оштетила со моето внимание. Тоа што ти минуваш 24 часа со детето те прави понервозна па со тоа и полоша мајка (те имам читано и од мене доборнамерен совет наоѓај си барем час два време за себе)
    Вака сами си ги правите децата несамостојни и приврзани само за вас. После ќе има плачки, е нејќе во градинка, е нејќе кај баба, е нејќе со децата да си игра. Еми нејќе кога сами не се потрудите да го осамостоите. Сега се расфрлате со морал по форуми, за година две пак со прашања - зошто е толку приврзан за мене???
    И да, во сабота навечер бев излезена и супер си поминавме... Во недела пак си го посветив цел ден на детето, и готвев омиленото јадење, ја носев во игротека, ја бањав, ја играв, пеевме песнички, боевме и така... ние шетачките мајки сме такви!
    Вака може малце грубо звучам, ама озбилно се испровоцирав!
     
    Последна измена: 29 мај 2017
    На Arien, artemidis, Monella и 15 други им се допаѓа ова.
  4. Nikita7

    Nikita7 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2016
    Пораки:
    881
    Допаѓања:
    13.160
    Пол:
    Женски
    И јас мојата од мала (9м)почнав да ја оставам кај моите во друг град тогаш седеше таму цели 2 месеци еве и сега 19м минатото месец беше сама на гости една недела кај моите,ќе се јавам еднаш до два пати во денот да прашам како се како го минат денот имам доверба во нив,и за тоа мислам дека од мала шо се навикнам со луѓе сега нема мака ни со градинка ни да остане со други луѓе.
    Во ниеден момент не сум се почувствувала како "лоша"мајка
     
    На Monella, VIKTORIJA 1, azelea и 2 други им се допаѓа ова.
  5. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.540
    Допаѓања:
    289.039
    Добар ден мајки.
    Го испив првото утринско кафе и првите ритуали со момите завршија. Во исчекување на ручекот и повторно менување пелени и успивање.
    @irena.1 @M&M срце ми се полни кога читам з вашите дечиња и првите одмори со нив. Не можам да додржам да ја видам таа насмевка на нејзиното лице. Па и малово малку малку очовечено ќе биде, ќе гуга гласно и ќе се смее.

    @Nikita7 @snegulkata и јас сум како вас. Од раѓање ја оставав големата со мајка ми. Најпрво за да завршиме работа на некој саат, а покасно и доколку сакаме со мм да испаднеме навечер.
    @blessed.an сигурно не мислеше лошо :hug:, ама ете, некои ја имаат таа психичка бариера кои ги спречува на тоа.
    Јас лично навечер никогаш, ама баш никогаш не се јавувам бидејќи знам дека би ги разбудила децата. Телефонот е сигурно до мајка ми а таму и децата, па ради ноја нетрпеливотс беља би направила и ќе им раскршам сон. Денски звонам, да, ама повторно во термините кога сум сигурна дека не спијат. Имам целосна доверба во мајка ми и она знае дека за било што било кога може да се јави и ние најбрзо што можеме ќе се нацртаме на врата.
    Се сеќавам колку многу ги сакав моите баба и дедо. Би сакала и моите деца да негуваат таков однос и со мајка ми и со родителите од сопругот. За сега големата сум ја пуштала на шеткање со баба и` и дедо и`. Здравје боже заедно да живееме би ја оставала и на преноќување.
    Секој знае најдобро за себе. Според мене крајности не се добри, сеедно од каков карактер, но мора мали чекорчиња и да опуштаме малку по малку.
    Јас на пример дете не би пуштила само со свекор ми. Од едноставни причини што не би знаел ни да ја нарани, ни пелена да смени, ниту па толку добро и ги знае навиките. Меѓутоа за некоја година знам дека ќе бидат неразделни и секаде ќе ја носи...Ама со свекрва ми и мајка ми, во оваа визраст, во секој момент.
    На место се жените и слушаат што им се кажало и околу исхрана и се останато.
     
    На Arien, do-re-mi, vitamina и 10 други им се допаѓа ова.
  6. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.735
    Допаѓања:
    77.021
    Пол:
    Женски
    И јас сум од тие мајки што секој втор викенд, па некогаш знам и да затерам секој викенд бар еден ден од викендот да излеземе 3,4,5 саати со друшво во кафана или кај пријатели. Одев и во диско, сега не дека сум бремена :) Ние сме млади па повеќето пријатели ни се без деца, 24год сме двајцата.. :) И нормално дека нема да се јавувам дома тоа време кога сум излезена, па од 9,10 синко па и баба му се во кревет, зашто да се јавам кога они спијат? Ако има нешто свекрва ми знае да се јави. Ептен ако сме изглегле во 7,8 накај 9 се јавувам да прашам дали јадел, што прави. А ако се шетаме преку ден некаде, синко е обавезно со мене. Не гледам потреба зашто да им се врти на телефон постојано па и во текот на ноќта? Релаксирана сум, опуштена сум, верувам на свекрва ми и нема зашто да спијам на телефон со неа додека сме излезени. Еве кумот ни е дојден после 6м од Малта, на една недела тука и вчера и завчера до 1 саат си бевме излезени, завчера си го земавме кога се вративме од надвор, вчера остана да си спие горе со свекрва ми. Јас да ви кажам учам, ретко ве читам... сега малку и во труднички муабети дека сум знае да ме снема :D
     
    Последна измена: 29 мај 2017
    На Arien, vitamina, JuLleE и 11 други им се допаѓа ова.
  7. Sunshine_1979

    Sunshine_1979 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2015
    Пораки:
    1.351
    Допаѓања:
    11.929
    Пол:
    Женски
    И јас немам проблем со оставање деца, само нема кој да ми ги чува! Родителите ни се во друг град, свеки ја чува тука Магде но навечер ретко излегуваме оти секогаш мрчи дека бебето било желно за мајка!
    А сме кај моите, веднаш смислуваме седенки и се знае, деца се со баба и дедо! Не се јавувам но кажано им е за било што проблематично обавезно да ме бараат!
    Здравје, да е добра со здравјето мајка ми планирам летово да ги пратам на гости кај нив барем 2-3 недели а ние ќе ги посетуваме за викенд.
     
    На JuLleE, girl-miri, Monella и 9 други им се допаѓа ова.
  8. НаталиЛили

    НаталиЛили Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2014
    Пораки:
    1.389
    Допаѓања:
    8.354
    Пол:
    Женски
    (Не)Излегувањето не би требало да биде репер за тоа каква е една мајка. Секој си има различен животен стил, и тоа што на едните им е чудно, за други е најнормална работа.
    Со првото дете и јас се плашев да го оставам и да излегувам, но полека се опуштив и знаев дека убаво се грижат за него. Исто и со ќерка ми. Најтешко ми беше кога појдов на работа. Таа имаше година и три месеци, уште цицаше. Мм секој ден ми праќаше слики и видеа. Мислев нема да ме сака, по цел ден со баба и, дури и плачев некогаш, ама сватив дека секое дете највеќе си ја сака мајката. Пројде време и се навикнавме.
    И сега со најмалото донекаде ми е полесно, дека таа не е залепена за мене 24/7, знае да си поигра со баба и, со татко и, да прошетаат, да се наранат.
    Не излегувам често, ама никогаш до сега не се случило да ме побараат да се вратам дека дете плаче. И да плачело тие им го наоѓале чарето.
    Мм секогаш на зафрканција ми велеше да седам на работа, дека многу помирни биле без мене.

    Со бебе за една недела имаме закажано на клиника за честото повраќање. Малце сум исплашена. Читајќи овде по темава сите имаат некоја мака со дечињата. Со овие болести човек раат да не е.
    @Tinushka ви посакувам што е можно најлесно да се справите со болеста. :hug:
    @danichap мила ти благодарам. Заради работните обврски целосно се откажав од форумов, а ми недостигаше. И сега тешко ми е да се вклопам, како нов член се чувствувам.

    Да кажам и јас дека многу ми беше мерак како децата се радуваа кога лани бевме на одмор. Малата прво имаше страв, ама по неколку дена толку уживаше и се радуваше, што и ден денес се сеќава. Ќе речеш мали се не памтат, а таа се памти. Некогаш ќе ми рече, памтиш мама таму кога пливав и целата е во радост со самото тоа што ќе си помисли за морето.
    Затоа највеќе сакам да одам.
     
    На Arien, Monella, girl-miri и 5 други им се допаѓа ова.
  9. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.540
    Допаѓања:
    289.039
    @НаталиЛили, извини, имам заборавено на која возраст ти беа првите две дечиња?
    Ако не е тајна секако, без обврзување или притисок на споделување никакви приватни податоци.

    И мило ми е што повторно не дружиш. :hug:
     
    На НаталиЛили му/ѝ се допаѓа ова.
  10. НаталиЛили

    НаталиЛили Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2014
    Пораки:
    1.389
    Допаѓања:
    8.354
    Пол:
    Женски
    Секако не е тајна.
    Големиот веќе ќе прави 8 години , малата 3 години има, а најмалото два месеци.
    Пробував вчера баш тикер за сите три да ставам, ама само за еден дава и го ставив на најмалото:)
     
    На snegulkata, Saraa, azelea и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.540
    Допаѓања:
    289.039
    И јас пробав да ставам втор тикер, еден за големата еден за малото, ама не може, не дава.
    Мислам дека само оние кои го ставиле тикерот пред неколку години може и до три.
    ЈАс некако немав срце да го сменувам тикеров од големата па да ставам од малото :doh:.

    Батково голем. Таман и малата штом е три веќе е малку од малку осамосталена. Јас секогаш викам еднаш три да наполни, да почне убаво да кажува, да се отфрли целосно памперс и сл. работи, ќе биде полесно(нели други слатки маки додека не почнат :D).
    @Sunshine_1979 кај тебе 10 се мислам? Таман големата дада да помага и да ја пази малата.
     
    На azelea му/ѝ се допаѓа ова.
  12. azelea

    azelea Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    3.636
    Допаѓања:
    15.785
    И јас не гледам причина зошто да не се излезе понекогаш и да се остават децата,тоа е на некој начин издувен вентил од секојдневието и обврските.
    Бидејќи ние живееме овде сами,моите и родителите на мм живеат во различни градови и многу ми е криво што некогаш немам тука на кој да ја оставам да излеземе некаде на раат со мм,па скоро секаде ја носеме со нас,освен ако некоја баба не ни дојде на гости па тогаш да излеземе до кино ,театар,кафич и сл.

    Е сега кога сме во родниот крај излегуваме и до покасно во дискотека,ресторан,никогаш никој не ни направил проблем ни за чување,а и од лани почнавме да ја оставаме на неколку дена сама кај бабите на поседок,да се привикнува и така,а и искрено некогаш со мм ни треба барем два три дена да одмориме од ова секојдневно трчање,бидејќи јас константно од премногу премореност почнувам да станувам нервозна и знам дека ми е потребен одмор.Многу ми е криво кога ја оставам и заминувам,некогаш се чувствувам виновна,ми фали ,ама па ја гледам дека и она е среќна таму ,па тоа ме исполнува.

    Исто како Дани сметам и сакам детето да ми расте и со баба и дедо,да има спомени од детството како јас до денес што се сеќавам од моите денови поминати кај баба ми.И свекрва ми и мајка ми се жени од доверба и никогаш не ме изневериле околу нејзиното чување,се придржуваат околу исхраната и се друго што ќе им кажам,така да јас сум за оставање на причувување на детето.
    Не ги оправдувам само оние мајки кои тоа го прават секојдневно,и тоа не да им се причува дете,туку буквално да им се одгледа бидејќи тие секој ден се некаде тргнати,шетат не велико,поважно им е каква им е фризурата,маникирот и сл,отколку грижата за сопственото дете ,а верувајте ми познавам многу вакви,си ги немаат видено децата.
     
    На Lolipop23, snegulkata, mami blue и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Sunshine_1979

    Sunshine_1979 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2015
    Пораки:
    1.351
    Допаѓања:
    11.929
    Пол:
    Женски
    11 години и 6 месеци се разлика!
    Буквално Магде има 2 мајки :l::l:, и ја пресоблекува и ја храни, ја занимава...многу ја чува, со целосна доверба можам да и ја оставам на 2-3 саати!
    Убава предност од тој аспект е големата разлика, само па слабо дека ќе се дружат како другарки, секогаш ќе бидат малото и големото!
     
    На snegulkata, Lolipop23, НаталиЛили и 5 други им се допаѓа ова.
  14. BirMelek

    BirMelek Популарен член

    Се зачлени на:
    30 декември 2013
    Пораки:
    2.673
    Допаѓања:
    14.780
    Пол:
    Женски
    Нема да се дружат слабо, напротив. Јас и сестра ми сме 10 г разлика, постара сум јас. Сега сме најдобри другарки, мада и сега се понашам заштитнички, ама си одиме на кафе, си разменуване гардероба, таа се дружи и со моите другарки итн...Сестри! :inlove:
     
    На snegulkata, girl-miri, Kitten и 3 други им се допаѓа ова.
  15. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.540
    Допаѓања:
    289.039
    Баш поради тоа и јас некако повеќе навивав и второво да е девојче.
    Си викам да се различно поубаво за родителот демек, од двете по едно :rofl:, ама исти пол цел живот најдобри другарчиња за децата.

    Моиве не си личат ич.
    Големата цела на татко и е, па и темперарамент, ама малото на мене ќе биде. Ама па си викам само 19 месеци разлика, како близначиња цел живот оти на блиску се.
    Другачки најверни (само да не се тепаат :worried::rofl:)
     
    На vitamina, JuLleE, Manuela. и 10 други им се допаѓа ова.
  16. Nikita7

    Nikita7 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2016
    Пораки:
    881
    Допаѓања:
    13.160
    Пол:
    Женски
    Јас имам брат а од секогаш сум сакала сестра,а тоа за тепањето шо имам другарки со сестри обавезно имало тапачка највеќе за гардероба и секогаш малото повеќе скока и мава :rofl:
     
    На Manuela., mariz, snegulkata и 4 други им се допаѓа ова.
  17. TutiFuti

    TutiFuti Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    3.884
    Допаѓања:
    34.301
    Пол:
    Женски
    Ручек се крчка за беба пилешко(домашно петле) со леќа а за мама, тато,деде и баба пилешко со ориз.
    Седам сама додека бебе нана и еве ви пишувам, мм го испратив до село да види што како напреднува садевината. За испаѓање и оставање дете кај баба и дедо или евентуално кај некоја тетка секогаш сум за бидејќи знам дека ќе е на сигурно и не сум против тоа.Но за жал мм не се вртка тука во МК и ретко тоа навечер го правам, денски да го оставам синко саат два некогаш и три од кога имаше само две недели никогаш до сега немало некој проблем.
    За одмор и ние се спремаме но само се мислиме уште каде и кога,дали пред или после роденденот еден тон прашања ми се врткаат по глава и сама не знам веќе. Но како и да е секако ќе се мрдне некаде подалеку.
     
    На Manuela., joy1, Lolipop23 и 4 други им се допаѓа ова.
  18. mami blue

    mami blue Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2015
    Пораки:
    1.274
    Допаѓања:
    21.996
    Пол:
    Женски
    Моите ќерки се разлика точно 5 години, си викав супер разлика, ама сега кога ги гледам како се караат, леле мајко, си викам дали секогаш ќе бидат вакви??:(
    Големата има 7 малата 2 години, разлика во карактер небо и земја,големата ми е по мирна, се си чува од бебе што се вика,сака многу книги, внимателна е, емотивна кон работите, малата е по џамбаз, не ја интересираат книги, се качува по маси, енергија има ненормална, повеќе ја интересираат други работи, како пример да се истрча, да вози точаче, и се и зема на сестра и, ќе и скине нешто, мислам дека се фаќаат за исти работи
    големата ќе почне да плаче, и ја сфаќам,,работите нејзини и значат, ама и малово радознало сака и таа да види, да земе..., некни големава ја избрка од соба, вика моја е собата, а имаат голема соба доволна за нив две..офф како ќе биде понатака незнам, од друга страна па се сакаат,малата прво отварање на очи сабајле вика кај е дада, ќе отиде во соба да ја разбуди ,да легне покрај неа, многу ја сака и е приврзана за неа..се надевам дека кога и таа ќе потпорасне ќе биде подруга ситуацијата
     
    На Arien, Manuela., Lolipop23 и 5 други им се допаѓа ова.
  19. blessed.an

    blessed.an Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2016
    Пораки:
    2.588
    Допаѓања:
    12.061
    Пол:
    Женски
    Можеби погрешно се разбравме..И ние понекогаш излегуваме сега скоро ич бидејки малото цица и никаде неможам да одам..Но ете и кога ги оставам цело време со мислите сум таму а сакам да се опуштам да не мислам..Керка ја оставав кај моите и на викенд по 3дена седеше но сега во последно време не сака незнам што и стана ..Мислам пишав еднаш пред недела дена ја однесовме керка на дежурен кога се вративме свеки у темно на сред двор со синко се шетаат а тој очите тапан од што плачел вели одкако отидовте не престана да плаче..Си ги знам децата и затоа може така се чуствувам..Керка ја остававме не беше толку приврзана со мене но како расте мислам дека се приврзува кога треба да излеземе плаче урла но ке ја залажат и повеке не и текнува..Дома кога е спие но кога е кај моите некогаш знае да направи сцени..Викендов бевме излезени..Додека излеговме околу 22 часот заспаа и двајцата додека се спремив стана синко почна да плаче па слушна и таа почна и она па кога ме виде облечена нешто не и стана јасно:):)па ме најде полнок..Запаа пак и излеговме околу 2 часот мајка ми се јавува плаче вришти синко шишето не сакал да го фати..Ајде дома цице и заспа само што легнав слушам од спална таму спиеја мајками и керка плачее и ја носи мајка ми плаче вели те бара тебе ајде отидив со неа заспа одма..Понекогаш прават проблеми и иако го учиш од мало кога ке потпорасне може нема да сака..Керка ми е пример..Дека не цицаше и ја оставав но сега мрчи не сака баш
     
    На Manuela., azelea, snegulkata и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. НаталиЛили

    НаталиЛили Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2014
    Пораки:
    1.389
    Допаѓања:
    8.354
    Пол:
    Женски
    И моиве две исти се, ако се братче и сестриче.
    Неа ја интересира се што прави бато, а тој се нервира дека му растура.
    Секое сабајле прашува каде е бато, а знае дека е во училиште.
    И кога ќе го види дека доаѓа, трча да го пречека, за да после 5 минути почнат да се закачаат и да пискаат.
     
    На snegulkata, Manuela., azelea и 2 други им се допаѓа ова.