Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. Arendelle

    Arendelle Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2017
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    7.405
    Пол:
    Женски
    Добарден мајки да ве поздравам и да се надоврзам на муабетов. Како што гледам низ темиве баајги не има по страниција. Социјалниот живот сиромашен, тука таму се најде по некој а искрено и со маливе деца не можам кој знае колку дружба и излегување да си дозволам но сепак убаво е понекогаш да се разбие монотонија. За досадно не ми е, целиот ден ми е исполнет. Малечкото уште е дома, за некој месец ќе го пуштам во градинка. Поголемото се навикна без проблем одамна оди и со јазикот добро стои. Се надевам дека и со малото ќе немам проблем. Мм поголем дел од времето е на работа доброто е што викенд е слободен па вообичаено прошетаме. За многу долги релации и не сме, слабо се нафаќаме, малото не сака многу да се вози. Добро функционирам за сега вез возачка за во иднина не знам доколку не бидат признаени нашите ќе мора да полагам.
     
    На azelea, girl-miri, Lorins и 2 други им се допаѓа ова.
  2. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    5.201
    Допаѓања:
    44.634
    Пол:
    Женски
    Прашајте го син ми дали сака друго бебе? Категорично негодува и објаснува и посочува милион причини зошто он не сакал братче/сестричка. Знам дека нема да се смени,има тежок карактер,башка е премногу поврзан со нас,така да смета дека нашата љубов е само за него и никој друг. Дури,не можеме ние двајца пред него да се гушнеме,бакнување е поим,не дај Боже да види,веднаш застанува меѓу нас и вика дека сме имале кој да гушкаме,него :)
    Возачка имам и јас,ама само за во паричник. 8год ја имам,на почетокот возев,ја потчукнав малку колата на татко ми и од тогаш имам огромен страв,мм нема доверба а и нема време да ме потсети малку. Возам,до маркет,ако има потреба нешто да му однесам на мм,но толку.
    Денес време за прозори бришење,доаѓаат празници,нека биде чисто.
    Кујната плаче за нови намирници,вечер одиме по набавка.
    Убав ден!
     
    На muchacha_a, Mari*, Mariangel и 7 други им се допаѓа ова.
  3. Seline

    Seline Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2017
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    3.658
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите! Нова сум на форумот и веднаш во оваа тема да пишам,се надевам дека ќе ме прифатите. Инаку го пратам форумот подолго време па некои членки ги препознавам и сакам да ги читам. Кај многу од вас се пронаоѓам себе си и моето секојдневие затоа и тука пишав.
    Инаку мајка сум на едно девојченце кое бескрајно го сакам и се би сторила за неа.
    Да не должам многу за почеток само сакам да испратам морална подршка за мајките кои поминуваат низ тешки периоди.Понекогаш сите зборови на овој свет не се доволни да искажат емоции, па само ќе кажам гушкајте се со блиските и бидете силни.
    Имајте сите убав остаток од денот!​
     
    На muchacha_a, Mari*, flower30 и 16 други им се допаѓа ова.
  4. Mari-Ja

    Mari-Ja Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2016
    Пораки:
    1.518
    Допаѓања:
    15.090
    Пол:
    Женски
    :inlove::inlove::inlove:
    Во моментов така спиеме, се мачеше да заспие саат време, никако не се предаваше и како го легнав на мене, така не сме мрднале веќе два ч. Како да го оставам да спие сам на кревет, кога знам дека не му е поубаво од ваквото спиење. Се нека чека во куќава, само он да е задоволен и среќен. Ме караат малкуцка што не дозволувам солза да пушти, ама зошто кога нема потреба. Го бакнувам по главчето и мислам дека уште го осеќам во носот оној мирис кој го имаше кога се роди. Мирис на гумени бонбони, на пролетни цвеќиња, на љубов најголема. Месец ипол веќе, ми летнаа деновите, како вчера да го родив. Толку ли пребрзо растат? Го гушкам, бакнувам и уживам секој миг со него, и секој пат се повеќе се топам на секоја негова нова насмевка.
    Ете така е кога си мајка. Чудесно, волшебно, прекрасно, незаменливо, единствено нешто!
     
    На muchacha_a, Mari*, RainBow и 7 други им се допаѓа ова.
  5. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.365
    Допаѓања:
    21.353
    Пол:
    Женски
    @danichap љубомората најмногу ме секира. До сега не изразил љубомора, ама па немал ни зошто. Дома се е негово, ние постоиме само за него. Си бира човекот. Го зема шишето за вода, и мора мама да му даде, седнува да јаде мора тато да го рани, пелена мама да смени. Сега ке треба се да дели. Срека заоде во градинка. Сеуште седи до 12 без спиење, ама бар не плаче на одење и насмеан се врака. И да остане така би била задоволна, само да е здрав.
    За возењето иста марка сум. Имам дозвола и не ја користев и воопшто не осекав потреба од возење. Ама како се роди детето и мм зачести по патиштата останав ко врзана дома, се татко ми го малтретирам за било каде. Мм се заинати да научам, ми уплати часови,после стално и со него возев кога одевме некаде, а дете позади во седиште. И готова бев сам да почнам. И останав пак трудна и страв ми е ради стомакот,па пак пауза. Сега незнам дали ке можам пак да продолжам каде што застанав или пак процесот од почеток.
    Инаку за искачање без дете, не е проблем,имам сепак на кого да го оставам. Навикнат е со двете баби и дедовци. Тој проблем не прави, можам кај мајка ми и на спиење да го оставам. Ама го оставам само на работа кога одам, друг пат ретко. Јас со дискотеки и кафани одамна раскрстив (само ми го цицаат буџетот а ништо не добивам) сакам театар и кино, ама дека трудна па во гужви не се пикам. На гости кога одам, со него си одиме. По свадби одамна се зареков, не одам. Пазарење и облека и намирници со него правиме. Па и дете сака да шетка и да смени секојдневие. Ако јас купувам, мм го занимава и обратно, а синко ужива натака навака. Башка се ми е кратко времето поминато со детето, па вечерите и цели викенди сакам да сум со него. Посебно ако сум втора смена, а тој сабајле е во градинка го гледам само вечерта и тие денови да го оставам на чување, шанси нема. Сигурно да не работев и да си го чував по цел ден другачие ке размислував, и ке ми требаше време за себе и да излуфтирам мозок.;)
    @Mari-Ja и да не дозволуваш да плаче срцка. Од старт така се поставив и не зажалив. Ехеее колку ми трубеа остави го да поплаче, се во раце го држиш бла бла ке го научиш така, ке го размазиш. Е не, добив дете кое што е смирено, не е нервозно,растено во опуштена атмосфера, кое си ја преспива цела нок. Никогаш не оставив да поплаче, со цел да не го учам во раце. Зошто да плаче,тука сум за него. Ми е гајле за куката и ручекот. Оди сега на две години гушкај го и држи го во раце, времето лета. Еднаш е малечко.
     
    Последна измена: 30 мај 2017
    На PUPICA, muchacha_a, RainBow и 10 други им се допаѓа ова.
  6. blessed.an

    blessed.an Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2016
    Пораки:
    2.588
    Допаѓања:
    12.061
    Пол:
    Женски
    Добар ден мами..Синко нане керка у двор со свеки..Денес денов на керка не и е баш..Ги мразам тие денови кога е станата на лева нога што се вели..Цел ден кенка плаче тоа сакам па не сакам ке го вратам па плаче пак ке и дадам го фрла..Мислам се мрднав денес..Вашите деца имаат вакви денови..? Одамна немавме ваков ден ама денес исплати..Тоа е мами имајте убава вечер
     
    На muchacha_a, Mari-Ja, Seline и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.611
    Пол:
    Женски
    Истото мислење го имам. Мало бебе не се "учи" на ред. Не верувам дека од мало свесно манипулира. Башка за што манипулира.. за држење во раце? За да ја осети мајчината топлина? Да осети сигурност?

    И зошто не би сакала тоа да му го пружам на своето дете....?

    И јас мислам дека со одговарање на потребите на бебето, на крај резултатот е смирено и емотивно зрело дете.
     
    На Mari*, Mari-Ja, RainBow и 9 други им се допаѓа ова.
  8. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    7.334
    Допаѓања:
    157.396
    Пол:
    Женски
    Ете сабајле што сакав да кажам, од брзање за на работа си заборавивме со мм дека ни е годишнина денес :)
    Мн сум уморна не можам ни да пишувам од умор, пак не сум прибрана од работа јадење надвор со децава до пред малку. Големиов пак напад на кашлица имаше се смири со инхалација ама морам алерго тестови да му напраам мора да проверам дали е алергиски или нешто друго веќе 3 пат во 2, 3 недели, пришлата недела во сред ноќ станувавме да го инхалирам во спиење почна се разбуди и не можеше да престане
     
    На Mari*, LaDyDoLl, azelea и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.611
    Пол:
    Женски
    Честита годишнина! Да си се сакате и слушате!
     
    На M&M и Mari-Ja им се допаѓа ова.
  10. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.517
    Допаѓања:
    27.303
    Пол:
    Женски
    @M&M среќна годишнина, нека ви се множат години исполнети со љубов!
    @Seline добредојде, се надевам убаво ќе се дружиме!

    Јас да ви се надоврзам околу вчерашниот муабет. Немам проблеми за оставање на бебуш, само во последно време имав 2 неуспешни обиди. :doh:
    Кога беше помал го оставив неколку пати на мајка ми, преку ден на 2-3 саати додека завршиме некоја работа низ град со мм или да се напиеме кафе, 2 пати навечер откако ќе го успиев таа остануваше да го пази а јас и мм излеговме во кафеана со друштво и еднаш скоро цел ден, со мм отидовме за Бугарија и сите пати супер поминувале. Сум проценила ситуација дека мајка ми може да го чува исто ко јас и затоа не ми беше воопшто страв, мислите нормално цело време натаму ми одеа, но верував дека ќе се снајдат и така би :)
    Си мислев во себе како ете супер, бебуш нема проблем да го оставам, ќе биде лесно кога ќе тргнам на работа....
    Ноооо, последните 2 пати го оставам со мм на чување, излегов со друштво и усладив ептен. По неполн час ми се јавува мм и ми се извинува, но мораш да си дојдеш дете замре од плачење. Нема што кутриот не направил и не можел да го смири. Само што се појавив и го зедов во раце, дете престана да плаче. Дали почна да разбира и да ме бара стварно не знам :?: Инаку 5+ месеци е.
    Да се опорави мм од доживеаниот стрес и пак ќе ги тестирам, зашто еве кај и да е ќе тргнам на работа, мора да се адаптира на тоа дека нема да сум цело време со него.

    Возачка имам, немав желба да полагам но од работа ми бараа па положив со жив зорт и така неколку години на работа возам од точка А до точка Б и горе долу тоа ми е искуството. Во метеж и во непознат град нема шанси да се снајдам, а сега пак како сум дома може и скроз имам заборавено да возам. Нашава кола е на бугарски таблици и поради тоа немам право да ја возам, а и некако не ми лежи колата, па не ми е ќеиф.
    И то је мами, имајте убава вечер, се читкаме! :*
     
    На Kaetana, Mari*, danichap и 4 други им се допаѓа ова.
  11. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    7.334
    Допаѓања:
    157.396
    Пол:
    Женски
    Фала мноогу. Не си ни честитавме асално од што не се видовме. Он со некои проблемк на работа во 8 се прибра ја до 8 со децава он утепан ја утепана. Ама се договоривме викендов ќе синотидеме 1 ден на ручече негде со дворче да можат и дециве да си играат :)
    Демек преморена од умор не можам да заспијам роварам по форумов. Мислам дека ми е доста за денес :yawn:
     
    На Kaetana и azelea им се допаѓа ова.
  12. Monella

    Monella Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2013
    Пораки:
    2.086
    Допаѓања:
    31.967
    @М&М да ви се множат годините, да дочекате златна свадба.

    @Seline добредојде мајче, само за убави работи да се читаме!

    Ние добри сме, времето пекол, како што тргнало ќе треба и клима да пуштаме.
    Денес направивме еден круг со синко низ град, обожава да се вози, ги става очилата и кулира.
    Возачка имам веќе 10 год. возам уште пред да дојде мм тука, си имав моја кола, (мала и стара) и си возев без проблем.
    Да ви кажам не секој маж има живци да ви покажува, тие си мислат дека се знаат (со исклучоци) и сакаат одма професионалност :)

    За излегување, немам кој инаку радо би.
    Со душа чекам август во МК, не дека ќе одиме по дискотеки ама едно кафе на раат со друштво во град, без да ти оди во грбот ќе биде супер :D

    Добра ноќ дами :hug:
     
    На Kaetana, danichap, Seline и 3 други им се допаѓа ова.
  13. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    7.334
    Допаѓања:
    157.396
    Пол:
    Женски
    Јас во диско бе знам како да се однесувам веќе, кога бев последеб пат се лувствував како падната од нарс. Сакам седенки бе солги во кафанче а најмногу сакам концерти ама по мој вкус
     
    На Kaetana, Mari*, irena.1 и 5 други им се допаѓа ова.
  14. azelea

    azelea Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    3.828
    Допаѓања:
    17.277
    Хахха и јас незнам како би се однесувала,ко паднат марсовец,а и веќе нема такви диксотеки како на времето со добра музика,атмосфера,сега се е лук и вода.
    Честито годишнина ,да ви се множат и златна свадба да направите :).
     
    На Kitten, Kaetana, Seline и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Seline

    Seline Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2017
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    3.658
    Пол:
    Женски
    Добро утро на сите! Lolipop23 и Monella ви благодарам на добредојдето. Не научив да тагирам, само ископирав, ако не е успешно ќе замолам некој да ме просветли:$.
    Утринско кафе на ред, во меѓувреме се прави доручек на моето девојче кое еве го на подот се занимава со играчките.
    Постот го пишувам веќе саат време така што бидна и доручек и се, сега ја чекам да ја фати дремка.
    Се читаме:hai:
     
    На Kaetana, Mari*, Mari-Ja и 6 други им се допаѓа ова.
  16. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.598
    Допаѓања:
    264.547
    Пол:
    Женски
    А градинка Јуле?
     
  17. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    7.334
    Допаѓања:
    157.396
    Пол:
    Женски
    Добре дојде и од мене :) . За да тагираш треба само да додадеш @ пред името :)
     
    На Kaetana и Seline им се допаѓа ова.
  18. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.822
    Допаѓања:
    114.754
    Пол:
    Женски
    Добро утро!

    Лимонада со топла вода, смуди и кафе пред мене стојат, бебе се рашетува наваму натаму, не е застанат. Се мислам дали да чробам да го заспијам или ич да не пробувам, си поспавме така поубаво синоќа, уствари он поспа, јас дремев до покасно. Ама вчера беше многу напорен, сакате верувајте сакате не ама едно време ги оставив со мм во дневна излегов надвор да поседам на тишина. Кенкањето на врат го осеќав како тежина. Ама јас сум крива, за туѓи задоволства го оставив детето без сон. Не ми иде памет ич.

    Денес дома сме си, ќе излеземе после да прошетаме може, ако не вечер на љуљашки сигурно. Времево ко да се подоправи. Викендов едвај чекам да шетам малку, едвај. Душа ми плаче да се прошетам низ родниот ми крај со детулево, скроз поинаку замислував се ама тоа е, есапот на пазар и дома не е ист.

    Поздрав мамаситас од мене!
     
    На Kaetana, Верче4, Seline и 3 други им се допаѓа ова.
  19. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.975
    Допаѓања:
    265.919
    Ќе оди од септември :).
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.538
    Допаѓања:
    69.382
    Пол:
    Женски
    Не знам за одбивање, се плашам дека тешко ќе оди, исто многу сака да цица, се така заспива, па се гали, да не и дадам ќе се рокне од плачење.:worried: ќе пробам на есен, октомври негде, ама ако плаче толку не знам дали ќе успее или ќе тераме до пролет, до втор роденден. Или пак до пет-шест години, читав тогаш се губел рефлексот за цицање.:D
    И среќна годишнина.:f:

    @Mari-Ja и навистина пребрзо лета времето. И мене така ми викаа, раце та раце, еве сега ја земаат во раце да ја гушкаат, ама она е црвец невиден, само да е доле сака, не можат ни да ја изгушкаат. Па ете, им викам, нели да не биде во раце, што го тегнете детето сега. Затоа гушкај и гали додека е мало, мене цело време во раце ми беше и со топлина си се сеќавам на малечкото бебуле.:inlove:

    @Lolipop23 и мене ме наежи, бррр, среќа ве одминало, што и да било.

    Стана малата, јадеше, си поигра, само надвор точакот го чепка и обожава на точак да се вози. Ја седнуваме и ја буткаме полека она восклици од среќа испушта, смешки е. Се мислам седиште за позади да земам, ама не знам колку мирна ќе седи.:wasntme:

    Сега си заспа, јас епизода некоја да изгледам.:smirk:

    Имајте убав, сончев и исполнет ден.:sun::d:
     
    На Kaetana, Mari*, Lolipop23 и 8 други им се допаѓа ова.