На шест се губи рефлексот леле мајко, да си терам јас до шест добро нема уште 2 јас до 2 си одлучив ионака да ја терам
Мајки Веќе неспиењево почна страшно на психа да ме мава. Ноќе спие, ама утрата....Никогаш не научив да функционирам рано наутро Друго, веќе втор пат ми загорува морков, дека бавно се вари, па ќе изврие водата, јас зафатена со друго и ете ти За шеткање денес ќе видиме. Мај официјално го завршуваме со ветер, ужас време, сонце има, ама ветрот е лош. Во врска со претходните муабети за излегување навечер, сум излегла само еднаш и мм ја чуваше малата. Мајка ми може да ја чува, ама многу работи, па сега лето со странциве, очи нема да и видам. На свеки и ја оставам, ама дење, ноќе да излезам не, нема да можаам да се опуштам, не дека нема да се грижи, напротив, туку не ми оди да и речам ти чувај ја јас ќе шетам. И таа си е постара жена, со обврски. И паничар малце Кога ќе потпорасне подруго ќе биде мислам. Еве ја стана, да одам да и дадам јаболко, чисто, за морков тешко, во друга прилика (неодговорност левел 100)
Здраво мами! И јас пак уморна. Ги бројам на прсти деновите до крај на школскава година. После сите бројки и букви изучени, собирања и одземања, сега за домашно имаме цели реченици. НАс лесно ни звучи, но колку само е сложено за едно шестгодишно детенце. Бебе заспа, папаше малку банана ( за проба), друго дете е на школо, јас да одморам малку. Во неделата ја исчисив цела куќа без ничија помош и мускучите уште ме болат. Се стопли сега да исперам конечно кебиња, палта и слично па да чекаметропски горештини
Да се пријавиме за уште не станати од кревет. Детето ми се успа, не знам што му бидна одеднаш да спие толку многу. Стана околу 9 прокенка за цицање, си ксна и пак заспа. Јас легни стани покрај него, не можам да потфатам ништо дома, да не се растропам па да го разбудам. @Seline welcome мајка @M&M честита нека ви е годишнината, златна свадба со многу внучиња да си славите! Irena i Kaetana се сложувам со вас, верувам во теоријата како ќе го гледаш детето до 5тата година, такво ќе си биде понатака во животот. Стана бебе, лет д деј бигин
Бебе отспано па сега се мислам кај да го носам да шетнеме, многу е касно, ќе фатат жештините. Поарно сега во дворче а вечер на лулашки или до школски да шетнеме. Да се фатам сега за работа, ручеци, ужини. Имав извадено ужина за сега овошје а он смудито ми го мавна, па овошјето за после ќе биде, да не му дојде многу де. Ние со блендерот се поздравивме за ручек, сега сецкаме и пасираме со вилушка. Што било убаво така, сега само од смуди сабајле да ги заплакнам и готово. Раат работа. Голем дечко на мајка. За цицање не можам ништо да прокоментирам, синко цицаше се на се два пати по 5 минути и еднаш 40мин, е тоа беше за оамтење оти ми остави плускавец на брадавица и уште ми се лупи ми крвави. Никако да отидам на доктор да проверам. Само да не излезе нешто опасно. Туку ги расоблековте веќе по кратки мајки во Скопје? Мојов е во боди по кратки и тренерки а од денес решил дека ни чорапи не му требаат оа само ги соблака. Ама до чорапите е, многу лошо се соблакаат. Ама пусто поклон од една баба што секој ден не гледа надвор и само орашува, чорапчињата си ги носите? Да си ги носите. И така.
Добар ден мајкички како сте Времето убаво кај нас малку ветар има ама добро е за во двор да шеткаме. Инаку јас сум некако вознемирена синоќа во 03 часот ме разбуди липањето на Јаков, Ниту глас му слушнав да заплаче ни пак да се размрда едноставно само се слушаше липање дури и мм се разбуди и двајцата го набљудувавме некако страшно звучеше бидејќи на моменти изгледаше како да воздух ке снема детенцето..офф од што може да е дали нешто е сонувал па се исплашил син на мајка убав,после цело време го држев за рачето да знае дека сум до него. Некако приметувам дека преку ноќите поретко се будеме ( да не го урочам) и тоа се размрдува му давам малку чајче или цуцличката и одма се врте на друга страна пак завлечува,ама пак преку денот едвај едвај 3 пати по пола саат ми спие ама ако преку денот се издржува ако треба ке го држам нон стоп ама преку ноќ малку е напорно ако не спие. и така женски ви посакувам убав ден одам да почнам со спремање на ручекот на беби мораме порано затоа што нестрплив е па малку ако закаснам се вознемирува и плаче. Ве
Ве читам од време на време. Во ваша категорија сум со две дечиња. Пред некој ден ја мислев членката што имаше едно дете и беше трудна со близначиња, а не ми текнува на никот и сега ја читам Дани - пoз до @eleni27. Се нема време,нама среќата е голема кога ги гледаш дечињата. Само да се здрави и живи, се молам. Се друго е небитно . поз беба ме вика
Добар ден. Бидна и ручекот, деца спијат па јас да испијам кафето на раат. Едвај ја чекам да дојде мајка ми од работа, да прошетам малку низ чаршија, по дуќаните. Не дека невешто имам во план да купувам, ама да се тргнам од секојдневиево. Не се додржува. Барем куча-посао да беше работава. Туку годишнина од матура имам викендов. Денес баш и на мајка ми и се јавија за 40 год. Вика никогаш до сега не отишла, или немаштија или лоши фази од животот. Ја убедив да оти, да се види со школските... Вика ееех, како вчера да беше, кога летнаа годините. Веднаш помислив ќе викаме и ние така на нашите дечиња, кога летнало времето. Само да сме здрави и да уживаме во убавите мигови со нив. Вие имате ли интерсес за таквите средби, годишнини од матури? На жалост од мојот клас многу слаб одзив. Се прашувам зошто. Претпоставувам финансиите играат улога кај некои. Треба човек да се спастри, среди, посебно за женско е потешко а и верувам многу се со мешиња или па не можат да најдат бејбиситер за малите дечиња. @menelele Мило ми е што пиша. Се надевам сте добри. @augustd одамна ни немаш пишано. Како е малата лепотица, се навикнавте ли во градинката? @Lorins @Seline Добредојде @M&M Честито
Jas go soblekov po kratki i gore i dole nekoj saat i celo vreme na misla mi bese pa pak mu oblekov dolgi ajde na lulaski polude doma, neznam sto da mu pravam stvarno, vo dubak e i samo beli pravi i kenka. Dva pati se potfati na vrata ednas na fjoka i uste ednas se udri ama neznam kako i kade dur bev vo wc
Добар ден и од мене Тешкичок ни е периодов со мали, или се забчиња или подранет скок во развој бидејќи учи да оди... На 8м извади одеднаш две забчиња,и оттогаш ниедно, а скоро годинка ќе прави И се научил мама мама ма мама ма мама вика по цел ден Сега е во фаза на проодување, па на се' што е повисоко гледа да се исправи, па пушта рачиња демек ќе стои... Не може сам, а храбар е, сака да проба Мене годинава ми се 5г од матура, ама колку што гледам од мојот клас иницијатива 0. Додуша само јас бев женско христијанка, послободоумна, останатите беа(без некој да се навреди) муслиманки со сфаќања дека не треба да се дружат многу и сл. Па и да покренам иницијатива, сама со машки не би отишла... Имајте убав ден мамички
Јас бев единствена во генерација шо не отиде на матура,додека гледав како школските си бираат фустани па шо како ќе носеле јас сватив дека толкав товар не можам да им ставам на моите(поради финансиски причини)и ете другата година ќе правам 10год од матура и никој не дозна зошто јас не сакав да прославам,еххх живот...
Јас имав пред неколку дена 10 годишнина од матура, ама не успеав да одам. Немав ни кој да го чува малиот, а и искрено не ми се одеше. Со голем број од школските немам контакт, со неколку што се дружиме не беа тука и така, здравје за некоја друга годишнина може ќе се погодиме. Ние прошетани, бевме и на нишалки/лулашки и си заспа сега. Носето затнато неколку дена, не знам ни јас како да го облекувам, жешко е, а дува, ни за кратки ни за долги ми е. @M&M @RainBow јас до 2 решив за доењето, ама како што наближува паника ме фаќа, тешко ќе оди знам. Сакам некако постепено тогаш да го одвикнувам, не сум за нагло прекинување, после толку долго доење. Некако да биде најлесно и за двајцата, макар што мислам мене ќе ми е потешко.
Јас го испив кафето, се мислам што ручек да правам. На малото варев компир утрово а бевме и на прошетка па изеде една банана. Имам забележано кога е надвор има повеќе апетит, возејќи се во количката разгледува наоколу и ја лапна за час. Вчера бевме на кратки ракави, денес има ветре па пак блузка и едно тенко шушкаво јакниче.
Јас имам годинава 10 години матура, ама немам пари да организирам да одам, се мислам еден класен час и некое кафе да организирам, пошто јас бев главен организатор за се, ама шо знам. Ќе размислам уште малку. Еве го се запна на штекер да џапа, е ај ама да фаќа сака и кај што му е место и кај што не му е. Чорап не сака да види. Не знам, почнувам се порано и порано да де уморувам, вчера кај 3 ме стигна уморот, денес во 1 веќе сум клапната.
Добар ден девојки. Јас денес не мрднав од соба. Од вчера како ме фати глава да ме боли и еве уште. Не можам во екран да гледам и тоа ми смета. Децата спијат. Среќа убаво е времево па големиве надвор ќе си седат. Сабајле со малово поседевме малку во дворче, убаво ни дојде сонцето. Денес му облеков боди на кимоно и блузиче по кратки. Топло ми се виде и еве го уште така седи. Поздрав женски имајте убав ден.
@danichap за мене ќе си останеш _Даницахап Добри сме, ама месецов ми трае два месеци- ко јануари да е. Родендени, свадби, децата беа болни, нешто дома средувавме и многууууууу други обврски. Хаос сме. Поголемото дете љубоморно е на бебево и не можам секунда да ги оставам без надзор. Го удира, стиска, штипе......понекогаш го гали. Генерално сме добри. Големата често се буди ноќе, незнам дали 5-ки растат па од тоа да е. Бебето е мирно, ама не кака редовно, на 3-4 дена и има многуууууу сува кожа. Што и да ставам излегуваат црвенила, а ако не му ставам ништо добро е, ама цел се перути. А веќе има 3 месеци. И така, живуркаме. За чување деца и мајка ми и свекрва ми ни помагаат. Ама сега бебево само на доење е, па не е мн за оставање. Свеки ја чуваше малата еден викенд и се врати со запек. Зошто уште е во пелени, знам дека само чоколади и чоколадно млеко и давала. Ама што да правам, битно ја чува. Поз до сите, мора малку да оговараме.
Ти благодарам @М&М за добредојдето и за помошта, се надевам сега ќе е успешно. @Mari-Ja, @danichap Благодарам За излегување без бебе тешко, нема каде да го оставам па така каде е изводливо го носиме со нас, таму каде што не може ниту ние не одиме. Не се сеќавам кога последен пат сум била во дискотека, некако немам ни желба, повеќе би седнала во некој ресторан или слично. На десет години од матура бев и беше ок, се видовме, поигравме и така
Како сте?? Јас денес незз што ми е,дремам од на нозе,а допрва треба да се оди на работа.Синко спие,ручекот спремен,кренав све 4 у вис и да ве поздравам додека,не станал. Зела баба му слободни денови од раб,па приквечер ќе одат в село до недела на вечер. Начекав слободно време одма резервирав термин за гинеколог,фризер...викендов сум слободна оланирам до кај моите да,одам а попат да го земам и синко од село.Толку од мене стана црвецот.
Јас мислам дека бев само на 3 год од матура. Сум била поканета на секоја собиранка, но или бев на работа или пак надвор од земјата... Никита така некако и јас... работев, моите помогнаа и успеав за матурата моја да се спремам. За патувањето, јас и уште едно девојче само не бевме, оти "не ми се свиѓаше турата", јас сакав Хрватска, Словенија и Италија, а класот одбра Прага и Будимпешта... прв пат го споделувам ова... од една страна тешко ми паѓа, ама од друга мислам дека помогна сето тоа за да бидам она што сум денес. Самостојна, образована, со свои пари и отидена во сите тие земји. Дете заспано, јас дремам до него, гледам тв и немам желба за ништо, а 300 планови имав за денов. Ручек како ручек ќе се касне нешто, смачено ми е сама нон стоп јадам, па од таму и немањето желба за готвење.
Еве сум и јас Денес од сабајле еден тон обврски Време топло,добро што не се струполив некаде Глава ке ми прсне,не се оди никаде на топлово Синоќа кере некаде во 12 заспа,едвај Сабајле со 300 маки се разбудивме за во градинка Таму поминала супер,дете наспано и јас дома издржи Никако да преспие,би сакала и јас макар саат време да поспијам,многу сум уморна Деновиве многу ми е тешко,нејадена,неспиена а по цели денови трчам по дете Притисок многу низок,за никаде сум а допрва почна летото Како ли ке издржам незнам Маже на работа Ко да е дома ми е многу полесно Али јбг Утре имам контрола,би требало да го дознаеме полот или ке му го видиме газето Битно да е живо и здраво па како било @M&M да дочекате заедно уште многу среќни моменти @Seline добредојде мајче