Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. H&J

    H&J Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    1.337
    Пол:
    Женски
    Здраво мајкички денес се чувствувам ужасно, ми се ;(.Синко веќе неколку дена како ноќите е многу немирен од порано,спие а нон стоп кенка,плаче,се превртува во креветче истото е и кога го ставаме до нас.Преку ноќта ме толку мн изморува што немам сила во текот на денот за ништо.Утрово морав да го разбудам рано уште пред 05 многу плачеше,го оставам до мене одма осеќа и почнува да се превртува и да кенка.Најтешко ми е што мм стана и тој и ме гледа така на страна како со омраза како јас да му правам нешто па толку плаче,му велам што ме гледаш , ништо ми вели да видам зошто плаче.Незнам незам што ке правам и утрово е кенкав неможам да го гледам и јас заплачав со него, од свекрва ми немам никаква помош таа го гледа само 2 саати кога сум на курс и тогаш морам се да и нацртам како треба,мајка ми се малку подалеку од нас кога можам го носам кај нив ама неможам секој ден :(:( Ми треба одмор ужасно ми треба пред некој ден дојдоа тетките го однесоа кај нив цел ден и некако се одморив и ја, ама овие денови ми се ептен напорни,и мм од една страна како никој да не гледа колку се трудам да биде се како што треба.
    Стварно мислам дека никој не ме сфаќа.:(
    Дома во куќата ми е хаос вистинска џунгла,изгледа како бомба да е падната,а јас неможам ништо да исчистам.Се осеќам грозно ама ништо не факам ке одам сега ке легнам до бебче ке одморам па кога ке дојде мм ке пробам да завршам се.

    Стварно незнам до кога вака...:(

    Поздрав ве :hug:

    Убав ден
     
    На Arien, MamacitaBuena, BirMelek и 7 други им се допаѓа ова.
  2. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.741
    Допаѓања:
    77.054
    Пол:
    Женски
    Забчиња да не вади.. мојов обично ноќите кога беше понервозен во спиење му растеа заби, викаат мајка да знае колку боли кога им растат забчињата ке плаче со детето заедно... некои деца полесно, некои потешко. Мора да има нешто чим е така ептен нервозен. Раскомоти го, може и топлово не му одговара... колкав е иначе?
     
    На Kaetana и H&J им се допаѓа ова.
  3. Manuela.

    Manuela. Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2015
    Пораки:
    292
    Допаѓања:
    3.384
    Пол:
    Женски
    Здраво мамички:hug:


    Едвај сум заспала со мислата дека сум најлоша мајка на свет.Инаку вчера бевме излезени до град со количката(едвај се убеди да се вози во неа после 1 година).Само што тргнавме стана и почна да писка на цел глас мамо пушти (мислиш во затвор сум ја ставила)Јас нервозна спискав и на сила ја вратив да седи во неа а она се откорна од плачење и викање.Луѓето ме гледаа така чудно мислиш ја дотепав...
    Цело време се дереше и веке немав живци ја пуштив и на крај таа ја буткаше количката а јас си одев до неа.Памет за друг пат да си одеме пешки... А во мисла сум како можев така да се дерам на толку мало дете.

    Некогаш стварно немам контрола!

    Туку мајкички ова нејадењето на ќерка ми ме убива,мислам и се понервозна сум од тоа.Само млеко сака и вода,чат пат лепче бара а манџи не сака да душне.Од овошја на периоди јадеше само банани,сега сака само портокали...Смоки,чоколада не ни бара а ни па јас нудам.Незнам веке што да превземам...Пие веке 2 месеци мултивитамински сируп ама не гледам никакво подобрување:^)Во градинка ми велат јадела а којзнае дали е така...Сеуште си тежи 12 кила ама гледам извишена е.

    Туку време ни е за роденден број 2:l:Уште 20 дена бебчето мое ке слави.

    Отидов јас на работа
    Имајте убав и исполнет ден со радости:hug::hug::hug:
     
    На Arien, Kaetana, Arendelle и 7 други им се допаѓа ова.
  4. Monella

    Monella Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2013
    Пораки:
    2.086
    Допаѓања:
    31.967
    Татко и син отидоа на утринска прошетка, мама дома на г'з не може да си седне.
    Не знам дали некогаш ќе завршат обврските по дома? :^)

    Туку загрижена сум, синко ај што одбива да јаде па почна и да повраќа, му се гади од храна :x
    А на тоа нејадење не знам од каде кака по 3,4 па и 5 пати на ден (facepalm)

    @Н&Ј според напишаното мене ми изгледа како да вадите заб.
    И синко за секој заб беше кенкав на вечер, ќе помине не се секирај.

    Реакцијата на маж ти ми е добро позната, можеби не за иста ситуација ама сепак знае да ми крени живци.
    Излези со дете прошетај, излуфтирај се малку :nod:
     
    На Arien, BirMelek, Kaetana и 4 други им се допаѓа ова.
  5. H&J

    H&J Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    1.337
    Пол:
    Женски
    Душо 8+ сме немаме никакви други знаци за забчиња ама баш никакви а раскомотен е ептен на кратки ракави на горе и текни пижамки на доле без чорапчиња и само со пелена покриен што ја открива и неа... :( ако е запче нека излезее веќе :(
    На секое запче :sweat::( офф
     
    На Kaetana му/ѝ се допаѓа ова.
  6. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.114
    Допаѓања:
    77.332
    Пол:
    Женски
    Голема е за количка.На две години децата сакаат да одат,трчаат а не да се возат у количка.Со ќерка ми гурав количка до годинка,после оа неќеше да ја види.Со малиот сега е 13 месеци,обожава количка ама планот ми е до есен и толку,ставам крај.
     
    На stilas7 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. 24.07

    24.07 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јуни 2013
    Пораки:
    1.647
    Допаѓања:
    33.256
    Пол:
    Женски
    Добар ден женички.
    Мене два дена заб ме боли не немам време на појдам на заболекар.

    На синко во понеделникот почна десното око да му солзи, и гурелки да му збира,облоги му ставав од камица и за рок од два часа му се затвори.Го однесов на доктор ни рекоја вирусна инфекција и ни дадоа цитерал капки.
    Сношти во 12 крена тт 38.3 му дадов далерот се намали, и денеска само се качува до 37.7 но со разладуваер се намачува. Сабајле кашата ми ја поврати не ја изеде ни до половина
    Попладне ни е докторката па ќе го носам тамам и мм од работа ќе си дојди па ќе одиме заедно.
     
    На Mari* и H&J им се допаѓа ова.
  8. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.981
    Допаѓања:
    110.433
    Пол:
    Женски
    Ај и од мене добар ден!

    Синко спие, сабајле не преспа па сега очекувам да поспие до кај 4 бар. Ама многу очекувам, знам. Ручекот не го ни забележи, еден залак и го дежи во уста, ама не плука, го чува. Заспа со залакот во уста, му ги вадев јас за да не ми се удави. Испи чашка вода и заспа.

    Во врска со водата, не знам зошто не се зачудив ич, тоа Бејби, Јуниор, тоа е само ознака за амбалажата не е дека водата е посебна за бебе. Таа е водата. Исто и абц кремсирот, пакувањето е за бебе дека, иначе не е дека е нешто посебен за бебе. Што знам, не очекував дека е нешто посебно. Ние од раѓање сме на Изворска, сега на Мауа, најмалку сув остаток има, а Мауата е најблиска до изворска планинска вода и плус знам дека е од многу чист извор, Гари е најчист предел во државава. Јана сега чат пат купувам со клунче шише за да пие полесно, не дека нешто посебно е. Не превривам вода ама па готвам со купечка, имаме многу бигор во водата и тоа партали.

    Мм е болен, имаме ситуација кога на 36.7тт сме во кревет и испуштаме душа. Мажи. Ама кога не слуша што да му правам. Барав од свеки засилување да го натерам да оди на лекар, иначе не сака. Не ми е за друго, ќе не испоразболе нас и после ќе се влечеме со вируси среде лето.

    Тоа е мајки, ај малку да одморам пред да почнам пак со работа низ дома.
     
    На Bozica1980, Arien, Mariangel и 2 други им се допаѓа ова.
  9. sunshine2015

    sunshine2015 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2015
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    4.488
    Пол:
    Женски
    Здраво и од мене.
    Гледам некоја пишала за викање на дете...иста сум и јас...вчера му се изразвикав и после жал ми беше :( ама па цел ден се влечеше по мене и цивка само, а голем е веќе 13м сме треба сам да си се заигрува не се со мене.
    Инаку ме мачи нешто, пред одмор од sportvision земав апостолки за мм 1690 денари. Ај викам поквалитетни ама луѓе дали 5 пати ги облече и кај гумата се излушти бојата и црвено се познава...како пазарски апостолки.... и сега не знам дали да одам да ги рекламирам и дали би ги замениле. Ептен ми е криво.
    Земав и за малово од таму неговите се супер.
     
  10. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.130
    Допаѓања:
    40.346
    Ако чуваш фискална оди. Чисто доказ да имаш кога се купени
     
  11. sunshine2015

    sunshine2015 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2015
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    4.488
    Пол:
    Женски
    Имам. Ама дали би постигнала нешто..
     
  12. augustd

    augustd Популарен член

    Се зачлени на:
    13 март 2017
    Пораки:
    1.175
    Допаѓања:
    11.296
    Пол:
    Женски
    Еве ти случај да поработиш, мислам ти беше што прашуваше за адвокатска канц. Права на купувачот, облигационо право. ;)
     
  13. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.130
    Допаѓања:
    40.346
    Ke odis i ako treba na glava ke im se kacis. Malku li se 1700 za papuci
     
  14. sunshine2015

    sunshine2015 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2015
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    4.488
    Пол:
    Женски
    Јас бев. :D само тие права дали ќе ми ги признаат :smirk: ај ќе одам па ќе ви пишам што сум направила.
     
    На Kaetana, Mari* и augustd им се допаѓа ова.
  15. Mari*

    Mari* Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 април 2016
    Пораки:
    3.730
    Допаѓања:
    45.638
    Пол:
    Женски
    Хелоу

    Се обидувам да вечерам а дете ми виси на нозете ко некое мајмунче
    Не сака ни на под ни враце,ја нудам да јаде ни тоа не сака :x
    @sunshine2015 ваљда период е :?:
    Еве ја,како е дојдена од градинка не е застаната ,вц иде по мене уште земала четка и чисти (facepalm)
    Денес пола сервис со тањири турна и се се искрши
    Среќа па не се исече таа :worried:
    Некогаш си велам среќа што ми е пред очи,замисли да не видам што прави :x
    Од викање не гледам фајде,можеби јас ви се олеснила додека таа не разбира уште :^)

    Си мислев ке поспијам малце ама ништо :doh: дете полно со енергија
    Чекам да дојде маже,ке го нахранам и него и оставам дете да излезам да си ја одморам главата
    До маркет би ми било доволно :lol:

    Се истури денес,1 саат врне па 10 мин сонце
    Глава да ми експлодира од промениве :|

    Ајде кој е за кафе,посекако ке прам за мене,ваљда ке ми помине главоболката 8)
     
    На Sunshine_1979, 24.07, Lorins и 8 други им се допаѓа ова.
  16. alana

    alana Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2013
    Пораки:
    1.183
    Допаѓања:
    3.338
    Пол:
    Женски
    :hai:
    Ве читам погоре за количкиве...и мојава откако прооде не е седната во количка...сега дури страв ме фаќа дали ќе сака...летово навечер ќе се шета до покасно. Лани си заспиваше во количка и си спиеше, не бевме обврзани да се враќаме дома ако и се спие. Годинава кој знае како ќе биде. До парк и до продавници секаде ја носам пешки,ама на подолга релација нема да ми издржи сигурно :). Денес ја испеков малку на сонцево :D...прво до парк,па во продавница, па седнавме на кафе и после назад дома и на балкон си постеливме кебенце си легна со главата во скутот мој и уживаше...си пеевме песнички. Еве сега се се разбудивме...продолжуваме кај што застанавме..толку од нас...поздрав :hug: (ова мечево многу го сака...еве сега го гледа и вика ЕЧЕ :rofl:)
     
    На Bozica1980, Sunshine_1979, 24.07 и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Nikita7

    Nikita7 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2016
    Пораки:
    881
    Допаѓања:
    13.160
    Пол:
    Женски
    Сонце полека заоѓа,времено пријатно јас демек до парк па малава заспа во количка и јас викам барем да искористам малку мозок на пасење и да поодам малку имам 3кг вишок.
    Оди оди ушта малку до карпош4 викам враќај се после за назат ќе ме фати мрза.
    Убава вечер
     
    На alana, 24.07, Arien и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.608
    Пол:
    Женски
    Решив не пишувам поздрав. Милион пати се премислив дали да пишам „добар ден“ или „здраво пријателки“, ко не баре да е најважното нешто поздравот. Башка додека пишувам „добар ден“, нешто од внатре ми вели „е што е толку пак добро во денов“.. ништо посебно.

    Почнувам прво со таговите кои одамна ми стојат недопишани во душата.
    @Tinushka @augustd ... животот со некои од нас знае да е навистина нефер. Но она што секое битие мора да научи да го направи е да продолжи најдобро и најхрабро да чекори, без разлика колку е трнлива патеката. Затоа што ако седнеме и се откажеме, до толку е безобразен што си оди напред, и ама баш ич не е засегнат. Ве гушкам многу, и ако навистина постои некаква конекција со она што го праќаме во универзумот и со она што се враќа назад... праќам за сите вас, вашите дечиња и семејства, желби за здравје и љубов!
    Се присетив и на одредени пријателки кои одамна ги немам прочитано тука... само дел од нив тагнувам, а има еден куп такви! @SpangeBob @Miss.Sweet @Smizzy @zuto .... пријавете се, или пишувајте почесто...


    @MissDior ти благодарам на убавите зборови. :* Еве јас како мајка од странство, накратко ќе ти пишам како заминав од мк. Бев на породилно, августовска летна вечер, другар замина да работи во странство, и ни се јави вечерта дека во фирмата кај него има две слободни места, и не праша дали со маж ми би биле заинтересирани воопшто да заминеме, земајќи во предвид дека бебето имаше 7 месеци во моментот... и покрај целото долго кукање дека сакаме во странство, некако не бевме спремни дека ете - ова е шанса. Прифативме, и почнавме со процедури, спремање документи, разговори, интервјуа, патување за лично интервју... и во октомври дознавме дека сме примени на работа, и дека се очекува да се почне следната година со работа. Тука би и се заблагодарила на @danichap на која одма и пишав и ја бомбардирав со прашања... :) И така испаднаа работите. Селењето не беше лесно, особено адаптацијата... но, со секој поминат ден, некако помалку помислувам на стариот дом...


    Друго да споделам - папсана сум. Беше сестра ми тука - се изнашетавме. Само што замина, дојдоа моите. Моментално тие ја чуваат малата, а јас користам да работам и да надокнадам саати. Со мајка ми сме стандардно малку на ратна нога, ама тоа е веч позната работа. Ја разбирам и неа - како некој што го одгледала таа сега се дрзнува да и кажува како да го гледа внучето... нејзиното его е тука повредено, моето его е повредено што сметам дека уште ме гледа како дете и не ме сфаќа сериозно... и двете тврдоглави, со глава во ѕид. На крај, иако треба во секој момент да добијам, и ми одбија недела плус летен одмор, одлучувам да речам „ја одустајем“ и не се расправам, во интерес на некоја луда носталгија дека ја гледам многу ретко, дека живееме разделено, и такви емотивни секвенци. Реалноста е што тие емотивни секвенци ме маваат некогаш од земја, но... за тоа во друга прилика. Факт е дека и покрај тоа што ми е речиси ко свекрва, си ја сакам многу, многу, најмногу. Со татко ми немам мака. Тој ми е поголема слабост во животот. А мислам дека и јас нему.

    Напоменав дека не ни дадоа недела дена плус од одмор. Ајде и тука да се испукам, уште вие останавте неинформирани. Кај нас има колективен одмор од две недели со можност да се земат денови плус. Ама со оглед на фактот што се влечам со дете по авиони, кое доаѓа со колички, куфери, тантруми, и многу набиен распоред во кој сакам да сместам летен одмор од минимум 5 дена на плажа, денови за одење во друг град да си ги видам баба ми и дедо ми (додека се живи), денови за да се видам со моите и со родителите на маж ми, денови за доктори и денови за пријатели... за две недели со овие набројани „обврски“ лани се вратив преморена од одморот. А лани, ајде, не знаевме, „касно побаравме одмор, веќе други имаа побарано“... бла бла бла.

    Оваа година, одам ја цела спремна порано... и уште па готово - убедена дека ја добивам таа недела плус, затоа што лани не ја добив, и згора на сето тоа, работевме до 12 навечер последниот ден, малата си играше во канцеларија, ја доев тука и цртав... нејсе... и понесена од тој момент, си купив и авионски карти.... кога, следниот ден ми се враќа барањето поништено, со одобрени само две недели... од шефот добивам усно образложение „па многу луѓе веќе ќе одат“, „касно побаравте одмор“... „ептен ако испадне да нема работа ќе ви одобрам, ама тоа на лице место ќе знаеме тогаш“... и искрено да ви кажам, ептен се почувствував дискриминирана. И знам дека предност секогаш ќе имаат овдешните. Мене ова, како на човек кој цел живот е против било каква (неоснована) дискриминација, многу тешко ми падна.

    Ми јавија дека имам зелник со праз за јадење.... :) Ај сега мрчи да те видам... безобразна ниедна.
     
    На Bozica1980, Monella, Sunshine_1979 и 29 други им се допаѓа ова.
  19. Nikita7

    Nikita7 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2016
    Пораки:
    881
    Допаѓања:
    13.160
    Пол:
    Женски
    Еј кога те читам тебе како книга да читам,и три страни да пишеш нема да ми стане мака од читање:)
     
    На Верче4, Kaetana, Mariangel и 3 други им се допаѓа ова.
  20. augustd

    augustd Популарен член

    Се зачлени на:
    13 март 2017
    Пораки:
    1.175
    Допаѓања:
    11.296
    Пол:
    Женски
    Здраво жени.
    Јас денес за чудо расположена, изгледа ми влијае времево.
    Се дотерав по подолго време, дури и нокти успеав да излакирам а и коса средив, заличив на себе. Се нашминкав, и лице и раце :wasntme:
    :rofl:.
    Излегов на кафе со пријателка, направив и шопинг, одма поубаво е на душата. И за бубу моја купив фустани, многу ми е смешка во фустан дека е буце. Денес проба да се крене на нозе и се плесна на под,неуспешен обид.
    Сега правам планови за роденденот, се ближии.
    Убава вечер убави мамички.
     
    На Bozica1980, Sunshine_1979, Manuela. и 21 други им се допаѓа ова.