@snegulkata , @wannaBeMomma честитки!!! Со лесно да си ја износите бременоста! Јас сум од оние мајки чие дете сака нон-стоп во раце или ако седи во релаксатор/хранилка обавезно мора вниманието кон него да го насочуваш. И да, јас го научив така! И да, не се кајам ниту малку заради тоа! Не го оставам да плаче, го земам и го гушкам, му пејам и го анимирам. Додека сме сами, т.е. додека си дојде мм од работа не ме интересира ниту ручек, ниту алишта, ниту чистење... Целото внимание ми е посветено на него. Стануваме, играме, шетаме надвор, спиеме, стануваме, шетаме надвор.... Кога јадам, на почеток го ставам во хранилка, но секогаш се дојадувам со него во скут. До ВЦ успевам да претрчам набрзина, но неретко го земам и него со мене. Ако сепак се нафатам нешто од ручек да почнам да спремам го земам во кујна, го ставам во хранилка, пуштам музика и додека работам пејам, играм... ако успеам да завршам без да се вознемири - супер, ако не оставам сё и го земам.... Кога ќе си дојде мм (околу 15-16 часот) го превзема, па тогаш што имам обврски ги завршувам за саат-два и потоа пак сите заедно шетаме и уживаме. Навечер откако ќе заспијат одвојувам 1-2 часа за себе. И сите сме задоволни и исполнети. Во количка на почеток немаше шанса да го ставиш буден, само ако беше заспан се возеше, но во последно време (да не го подречам ) ужива да се вози. Но, се навикна сам од себе, не сум го оставила во ситуација да плаче а јас упорно да туркам за да го научам да се вози, сум го земала во раце и сум туркала количка по угорнина од речиси 90 степени. Кога ќе дојде ред за воспитување (сепак уште сме мали) имам замисла дека ќе се држам до некои граници што смее, што не смее, ограничувања според мене мора да постојат, не може сё да добие и сё што сака да прави. Сепак тоа ми е само замисла, времето ќе покаже кој ќе попушти на крај...
Гледам уште многу се спремаат за селење во странство. На моменти имам желба и јас но и многу ми е страв од таков чекор посебно сега со деца. И на мм му се увртело нешто во глава, ама на поблиска некоја дестинација има некои идеи меѓутоа далеку од почеток на реализација. Треба ептен нешто да му пукне па да се заинати и да го истера до крај. Ќе видиме што ќе донесе животов понатака. Деца заспани мм цело попладне е во некоја кома јас на фемина цело време. Ќе си легнам уште малку. Фала богу утре петок мн долга неделава ми се виде. Да си ги изгушкам децава. малава кога ќе се вратам од работа не ме пушта да мрднам од неа, не знам како е кај вас, ама попладне морам да сум резервирана само за неа. Некако и е сетирано тоа мозочето знае од сабајле дека се оди на работа трпи сирота цел ден ама после 4:30 е како темпирана бомба. Ама колку ми се радува ангелче, вчера беше смешка ме зема мм од пола пат од работа и влагаме заедно дома, а обично он стига прв. И почна да трча накај него да вика тато тато и кога ме виде позади него абе почна да се тресе од радост и го заобиколи не го ни гушна и правец кај мене мамааааа . Мм вика веќе не те зимам ќе си доаѓам прв вака децата не ме рецкаат
Нема поента мила, ко што разбрав бремена си, ќе се породи здравје ќе сфатиш колку мајките знаат некогаш да се фатат за нешто што воопшто не е кажано и од мува да направат слон. Немам навика да преувеличувам и затоа се повлеков.
Здраво мамички @snegulkata, @wannaBeMomma честитки и со лесно да си ја износите бременоста . Ние добри . Пишав пред некој ден за количка додека беше помала си седеше мирна во количка, а сега си ја шетаме и количката со нас . Малку јас ја туркам, малку мм па трчаме по бебушка важно таа ни е пресреќна. Весела, желна да запознава стари, млади, животинчиња, комуникативна со секој да се поздрави ако плаче некое дете трча да го гушне или да го погали срцушка е цела е комедии. Но да се разбереме некогаш е право зема камчиња да види дали се јадат и ги гризе па вика мамаааааааа бо , легнува на трева или на земја зависи каде сме па ги гали бубачките па ќе и текне да ја удри главата и ќе ја здоболи па не и паѓа на памет тоа да го повтори, Дома покушаваше во штекерите да брцка со прстињата не и дозволувавме со кажување пец тука таа упорно и зедов сите ги осигурав и одозгора ги залепив плус со трака . Сега не и текнува ни ш од штекер. Се научила скоро стави и да јадеме таа си фрла храната се мачка по лице, на коса а бре да шизнеш. И што треба да и викам да ја удрам по раче да се дерам НЕ нема шанси. Не викам дека треба се да прави без граници, но тоа е период кој секое дете треба да го помине, а ние сме родители и треба свесно и колку е возможно во тие моменти смирено да реагираме. Сега не овде, не онде, не ова, не она што ќе биде од тоа дете кога ќе порасне. Секој родител не би дозволил да му се повреди детето и секој има свој начин на воспитување. Ниту ќе му бидам шеф на своите деца, ниту пак тие сакам мене да ми бидат роботи и робови. Сите тука си го искажуваме своето мислење или својот начин на воспитување и никој никого не би требало да напаѓа или навредува. Убаво е што се отвараат теми во кои можеме да добиеме совет, да дадеме свое размислување. Сепак сите сме различни што би се рекло сите прсти на рака не се исти така и ние па и нашите дечиња. Да не филозофирам многу . Ние нашетани, натрчани, најадени, искапени и веќе одавна во длабок сон . Туку се угушив од јадење лубеница, па свртив на праски и завршив со цреши и како шлаг на сето тоа едно лажиче еурокрем . И да време за спиење, а овој комшијава нагрмил музика во позадина Мајкл Џексон и пее токму со него , па малку и јас да поденсам. За сите
Дискусијата за шефување меѓу мајка - дете е апсурдна стварно. И не води никаде. Никако не ми иде на таа единствена, природна конекција меѓу мене и син ми да речам јас командувам или тој мене. Како тоа јас се поставувам со него си иде спонтано во зависнит од фазите на растење. И од мојот карактер, а најмногу од карактерот на детето. Не е исто да се поставиш со дете од 1 или 2, 3 години и тука ја замешавте работата. Бебето ми беше неколку месеци, јас тазе мајка збунета ненаспана исрпена, ми иде свекрвата дома и низ муабет како не можам да постигнам се по дома, како ми е страв во врска со се за бебето. Она ми вика: Шо се понашаш ко да си единствена мајка на светот, не си ни прва ни последна што родила. Искрено многу ме здоболе, до срж. Јас не одговорив ништо. Си замислив викам па нормално единствена сум, прва, последна и незаменлива за моето дете. И да се лигавам и да го размазувам, и да го разгалувам мое си е. Не ме интересира каква мајка сум во очите на другите. Битно ми е само да сум добра мајка. Совршена не сум. И често плачам ради тоа, многу често се обвинувам. ама среќата да го видам насмеан не се мери со кантар. Пак ке кажам јас на темава не гледам строга и не строга мајка. Во прашање се различни свќања, различен карактер.
Што би рекол синко *не си ти главна* . Вие што имате само бебчиња чекајте далеку е маката . Кога ќе отворат една уста после иди разбери се . Море нека се живи и здрави само друго се се решава. Го испратив во школо грутка некоја имам ми заврши 1одд зверчето мое како лета време луѓе
Едвај ве дочитав и морам да кажам дека се сложувам со повеќето од вас... Јас имам многу немирно дете и кога пишав дека не сака во количка да седи значи буквално вришти од неа.Ама од секогаш е било така,и како новороденче не сакаше во транспортер и во количка,рацете ми паднаа лулајки ја и си завршив со скинат лигамент на рака.Сум плачела и сум ја држела во раце бидејки само така се смируваше.Џабе купивме 2 колички кога такво ми е детето не сака и точка.И пак си ја сакам најмногу... Сабалје не даваше да ја измијам,да ја облечам,да ја исчешлам...8 пати плачеше и се дереше.Едвај се убедивме да излезе од дома БЕЗ сите играчки да ги носи со неа.Луѓе верувајте ама многу е напорна и јас неможам да изигравам шеф над неа,она мене ме контролира и се водам по нејзините потреби. Дома немаме масичка во дневна бидејки си стоеше на неа,штекерите одамна се обезбедени,чашите и ножевите се на високо да не ги дофати,си седи во фиоките,си вади алишта и таква си е...Ја оставив некни сама 5 мин јас да одам до вц она земала стол се качила на чешма и миеМи помагаНе помага не во овој случај а ни па сум помислила да ја удрам.Дете е,фази се ке помине...Се надевам побрзо Секое дете си е приказна за себе. Сега може и добро утро да ви кажам Утринско кафе,мир во куќа и фемина Малку ке уживам на тераса па ке станам да приберам се наоколу бидејки веке неможам да ѓи прескокнувам играчкитеПа се знае-работа... Имајте најубав ден мајкички
Добро утро Многу сте се отвориле бре жени. На темата незнам што да кажам,освен дека со многу од вас се сложувам.Не сакам многу да мудрувам,само едно ќе кажам од она што јас го сватив во овие 2,5 години откако сум мајка,дека дете не се гледа како што пишува по книгите.Се е тоа убаво и сите ние сакаме да ни бидат како што сме замислиле,АМА тоа човече се раѓа со свој карактер и некои работи со сила не биват па ти ако сакаш утепај се,трескај се,џабе е,за некои работи ако си е такво детето такво ќе си биде.После втората година се многу потешки за гледање,како сакате кажете,баш дека почнуваат да разбираат многу повеќе,да го осознаваат светот околу нив ,да искажуваат што нив им се допаѓа,што не,од храна,облека и сл.ама тоа не значи дека сепак треба на глава да ни се качат ,туку мора некако да се балансира оти со инат и од двете страни ништо не се постигнува,барем за моето дете јас си кажувам. Ќерка ми од бебе е многу љубопитна,темпераментна,уште од два месеци почна да ја држи главата и сакаше во раце да ја шеташ во соба и она да разгледува што има,не беше некое плачливо бебе,само кенкаше ако и е досадно за да шета или ако нешто не и беше погодено.Во количка сакаше да се вози,уживаше пак ќе кажам поради тоа што беше љубопитна и си разгледуваше наоколу,и толку ја возевме до лани летоска кога купивме точаче па сега со тоа си возиме или се шетаме за раче. За сцени во маркети и продавници не ми правела,се разбира кога ќе и речам неможе тоа или друг ден ќе купиме,само ми вика "само идам" -да ги видела само Не е лошо дете да е немирна,да прави бељи,ама е темпераментна и љубопитна и сака се да чепне,да отвори,да види,и врати и фиоки и се,и цело време зборувам и викам не тоа,не ова,и некогаш е стварно многу умна и се ме слуша,ама па има денови како овие два три дена ништо не ме слуша,и само се караме и на крај двете плачеме,глава ме боли цела недела,како растат се понапорни се. Значи добива многу љубов од мене и мм,цело време се гушкаме,бакнуваме тројцата и затоа и она сите деца ги гушка и дури ако некое не и возврати одма се повлекува и е тажна дури и знае да се расплаче. Токму поради тоа и сакам кога ќе кажам за нешто да не се прави да ме послуша, а не да ми се лигави,ама сватив дека некои работи неможе на сила и кога ние сакаме, туку полека со многу зборување дека се уште мали ама мора да се почне од сега. Овие денови сме во фаза на одвикнување од пелени,дома после градинка ја оставам на гаќи,леле на секои пет минути оди да моча,не и се моча туку интересно и е да ги соблекува-облекува гаќите.Па сама се бриши,сама истура нокшир и дур отидам она се средила.Сабајле не сакаше пелена за во градинка ,ми вика " гајќи носам" и ништо повеќе,па ајде со гаќи ја пуштив и еден куп алишта,и реков да кажува на учителките,па ќе видеме како ќе биде. @augustd ,ќе биде се во ред,ја имаш твојата кукла и знам дека ќе се бориш затоа што си и најпотребна. @AngelOfArh што направивте со градинката,почнавте ли?
Од бебе до бебе има разлика, различен карактер, здравствена состојба и се друго! Детето не е пластелин па во се да го обликувам, се трудам и јас како и сите тука најдоброто за своето дете да го направам но има и една граница - сакам среќно дете! Значи ако плаче веќе десетина минути во количката - ќе си ја земам, оти сигурно не и годи дефинитивно не плаче од радост! Еве деновиве е многу напорна, приметувам дека кога сме сами дома е многу помирна но кога е и свеки тука, тоа веројатно ја асоцира дека ќе одам на работа па ни минута не ме пушта од вид, нит се заигрува нит се загледува цртани, само оди по мене и вика МАМААА, МАМАААА! Ме пукна! Растат и тројки, и четворки истовремено, нервозна е и од тоа!
Setate li nadvor na vremevo?toplo e ama mnogu duva. Sinoka gi prativ mm i bebe vo apteka bese po dolgi oblecen ubavo ama koga se vratija obravcinjata ladni mu bea.
Добар ден. Малата спие, јас лежам до неа и скролам низ фејсбук. Читав една статија како да ја преспива детето цела ноќ на 2.5 години низ 24 чекори, и толку се тресев смеејќи се не знам како не се разбуди. Исто и јас со спиењето, секоја вечер измислувам нешто друго зашто се буди, де и е топло, де ладно, де гладна е, де прејадена, па ќе и дадам вечера порано, па покасно. Ама ете имало надеж. Читам и на babyology пост, бара мајка помош, се преселиле во Австралија, има 5 години девојче, а трудна и треба да се пораѓа. Па не знае кај да го остави девојчето, а сака маж и со неа да биде, на пораѓај, страв и било сама. Првиот коментар од жена кој и се понуди да бидат пријателки, да ги здружат децата и она ќе и помогне. Толку беше несебичен коментарот, со таква добрина срцето ми се стопли дека постојат такви луѓе. Браво. Следите ли некои вакви сајтови, кои ви се поинтересни? @TheSecret од сабајле шетаа со татко и, цел ден е надвор, дувало не дувало, ако е и заладено ја облекувам. Кога врнеше седевме надвор со чадор и ја пеевме Кој си носи чадорче. Инаку, кога ќе видам татко со бебе си се возикаат или се шеткаат со децата си викам дека некоја мама си одмара тогаш. Може нема врска, ама така ми доаѓа.
Значи имаме уште година и пол да се научиме А за ова другово, мама може на фризер/козметичар да е, ама може и дома да чисти/спрема нешто... Од една крајност во друга Добар ден и од мене Мали со дедо му во двор, јас подсредив нешто низ дома... Кенкав е денес многу, го мачат горните единици Јас го шетам надвор на ветер, ако многу дува и капче му ставам, инаку пратам дали носето му е ладно за да го облечам
Добар ден Успеав да направам ред и да испеглам,доста е за денес Уште еден час имам за кафе и одмор па да одам по немирката @RainBow и ние уште не сме преспале цела ноќ,минимум два пати се буди Се пробавме и пак исто,се откажавме и ке чекаме дури не си дојде време за тоа Вчера завршив на итна,одев вц на секои 5 минути Ми рекоа воспаление на бешиката добив и антибиотик па здравје од понеделник ке одам да испитам се по ред Ми предложија да останам во болница,не би се малтретирала со одење по доктори и чекање,неможам да го оставам кере само Маже може без проблем сам да се грижи за неа ама сепак.... Време се подобри,не е баш топло сепак подобро од променливо да е Ајде мајки повелете на кафе
Избегнувај кафе за таков проблем, ги задржува течностите. Само многу вода. И општо се што содржи кофеин, а и овошни сокови. Поздрав.
Ехе чекајте мали сте уште за преспивање цела ноќ.Кај мене почна некаде после 20 месеци ама се будеше само кога ги вадеше забите,е сега после 2-риот роденден спие цела ноќ посебно ако се изморила дента не мрда И јас кога гледам дека татко шета дете и си мислам мајката или одмара или прави ручек,пегла,чисти Понекогаш знам да читам странски сајтови за родителство и деца,посебно српски,хрватски ,e баш во контекст на муабетов сакам да ви ја препорачам на фб да ја следите Sanja Rista Popic психолог и педагог и страницата Паметан родител, има многу поучни и убави работи за воспитување на предшколски деца на позитивен начин.
Ние ја преспиваме ноќта веќе два месеци значи од девет месеци, но вчера се разбуди со плачење, или се заби или сонувала. А јас заспав пред неа, многу бев уморна, ама не ја оставив со мм оти он до 2 немаше да ја успие, туку во креветче со цуцла ама сега и двојки и растат затоа мислам се разбуди. Јас на мојов дури сега му ја доверив, ама луѓе кога ќе ја шета детето е како од фронт испрљано, со сокови на блуза, а скришно му дал и смоки и чоколади, а ништо чудно и сладолед да и има дадено, вчера нешто многу ми беше чоколадна во блузата. А, да и секогаш мокра ми ја враќа во блузата од вода. Кој ги знае што прават двајцата.
Здраво на сите! Многу испишани страници, не стигнав се да прочитам, на темата немам многу искуство, моето е уште мало и ќе видиме како ќе се одвиваат работите. Затоа и во мојот последен пост побарав совет, во последно време почнува да бара се повеќе внимане и да плаче со цел да ја земам. Гледам да направам баланс, но некако на крај пак завршува во моите раце и се гушкаме. Се надевам дека на тој начин нема да стане хистерично дете кое неможе да го смири ништо, сепак до некаде сметам дека тоа си е до карактерот иако се работи за мали бебиња и деца. Можеме до бескрај да дебатираме, ама не треба да осудуваме нечиј став или да наметнуваме свое мислење како најисправно. А убаво е да се слушнат повеќе искуства и ставови. Инаку ние добри, вчера и денес имав некои прегледи кај доктор и искрено веќе ми е смачено, сакам само здравје и ништо друго. Не дека е е нешто сериозно, но сепак се што е поврзано со здравјето може да се искомплицира и тоа понекогаш ме плаши. Девојчето на мама и оваа ноќ не не остави без спиење, едноставно се буди и сака да си игра. А што убаво си преспиваше по цела ноќ. Еве ја сега ме бутка со ножето и ме повикува на игра. Се читаме