@MamacitaBuena тие подобар живот вадат..И јас имам у маало исти..Јас на моите се тресам ко лист на дожд ги облекувам де да не се разболат де клима не пуштам од страв и се се со растечени носеви..А тие на клима спијат денес ладно дожд врне тие на кратки ракави и пак здрави прави што се вели ко дрен..Ама ете сите сме различни
Јуни се понаша како јануари.Толку имам да кажам од што е ладно и панелот го пуштив и на синко хулахопки му облеков надвор е 12°C. Мраз јас ноќеска од летни пижами поминав на долги дебели смрзнав а малото у мене пикнато цела ноќ. Инаку вчера направивме 11месеци почнавме да ја ситниме годинката кога летна времето ејјј.
Мојава болна е. Цело зимо го истеравме само со вирози, а- дојде пролет и лето нас тогаш не' фаќаат воспаленија и завршуваме на антибиотик. Сега е само со температура, вчера и до 39.5, од памет не' извади, никогаш не качила толку. На лекар кажаа само многу црвено грло, а она не се жали, иако малку јаде. Денес брат ми се жени, но жалчево ќе мора дома да седи со другите баба и дедо
Аман бе што е пак со болештииве во јуни и ние заглавивме со инфузии, денес е подобра ама и треба време да се оздраве убаво. Ништо не сака да јаде само на цицање едвај успевам по 2 залчиња на јадење да ја натерам да ксне.
Мајки здраво, и јас сум лута на јуни, таман мислев денес да и наполнам базенче да шлапка...јуни се прави паметен и не дозволува. Ние сме добри, цуца за сега гајле нема си седи со баба, дедо и тато, мама е на работа по осум саати, од сабајле цица и после дури во 16:30, мислев ќе биде трагично затоа што е цицкарка невидена ама супер си е. Кога се враќам од работа кога ќе ме види пресреќна е! Од сабајле слушнав прилично лоши муабети за едно детенце, кутрат мајка ја жалам, за една мајка, болно детенце е нјголем проблем, со помин нека му е, побрзо да оздрави и да не е ништо сериозно. Поздрав до сите мајкици и бебуши!!!
Ај времево што ги утна месециве ај,ама оди кажи му на дете кое скоро се навикнало да оди босо,по кратки ракави,сега да носи чорапи и тренерки. Цеел ден он соблечи,јас облечи правиме. Не знам во околинава за дете кое не му тече нос,не кашла... Внуците од брат ми се со инекции на средина најуни. Моево со растечен нос и кашлица. Среќа послушен е,па пие чаеви топли,јаде супи и нафрлен е на цеден лимон,само ме тера да му правам сок од лимон. Денес порано преспивањето,ама сабајле од 6 викаше да одиме надвор. Ручекот не можеше да го дочека,па јадеше само компир и домат со свежа пиперка,дремејќи . Таман имам уште две кебиња да исперам, попладне ќе ја бојадисуваме собата,па да ја спремам спалната за гостите. Уште две недели додека стасаат,турбо ќе бидеме со работа,после си викам ќе биде полабаво. Дете пресреќно што баба и дедо си идат,триста филмови си има направено,и баш ми е мило. Нека знае дека во неговиот живот освен мама и тато има и некој друг што сака да се грижи за него. Само што додека се навикнат едни со други,ќе помине времето и ќе си заминат. Околу паѓањето,пред некој ден и мене животот ми се скрати. Ама што да правам,имам љубопитно дете,на сите страни се да види да слушне и трчајќи се слупа во железна врата од гаража. Плачеше,од сила се одбии падна на земја,мислев дека ќе се онесвести. Само Господ нека ги чува сите. Ми тргна мене со постов денес. Сите болнк дечиња побргу да оздрават и ова времево да го набркаме што поскоро.
Како сте мајки? Надела би требало да е ден кога семејството е дома, заедно ручат, се релаксираат, се чисти, ден за одмор... Ама за кој како... Јас не паметам кога сме имале семејна недела, мм секогаш е а работа, а мене ми здосади да сум сама со малата, сама ја шетам, нит мерак да зготвам нешто имам, нит сакам некаде да одам, ни некој да ми дојде... Ова монотонија се вика, неделна монотонија! Ве жалам вас мајките чиј сопрузи ви се во странство, мене ми е празнина што преку ден не е овде, а не пак месеци да го нема дома. Може малце лигавешки звучам, ама серизно секоја недела ме фаќа ова депресивно чувство. Кај преку цела недела е зафатен, па и во недела ден тој мора на работа. А не сме во ситуација да се откаже, имаме многу планови за реализирање па неговите солидни примања се клучот за стигнување до целта. Туку да се пожалам од малата моја, од лоша полоша станува... Се помалку ме рецка што зборам, што забранувам, што барам од неа... Се фаќам во повеќе ситуации дека често и викам, а не се сакам како таква мајка. Одсекогаш била пргаво и темпераментно дете, ама веќе во неколку ситуации забележувам лошотилак кај неа... Моја е, ќе да морам да си ја трпам. Едвај заспавме, едвај се пресоблековме, едвај дозволи играчките да ги собереме... Оф, се гледа дека не ми е денот! Зрачам со негативна енергија! Нека ви е убав денот, на сите! Ве гушкам
Мамаситас кај вас ладно, како и кај нас до вчера, а од денес пак 30 степени. Вчера преку ден излезени бевме, надвор 20 степени, бебиња во колички и само по боди облечени. Мајката во долги панталони и кошула со долги ракави, а бебе во боди по прерамки, нели треба обратно да биде, или фо западов е? Моево у тренерки и чорапи и не беше испотен воопшто, сепак се замислив да не претерувам со облекување... Сабајлево успеав да исчистам по дома, да извријам шишиња и цуцли, вчера купив 5 нови сите различни, пошто синко не сака веќе да пие од шише ништо, нит млеко мое, нит чајче, па да пробам да не е до цуцлите... тешко мене на лажиче ако треба млеко да додавам. Шетавме на пладне, под дебели сенки во паркот и бебе се изнаспа, да бевме дома ќе кенкаше само. Мислам дека му фали шетање, па да наплатиме и вечерва излеговме, се измори од гледање наоколу, си дојдовме дома и одма заспа. Сите деца во количка спијат, а моето обратно, ретко кога да се погоди да заспие ко денес. Снегулка не си сама и мм е постојано на работа. Слободни денови му се најчесто понеделник или вторник, недела не паметам кога бил дома, а тек ич па кога последен пат сме имале семеен неделен ручек... Тоа од мене мајки, дете спие, маж на работа, јас кафе и пегла. Пеглам преку еден ден, у ствари ноќ, не смејам да прескокнам. Сите настинати дечиња што побрзо да оздрават! Добра ноќ!
Добар дем мамички! Прв пат сум разделена со беба. утрово ја оставив кај мајка ми и здравје дури петок ќе си ја видам! Уствари ќе видиме вечер како ќе поминат па ако е голема узбуна автоматски ќе се смени план! Денов во исчекување и телефонски разговори ќе помине! Побрзо оздравување на сите дечиња! Нека минува со лесно!
На кратко само да ве поздравам. Добро сме, веке сме дома, се прилагодуваме. Голем во градинка, мали повеке време спие. До сега е ок, не е захтевен. Сака само да забушава со цицање за да спие, ама не може со погрешна мајка си фатил работа го будам и не го оставам. Не сум сеуште фит имав тешка операција и повеке ми е забрането да рагам. Па не можам на големото да му се посветам. Сите други се околу него, но тој мене многу ми фали. Пет дена во болница само за него си плачев. Сите мислеа плачам од болки, а мене штом ми текнеше на него одма солзи ми идеа без контрола. Но добро помина, уште раната да ми зрасне ко што треба и ке се вратиме во нормала. Убав ден.
Сум ја пропуштила убавата вест! Нека ти е живо и здраво синчето! Гордост на мама и тато да биде, да си ги израснете во среќно семејство! Побрзо заздравување ти посакувам!
Па и јас сум пропуштила пекрасна вест! @irena.1 Жив и здрав баткото,уживајте,галете се,гушкајте се сите заедно сега. Ние арни,денес реков ќе правиме палачинки со лук,ама како тргнала работава,синко и мм пола ми ги изедоја уште без фил . Ми се закажува целодневен престој над шпорет изгледа. За времево немам коментар повеќе,единствено што знам е дека ми се оди далеку од овде,сами ние тројца,на мирно к тивко,да одмориме од лавиринтов секојдневен,да наполниме батерии,макар и на неколку дена....
Добредојде за новото бебе во дружината! Уф кога ќе имам хаотичен викенд најтешко ми е во понеделник. Љута сум им на ДМ Сити мол, еден од најпосетуваните маркети и немаа вчера Бејбилав Џуниор млеко, срамота! Ама не е до ДМ, до вработените е, тој некој синдром што хо имаме, да де потроши поскапото од ефтиното не носам, е така и овде вработените, на ачик најскапите работи, а тоа поефтиното збутано да не го видиш. Не ми се јасни. Кога носиш нешто што е за бебиња, поготово па храна, треба да бидеш истраен и редовен, оти еднаш ако не продадеш и дете се навикне на таа храна не е хумано да не донесеш пак. А тоа особено за дуќан кој е отворен и во недела до велер. Ми вика одговорната идете у Капитол, како бе сестро да идам во Капитол кога живеам у Ѓорче. Да беше у Германија да видиш дали ќе можеше да си дозволиш да немаш храна за бебиња. Бебе гледа емисија за готвење, јас чистам вишни од семки и го бркам со вишните, пијам кафе и читкам малку. Сакав да поработам малку ама додека средам хаосот у кујна ми стана од спиење. Едвај средив кајсии за у замрзнувач, сега вишните се на ред, ама нив вечер уз сериите. Зимница за бебе спремам. Конечно му се врати апетитот па со мерак спремам. Цреши, кајсии и сега вишни. Нарачав праски па остануваат ситните црвени плодови. А тек се на ред ланските да одат во сок, ама не стигам со магаренцево ништо. Да е жив и здрав многу е пргав, дада му беше многу помирна, мерак бебе. Ајде мамаситас, ми се мота едно смрдливо газе пред мене да го измијам
Здраво мамаситас.Едвај се снајдов долго време не сум била активна еве сум пропуштила и убава вест @irena.1 Живо и здраво да ти е и цел живот да се гордееш со него. Леле бре кај нас денес страшно е времево ветар и само ветар јас неможам да излезнам надвор а не пак дете да изнесам да прошетам ептен за никаде. Со синко како и секогаш сами дома си се дружиме сега спие и јас спиев со него ама се разбуди го занишкав и пак си завлече.Обично спие наутро накај 9 часот до 11 после накај 14 до 15 и го заспивав пак накај 17 колку да дремне за да не ми заспие рано накај 19 или 20 оти така се буди почесто во нокта.Ама бебушко не сака да заспие во 17 во последно време си го прескока тоа дремнување ама пак не му давам до 21 да заспие и така во ноќта е вистински ѕвер со тати сме како зомби Викнедов бевме на свадба дури во К.Паланка супер беше скромна свадбичка,а не како нашата со 500 гости ама пак затоа ни велат како вашата свадба немало ниту ке има убава,весела и пред се млад народ играорци. Како и да е тати ке си дојде од работа,па ке се чуваат со малиот,а мами ке оди да учи уште малку ми остана па одам на завршен испит. Имајте убава вечер ве
Здраво мајки! Малку се занимаваме со децата правевме цвњтчиња, пеперутки од хартија. Тешко оди, малото многу досага што фати оди по ѓаволите. Лани повеќе правевме со ќерката бебето си спиеше, сефа потпорасна сака и тоа. Цела соба е лом се убедуваме да ја расчистеме. Се трудам да и створам навика да си го собира хаосот кој го прави и да биде уредна. Тешко ми оди. Ќе собере неколку работи и толку. Веднаш примети дека имам ново цвеќе. Намерно го ставив со другите на прозор да не биде толку упадливо. Си ги пишува нозете, црта по нив и за тоа се расправаме. Одговор и оправдување има за се, воспитувачката во градинка имала пеперутки на ногата, по ѓаволите со нивните тетоважи. Инаку се по старо. @irena.1 честитки, да е живо и здраво синчето.
Иренка па ти се породи веќе??? Лелеее честито да ти е живо и здраво срце мало Како вчера да беше кога пиша дека си бремена. И јас си плачев по големиот во болница. Како и да е поминале маките уживајте домче