А да прашам нешто може? Давал некој Био Гаја на децата? Купив денес бидејќи ми е малово на јаки антибиотици, 700д едно толкцко шише. Ај 5 капки дневно, башка брзо капат не можам да сум сигурба дека 5 капнале . Него муабетот ми беше колку трае тоа мини шишенце? Треба бар 1м да и давам ќе ми додржи толку? Што пари се изнадавав на лекарства во последниве неколку месеци ми се плаче, башка голем дел од тие што одат на рецепт од немање време за трчање по рецепти на приватно ги испокупував стварно не знам како да се изорганизирам. Море само нека се живи и здрави и на ова што го истеравме нека остане ако не на ова ќе отидат парите на нешто друго налет пари
Би требало да трае месец дена, со оглед на тоа дека дозата е пет капки дневно, освен ако не ви препорачале поинаку. За да не ти капат брзо чувај ги во фрижидер, мрсни се, па ако ги чуваш на собна температура, маслото лесно тече. Со помин нека е!
Ме немало 3-4 дена да пишам Добра вечер мајки Ние сите живи и здрави фала му на Бога Почнав одвечер да се чешлам мислам редно е сабајле да ме видат во градинка средена Како почна маже трета да работи секое сабајле станувам 10-15 минути пред да треба автобус да фатам Одговорност нула Кере по цел ден оди низ куќа,несмеам да оставам врата отворена периодов Или таа излегува надвор или милион муви влезени внатре По цели денови ја слушам ми прави мууу (имитира крава ) од каде има научено незнам,тоа немаме околу куќа Јас уморна, жешкото ме убива Избегавам да излегувам а морам да го прошетам ѕврлево Додуша не ми одговара ни ко да е ладно ама ова премногу Еве ја заспа да ја ставам во креветче и да легнам и јас @M&M капките траат точно еден месец Јас сум презадоволна од нив,ни помогнаа многу кога имаше грчеви а добри се и за имунитет Добра ноќ
јас давав од сам почеток на синко од недела дена. 3 месеци траат откако ке се отворат во фрижидер чувани, пишува и во упатството. До 30ти јуни ти се намалени на 520 во аптеките на алпи фарм , во зегин се 640.
@irena.1 честитки и од мене! Живо и здраво да е малото, гордост на мама и тато! Денешнава случка морам да ја споделам... шетаме низ парк со бебо, мајка стои на една страна, а детенцето 3 год максимум да имаше на 20м од нејзе, точачето на трева оставено а тоа плаче коси корне. Момченце плавичко со крупни очиња, толку силно плачеше што лицето му беше измиено од солзи! Се гледаше дека пати детето, не плаче за глупост, мајкава внимание 0, а тоа маицата ја влече, скока и плаче колку го глас држи. Ќе се потсмири и ќе почне да вика те молам чекај ме, не оди мамо, те молам! Луѓе околу гледаат, застанаа едни, се вртат кон мајката, а она мртва ладна со грб свртена не реагира никако. Штом застанаа луѓе покрај малово значи стварно жално беше да се гледа детето како страда, обично секој своја раб си тера. Не можам цел ден сликата и гласчето негово од глава да ги исфрлам, абе срце ми се кинеше. Ми одеше да одам до него да го гушнам силно. Не му требаше ништо друго освен да го гушне мајка му и да си го земе со себе, се гледаше. Си викам секаков народ има, а и секоја мајка не е мајка! Гревче, душава ми ја натажи денес...
Здраво на сите! Ме немаше неколку дена, не дека некој приметил хехе, ама ете пак да ве поздравам пред да заспијам. Деновиве сум премногу зафатена и изморена, а не само јас туку и бебе, доживеа некои промени, некои околности се сменија па и треба време да се прилагоди.Овие денови спиеше до мене и навистина е преубаво, ама приметив дека почна повеќе и преку ден да ме бара, незнам дали е тоа поврзано, може нема врска, ама за секој случај од вечер пак во креветче. Колку и да ми е мака, несакам да неможам да мрднам кога ќе почне да разбира повеќе. @M&M јас сум исто презадоволна од Бигаја, трајат месец дена тоа од прилика. Јас ги земав по препорака од бабицата како најдобри и сметам дека навистина се ефикасни. Лека ноќ
Јас зедов пред два дена ми кажаа дека ако давам по пет капки немало за цел месец туку за 20 дена. Со помин на малата.
Аууу јас сум многу емотивна на такви работи ме растажи само што прочитав а не пак да видам.Па добро колку и да било лошо колку и да ја напнало зарем има душа така да го остави мене срцето би ми се скинало да ме моли мамо земи ме уфффф
Каде има аптеки на алпи фарм да купам уште 1, во еурофарм се околу 700 Фала на сите . Се нервирам многу како ми клапнаа некако децаво со имунитет после сипаници. Се обвинувам сама колку и да не е во ред не можам да го отргнам тоа чувство . Ми се јавија дека е примена во градинка од септември сега се мислам дали да ја пуштам. Знам дека не треба ни во стаклено звоно да се чуваат ама многу ми е страв од болештии
Добро утро мајкички ве читам како некој натрапник но повеќе сум актувна во темата бременост.Во исчекувањр на второто детенце веќе 33 недела тераме уште малку па ќе се дружиме почесто.Ме фаќа страв дали ќе де снајдам со двр дома,големата ми има 19 месеци од септрмври треба да шочне во градинка, ми се јавија дека е примена но на пола сум , ем сакам да оди ем несакам едвај место најдовме а кога ми се јавија мо се растрепери душата.поздрав мајки
од кој еурофарм ги зеде, јас кога ги барав скоро немаше ,и рекоа не ги ни имале.. https://zk.mk/search/?what=алпи фарм &filter_city=15457 имаш и на влезот на микробиологија не е пишана гледам тука, одма од лева страна е кога влагаш од влезот на микро.
Добро утро жени. Како сте? Читам и болни има,аман веќе и лето дојде човек раат да не е.Малата ми е на поседок кај свеки овој пат,петок ќе ја земеме,нека одмори малку од градинка со баба и братучедите,убаво и е таму во дворче. @Sunshine_1979 како Магде,те бара ли? Јас лани прв пат ја оставив на 1,5 и не беше страшно,нема проблем мојава само да има друштво и игра не и требаме.Малку ќе заплаче кога си тргнуваме ама одма се смирува,ни вика вие одите абота јас тука седам и вие дојдите. @Kitten како е цуцка,се подобри ли? @M&M вие како сте? @danichap уживаш ли мами? Каква е водата,топла ли е? @irena.1 честитки,да е живо и здраво синчето Леле ние уште не знаеме што ќе правиме со одморот,не знаеме на која страна да фатиме Ај убав ден
Добри се! Сега се слушнавме без проблем поминале и заспивање и јадење...ваљда без узбуна ќе тераат до петок! А инаку секое разделување па макар и од дома кога тргам за на работа ако ме види на врата ни е со врескање и плачки...ич нејќев да и се кријам и скришум да и бегам ама па многу вреска, жал ми е!
Еден совет до мајкичките што користат Био Гаја. Не ги жалете парите дадени за тој пробиотик. неколку мајки (другарки) што користиме од сам старт фала богу децата до сега ни немаат кивнато. Педијатарот вели дека е до имунитетот кој реално се ствара со пробиотик (како и со храна/млеко).
Здраво мами. Да ве поздравам и јас. Не сум многу редовна но немам време. Баш сакав да прашам за пробиотик за мене. Јас дојам, но денес завршив со антибиотик и капсули кои ми рекоа може да ги пијам за време на доење. Е сега да не му направи некој проблем на бебево, да земам јас или нему да му дадам пробиотик и кој?
земи на провен пробиотици мн се добри и ефикасни и одпосле да даваш и ние ги зедовме по препорака денес јас во бременоста вит ги користев на провен и сега се и на акција плус во зегин
Оф извини грешка. Мм го праќав сега ми текна дека му рекле еурофарм дека не држат па ги зел од Виола бисер. @azelea подобро е фала. До болница стасавме ама бргу ја кренаа дома сме сега.