Здраво од мене мајки! Знаете, два саати акам низ станот и не можам да средам... Значи лудница, а страшно ме иритира таков хаос. Малата спие. Од денес не оди во градинка, летото дома ќе го мине. Можеби малце наивно од моја страна, ама па толку многу сака да оди на село со баба, кај животните, на ливадите, во дворот, кај овошките... А градинка и одење на село не можев да комбинирам, оти од сабајле оди свеки па ако ја носи и малата со себе тогаш мора од сабајле. Од септември пак продолжуваме, се надевам нема да наидам на отпор. Туку погрешив ли со одлуката, што мислите вие? Ова искрено за кејф и среќа на детето, а мене далеку ми е полесно кога оди во градинка. Ама ајде, и онака малку деца останале во групата (се тешам). Мила, немој да судиш по сцената што си ја видела сигурно не повеќе од 5-10 минути. Не си имала шанса да ја видиш целата ситуација, причината заради која плаче малото, причината заради која игнорира мајката. Знаеш, многупати и овде си даваме совети -игнорирај, не му попуштај, не паѓај на слози... Можеби баш тоа го правела мајката, можеби тоа и е некоја нејзина метода, она му е мајка на синокото детенце и сигурно она знае како треба со него. Еве наша случка, малата не сака да се вратиме дома од лулашките и почнува да плаче... Околу нас многу луѓе. Ја убедувам со добро скоро 20 минути, на крај решавам да ја оставам а јас си тргнувам накај дома. Засилува со плачењето, замисли ја, синоока, русокоса, буцка и плаче... Можеби и јас бев несовесна мајка што тргнав и не застанав на молбите нејзини, ама за 5 минути се истрча до мене и си отидовме дома. Сега знае да каже ,, нема да ме оставиш нели мамо?,, Извлекла поука од ситуацијата. Можеби не е метода која вие ќе ја употребите, ама кај некои деца пали... Туку мало е твоето дете, допрва ќе проценуваш како со него треба да се однесуваш. Дај Боже со песна да ви минува воспитувањето, ама секогаш имај ја во предвид и другата опција, онаа со игнорирање и оставање да плаче макар најжално да моли. Уф, ова долго излезе... извинетеее! Гушкам ве!
Баш сега го читав на насловната на фемина текстот за да не се осудуваат мајките. Не знаеме никогаш каква е целосната ситуација и најчесто си помислуваме и викаме, јас така никогаш не би направила. Ама децата растат, се непредвидливи, а ние сме само луѓе. Тоа е тоа. Сè се случува и секакви ситуации може да не спопаднат. Како реагирате во однос на играчките и делењето или кога вашето дете сака туѓа играчка? Моево обавезно сака да ги види туѓите, јас ја сопирам, гледам да и свртам внимание, другите најчесто не ги даваат. Ама ми паѓа незгодно кога упорно вика и се подава по играчката. Нејзините некогаш ги дава, некогаш вика. Ако вика мајките обично им викаат на децата да вратат. Ако не јас ја земам со изговор дека е мала и не разбира и ќе плаче. Ама некако секогаш сум во небрано. Излегува четворка и не сака да јаде, само сака да цица, па малку мачен е периодов, ама ќе излезе за два три дена, па ќе се олабави се надевам.
Со Магдето мое минатата недела отидовме на ортопед, докторот си имаше неотворени наполитанки на масата, она моево отиде си ги зема и не ги дава! Де со арно и ги барав, де пробав да и ги истргнам од рака, не и не! Докторот ми вика остави и ги, нека си ги земе а јас пет минути ја убедував да ми ги даде, она вриска и ги гушка, на крај и ми свика дури што сум ја тормозела! Излеговме сосе наполитанките а големата ќерка ми се смее дека сите носеле нешто на докторите а ние сме им земале!
Истото го помислив, изливи на бес најлесно поминуваат со игнорирање. Можеби детенцето претходно се трескало од земја за глупост па мајката решила да го игнорира додека не ну помине. Знам дека од страна изгледа страшно но речиси сите сме се нашле во слични ситуации. Подобро да го остави да помине него да му вика или тепа. За туѓи играчки и моево сака да земе да види ама разбира ако плаче другото дете и кога ќе и кажам не е наше ајде врати го го враќа без проблем. Е ако е брат и во прашање не важи ова него му вреска до крај. А плаче ако и земат нејзина играчка мада знае да попушти и за тоа. Имаме едно девојче на блиски пријатели секогаш и ги зема на нашава играчките и не и ги дава или знае за инат да и ги фрла. Мене ме нервира многу а нејзините не реагираат ич што уште повеќе ме револтира. Се јавив алпи фарм во ново лисиче ги потрошиле. А се прави пауза после извесно време на пр 1 м па пауза или може континуирано да се даваат?
@Mari-Ja иста сцена ми правеше и мојава денес, ете и она е три годишна. Ја враќав од кај баба и' и цел пат кенкаше "бабаааа", ужалена зошто не сум ја оставила таму. На пола пат реши да си ја измкнува раката од мојата за да не оди и да се инаети. Јас и' реков дека јас продолжувам дома, она почнува да подплакува. Како се оддалечувам така таа зима залет и плаче на цел глас да ја чујам. Се вртам и и' викам: Јас си отидов! И ете ја трчаааа и тоа цела уплакана, човек да се осети како најлош родител на свет! Ете. Со ова се справувам секој ден веќе два месеци. Знам дека е период, но дајте поискусните подучете ме' како да реагирам и што да правам
БиоГаја ги има во аптека Молика (Кисела Вода, незнам каде има на други места Молика) и во уште една, незнам дали беше Дона или така нешто, во Кисела Вода, спроти Веро онаа што е.. На едното место беа 590, на другото 610 ако ме држи добро сеќавањето.. Ние ги користевме едно 2, 3 месеци континуирано, па ни смени докторката со други..
Овие "периоди" никако да им поминат. Или така се тешиме.. 2 години и 8 месеци, се некој период имаме.. Сега сме во период кога се трескаме од земја, вриштиме, пиштиме секое сабајле кога одам на работа. Мислиш ја колеш.. Комшии ме прашаа дали плаче затоа што е болна(пред 1 недела, кога имаше вирус). Срам ме фати Нека се живи и здрави само, што и да е ке прифатиме
@snegulkata @Kitten далеку од тоа дека осудувам или слично, само споделив, детално опишав колку ме потресе мене лично сцената. Душава ми се нажали премногу. И вашите да сум ги видела, исто ке ми било. Деца како деца, не знаеш што ќе им текне во моментот, а нели не можеш се да им допуштиш и дозволиш, сепак родителот е тој кој поставува граници. Ма да овде се повеќе гледам такви сцени. Возат точак родители и детенцето позади, 5-6 год да имаше, паѓа, почнува да плаче, родителиве возат напред и го викаат по име, ајде ништо не ти е. Абе макар застани да му се невиди. Друга сцена, во центар на кафе седиме, трча малото, се плесна со лицето на земја, мајка му довикна само дојди немој веќе да трчаш. Сакам да речам не се ни многу потресени овде, што вика една познаничка словенка, немој да реагираш на се, после на секое паѓање или сопнување ќе користи, внимание ќе бара... не знам, живи били па видели што викаше комшиката, којзнае каква мајка ќе бидам јас и како ќе реагирам на овие "инаетења" нивни а периоди кај секое дете има, само нека се живи и здрави!
И јас не реагирам кога ќе падне ќе и речам ништо ајде стани и си станува сем ако нели лошо падне е тогаш сигурно нема да гледам од страна. Во парк и по улица уште немам доживеано некој сцени ама повеќето родители така реагираат кога децата сакаат да си истераат по нивно,јас еднаш видов како девојчето нејќеше во раце,точаче се траскаше сакала на лулашките ја пуштија и рекоа чао ние ќе си одиме и се свртија за да си одат детето ни две ни три назад на лулашките,родителите пак назад по неа,значи јас цела ситуација ја видов да беше само блицот кога се свртија и си отидоа по инаку ќе ја сватев ситуацијата
Кога ве читам вас мајки,со деца на приближна возраст со моето,си викам децава од ист калап излезени Имаше периоди кога стокмени за излегување,ѕверкава не сака од дома да излези. Мм страшно го нервираат такви испади,мене ми е најнормално,може зошто имам вишок нерви. На такви противења,јас заклучувам врата и заминувам. Дете е,но веднаш сфаќа дека е сам,се плаши и почнува да плаче. Го оставам некоја минута,пак да сфати дека со плачки и противења ништо неѓа да добие. Тантруми имаше и за облекување/слекување,ама кај нас сеуште пали ,,страшниот,ќе ти земе се,ќе те касне мравка ако не се облечеш итн,,. Во последно време,доколку не се однесува како треба,следува казна,одземање на сите играчки(читај криење) и точакот. Да видите само колку е послушен во секунда Мајка пролепшана,бев на фризер се средив,секако со придружба,ама беше за пофалба. Влезен е во некоја фаза,да се го интересира,гледа,набљудѕва,слуша и после прераскажува. Учител на мајка Денес малку релаксирани сме,ќе поуживаме. Убав почеток на летово мајкици!
Добро утро! Го пијам утринското кафе, малото си игра, носе играчки од еден ќош до друг. Не седи само ни миг, мислеш се внело во играта штом излезам од соба веднаш по мене. Како кутре е се ми се мота околу нозете. Ме фаќа страв да не го згазнам некогаш. Не ме пропушта секунда. Тежок период, напорен. Поголемата е друго самостојна е иако и таа некогаш знае да изненади. Уште малку мора и малово во градинка, ќе ми биде мака но подобро и за него и за мене. Испадна се дека се жалам.. Треба една чистка да направам има премногу работи, играчки а не играат со нив. Ќе соберам и ќе дадам на некој друг да ги користи. Не бива се нема разминување, ме гуши пренатрупаност. А незгодни ситуации сум имала и те како, сум ја оставала ќерката да плаче, кој како ќе ме гледа и што ќе мисли не ставам на срце, не може да биде се по нејзино и да се добие што се сака, мора да научи како треба да се однесува.
Добро утро и од мене.Мама на тераса пие кафе тато гледа цртани со синко.Кај нас ништо ново додуша има новитет вади 4 заба во исто време горе и единици и двојки.Повеќе мака и плачки видовме дури му се оформуваа него сега.Сега е цело време со прстето во уста.Него единиците горе му се многу одвоени ваљда нема некаков проблем да е тоа а во фамилија немаме никој со такви заби.Времето брзо оди уште малку ќе славиме прв роденден.Толку од нас убав ден.
Оформувањето на забите се одвива во утробата на мајката, така што тешко дека сте виделе мака додека се оформувале, повеќе би рекла дека пробивањето е тоа што прави проблем, бидејќи непцата се прилично цврсти. А во однос на одвоеноста на забите, кај повеќето, да не речам скоро кај сите деца горните единици се одвоени, со тек на време како што ќе растат другите заби ќе се зближат и спојат.
Моето кога пораснаа тие две забчиња беа мн раздвоени и малку криви, како што растат другите заби тие два се исправуваат и се спојуваат.. еве 2.2год и каде каде му се поспоени... башка тие млечни забчиња немаат врска со сталните после што ке пораснат... ако сега му се раздвоени млечните немора да значи дека после кога ке паднат исто раздвоени ке пораснат. Еве имам внук кој имаше ситни млечни мали забчиња убаво споени, сега е веќе 8год и му пораснаа поголеми заби и раздвоени кецовите, па да пораснат сите убаво ке си носи протеза.
Марија и јас ја оставам кога падне сама да стане....сега дури некогаш кога падне не плаче веднаш станува и продолжува да трча.....а и зависи на што паднало детето...на трева ја оставам оти сепак на меко паѓа...на плочки и цемент повеќе внимавам...некогаш се случува да ја кренам, али не на секое паѓање.....некогаш иако носела до под колена хеланчиња одоздола под хеланките се случува да има гребаница ја боли и плаче...ако паднала на тврда површина обавезно проверувам дали има гребаници. Инаку и јас и викам...ајде стани сама. Прееска плачеше седната на трева оти не сум ја пуштила кај фонтаната да стои до кога што сака таа, а беше пекол жешко...во близина ни дрво ни ништо бар малку под сенка да појдеме...постојавме 10тина мин. и морав да ја тргнам...плачи - плачи, ја седнав во количка и продолжив да возам...се смири....нормално и зборувам мамичка сега е жешко и мораме да одиме...ајде да се качиме во количката...и тоа... еден ден очекувам да ги прифати таквите работи нормално без плачки.
Мајки здраво Цело време ве читам, но не ми се правеше муабет, само на прашање-одговор. Поминував (поминувам) низ тежок период, психички многу западнав. Се солзи ми течеа сами, а покрај мене не трпев никој, само мајка ми. И беба, таа единствено ме радува. Уште ми се вртат мисли што да се прави, нешто ќе мора да се смени, а веројатно тоа ќе биде мојот "лимон табиет" и проклетата чувствителност што ја имам за се и секого. Не знам како да научам да не се навредувам за се, капа на страна и терај. Ми недостига малку она време кога друг ми ја мислеше за се Нема везе, малку освежење денес, дојдовме во Охрид, прекрасно е, јас, мм и бејби. Таа е посебно среќна и расположена, климата и годи, па може и јас да се разведрам На повидок е обид на мм да ме расположи со шопинг
Хелоу Денес ме виде Stuttgart маже ме прошета,на начин на кој доликува Доста планини гледав Малце умрев на жешкото,нозе ми се тапан ама ако,вака се издржува Направивме мал шопинг,ручек и скоро цел ден ни помина таму Би било подобро да не беше толку топло,ке прошетавме сигурно повеќе али јбг,ке одиме на зима следен пат Беба уморна заспа,татичко такоџе а баш си помислив ке му се шеткам малце со едно фустанче ме зафркна и еве веќе џо 'рчи Повеќе среќа следниот пат Толку мајки од мене,да си гушнам јорганчето и јас да му ја легнам