Камо торта да не почастиш? Свеќички, балони? Најсреќен нека ти е! Безброј исполнети желби ти посакувам
Здраво мајки, се спремаме за на одмор понеделник одиме, нели си пишав на планна млку ме нападнавте во соодветната тема ама нема врска, секој со своето мислење и потреби. На работа засега е опуштено сенадевам такаи ќе остане, да му е мерак на човек да оди на работа или сега ми емеракод што се заседнав дома ама право да ви кажам повеќе мерак ми прави одморот. Млата добричка е, малку кенкава е деновиве ама се тешам дека заби се. мм ќе ме земеод работа да не акам по жешково иако за 10-15 мин сум дома пеш ама ме штеди човекот. После незнам колку време одам на депилација денес, да се средам малку и јас, си се подновив со купаќи, долен веш, се мислам за влечки и некое фустанче ама изгледа ќеизоставам тоа. Така лепотици, среќна годишнина кој си слави, со среќа во новиот дом на елени27, којси сака да си добие дечиња затоа што нема поголем дар од БОГА и поголема среќа и љубов од детенце. Убав продолжен викенд лепотци. Одам јас накај дома, ТРЧАМ ДА ЈА ВИДИАМ МОЈАТА ПРИНЦЕЗААААА!!!
Како сте по жешково дами? Уф јас едвај чекам вечер после пет дена да си ја гушнам мојата душичка,ми фали нејзиниот мирис @tincemajmunce честитки да ви се множат,ние во средата славевме 4 години од брак @eleni27 со среќа и здравје да си седете во новиот дом @mona22 среќен роденден и тебе цуре,жива и здрава да си @Saraa убаво да си поминете,не е битно каде ,важно да одмори човек
Хелоу. Пекол е, па и детулево за мене кога ќе се залепи мислам ќе пукнам. Не знам како да смениме со успивањево, да не ја нишам, а да не е со плачење. Прееска јадеме сладолед со мм и се запна да и дадел да лизне. Многу ме нервира со тоа лизнување. Јас му викам и што ако лизне? Ајде тебе еве ќе ти дадам лизни еднаш (од сладоледот) и толку. Само што ќе видиш колку е вкусно и нема веќе. Мене тоа повеќе како казна ми изгледа. И давам грицка обично нешто тогаш, бисквитка или јаболче, банана... Да лизне, та да лизне. Почна да ме повторува и многу е смешна, со интонација со гест, се комплет. Душа мала, само бацува, цело време зашто со мм ја давиме со бакнежи и гушкања и она само тоа прави. И ние за на одмор се мислиме уште каде, ама едвај чекам на море, душава ми плаче за вода, две години не сме биле. Ќе видиме со малава како ќе поминеме, ама ако е малку на мене од вода нема да ја извадиме. @eleni27 само убавини во новиот дом @tincemajmunce многу љубов и среќа да ви ги исполнат и следните години @mona22 среќен роденден
Да се приклучам кон друштвото со болни деца. Цел ден тт синко,го однесов кај матичната,имал црвено грло,а јас душа немам во мене од оваа тт. Кај не најде на сред лето значи. Ноќеска јас дежурам да знаете. Да не ве означувам,убавини кај сите со поводи!
Ние денес официјално ја отворивме летната сезона и го пробавме базенчето на среќата и немаше крај.Мама е уште повозбудена кога го гледа така среќен.Го оставив само пола саат за повеќе ми беше страв.Вие по колку време ги оставате да се шлапкаат?
@eleni27 честито нов дом само убави весели работи во него. Уште некогаш ти се исчудувам како успеваш се со 3 мали деца па уште и селење, ти завидувам најискрено (и добронамерно ) на енергијата. @tincemajmunce честито годишнина да ви се множат. Луѓе не знам за вас ама јас дефинитивно секоја година се потешко го поднесувам летово. Денес ме фати паника како ќе го преживеам тек почна. Кога не би работела децата и во охрид на цело лето. Дома уште не сме уклучиле клима ама веќе се осеќа потреба. Јас одолговлекувам поради децата и двајцата ми беа со кашлици и тегнеме уште терапии, го терам мм да испере филтри прво. Викендов ние дома ем малово не беше добро уште е на антибиотик ем сум *он кол* од работа можам да работам од дома ако има нешто ама сум под тензија и налет одење некаде.
Здраво Ту ве читам,ту ме нема со недели. Не ми се губи време во пишување а и од немање сили. Поарно ми е си велам,да прочитам дрсетина постови за тоа време одколку да пишувам. Се утешив кога читам дека грото се исти. Моето е 2год и 2 мес. И во последно време кога шетамеседнува на сред улица. Таму ке чучел. Ни дава да го кренам во раце ни сака да оди. Ако оробам да го разубедам со се глава легнува. Ги терам минувачите да го искарат оти секако он ги одпиздравува обавезно Добаљ деееен. Ке пооди десетина метри одкако го искарат и пак седнува. Со плачки и вриштење се прибираме,дома почнува и да ме тепа. Колку можам игнорирам ама не додржувам. Незнам што ке се прави. Ете пишав една од маките. Бидете ми поздравени и колку што можете поведри. На проблемите им нема крај. Некогаш сами си ги преувеличуваме.
Се успеваме со малото тешко иде. Куп време изгубам. Убаво е се галеме, се гушкаме но и поголемата сака внимание. Ми е криво и велам погледај цртан да го успијам и мама ќе дојде. Слуша но некогаш и стане досадно па почне да вика, а малово ја слушне и оп одма даадаа.. Научивме нов збор ,, Ајде''. Се почесто мрмори не разбирливо ама полека се опушта. Дадат па најсреќна е, по цел ден му брбори и на сите кажува што ново знае. Убав викенд мајки!
Здраво мамии.Како сте ми? Јас незнам како успевам да функционирам знаејќи ја ситуацијата со моето ѕверче.Никако да се промени ми се чини таков ке си е.Долги не преспиени ноќи,изнемоштеност и страшна потреба за одмор.Наши пријатели си имаа бебче,милина си цица и само спие по 4 часа и повеќе,а моето ни кога беше на таа возраст една недела старо воопшто не спиеше и најинтересно никако не заспиваше на града,никогаш не се случи тоа и сите му се чудеа бебе 1-2 недела да не спие.Нели викаат до 40 дена бебињата само цицале и спиеле.Е кај нас не беше така повеќе будни отколку што спиеше.Секоја вечер си велам ајде оваа вечер ке поспие не бре никако се полош и полош.Синоќа во 22ч си легнавме,тати заспа а мама како зомби бебчо спие ама кенкав,плаче ако го оставам во креветче, несака ни млеко ни чај,се превртува од грб на стомаче а кога ке се заврте плаче и прета со нозите (спиеше на кратки ракави,и пижамки долги без чорапки )мислам дека беше 02 уште бев будна и во 04 еве го пак се дере на целиот глас едвај го заспав за едно неполн час пак да се разбиди.И така нашата приказна продолжува. @eleni27 Честитки за новиот дом,многу среќа и радост да внесувате во него.Јас и мм секојдневно си правиме планови за нов дом.Сакаме да си правиме куќа се надевам ке си го оствариме сонот. @tincemajmunce Среќна годишнина уште многу години да си бидете заедно,среќни и долговечни. Поздрав мами ви посакувам убав ден Ве
Добар ден! И ние во болните... Мајка ми се јави утрово дека беба е со растечен нос и температура. Го чекам мм од работа и веднаш тргнуваме... ех да можам да прелетнам, за минут да стигнам...уште 2 саати, кој да чека!!!
Има вирус со Т. Со помин нека е.. Здраво лејдис.. Надвор жешко, но мене воопшто не ми смета. Време му е, да не се жалиме Дете и мм спијат, јас шмукнав ладен нес. Месам кифли, чекам да стасаат. После ручек и толку за денес. Понеделник одиме на море едвај чекам да се брцнам у вода Си купив купаки нови, не дека немав но пусти мерак за едноделни Спакувана сум уште од минатата недела Одиме со друштво и моите, затоа ке уживам максимално.. Има кој да ја гледа ќере. И она се радува, пресреќна, сакала да плива Дупла среќа кога ја гледам и нејзе среќна Иначе ново кај нејзе е што сака да и зборам англиски. Ми се обрака со мами.. ако и вратам на нашки се мршти, ако зборам англиски се радува и ме повтара од септември градинка адаптација а после тоа почнуваме и со учење англиски Убав ден мамкчки И да, честито на сите што имате за честитање, само убавини да ви се редат
Ете сме и нир,после бурна ноќ,до 4 утрово качуваше до 39. Денес беше подобар,отидовме и до град,се сретнавме со пријатели,мм остана,јас си дојдов демек ќе спие шефов,ама он пак жежок. И пак 38.1! Не сака сега и да спие без татко му,еве го си игра,ама тт си стои. Знам дека е вирус,но тие што поминавте,колку време траеше? Парацетамол вчера купив,повеќе од пола испиен. На секои 4ч пие,дури последниот едвај со масажи,оцет го издржувавме. Вечер сака да одиме кај количињата,сака да се вози на локалното вовче... Аман Господе нека престане оваа тт! Немам ништо да кажам денес,убаво да си поминете сите кај и да сте,а како викаат,децата ако не се жални нема да ни бидат мили. Ќе помине се,само здрави и живи да ни се на сите!
Два дена бар кај нас така беше, на секој 4 саата качува тт ,матичната ми кажа комбинација чепче сируп помеѓу тиширање ,мокревме чорапи соноцрт.Ќе помине о брзп заздравување.
Добар ден од мене. Одамна ме нема во темава. Конечно се наспав како што треба. Едвај чекав да дојде овој продолжен викенд. Да одморам. Денес правам генералка. Вечер планираме со маж ми да шетаме. Имам во план да си купам нешто. Другиот месец сме на свадба, а јас немам фустан. Тие што ги имам ми се тесни. Здебелена сум. А трошоци летово еден тон. Синко поголемиот од септември ќе биде прваче. Порасна детево. Кога децава имаат температура им давам Далерон. Најчеста причина кај нив за појава на температура е црвено грло.
Поздрав мами. Еве не нас во процес на адаптација едни на други. Малото за сега е добро, си цица и си спие. Навечер еднаш до два пати цица и продолжува да спие. Големиот првите денови беше разлошен, бебето на кревет, тој рипа. Но сега како да си легнува на брашно. Сака да го гушне, ама неговото гушкање е леле мајко, ке го здроби. Само не ми дава да го дојам, мислам дека мисли дека бебето нешто лошо ми прави. Па треба многу пазење, а јас сама уште не можам, а мм ко за беља е затрпан во работни обврски со краен рок. Денес мајка ми е цел ден кај мене. Да биде работата полоша вчера го пративме на викенд кај баба, само што стигнаа крена температура, па ајде дома. И денес пак качи до 38,6 со блокмакс симнува и мирен е околу 8 саати. Крвна слика и црп се во нормала. Валда е некој вирус. Од вчера е само на вода и лубеница, ништо друго не сака да стави во уста. И сега мајки како изолирате едно од друго дете. Бебе не е извадено од спална од вчера. Затоа што многу спие, големиов не го приметува многу, ама јас сум цело време ваму таму растргната и се ми изгледа безполезно. Незнам што ке правам тоа ако крене тт. @eleni27 честитки за преселбата, многу срекни моменти во новиот дом. @M&M честитки за градинката, со лесно со убаво. Во аеродром да те примат без врски баш е за честитање.
3-4 дена температура 38.5 еднаш само качи 38.7. Ние фативме и ларингит и кашлаше многу. Поминавме без антибиотик, со мнооогу течности, супи, овошје.. со помин нека е на сите болни дечиња..
И мене во четвртокот ми се јавија од градинка имала тт 38 со нешто ја земав право на лекар малку и било црвено грлото а башка и повратила во градинка,кај докторот го поврати цел ручек од градинка се лом му направивме мм па бара крпа да чистел. Сега е само со тт до 38 не повраќа. Со помин на сите дечиња за вас незнам ама јас стално плачам и се потресувам кога е болна поготово кога повраќа како да се гуши и мене ми се крати животот
Фала Ирена Малата кога беше некаде околу 3 недели големиов се подразболе. Не можев никако да ги одвојам. Малово се затна и имаше мрсулчиња доста, ќе пукнев од мака толку мало бебе а поднастинато. Среќа на тоа остана влечев мрсули со она цревцено многу цицање и помина. Братчиња се тешко да ги двоиш а ионака големите се осеќаат малку отфрлено па ако ги двоиш уште повеќе може да им влијае. Мојов е голем и разбира ќе речеш па покажуваше револт. Штом спие доста малото гледај што повеќе време да си со големиот после кога ќе отвори очи и малово нема да имаш толку време. Уживајте и гушкајте се Се преморив денес од сабајле чистење докај 10 па на водно малку со децава па дома ручавме ги фати сафра запнаа за надвор. Се изненадив кога излеговме околу 5:30 некое ветре имаше и не беше толку неподносливо ко вчера дури попријатно од дома ми дојде. Ама јас пак мислам дека нонстоп без престан се потам. Од надвор дома, им напунив када на двајцата се прскаа се глупираа, вечера и големиов веќе дуфта пола саат зверкава беснееше до пред малку ама еве готова е и она. Уморна сум ама не легнувам одма. Мм е излезен со колеги ќе кулирам малку во мир и тишина пред тв