@joy1 Јас веднаш го однесов кај матичната(како викаат стари,и на јогуртот дуваме сега),леукоцити малку покачени,грло сосем малку црвено(а не е некој фанатик за ладно или сладолед),црп негативно,па ни препиша Легофер,ацц јуниор,б комплекс,ацерола,линекс јуниор. Вчера си поврати неколку пати,а денес само утрово имаше проливче и толку. Денес пак е со тт,до 38,ама само два пати качи. Околу кој прашај,или дете е со тт,или повраќа и има пролив. Ќе дежурам ноќеска пак обавезно. Уште нешто да ве прашам,Блок Макс зедов денес,ама расеана заборавив да прашам како се дозира. Пишува од 1-3 год по 2.5 мил.Толку ли треба да давам или се дава по кгр?
Мислам дека толку е, јак е блокмаксот оди по упатство за возраст. Побргу да оздравете и вие и сите болнички. Как нас прошлата недела беше хорор се враќаме во нормала. @Nikita7 малата твоја имаше варичела ко што памтам пред некој месец или сум ве измешала? Ако имаше пази ја многу јас со двајцата доста заглавив после сипанициве им го утепа имунитетот ептен
@irena.1 Честитки за приновата, да сте живи здрави и среќни сите заедно. Почетокот со две мали не е баш најлесен ама со тек на време доаѓаат на свое и многу брзо ќе дојде денот кога ќе се смеат едно со друго и со поглед ќе се договараат за правење бељи Изолирање болно од здраво дете е многу тешко, колку и да се трудам секоја настинка досега во пар ја поминаа Ние имавме пеколна недела, многу тешки топли денови, за денес температурата да спадне на 19С Времево летааа, не ни приметив кога помина една година додека не сфатив дека се ближат родендените за некоја недела. 2 и 1 годинка ќе полнат моите сонциња пораснаа, ќе немам веќе бебе дома Воедно се селиме и спремаме за пат накај Мк, сама со две деца во авион ќе биде предизвик, но штом е за убаво не е тешко Убав ден жени, мајки, кралици
Здраво мајки! Само ние ли останавме дома? Сите за Грчка, на море, на ужување, само ние домче! Како се справувате со жештините? Ние веќе вклучивме клима, не се седи во пеколов дома... Конечно недела кога ММ е дома,па имаме планови да си спремаме омилено јадење, да си зачистиме нешто по дома, и кога ќе залади да одиме на едно убаво планинско место! Многу ми е убав денот, најверојатно затоа што ретко имаме прилика со ММ заедно да го минеме денот. Убав нека биде и вашиот, од срце ви псакувам.
Тука сме и ние не отидовме никаде и баш ми е убаво некако по дома. За вакви викенди е страшна гужва секаде посебно грчка. Пријатели вчера 11 саати патувале, 7 само на граница окапале. Налет одиш на 3 дена 1 го проаѓаш во пат. Обично одиме во охрид ама оваа година поради некои околности останавме дома. Денес прв пат пуштивме клима еве ја брмчи додека е малово во спална спие. Требаше да си легнам и ја со неа ама го чекам ручеков да не ми загори а и нешѕо не звоцкаат од работа. Мм си фреме под клима синко кај брат ми на гости па поручек ќе фатиме ние гости и ете отишол денот
Ние па вчера си дојдовме Сите одат ние се враќаме. Ама веќе почна гужвата и денски журки, а со бебе не се седи така. Ќе одиме пак нареден викенд, ваквите гужвести не ги сакам ич. Иначе супер поминавме, убаво се спише, шетавме, бебе воопшто не се расплачи, мирна бајче. Си обезбеди одмор на море, ова тест и беше Штом се вративме, одма нервозна и таа и ние, жешко, тешко не се спие. Со клима сум цело време... Од малку одмор директ домаќински денес, фрчат машини, а коски ми се местат од пеглата вечер
Добар ден мами. Мали спие во спална, татко работи на компјутер, јас божем некој ред да направам низ кука, ама не ми оди. Големото од вчера е без тт, денес е на гости кај баба. Таму ужива со братучед му, ама секое искачање од дома е со плачки, или плаче по мене или по бебето, вчера плачеше по баба му и така. Денес морам да се пофалам бевме надвор на доручек сите заедно. Траеше пола саат, ама добро ко за прв пат, мрднавме. Пробувам да направам некоја организација, имено од мекиците и од роденденот на синко имаме куп нова гардероба. А и двете деца ми се полни со гардероба. И сега и оваа што ја добиле да ја ставам во употреба е премногу, не можат се да износат, а да ја чувам, за што би ја чувала. Мм вика чувај ги, ке ги дадеш некаде на поклон, е како би ги дала на поклон кога обично треба да понудиш дека може да се замени ако не одговара, а сметки немам. И тако со денови си стои во кесите и незнам што да правам.
Убави ти вика чувај за поклон, често ти бара некој да смени тоа што си однела? Јас секогаш од роденденивд на големиот оставам по нешто, многу ми се собира а не може да износи се. Посебно сега со униформиве во школо.вАко полнете да одите по родендени ид градинка најмногу ќе ти се најдат. Ама се успаа малово и мм јас се изнашуткав по дома, собирав алишта пружав алишта, влегов во спална со намера да ја разбудам отвори очиња ме погледа малку и си продолжи. Веќер па ќе ме дрибла ама сама сум си крива што не си заспав со неа само не миже човек со сила да заспие некогаш. А мм па се заборави во дневна фукнал клима и спие ли спие. Почна досадно да ми станува а и ми се јаде ги чекам да станат да ручаме.
@irena.1 и јас имам добиено на поклон за малата многу облека која не и се погодил бројот или сезоната за да и е точна. Купувам и нудам сметки кај блиските, кај другите понекогаш давам нешто што добила. а не се погодило. Бидејќи носи поголем број од возраста често работите што и ги купуваат и се мали, а штета е да пропаднат. Никогаш не сум се осудила да побарам сметка. Често најблиските се јавуваат да прашаат дали е точно или треба да се промени. Исто така не го разбирам купувањето обувки на деца за подарок, толку е тешко да погодиш број и калап што на не пробано е невозможно. Имам 3-4 пара сандали, патики што пропаднале.
Мамички малата уште малце ќе полни 4 месеци и сме на ексклузивно доење ама сега имам мн јака забоболка. Матичниот стоматолог ми рече ако работи со анестезија малата да не ја дојам 5 саати откако ќе го среди забот. Кажете ми додека да отидам овие денови на заболекар што можам да се напијам превентивно
Ибруфен,парацетамол.Мислам дека со бездреналинска анестезија ќе можеш да ја доиш малата одма.Се извинувам што ја тагирам @Annath знам таа е во областа на стоматологијата,ако може нека те посоветува нешто.
Добар ден мајки Цела ноќ без спиење,полудеЌу Едвај се заспавме,само надвор функционира а ке се влезе внатре очи очакарило ко да е 8 наутро Последниве два три дена пред спиење толку ми оди по нерви што ми иде да ја удрам по газето Од како ке заспие се убивам од плачење затоа што сум помислила така,не сум нормална,знам Се надевам на повеќето мајки им се случува тоа во спротивно вистина ке помислам дека сум лоша мајка Последните 2-3 часа пред да се спие ми се толку напорни што почнав да трошам нерви Не ни помислував дека може детето мое толку да ме изнервира Сега е во градинка Јас средив низ куќа и одмарам со кафето За саат време одам по ѕверчето и пак цел ден исто Тоа е мами,ајде бујрум те на кафе
Мари сите аи помислуваме не си само ти немаш секогаш енергија и трпение. Кога сме веќе на тој муабет јас сабајле му врзав еден здрав шамар на син ми, душа ме боли ама кажа една толку грозна пцовка што не можев да не изреагирам. Јас не знам каде ги учи овие работи, уствари знам ама да можев тие деца би ги исплескала а родителите не реаѓираат. Се изнарика па ми беше лут и виде на крај дека јас сум уште полута се извини и рече нема веќе пак. А буквално секој ден верглам за други не толку страшни зборови дека не е убаво да ги кажува, башка малава се го повторува, ова беше капак. Може не требаше така да изреаѓирам знам ама не можев да се исконтролирам.
Како викаат, мајка без обелена коса не ја бидувало! Овој викенд душата мислам ми ја земаа...подразболени, изнастинати и расквичени...што да ви расправам! Кај мајка во куќата мислам дека има 366 степени, пукнав и од жешко и од умор...среќа ручек само за беба спремам, за нас машко друштво спрема скара! Леп д'н на сите!
Убав ден и од мене. Од завчера сме без тт,со мала кашлица и намален апетит ама сме во форма,тоа ми е најважно. Јас не сум арна,добив на 22 и сеуште имам мензис кој како да не сака да прекине. Коленото страшно ме боли,помодрено е,сумњам на испуштени вени. До недела морам да досредам дома,доаѓаат свеки. Е од понеделник ми почнува серијата ,,како се справувате со свекрва 1дел,, Туку,да ве прашам тука,Џамбо работи ли во недела и од колку? Сакам да наминеме да спремам нешто за роденденот од синко. Ручек денес краставици и геврек за мене(диетата да се одржува ) Ве гушкам сите!
И ние сме дома. Односно, денес сум со децава. Маж ми го викнаа на работа. Поголемиот го пратив кај татко ми. Помалиот го успав, па треба да пружам алишта и да диплам еден куп алишта. Да ги исчистам дневната, кујната и купатилото. Вчера чистев, ама џабе. Децава лом направија. За ручек најверојатно ништо нема да правам. Ќе се јаде некаде надвор. Ќе одам да си купам фустанче за свадбата. Дома веќе ја пуштаме климата. Не се издржува на жешково. Одма горам кога ќе излезам надвор. @LaDyDoLl Џамбо работи секој ден од 9 или 10 до 22 часот.
Може ќе речете оваа мрдната,ама зошто се чувствувате виновни кога карате или потчукнувате дете? Значи,плескање по газе,не физичко насилство врз детето. Најголем поборник сум за секој проблем,дилема,случка или било што да се седне на маса,отворено да се зборува и да се реши. Но,дете си е дете,кое темпераментно,кое тврдоглаво,кое мало...тешко може да сфатат секогаш она што ние зборуваме. За потег кој го направил а не е дозволен и притоа милион пати е кажано дека тоа е недозволиво,е тогаш може да добие плескање по газе. Другиот пат,пак се трудам со збор да објаснам прво,па ако не е прифатено следува санкција. Мене најмногу ме нервира периодов кога син ми го турка и штипе од него помалото комшивче. Секој пат му укажувам на секој можен начин ама не сфаќа,па добива малце воспитна мерка по газ. Од една страна,не дозволувам зашто истото тоа може да го направи на друго дете,да повреди дете. Од друга страна пак,која мајка сака детето да и биде тепано и штипено? Затоа не се каам ако го карам или удрам,но рековме се тоа да не премине во физичко насилство.
И јас знам да ги плеснам децата по раче или по газе ако претераат. Малиот поретко го плескам. Не е некој бељаџија. Кога ќе го плеснам одма прави тажна фаца и се повлекува, па доаѓа да ме гушне. А поголемиот е создаден за правење бељи. И да го плеснам, џабе е. Го фаќа инает и пак си тера по свое. Прво внуче е во фамилија па многу му се дозволи.