@LaDyDoLl И јас ќе си бидам искрена и ќе си признаам дека сум плеснала по газе, особено тогаш кога за инат прави нешто. Јас велам ,, Немој на столот,, она во очи ме гледа и пак. Објаснувам дека ќе падне и многу ќе ја боли ама госпоѓицата мала не ме рецка туку упорно се качува. Јас го местам столот и смислувам прикаска како јас сум паднала некогаш и пак она нејзиното си го тера. Не се потрудив доволно за да и објаснам дека не треба да се качува на столот???? Што друго требаше да направам??? Да ја оставам да падне??? Вложив и труд, и напор, и зборови и не успејав... ја плеснав по газето и затоа што тоа е знак дека границите ги минала веднаш плачејќи избега во детска. Тоа е пласкање онака колку да сфати дека голема бејла направила, не дека нешто силно ја боли. Можеби лошо изгледа и звучи кога го прераскажуваш настанот, но за мене многу полошо изгледа дете застанато на стол и за инат си тера свој ќеф отколу плеснување по газе колку да сфати дека мама нема да толерира ваков лигавеш. Можеби и не сум во право, ама си признавам дека сум плеснала по газе некогаш, кога ептен претерала. Тоа ни е најстрогата и најретката мерка! Некогаш дури и не плаче после плексањето газица, мислам повеќе ја плаши самиот мој птег отклку што ја боли, па само се мурти и бега во детската соба! Туку сакав да прашам за колку време ќе биде готов пасошот на малата ако се земе во предвид моменталната гужва за вадење пасош! Стариот е истечен, па треба нов да вадиме! Одмор планираме околу 20 јули, а утре ќе поднесеме за пасош! Ќе биде ли навреме готов? Ваше искуство?
@snegulkata Ние поддадовме пред 15тина дена и немаше воопшто гужва. За околу 20 дена ни рекоја ќе биде готов.
Овие два дена ми биле најтешки за овие 20месеци,луѓе ма каков викенд се одра од плачење,вчера за жива глава нејќеше да спие во приколка ај пробавме и во бунгалов и таму нејќе мислам и прецедадателскиот апартман да го земевме исто ќе беше во количка сака и никде на друго место,до 2н ноќта сум буткала количка по патеките само 3н сум спиена во 5 кога отвори очи и виде кај спие кога ја рикна. Ај помина тоа денеска пак цела ден буткав количка јас точно дека сакав да ослабам ама па за една ден ... Цел ками ечеше од неа за се и сешто плачеше се инатеше,маваше се траскаше,ми се иде во планина да врискам од што сум полна од нервоза се воздржував да не и се дерам дека секако ефектот е бетер. Не можам детето да си го препознаам па и сите ме гледаа наопаку коо леле зошто толки плаче. Пмс+дете збеснато+маж шо ме нервирса+жежково=
Добар ден мајки. Одамна не сум ве читнала, одмор терав. Одморов со две мали деца малку и умор, ама важно добро поминавме и сите сме презадоволни. Бевме во соседството, во Грција, со помош од мајка ми. Мислам дека да не ми беше она алкот ќе ми се чудеше. Малово кротко, со тековни обврски околу него, ама големава душа ни извади. Мислам дека беше "најлоша "во цел хотел. Секој оброк јадеше што ќе јадеше и после демонстративно стануваше од столчето и се пушташе во поход. Се менувавме кој да јаде кој да ја држи под контрола. Буквално сите гости беа со барем две деца, беше таков тип на хотел, за таа категорија, и мислам дека никое не беше толку диво како мојава. Диското душа им вадеше на децата. Ќе бендисаше некое машко и му се пушташе. Вчера кога ја виде едни србинче кога си ја рикна да плаче. Одевме два пати на ден на плажа, предпладне и околу 18.00. На пладне некогаш во спа-то или аква паркот кој ни беше на пат за назад. Два дена не сакаше да влезе во водата или да допре песок, и' беше страв. Ја стававме во базентче, па базентчето во вода, па во вода ја префрлавме во гума. Опремата за на плажа ни беше страшна. Базент, гума, топки, сетче со кофички и лопатчиња, ташни со преслеку и пелени... не знам како се однесувавме секое одење. За среќа без изгореници или настинки, барем не децата. Мажот ми првиот ден, на 25 степени сончаница фати, вториот, на 30 изгоре.. а за наредните денови кога беше многу потопло колку превртуваше очи не сакате да знаете. Се на се малото со баба и фаќаа најдебелите сенки а јас и мм бевме повеќе фокусирани кон анимацијата на големата. Навечер користевме бејбуситингот, кога спиеја момите, да успиеме една пијачка. 10 дена не го напуштивме комплексот на хотелот. Четврток се враќаме домче, во село мое, па од дома поактивно повеќе ќе ве следам. Поздрав до сите мајки и до сите бебушки и клинци
Весело сте прошле Дани . Богами со 2 деца само да се однесеш до плажа е предизвик. Затоа дур се мали што поблиску до плажа тоа подобро. Ние некогаш ако ни е колата во близина на плажа се оставаме од реквизити играчки во гепек со нас само алишта пешкири. Отиде и третиот слободен ден. Попладнево се успавме сите, дури и големиот заспа што е голема реткост ама мислам од досада најмногу, се бутна до мене гунџаше нешто кога ќе сме станеле и заспа. Мене најмалку ми се фати спиење те еден те друг ме будеше ама може 1 саат сум дремнала бар полежав. Прв ден со циклус сум и мн ми е лошо некако. Сега очекувам да ме дрибла малово за заспивање до 11, веќе ја избањав почна демек да бара да спие ама еве ја се глупира. Ќе гледам јас одма после со синко да легнам уште се осеќам уморно, башка утре на работа
@danichap каде точно бевте во Грција и како сте задоволни од хотелот ? Мислам во однос на: храна, оддалеченост на плажа, соби итн. Може да ми пишеш и лп. Фала и убав одмор
Здраво и од мене мамички! И ние истеравме одморот. 7 дена, малку ми беа, да можеше барем уште 3 не ќе беше лошо. Сё на сё супер поминавме. Времето само првиот ден беше тмурно, наредните денови беше идеално, не беше премногу жешко па по цел ден бевме на плажа, немаше потреба да се криеме периодот од 12ч - 17ч, бидејќи немаше јако сонце, доволно беше да се скриеме под чадор. Со исклучок на викендот немаше ни многу народ, растеретена плажа, без галама, да бираш на која лежалка сакаш.... затоа и обожавам одмор пред сезона. Бебуш на прв поглед се заљуби во море. Обожаваше да го брцаме во водата, а исто и во песокот му беше мерак да си игра, а еднаш и со отворена уста се заби во песокот, без памет останав, полна уста песок, едвај му ја исчистив. Вечериња знаеше да прави проблеми, не сакаше да се вози во количка, кога седнувавме на вечера го фаќаше нервоза, па неколку пати недојадени станавме, не заспиваше до доцна па шетавме по плажа за да заспие.... кога ден пред да си тргнеме му го напипав првото запче. Што било работата Сепак лесно поминавме, без покачена температура и без многу плачки. Сега е друго дете, додека да почне да излегува и друго. Мене пак, ми дојде, точно 6 месеци после пораѓај, мораше баш на одморот да ми дојде. ПМС ме фати, па 2-3 дена бев нерасположена, се нервирав од стрии и целулит, не сакав по купачи да се соблечам, па мм мораше да ме теши. И така друшки, ајде повелете на сутлијаш, да ни бидат бели и цврсти запчињата.
Јас рано рано да ве поздравам и тоа со повод. Денес славиме. 10 години љубов(5 заеднички живот). Денов не ми е за работа денес. Вечер ќе прославиме скромно само ние тројца. Денес внук најмил зема свидетелство,па тетка ќе оди да ги ,,пофали,,петките. Па мајки,скромно да ве почастам денес,со лесно тортуле кое го направивме со синко. Повелете
Ај добро утро мамички.Бебо и тато се ранат мама пие кафе на тераса.Вчера си лежиме на спална и го гледаме црвчево се врти превртува потстанува со рачињата се врти на меше и ми текна на времето кога за ништо на свет не сакаше да легне на меше.Се утепуваше од плачење.А јас не го форсирав.Сфаќаме дека веќе нема мало бебе уште малку па одиме во групата ДЕТЕ .Многу брзо оди времето.Имало грчеви плачело па настинки па водени кила па мака со заби и наеднаш сфаќаш дека бебето ти пораснало.Мама малку емотивна ама и среќна за секој напредок и успех.Убав ден ние одиме на гости кај баба и дедо дур не не фатило топлото.
Добро утро уште сега пече сонце и е 20 и кусур степена, синко спие вчера до полноќ се мачеше да заспие таман заспа почнаа кучињата на комшијата да лаат синко стана плаче рика, па од озгора со мм се утепавме од карање зошто сум му викала и така јас неможев цела ноќ да сијам сега место да спијам јас раскревам по дома оти е падната бомба. Во недела се истрчавме до Скопје за ништо божем да земам опрема за роденденот од магацин на бит пазар тоа ништо не работеше па ми идеше да се утепам и така се пржиме дома чека да помине роденденот на синко па да спремам за одмор одлуката падна за Бугарија на Сончев брег- читај мм не се откажува од неа и што му можам повеќе од тоа тврдоглавштината негова, с надевам дека се ќе биде во ред.
Аман бре што се стори викендов сите дечиња болни. Ние викендашки кај свеки и мајка,јас славев 15 години матура,вчера прошетавме и малку на планинско место на Кожув оти не се дишеше,а таму едно ветре убаво дури дремка ме фати.Ја земавме и ќере од кај баба па од денес во градинка.Мојава па нешто се раскашла завчера,ама само ноќе,нема тт ,туку некој шлајм како да и стои.И лето дојде и нема раат од мрсоли и тт и кашлици,нека идат у неповрат веќе. Убав ден
@Lolipop23 да се множат како бисерчиња @LaDyDoLl вечно да сте среќни Добро утро И ние се бориме со жештините Таман заспавме дошло време да се стане Кере во градинка,едвај стигнав да ја однесам,ми се смачи со автобусите да се маткарам...а што е скап превозот Јас уште се зезам со полагањето Еден период учам па прекинувам,и се така во круг,баш сум не сериозна Него блазе вас мајки по одмори,ние неколку години ке си седиме дома Собираме пари да си купиме куќа за почеток планираме овде да си земиме,да не плаќаме кирии само Се надевам ке успееме Да станам мајки да се фатам за работа,денес менуваме постелнини и со тоа ке дојдат уште многу работи за правење Ајде повелете на чистовка се само на кафе ве викам,малце да смениме
Добар ден мамички убави! Денов отиде лека-полека, од 5:30 сум станата и никако да се расонам! Дечињата ги оставив кај мајка ми, малото со растечен нос а големата со болно грло, денес со татко ми треба да одат на лекар, ваљда ќе бидат добри, ако не пак денес назад 80 километри ќе цепам! Почнаа подготовки за одмор, едвај чекам неделава да помине, од сабота здравје ќе видиме и ние моренце! Викендов ептен ме умори, мнооооогу ми се спие!!! @Lolipop23 да ви се редат здрави и бели забчиња, честитки! @LaDyDoLl среќна годишнина, секоја следна се посреќни и поуспешни,,,и се така до дијаматска свадба!
Здраво мајки, дете во градинка.. мама пече колач па додека се пече 5мин да ви пише малку Мислам дека децава скоро сите поминуваат низ скоро исти фази, гледајки го детенцево на комшиката кое е 9м поголемо од синко, абе како поминуваше времето на иста возраст исти фази со исти проблеми. Ја поминавме и фазата "се е мое", ништо не даваше и за се се акаше од земја.. и да не играше со тоа, друго дете неможе и точка, абе негово си е и точка, но оди во градинка подолго време (без да се разболи пу пу) и таму изгледа научи да дели еве веќе сега можам да го пофалам и сега за сега е детево смирено... неможам да го препознаам дури. Вчера шетавме низ Ситимол дете како дете трчка, ама се или пред нас или позади нас (не како порано фаќање кривини и бегање низ продавници) Мирен е со деца, дури премирен и се дружи само со одредени деца (си ги бира некако), бевме во игротека отворена два пати за ништо се расплака, му се доближиле поголеми дечиња и се уплашил... Еден единствен проблем имаме моментално и тоа е несака да носи нови алишта, патики, сандали... абе пижами нови едвај му ги облеков, не оваааа, бечи овааа се дере @LaDyDoLl вечно да ви е животот исполнет со љубов и разбирање @Lolipop23 да се редат бели како бисери Отидов да подраскренам дур сум сама, во 12ч си го зимам од градинка, нема да го оставам летово да спие таму
Dobar den najubavi mamicki vi pisuvam od Mak Me nema malce pa se nadevam site ste dobri nie sme dobri eve kaj mama sumtuka e i sestrami so vnucite pa cerkicka e presrejkna so nivpa ne me ni bara veke Malce nemoze so moite da se zblizi ama kako vika mama ona sekogas pred zaminuvajne gi zasakuva baba i dedo Znam dodeka gi zapoznae dobro ke stigne vreme za zaminuvajnezdravi i zivi da mi bidat taka e so tugunava. Tuku gi iznenadiv ubavo moivetatkomi najveke radosenpetok vi kazav deka ke polagam za vozejne iiiiiiiii USPEAV 1 sat so se parking i se vozejne od kako zavrsiv vozackata vo raceistruttore zadovolen mnogu a isto 8 ovoj od pozadiod site 8 sto bevme jas edinstveno zensko i najubavo vozejneprezadovolen od mene a i jas samata prezadovolna Sega 2nedeli odmor i guskajne so moite pa potoa novi planovi za ponataka vo Ita Ve guskam sitebidete mi dobro
@LaDyDoLl срекна годишнина, вечно срекни и заљубени да бидете. @mariz незнаев дека пак тргнавте во градинка. Иначе и мојот е ист, ич не сака нови работи и промени. Значи џабе два пара патики и наик сандали уште оди со старите патики кои му се веке кнап. Не можеме да се убедиме да не оди со една старата количка во градинка, зошто се распага и срамота е со неа. Ако сабајле не седне во таа количка вришти плаче. А мм вика абе возам јас накај градинка и тркалото се извадило и пред нас оди, баш пред комшиката, пукнав од срам. Иначе денес бабата и дедото не се разбрале мегусебе и никој не отишол детето да го земе од градинка, ке се убијам значи Срека па се слушнаа на телефон и сфатија дека детето е уште во градинка.
Ја замислувам ситуацијата и се изнасмеав на глас! Како се справувате со бебето, се навиканвте ли на новиот член?
Абе кути баш пред комшиката е најважниот момент. Бебето е мирно , не смеам да се пожалам. Многу пазење треба големиов да не му направи нешто.Он го сака и го гушка,па легнува до него, ама мал е и тој, не разбира дека ке го повреди или дека може да го притисне. Во моментов сама со двајцата не можам. Туку мајки имаме проблем со окото на бебето. Дали некоја инфекција закачи во болница, незнам. Му собира жолт секрет. Од болница ми рекоа тобрадекс капки. Ставам, ама нешто не помагаат. Денес патронажната ми рече хлорамфеникол да користам. Немам памет што да правам. И каде да го однесам да го види добар доктор.
Здраво мајки! Деновиве нешто ептен малаксаност чуствувам едвај ден прекарувам. Децава се стотка на час, лудуваат и лом прават на големо. Татко и поголем дел од денот на работа, кога дојде уште толку трчаат наваму натаму да се покажат де. Облека која е вишок и која не одговара ја чувам, кога има прилика може и да ја поклонам или да ја понудам на некоја блиска личност да си ја користи. Од ќерката имаам бајаги мала облека, повеќето донесуваат според возраста а таа е покрупна. Ми прави проблеми за облекување не тоа, не ова, па тоа со тоа дали одговарало, праша а пак прави како наумила. Времето матно и тоа како мене . во Поздрав и убав ден!
Околу терапијата не би знаела совет да ти дадам но сега се присеќавам дека големата ќерка кога беше бебе постојано имаше проблем со запушени канали кај очињата и се утепавме со лекарства се додека една очна лекарка не не посоветува редовно да и го масирам делот од двете страни на носето до очињата со физиолошки раствор. нам тоа многу ни помогна.