Да да оди веќе месец дена со една пауза поради увцето, сега затеран е две недели оди без разболување и ова е рекордот ама решив да го зимам цело лето во 12ч и онака на две мин пешки ми е градинката.. па дома да си спие.. таман да не го зимам во 3,4 во најголемиот пекол. Оди во 7:30 со татко му... и тоа какво олеснување ми се тие 5ч сама дома, чистам и ручек правам. Кога ке го земам пола саат си играме и сам бара да спие Заспива во 12:40, 13ч и тера до кај 16,17ч. @girl-miri браво алал да ти е, честитки за возачката.. Јас се канев, се канев... и ништо решив прво факултетот па понатака за кола да полагам
@LaDyDoLl честито годишнина уште многу да си исчекате. @girl-miri честито возачка. @mariz значи поголем спанко од твојов немам видено , срце си знае што е убаво. Деца легнати мм цело попладне спие еве го пак заспал јас се истуширав се освестив ќе манам една епизода ЦСИ па легнувам. Поздрав до сите
Убав ден мајки сонце пече а јас се разладувам со сладолед и кафе мм го испратив во планина бере шумски плодови печурки шумски јаготки и така...вчера ми беше набрал јаготки па ги направив со прашок за сладолед испаднаа супер преубави се, мм ми вика поубав сладолед немам јадено подобар е и од слаткара, бебе си нанка јас да поседам и да спремам доручек кај и да е сите ќе се на нозе. Позздрав.
@M&M Ќути незнам на кој е таков спанко.. вчера се враќаме од градинка во 12 и му викам сакаш да се бањаме во базен? Не, ке нанам вика и стварно си дојдовме дома и чоечето си легна. Спиеше од 12:30, скоро до 17ч па намерно се растропав влези излези во собата кај што спиеше за да стане и после вечерта заспа во 22:30 и сега едвај го разбудив за во градинка, ми вика: не гаинка, нанам Инаку наполнив базен пред 2 дена и никако да се стопли водата, ај денес ваљда ке се стопли па да се ладиме со синко. Кој ке дочека одмор дури за месец дена, гледам плажи низ фејсбук и едвај чекам да одам Сите ни киднаа.. кој на работа во Малта, кој во Германија.. кој е на одмор.. денес ке дојде сестра ми кај мене, утре и она оди уџум на работа Убав ден мајки и ајде кој е за цеден сок од се и сешто
Добро утро мајкички Вчера ни беше роденден па да ве почастам од тортата како што е ред Го правевме во неделата бидејки знаев дека тогаш ке бидат сите послободни да дојдат.Јас се менев на работа да одам прва смена и доста ми беше напорно овие неколку дена. Сега конечно можам да здивнам и да се одморам малку.Ручекот се готви а јас кафето и цигарчето на тераса. Убаво поминавме ама многу плачеше малата кога си одевме,не сакаше дома,ке стоела она во игротека Едвај се убедивме да си дојде.Еве ја 3 дена збори како свеќа дувала,и било брдеј Догодина здравје со помалку луѓе ке славиме.. Имајте убав ден
@Manuela. нека и е среќен роденденот на кукличката твоја, да е жива и здрава, детството послатко од тортата да и биде! Ние сме подобри, девојките подоздравуваат, среќа фала Богу, без антибиотици поминавме! Да ви кажам дека Магде доби страшна алергија од Бекутан шампонче! Од бебе до сега ја капев исклучиво со еуцерин сапунче или ХИП купка, но сега на подарок добивме Бекутан колекција и ајде викам ќе и ја пратам со неа кај мајка ми да не се мкнеме и за тоа! Двапати ја избањавме и кога рече се исфрла, главчето покриено со косичка, чело и врат, целата беше лом од црвенило и ситни пликчиња! Од алергијата дури и 37.8 тт имаше качено. Веднаш се слушнав со една докторка да прашам дали да ја враќам во Скопје, и пратив слика и ми кажа да и дадам Зиртек и да ја мачкам со некоја крема од Frezyderm со камилица, пантексол и цинк. Среќа за еден ден и се повлече алергијата, останаа само 2-3 ранички од чешањето. Веќе Бекутан - ЈОК!!! Уште 3 дена до одмор...ситно бројам до моренце, сонце, плажа
Мами однеси го на специјалист.Моето точно кога беше 3 недели го однесов на офталмолог.Зелено-жолт секрет е инфекција од раѓање и не поминува без антибиотик.Тоа беше случај со нас,почнаа и очите да му се лепат неможеше да ги отвори.Ни препишаа две врсти капки,едни антибиотик и едни за прочистување,веднаш помина
Не сум од Скопје,од Гевгелија сум кај доктор Зоран овде бевме.Немаме друг очен лекар,ама е мноогу стручен па не барав други.Го прегледа,му направи некоја масажа на каналите меѓу носот и очите,ни ги препиша капките(не се сеќавам ич како се викаа,извини одамна беше) и после недела дена се беше супер.
Добар ден мајки. @irena.1 целосно те сфаќам околу стравот со дечињата. Исто беше и кај нас. Првичната љубомора бргу ја напушти а потоа и подобро ги контролираше емоциите и начинот на кој ја покажуваше милоста кон бебето. А за помош, треба. Сама со двете е тешко... побрзо закрепнување на малото маже. @girl-miri честитки за возачката. И јас земав часеви, колку да имам основни познавања, и назад во село мое се запишувам во авто школа. @Manuela. Честитки за роденденот Мојата голема мома денес слави роденден, две години. Денес скромен ручек со најблиските а викендов со другата баба и дедо. Куфери на сите страни, едвај се исправме од одморот и денес пак пакуваме. Утре домче, во село мое.
@danichap @Manuela. Гооолеми да растат момите Добар ден Ставив дете во релаксатор и излегов надвор дури да заспие Вчера ме полуде не сакаше да спие никако,денес ке видиме Мм и тој спие,а јас? Ми се спие и ми се плаче ама денес нема за мене Мора да се спремам за утре,имам контрола да си се видиме со бебуш Морам уште од денес капење,мазнење,пеглање зш утре нема да имам време Малата ке ја носам со мене,нема кој да ја чува ке биде весело таму Можеби ко ке видат колку е "мирна "ке завршам побрзо А тек како ли ке ме гледа на ехо за тоа уште немам изнајдено решение Шала настрана си помислив да земам едно коланче за кутре и да и ставам на раката,од она што се регулира должината на јажето На друго не ми текнува,секој совет е добредојден Од вчера,како си дојде од градинка мрчи како прасе вистина незнам што ги учат таму ти и збориш таа ти враќа како прасе а таман заборави на муу Ваљда е период а? Не си замислував дека ке треба да разговарам со неа на животински јазик Толку мајки,ова не планира да спие
Среќен роденден на женските @Manuela. и @danichap ,да се живи и здрави,големи да растат. Дани толку ли беше,заврши одморот ? Мислев дека и после одморот ќе останеш во Мк,ама ти си бегаш.
@LaDyDoLl честита годишнина. @girl-miri честита возачка и со здравје да си возиш. @Manuela. и @danichap честити родендени на малечките @irena.1 нека ти е живо и здраво малечкото . Немам честитано на никого и слабо време за пишување и читање...ако прескокнав некој за нешто пардон. Сите по одмори.....јас како сум разработена, расчистена..... да искористам малку помош дур имам и се да средам од корен.
@Manuela. И @danichap срекен роденден на дечињата, живи, здрави, срекни да бидат. @Mari* само еднаш бев на ехо преглед со син ми и никогаш повторно и мм замисли беше со нас. Мали ја изровари цела ординација, им ги најде сите мани, пипна буквално секаде. Мм цело време по него одеше. Докторката само вртеше глава да види каде е , а јас само стискав заби да не преврти некој апарат. евентуално да земеш количка, па врзана да седи. Инаку да ве прашам до мене ли е проблемот или не. Имено секој втор деновиве ми вика дека поголемиот треба да го оставам кај бабите по една недела. Е како бе зошто, епа дур јас сум се опоравела скроз. Ами викам детево си оди во градинка, едвај го навикнав, веке почна и да спие таму. После се од почеток ке треба. Е вака сум се мачела, зошто сум го жалела, ке заборавел он. Абе викам треба да се адаптира детето на новата ситуација дома, на новиот член, а не да биде отсутен по цела недела. Јас веке гледам напредок кај него за ова кратко време од како е родено братчето, веке го прифака и стварно ми нема логика да ги одвојам. Плус секое попладне си искачаме сите четворица надвор. Не сум била во право, не потребно сум се мачела.
Битно е поголемото да не се осеќа отфлено оти дошло ново бебе. Јас сум против. Големото ќе сфати дојде ново дете мене ме избркаа
@irena.1 Точно поголемото може да се почувствува отфрлено. Ќерка ми и сега знае некогаш да покаже љубомора. Прави онака како што мислеш да е најдобро. Инаку се по старо, дечките играат, а јас го пијам третото кафе немав трпение да го почекам мм па заедно да се напиеме. Тоа само викенд ама и тогаш тешко. Не е лошо да направиме една мала прошетка.