Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. НаталиЛили

    НаталиЛили Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2014
    Пораки:
    1.389
    Допаѓања:
    8.354
    Пол:
    Женски
    Ќерка ми спие со свекрва ми.
    Тешко ми беше и уште ми е, ама мораше. Првиот месец се снаоѓавме некако, бебуш мал уште не разбира, ама после стана неподосливо.
    Таа вришти, бебе плаче, хорор пред спиење. И одлучив да ја пратам со баба и. Не беше некој голем проблем бидејќи година дена претходно кога одев втора смена таа се успиваше со баба и. Доаѓав во 23:00 дома и немаше смисла дете да не спие и да ме чека. Мм кога беше дома со него спиеше, но бидејќи е често по терени највеќе со свеки.
    Се Надевам дека ќе се смири да си ја земам пак да спие со мене. Ама во скоро време тешко.
    Преку ден не го остава бебе раат да спие, треска врати, вика, плаче, се нешто и смета. Може згрешив што ја пратив со баба и, Оффф незнам ни самата.
    Честитки до девојките што слават роденден. Среќни да се и безгрижни.
     
    На snegulkata, Monella, azelea и 2 други им се допаѓа ова.
  2. ma4e1311

    ma4e1311 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2016
    Пораки:
    478
    Допаѓања:
    2.572
    Пол:
    Женски
    Офф сега за сега сме во план големата дс спие во детска со баба или рвентуално со татко и а бебе во спална,немаме место за две креветчиња да спиеме сите заедно. Тоа ми е решение па ќе покаже време како ќе биде незнам колку ми е паметна идеја едино останува со нас на спална да спие а беебто во креветче ама ако ја буди навечер кога ќе плаче то ми е најголем проблем.
     
  3. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    20.474
    Допаѓања:
    334.897
    Пол:
    Женски
    Јас не би оделила дете ни под разно кога доага нов члеН у фамилија.Жал би ми било мн.
    Ставете се на место на малото ке видите дека не е убаво.Крај краева тоа е најмалце криво што другото мора да спие,што вие сте уморни со двете ,што организацијата е тешка
     
    На Kaetana, Smizzy, m.i.g и 13 други им се допаѓа ова.
  4. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.365
    Допаѓања:
    21.353
    Пол:
    Женски
    Да не се подречам кај нас ноките се најлесни. Големиот спие во своја соба заедно со татко му ( собата му ја направивме доста пред да се роди бебето) тој си ја обожава и собата и креветот. Но и тој преспива цела нок, и бебето еднаш до два пати прокенкува само за цицање. Со татко му се многу поврзани, од моментот кога останав пак трудна мм ги превзема повекето обврски околу него ( пресоблекување, бањање,заспивање, кога шетаме он трча по него, он го носи во градинка) и така многу се поврзаа и сега му е нормално што они си спијат во друга соба.
    Денот ни е потежок зошто треба многу пазење да не му направи нешто на малото, а јас неможам да трчам или рипнам. Ама па од сабајле до два е во градинка. Инаку зошто малово е спанко цело внимание е свртено кон големиот, играме и шетаме секое попладне. Многу пазам да не го запоставам или да му викнам. Не сакам детето да се осети не пожелно. Забранив и другите да му викаат. Тоа бара од мене посебно трпение и време. Бабите ми викаат требало да го карам, ке заборавел не е проблем. И тука имаме судир на ставови.
    Не уништија деновиве работните обврски на мм. Сега викендов беше со тт големиот и беше просто не изводливо јас сама со двајцата, па мајка ми мораше цел ден да седи со нас.
    Ама период е, ке издржиме. Детето може да оди на преспивање, но тоа да биде ден два, не цела недела. Мислам дека јас би се шекнала без него толку дена.
     
    На Kaetana, Smizzy, fairy88 и 10 други им се допаѓа ова.
  5. ma4e1311

    ma4e1311 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2016
    Пораки:
    478
    Допаѓања:
    2.572
    Пол:
    Женски
    Па ни кас не би ги двоела но немам услови за сите во една соба, би си заспивала како до сега само мм ќе ка префрли во креветче во друга соба,коха спие со нас на спална ние скроз на крај и плус не одспиени, ќе каже време да не зборам унапред.
     
    На Mari* му/ѝ се допаѓа ова.
  6. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    20.474
    Допаѓања:
    334.897
    Пол:
    Женски
    Маж ти може било каде да преспие,детето мора да си е до тебе пошто е најбитно.Не се лути ама мн е себично да кажеш немаме услови сите да спиеме во една соба и ај детето нека оди кај баба.

    И ние 9 месеци спиевме 4 ца во една соба.Тесно бесно ама се изгура
     
    На Kaetana, ivi1987, snegulkata и 9 други им се допаѓа ова.
  7. LBC

    LBC Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2017
    Пораки:
    381
    Допаѓања:
    4.313
    Пол:
    Женски
    Тесно ама најубаво така на куп. Си има своја убавина. Ќе се сложам со Џој, може поголем проблем да направиш така. Ќе испадне ете мама мене веќе не ме сака, си го сака само бебето....па после тантруми....епа тантруми, некако мора фрустрацијата да излезе од некаде.
     
    На Kaetana, m.i.g, ivi1987 и 5 други им се допаѓа ова.
  8. ma4e1311

    ma4e1311 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2016
    Пораки:
    478
    Допаѓања:
    2.572
    Пол:
    Женски
    Не сакам да сум офф но морам да искоментирам. Не гледам ништо себично, секој си праве како што смета дека е правилно. Зошто твојата или нечија друга одлука е подобра од мојата. Што да каже членката погоре што големага спие со свекрва и а не дома сите заедно има многи такви слични ситуации што немале мајките друфо решение сакале нејкеле всушност морале така да направат. За мене посебично е да се препотува во една соба и да биде ненаспиена од бебето ако плаче,не ја носам во друга куќа само во соба која за година две ќе биде нивна детска. Пак ќе кажам зборувам предвреме а како ќе биде ќе се раководиме и донесуваме одлуко во самата ситуација.
    Ќе си заспива најнормално како и до сега само заспиена планирам да ја префрлам во друга соба.
     
  9. Manuela.

    Manuela. Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2015
    Пораки:
    292
    Допаѓања:
    3.384
    Пол:
    Женски
    Да се надоврзам на темата погоре.
    Јас бев 10 годинки кога се роди брат ми.Имав цел шкаф со чоколада и бонбони само за мене.Кога го донесоа од болница го отворив шкафот и таму имаше бебешки алишта...
    Се утепав од плачење.Никогаш повеке не ми го наполнија тој шкаф.

    Цело внимание беше на бебето,мене ме заборавија.Спиев или сама или кај баба ми.
    Влијаеше тоа многу на моето понатамошно растење.Секогаш им велев вие мене не ме сакате.
    Ден денес си памтам се.
    Ако понатаму имам уште едно,никогаш нема да ги делам.

    Е сега може да ви кажам добро утро мајки
    Секој ке си го крои животот како што му одговара.Јас само посочив пример како ми беше на мене тој дел од животот.

    Едвај отидовме на градинка,со сите плачки.Незнам што и беше сабалјево ама никако не сакаше да оди.
    На нејзино,не саке гинка оде:D
    Ке видам кога ке ја донесе татко ми дали ке биде расположена.Ако не е,утре добива гратис ден дома со мене:inlove:

    Повелете на кафенце:coffee:
     
    На Kaetana, Monella, kelebeim*** и 9 други им се допаѓа ова.
  10. ma4e1311

    ma4e1311 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2016
    Пораки:
    478
    Допаѓања:
    2.572
    Пол:
    Женски
    Ме замисливте сега,па кога ќе сетам кога со првото си дојдовме од болница,а заглавивме едно три недели, свеќи сакаше бебе да спие со неа во дневна ама не дозволив вобстил ние да се одспиеме а јас секој 3 часа се измолзував луѓе првите недело не ја слушав ќерка кога плачеше ,тежок период ми беше,имаше и некоја вечер кога пошуштив па спиеја заедно ,а сега ќере со неа пак да спие и наутро со неа да се мази е нема, и да се приврзи без разлика далине свеќи или мајка ми. Ќе правиме нов распоред сите заедно,нр дозволувам да ме командуваат ептен ако е некое плачливо бебе па да не бива да спие ќере во друга соба.
     
    На Kaetana, victoria, Manuela. и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    24.426
    Допаѓања:
    206.572
    Пол:
    Женски
    И јас деца не би делела. Големиот ептен е приврзан за нас, си има своја соба каде што спие, не спиел со баба и дедо освен кај моите во Охрид, и сега се двоумам дали да го пуштам на поседок таму. Од една страна сакам, оти има повеќе деца, има плажа, реквизити, се' што треба, од друга страна не сакам за да не се почувствува отфрлен. А има голем револт кај него, љубоморен е, повремено има испади поради тоа. Затоа најверојатно и годинава ќе биде со нас, а од наредно лето здравје Боже, двајцата кај баба и дедо во Охрид. Се трудам да му посветам внимание, најчесто и двајцата ги играм истовремено, ама мм малку претерува со тоа што очекува од големиот да се однесува како возрасен, а е само дете од 6 години.
     
    На Kaetana, ivi1987, tina-63 и 8 други им се допаѓа ова.
  12. victoria

    victoria Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.964
    Допаѓања:
    29.211
    Пол:
    Женски
    Здраво мами.. Муабетов и мене ме допира... Колку и да е тешко, а да тешко е со нов член во домот ако има и друго/ги дете/ца, не делам. Моиве се разлика 3год и 4 месеци.. Кога кажавме дека чексме второ уште на обидот свекрвсми да доречи нешто големиот да го шетам по баби кажав дека тоа нема да се случи. Наидов на муабет од типот ќе биди љубоморен, ќе видиш што ќе му прави.. Јас велев многу разговараме, гп сака бебето, се надевам така да биде и кога ќе се роди, ама муабетот завршуваше ќе видиш. Се роди бебево, дојдовме дома, на големово секогаш му нагласувам дека е тој баткото, да го чува пази бебето, да ми помага.. Супер се снајде.. Го пазам повеќе на милоста да не го згмечи додека го гушка и бакнува. Спие сам во друга соба од 2ипол години. Се почувствува на почетокот како сам, доаѓаше додека го доев малово во спалната и ќе речеше мамо и јас да спијам овде. Срце ме болеше, ама пробував со разговор пак дека на креветот спијат тато и мама а бебето во колевка.. А дека тој го има најубавиот кревет на светот, сам во прекрасна соба без да му плачи бато и дури сам ќе речеше после да мама поубава е мојата соба.. Срце ме боли и сега после месец ипол, што спие таму сам а не пак да го пратам некаде кај што не го гледам.. Барем дури не потпораснаат двајцата.. И ако одат на поседок ќе одат двајцата заедно. Сакав да оди во градинка од март, но директорката кога виде дека сум бремена ме праша кога ми е термин.. Април мај и велам.. Само ми рече ако можеш нека го чува како и досега некој дома, не го носи сега. Голема е веројатноста да се чувствува отфрлен и да покажува одбивност кон бебето. Навистина си велам..ќе тераме уште некој месец вака.. Сега е подруго, му зборувам дека во градинка одат само умни и големи деца.. А тој сака да биде голем :) и сп душа чека септември да дојде. Тешко е не велам не, ги капам двајцата истовремено.. Еден во корито еден во када Трчам да облечам еден па да земам друг.. Дојам од една страна, со другата рака му давам да јаде на другиот пример.. Ама ќе си ги држам заедно.. Малово не поднесе молба да се роди а големиов не доби пресуда :) така да ќе си тераме вака, ќе бидеме луди и весели сите заедно.
     
    На Kaetana, Troi, Monella и 14 други им се допаѓа ова.
  13. flower30

    flower30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 април 2014
    Пораки:
    8.224
    Допаѓања:
    147.457
    Majki pozdrav.
    Sakav da ve prasam dali e vistina deka pri Esherihija Coli ne treba da se vnesuva blago, deka se "hrani" so blagoto. Taka mi kaza majka cie dete imalo E. Coli.
    Ne deka jade mn. blago, ama ete dedo i baba i gosto nosat i kupuvaat cokoladi, pa ke vidi i jade. A sto e najtragicno, pa i po celo cokololado vo eden zdiv i go davaat, oti neli dete e i "mora" da jade cokoladi(facepalm)
     
  14. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    7.332
    Допаѓања:
    157.386
    Пол:
    Женски
    H
    happy birthday :party::^: ziva zdrava vesela
     
  15. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    7.332
    Допаѓања:
    157.386
    Пол:
    Женски
    Дани среќен роденден на куклата голема, жива здрава весела :^::party::hug:
    Ех голема а само 2г полни, речисо врснички со мојава, за неполни 2м исто 2 ќе прави а ја уште како бебче си ја гледам. Најверојатно дека е второ и помало :)
     
  16. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    7.332
    Допаѓања:
    157.386
    Пол:
    Женски
    А да си гледа секој своја работа аман бе од суфлирање од страна. Не ги слушај башка ако си е во градинка, па кога ќе го гледаш и на тоа дете му треба мајка. Ионака е овој период за него стресен уште да го одвоиш кај баба му ќе се осеќа отфрлен.
     
    На victoria, irena.1 и azelea им се допаѓа ова.
  17. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    5.201
    Допаѓања:
    44.634
    Пол:
    Женски
    Море ако треба јас или мм на земја ќе спиеме,ама дете да одвојам од мене,не доаѓа предвид. Посебно во случаеви кога доаѓа нов член,баш тогаш треба подеднакво внимание да му се посвети и на големото,зашто тој е клучниот момент,да сфати дека новиот член е исто добредојден,дека сега иако се две,исто се сакани,мазени,пазени.
    Јас знам дека кога и да имаме друго дете,син ми ќе биде љубоморен,и никогаш нема да сака да ја прифати таа нова ситуација. Премногу е поврзан со нас(како и сите останати),може ние со него повеќе,никогаш не е оставен со никој,еве и сега уште не стигнати баба му и дедо му,отворено кажува дека нема да седи со нив.
    Кога сам ќе биде спремен,ќе спие во своја соба и за тоа не навалуваме,сега ја преспива цела ноќ,но се случува да рипне кај нас и да ни рече дека сака да е до нас и да го гушкаме. Е па тоа за мене е непроценливо!

    Дд,убав најубав! Убаво ми е на душава кога ми доаѓаат на гости сакани луѓе. Татко ми,после долго време,колку само опадна оваа година,остаре,но гледам дека не се предава. Само здравје да му даде Бог. Брат ми,од работа да не види. Исполнето ми е срцево денес.
    Базен сеуште немам извадено,синко уште е под антибиотик, сладолед дури денес купивме,не е некој плачко и досада па дури не му се даде,да заоѓа од плачење. Знае дека децата штл јадат сладолед ги боли меше.
    Ручек брзински,перам завеси,утре уште некои ситници во другата куќа,сабота само за нас ден,а во недела на аеродром по свеки.
    Биче весеље!
    Да ве поздравам и да продолжам со работа!
    @danichap Најсреќна да биде мадам,само да ве радува!
    @Manuela. Само убавини да ја пратат малата!
     
    На mal.ecka, Kaetana, girl-miri и 7 други им се допаѓа ова.
  18. blessed.an

    blessed.an Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2016
    Пораки:
    2.588
    Допаѓања:
    12.061
    Пол:
    Женски
    Добра вечер мамички..Редовно ве читам но време за пишување слабо.. @danichap @Manuela. Срекни родендени нспринцезите цел живот срека да ги прати
    Да се надоврзам на муабетов..И керка спиеше со свеки но искрено овде ме просветливте да подразмислам малку и ја зедов да спие со нас.. Тешко е многу да има непроспиени ноки плачки вриштења аама поминува битно сите сме тука заедно..Да се пофалам керка веке цела недела не носи пампрес па и навечер не мочка наутро и е сув и бара право да мочка..Синко почна да лази и да оди по кревет, комода и др..Срцево ми е полно кога сме сите заедно..Базент извадивме но пак го собравме..Незнам дали се тантруми или не ама керка не разбира од не..Неможам да ја извадам цел ден врискаше пискаше хорор беше..Па кога заспа го собрав..Здравје догодина може по књ разбира дека цел ден не се бања :) Ке издржи уште малку ке идеме до Охрид па ке се шлапка..Искрено страв ме фака со двајцата таму како ке се справам но мора..Повеке ке е замора одколку одмор ама тоа е..И побрзо оздравување на болните дечиња..Имајте пријатна вечер мамички:hug:
     
    На Kaetana, Monella, azelea и 7 други им се допаѓа ова.
  19. Seline

    Seline Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2017
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    3.658
    Пол:
    Женски
    Здраво до сите!
    Можеби две недели не пишав, ама се нема време, слабо и читкав, така што не сум во тек, од последниот пост видов за родендените, па еве и јас би сакака да упатам честитки на @danichap и на @Manuela,нека се живи и здрави вашите девојчиња, многу среќа да ги прати секогаш.
    Ние сме добри, бебе расте, бевме скоро на педијатар и на ортопед, се е во ред фала му на Бога, многу плачеше на прегледите, посебно на ортопед, абе се препотив сто пати додека заврши прегледот. Среќа сопругот беше инаку немаше да слушнам ништо што кажува докторот.
    Друго да се пожалам многу сум уморна, до толку што и кога одам некаде не си поминувам убаво од што дремам на маса. Се прашувам од каде ќе најдам сили за понатаму, мислам дека последните атоми енергија ги трошам.
    Да допијам кафето и да почне денот. Нека биде пријатен за сите:hai:
     
    На Kaetana, Monella, tina-63 и 5 други им се допаѓа ова.
  20. Mari*

    Mari* Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 април 2016
    Пораки:
    3.730
    Допаѓања:
    45.639
    Пол:
    Женски
    Добро утро

    Однесов дете во градинка и седнав да ве читнам :hug:
    Куќа за еден ден што не бев дома хаос
    Треба да се чисти и имам многу за пеглање :envy:
    Вчера се прибравме околу 20часот и во 21 сите бевме заспани :o

    Дете ме полуде кај докторот,чекавме 3 часа :doh:
    Почна да им влегува по фиоки кај што чуваат досие,умрев од срам :x
    Уште врв беше кај што сакаше таа да работи со ехото,докторот виде не виде и го даде па ме ишљака од глава до пети :( таква си одев до крај (facepalm)

    Никогаш повеќе не ја носам со мене :!:

    Си го видовме и бебуш :inlove: му го видовме и ку*ето :mm: машко е
    Кога им кажав на моите сите во чудо беа :wasntme: од мојата страна све момчиња сме па се очекуваше уште едно моме :nod: не сме навикнати за машко,и мене ми е малце чудно
    Мм пресреќен :$ тој сакаше машко :)
    Ама рече сепак после ова да е живо и здраво убаво би било уште едно девојче :^) ....кој да ги разбере маживе :?:

    Да станам и да правам кафе,ајде јас частам денес :coffee:
     
    На Kaetana, Monella, Smizzy и 13 други им се допаѓа ова.