Добро утро. Ајде кафето од мене сабајлево кој е за нека иде. Синко поспа сабајлево па мама пиеше кафе на раат. Среќни родендени,годишнини,наздравје одмор на тие што им заврши и убав помин на тие што допрва ќе одат. Кај нас некоја напната ситуација низ дома мал простор а еден куп луѓе ама како и секогаш ќе помине. Јас и синко се дружиме низ дома се разладуваме,после одам на раб,па се шетаме навечер на посвеж воздух. И тоа малку време што го имавме со татичко ускратено ни е,оди на курс не се гледаме скоро ич. Здравје од септември и само на скајп ќе се гледаме Нека е проклета и немаштија и државичка и све. Ние здравје за одмор ќе препојдеме до Охрид наш на една недела да не сме без ич.Да искомбинираме свадби,одмор и заминувањето на маже. За сега позз и се читкаме.
Добро утро и овде. Среќен роденден на дечињата што славеа деновиве. Големи да растат и гордост да ви бидат цел живот. Мојов заспа. По цел ден се шлапаме во базен почна и по три дремки да има од умор. Јадеме, спиеме, си играме...стандард шема која за ништо на светот не би ја менувала. Не знам дали да чуствувам вина за тоа што ич не си посветувам внимание на себе или не. Мм вчера ми вика-да те барав олку посветена мајка немаше да те најдам . Демек совршена сум била. Не се осеќам ништо посупериорно од другите мајки ама ете, во моментот најубав комплимент ми е тоа. Затоа како сопруга малце забушавам.
Немојте да ги двоите децата кога ќе дојде бебето дома во никој случај,траума за поголемото е.Тешко е со две,сама мајка без никаква помош,ама уште потешко е ако детето се одвои од дома,ќе се почувствува отфрлено,гарант.Големата ми е 5,малиот година и два месеци.Кога дојдов дома со бебе беше лудо и незаборавно.Бебе плаче,сака да цица цело време,големата се чуди,го гледа,збунета беше премногу ама не ги одвоив ниту еден ден.Јас со мали у дневна,големата со мм во спална за спиење.Сега знае да покаже љубомора,ама се е во граници на нормала.Се сакаат многу и иако се голема разлика си играат и се бараат,не се закачаат,тепаат ич.Големата прв пат летово побара да оди кај баба на спиење(претходно не сакаше да чуе кога ќе и речеа бабите да останува на спиење),ама после два дена си побара сама дома.Јас не сакав да ја пуштам од што знаев колку ќе ми фали,побудалев без неа дома Дома ни е тесно,во мал стан сме ама ништо не би сменила,зошто кога ги гледам како се гушкаат,си играат и големата како го чува и брани,душата ми е полна. Брзо растат децата мајки,колку и да ни е тешко и сме со обврски и растргнати на сите страни,треба да уживаме со нив максимално.
И јас ќе се навратам на муабетот за спиењето на децата после доаѓањето на новиот член. За некој период (6-7 месеци) ова и мене ќе ме засега. Слушам дека веќе баба и деде ја спремаат малата психички, дека таа ќе си спие кај нив (ептен блиску живееме) и дека кога ќе посака тогаш ќе ја донесат дома кај мама и тато. За малата, дете од 3 години ова е примамлива понуда, со мерак би спиела кај баба и деде, ама за мене како родител тоа би било страшна неправда која не сакам да си ја нанесам на детето. Рано ми е уште од сега да ги ,,сецкам,, старите и да ја одбијам понудената помош, ама кога ќе се роди малата секако дека ќе се изјаснам дека очекувам поинаква форма на помош (да ја земат од градинка, да ја прошета некогаш, да ни помогнат во обврски околу домот) ама детето да ми го присвојат е тоа нема да може. Реално јас сметам дека и малата тогаш нема да сака кај нив. Оптисмист сум и верувам дека ќе и биде интересно дома со бебо. Од сега ја ,,силам,, како таа ќе ја одбира облеката за бебето, како ќе ми помага додека го капеме, па ќе го вози во количка и сл. Она кое би го направила во врска со спиењето, ММ со малата во детска а јас и бебето во спална. Ама тука ќе е, со мама и тато а не изолирена од нас со баба и дедо. Мислам со таквото делење на децата се подгрева љубомората , а нели тоа е проблемчео кое сакаме лесно да го одминеме тогаш кога доаѓа новио член! Засега тие се плановите па ќе видиме! Убав ден мајки!
Здраво мајки,ве читам кога можам колку можам,навистина е напорно и тешкоо. Најпрво, да им ги честитам родендените на вашите малечки да ви бидат здрави,среќни и весели,да не ве тагнувам сите посебно,и на сите што си имале убави поводи за славење,со среќа и секогаш напред да одите. Ние по дома но мн е.топло,синко сака по надвор но ова дете секој ден е се полошо и ич не ме слуша,ни со убаво ни со лошо,никако. И кај нас на почетокот беше чудно и го изгубив од контрола поради тоа што бевме неколку дена во болница,но сега со бебуш се неразделни се тражат,се гушкат се сакаат си лежат заедно,најубаво е кога стануваат сабајле,како да не се виделе мн време,најубаво чуство на цел свет,поголемкиот му збори а овој му се смешка, Тешко е и напорно ги губам нервите и живците.но ете си раснат,уште некој ден 7 мес,. Мм не е тула,веќе 2 ипол мес,ни незнаеме кога ке си дојде,премногу ни недостига,но мора да издржеме некако,се е за иднината на нашите дечиња. Ми.се излегува,сама да си одморам глава,да се измешам во народ.ноо на кој да ги оставам немам не може никако,тоа е. Си го испив несот со музика и ви пишав,еве го се буди,убав ден ви посакувам...
заспа дете, одмор малку. Топло ми е премногу, сакам лето, обожавам, ама никогаш не ми било вака топло. Како спонтано да ќе изгорам. Прееска се бањаше малата надвор, јас и мм по едно кафе, за неа смуди, милина. Секој ден пиеме ладно кафе, зависни станавме и едвај чекаме времето да дојде. Па после додека облакавме дете се поткаравме за ситници нормално, зашто вака, зашто не онака, па ти се знаеш, е не ти се знаеш, стандард кога ни е топло и сме уморни. Да стане па ќе шетнеме малку кога ќе се освежи надвор, вечера и пак во кревет. @Mari* честито, ќе имаш и синко. Среќни родендени и на малите што имаа деновиве.
Го видов ова на фб ме бендиса којзнае дали има нешто вакво кај нас. Не дека нешто ќе пимогне. Мојана бре ич нејќе да се вози у кола а мама одбра дестинација за одмор на 6.5 саати возење без да рачунам граници. Ќе биде весело
Добар ден женски! Викенд е и наместо да поспијам, станав во 8 и 30. Алишта пружени и се мислам дали сега да пуштам уште една машина или да чекам до вечер. За доручек ќе се јадат макарони со сирење и доматен сос. За ручек ќе подразмислам. Маж на работа, а јас чувам деца. Вечер надвор со децава. Утре шетање. Ако не е многу топло. Се договараме каде да одиме на одмор. Најверојатно некаде во државава. @M&M тоа ти е добра опција за толкав пат. Да не му здосади на детето.
Да не одам оф топик во темата КАКО ГО ПРОСЛАВИВТЕ ПРВИОТ РОДЕНДЕН. Или така некако се викаше па ај тука ќе си пишам.. Ми падна во очи еден пост од Мамасите буена, од пукнат балон по бајачи. Мамасита, мојот се плаши од се и сешто. Од сирена на улица, од бучава на мотор, од погласно зборење на непознат човек, ОД ДЕЦА и сл. Никогаш, ама никогаш ни на крај ум не сум помислила да го влечкам по бајачи и да го трауматизирам уште толку. Не ми е јасно, и нема да ми биде, како во денешно време мислите дека непозната баба може да помогне на вашето бебе со гасење чкорчиња жарчиња или што и да е во вода... Мислам дека само мајката може да му помогне на бебето и да остави на време понекогаш да се привикне. @TheSecret пост треин , хенри, чарли и бројките...абе скока од радост кога почнуваат. не гледа тв цело време, но уклучен си стои на тој канал бидејки никој не го ни гледа твто. и кога ќе почне некој од овие пример Хенри кога ке викне ХЕНРИ ИС ХАНГРИИИИ абе скока до превртување и крика
I mene ne mi e jasno toa... Haha lele isto i mojot neznam sto ima vo crtanite tolku. Isto i nie samo tie gi gledame drugi ne
Кога нешто не сака ...пример, не сакаше во базен да се бања...а јас спремна со сите реквизити и он плаче се лути...ставање базенот пред тв се загледа прво па почнав со играчки да го играм и за 2-3 дена на балкон завршивме фала богу што постојат, лек ми се за вакви ситуации...
Ооо да почнам од што се се плаши мојов на 7г нема крај. Дури ме нервира од што е плашливко ама се надевам дека ќе му помине. На зезање му викам ќе те носам на бајачка, ме гледа како од марс да сум паднала . Нема шанси да го носам т.е. сега е голем ама и како мал не ми текнало. Малово има фази, сега баш у најжешково нејќе да се бања да не збориме коса миење, едно време фаќаше бубачки со рака сега се плаши. Се случува во сон да се рааплаче. Нормално е тоа, дел од растење, го осознаваат светот околу нив и секако дека некои работи им изгледаат страшни. Јас да не ви набројувам од што се се плашам
Лелеј ќути ама проблем е. Ќе снемам ориз пример и ќе тргнеме да купиме , ќе свирне некој на улица и готоо, враќај се дома ни ориз ни бутур. Ама ништо не го смирува -ништо. Дојди дома гуга Еднаш така ми напрај откако испазарив и на крај буткав количка препуна храна и дете у раце носев....
Добар ден мајки. Конечно дома, во село мое. Летот помина добро, уствари многу подобро од што очекував а и се надевав. Поради правилото децата до две години да седат во скут кај родителот, предходно ми беше навистина напорно со големата. Детето си сакаше свој простор, да мрдка...а јас морам да ја држам. Ужас беше така. Е сега беше 2 години и е ден ден , па момата доби свое седиште. Златна беше. Имавме некои грицки, книги и други ситници за да ја занимаваме и одлично поминавме. Јас бев со малото до прозор, она во средина а тато и од другата страна. Полетавме на 40 степени а слетавме на 14 . Вчера што попрво, фрижидер празен треба да се пазарува...за среќа свекрва ми направи генералка и смени постелнини пред да дојдам. Па синоќа и во бољи живот со мм. Користиме бејбиситинг. Сакавме денеска да ги викнеме мајка му и татко му на задоцнета роденденска прослава, ама бидејќи синоќа испаднавме не успеав да ги надувам балоните а денеска поспавме а и поспани...па одложивме за утре. Првиот роденден го славевме со мајка му и татко му и мојата мајка. Скромен ручек дома, само тортиче купив. Овој роденден исто скромен ручек со братучедка ми, зет ми и внукот плус едната тетка и мајка ми. Утре би бил истиот состав од ланската година. Купив балони за да ги надувам, ќе купам едно тортиче и готово. Важно да се обележи и малата да е среќна и да се чуствува удобно. Апропо муабетот со бајачи. Немам такво искуство а нема ни да имам во иднина. Не би можела некого да осудам или исмевам за истото бидејќи се водам по тоа дека маката на се ќе го натера човекот. Се додека не е штетно по здравјето и се верува дека има позитивен ефект во очите на родителот...нивна работа. Би било фер и да се тагне @MamacitaBuena кога веќе се спомнува некој нејзин став или мислење од друга тема. Секако може да се дискутира се додека истото се прави со соодветен тон. Убав ден и пријатен викенд на сите.
Јас па мислев само мојава нејќе да се бања кога ќе ја види кадата почнува да плаче а кога ќе ја ставам рика и вика мама тато тато мама мама изгледа помош бара и кога ќе и ја натопам Коста ушете толку плаче,комшиите кузнае шо си мислат дека и правам.
@danichap фала ти што ми посочи. @LBC бајачот ми беше прво а се надевам и последно.Мојот син не се плашеше од ништо пред случката со балонот,после таа не спиеше ноќе,и кога спиеше цел се потресуваше,ненадејно кога ќе видеше нешто или некој рипаше па плачеше без престан.И сега,ти на мое место што ќе му правиш знаејќи дека лек на болница нема? Не ја потценувајте толку алтернативната медицина,и никогаш не велите никогаш.
Sakam svekrva kako na dani! Da dojde da mi iscisti! Eve javno kazuvam onaa mojana bre od fotelja ne stanala i samo gleda turski serii nejzinata svekrva (80 god) se i raboti a ona gz od fotelja ne mrdnala.