Добра вечер Периодов нормално ова време бевме заспани ама вечерва на мома не и се спие Денес мм имаше слободен ден па прошетавме и си купивме по нешто Со детево се потешки ми се излегувањата Ни да се пазари како треба ни да се седне на ручек некаде Многу е бесна...а тек кога ке се налути? Легнува на под и се дере на сет глас уште сега Ваљда период Вчера и денес измрзнавме,наеднаш паднаа температурите по цели денови само дожд Пак во употреба џемпери и јакни ако продолжи вака и чизмите не ни бегаат Мене и ми одговара сега дека е по свежо,потешко ми е со жештините Имајте убава вечер мами
Не ме плашете со муабетиве дека е тешко на одмор со две деца За 20 дена сама со двајцата ќе патувам со авион, и цел месец без тато ќе бидат. Ќе бидам со моите, ама искрено не очекувам преголема помош, бидејќи најлесно сама си ги гледам и редот им го фаќам. Успеав 300км да возам со нив и неколку пати генерална набавка во продавница да направам сама со нив, не е лесно, ама од старт сум сама, знам дека немам други опции и тераме некако Пред малце малото ѕверче животот ми го скрати, додека го заспивав големиот он си играше и одеднаш почна да кашла, се вртам го фатил кабелот од бејбифонот и го замотал околу врат, рака и нога и како влече се повеќе го стега за врат. Секунда не се оставаат сами Иначе на западов времето е ужас, децата во дебели тренерки, мама во топлинки низ дома, а божем јули е Убава вечер мајки, одам под јорганче
Добро утро со кафенце јас ве честам. Денот уште сега е пеколен многу топло, синко вчера вечер до 12не заспа а стана во 5едвај сум спиена. Вчерашниот ден беше како од филм брзање пазарњње низ Скопјето на брзање враќање дури и заради еден манглуп ќе направвме сообраќајка па мм застана на паркинг го зачека тој смотаниот кој што да ѕи биде од нашииот град и мој школски и му одржа лекција за среќа тој се спаси поради тоа што јас инсистирав да престане мм, инаку лошо ќе завршеше рабоата. Нее знам се какви не има лудаци на земјата. Јас се потресов многу навистина мислев за миг ќе излетавме во провалија. Но господ не штитеше.
Добро утро,мајки Среќен роденденот на малата на даничап,ма веќе е мома голема.и на ирена1 да честитам за бебуш да биде жив и здрав. Кај нас е пекол,но децата пак си спијат само малку кенкаат и се превртуваат. Да ви кажам поголемиот син,од ништо не се плаше,ни мечка,ни апи,ни бубачки,мравки фаќа со раце ги става у корпа на точак и ги возе,балони,ништо нема што може да го исплаше.до сега 2 год и 4 мес,сфатив дека се тоа се фази низ кои минува во растењето,имаше викање и трескање од земја,лутење за се и сешто,период кога не сакаше да се бања,да јаде,да заспива,но се е минливо. А помалото за два дена 7 мес,а месец дена по болници бевме,тоа беше најтешкото и најболно во нашите животи,боцкања по десет во ден,и рачиња и ножиња и главичка лом,спиеше со отворени очи од уплав,и да го носев кај жена му баеше од уплав,и за недела дена почна да спие подобро но не како порано. Еве не на нозе сите,ке се спремаме и ке одеме кај мајка ми. Убав ден на сите...
Сте завртиле многу теми, ќе кажам само дека мојот е голем плашливец, има страв од многу работи. За на одмор мислам дека е добро ако имаш кој да ти помогне, кажувам од искуство Периодов сме тргнати по доктори. Бевме на хематолог, утре треба да правиме ехо и комплетна крвна слика. Имаме закажано и на ендокринолог и гастроскопија Главата ме боли, грев ми е за синко ама мора да провериме се за да дознаеме каде се губи железото. Уште 3 недели тргнуваме за Мк, од една страна сакам од друга кога ќе ми текне дека треба да патуваме 20часа што и да измислувам на дете му досадува. Убав викенд!
И мојава е голема плашливка....се плаши од се и сешто...се плаши да се вози со вовче, до скоро се плашеше да се ниша на нишалка, сум заприметила исто дека се плаши од висина......Од животни и инсекти не се плаши. Напротив ги сака...сака да фаќа и пајаци и мрави и муви (пајаци не и дозволувам). Ме интересира дали вашите деца обожаваат некоја реклама или реагираат на неа. Ќерка ја обожава новата реклама со плазма...и таа се кљавти, се смее како бисквитата од рекламата само со подебел тон . Исто кога ќе ги види Корај и Мериман од Вљубениот ерген кај што се смеат и таа се кљавти како нив . И ние си се изнасмеваме со неа . Поздрав.
Ете сум и јас со рапорт за денешниов прв ден. Стигнаа свеки и на почеток синко беше многу официјален,се срамеше,ама сега еве го цееееел ден е со баба му,не ги остава да заминат до вц,и само ги довикува. Додуша,мене ми е многу мило, едно што сум раат,друго што дете е многу среќно со баба и деде. Штета што оваа радост ќе трае кратко,само три месеци. Утре празник,за многу години кај сите,ние цел ден со обврски по полиции,болници,банки... Ве поздравувам сите!
Колку освежува секојдневие еден викенд надвор од дома, се вративме свежи и одморени што е реткост. Обично викенд патување повеќе уморува заради пакување-распакување со дете, ама оваај пат успешно беше. Да можеме секој втор викенд би бегале од Скопје, ама тие се можностите. Инаку малата се плаши од доктори и во последно време плаче кога треба да се бања ја печеле очите па се убедуваме дека ќе внимавам да не и оди сапуница, а порано уживаше
Здраво мајки Еден од ретките моменти да шкртнам и јас нешто. Многу работи ми се случија.Малото ми беше половина месец болно.Пак воспаление на уво,пак бевме во болница.Имаше тт до 41.5 и примаше антибиотик. Сега фала му на Господ е добар.Се надевам дека така и ќе остане.Инаку се изнамачи дете.Му излегуваат во исто време и катници и тоа плус му прави проблеми. Инаку јас цело време сум на релација работа дома.Одам во три смени,не ми се знае празник ли е делник....ама најважно ме исполнува работата Инаку се решив да полагам за автомобил.Вчера плус ми се споија жичките дека овие месеци многу трошоци имаме и едвај излегуваме на крај иако почнав да работам и мм му текна да оди на диско на српски бенд и да се излупа 100 еу за една вечер. Кога него не го гајле, мене па ич и така доста си кратам од мене.Ќе уплатам за полагање и не му се секирам за давачки,нека почне и тој да ја мисли. Сега чекам да дојде трета смена и да чукне 10 саатот да си одам дома.Уживам во мирот кој го имам,а тоа ретко ми се случува на работа.Се надевам до тогаш сите ќе бидат мирни и ќе спијат Убава вечер жени
Добар ден и од мене. Немам пишувано одамна ама редовно ве читам. Додека живеевме кај свекрва ми имавме со мм едно собче и го чистев за неполн час, а сега откако сме преселени во станот од моите веќе една година сега ми треба многу време за да поминам секаде и дури стигнам секаде веќе поминатото пак е мрлаво, па затоа немам ни време да седнам и да пишувам. Денес конечно најдов време за да звонам за смештај за одмор. одиме во сабота за охрид а накај септември и до грција. Уффф колку само брзо поминува времето несакам ни да помислам дека овој месец се враќам на работа. Не ми е тешко на шалтер сум ама пак за бебчето ми е ич несакам да го оставам сега е 7месеци. Друго ништо ново секој ден одиме шетаме а синко со точакот се вози мераци е . Поззз имајте убав ден
Zemjotres silen. Vo Ohrid 5stepeni a se oseti niz cela mk jako. Spremete torbice nekoe za decata za sekoj slucaj jas pred vrata go staviv. Samo Gospod da ne cuva, najveke se plasam od ova cudo.
До сите мајки од Охрид или кои се во Охрид, бидете храбри за вашите деца и не им пренесувајте страв. Јас сум вознемирена заради тоа што се случува во вашиот град и се молам да престане да се тресе тлото под Охрид. Ви посакувам мирна ноќ
Добро утро мајки И оваа вечер без спиење Дете цела ноќ со тт 38,освен миење не дадов друго ништо а тт не спаѓа Носето и е растечено и двојката грепка Се си мислам дека е од тоа па не дадов парацетамол Ако е и денес вака ке ја носам на педијатар,да не се работи за некој вирус Згора на се ни се јави на мм вујко да ни каже дека се скршиле два прозори од земјотресот Денес ке одат да видат да не има некоја поголема штета па да се санира на време Мајки од Охрид чувајте се Сите се потресени таму,се надевам ке се смири тлото Мм однесе дете во градинка и оди право кај матичен од вчера е со повраќање и висок притисок 4 недели работи само ноќна,нити е спиен како треба нити јаден,греота Тоа е мајки кај нас деновиве нема ништо добро за кажување Да пијам едно кафе и да се освестам ке ми треба сила со онолку проблеми Убав ден
Гуд морнинг лејдис. Како сте? Мами од ох како е ситуација?? Мене вчера комшивката ми вика имаше земјотрес креветот ми шеташе,не осети?? Јас и викам мене секој ден ми е земјотрес немам осетено Кај нас исто па исто....викендов шетнавме малку на воздух ни пријаше,ама синко ме измалтретирал квалитетно,не сакаше да преспие,не сакаше,да јаде плукаше,жив не застана само трчаше,устата пена ми фати викајќи. Кон 7 ми август планиравме да појдеме до ох на една недела,синојка мм ми вика а,струга да одиме не сме биле до сега. Ако има некоја од струга нека ми пише,како е за,смештај,колку е отприлика,со плажи блиску-далеку?? Немој да се смеете ама струга еднаш сум била и тоа со др намена не за плажирање За сега толку од нас,се читкаме... @Mari* мами обожавам да те читам,ми го продолжуваш животов.Куклата побрзо да оздрави,се надевам до запчето е,не е ништо посериозно,на мажето побрзо оздравување и нему.
Убав ден и од нас. Мајки Охриѓанки,кога повеќе или помалку далеку сеќаваме како дрма,душа ни се тресе,можам да замислам како ви е на вас. Само храбро,чувајте се,и дај Боже овие земјотреси денес последни да бидат. Ние арни,синко како е распишуван со маркери,повеќе на маса има мастило отколку на листовите. Многу мрзливо ни почна неделава,сигурно така и ќе заврши. Се само ми се превртуваат на фб попусти на облека,нови модели,се нешто ми треба,се нешто сакам да ск купам. Си викам шо убаво ми беше преклани,скоро 100кг,ништо не ме собираше,па не ни погледнував,знаев дека нема бројка. Море се шалам,уште 2-3 до замислената цел имам,после здравје до крај на лето ако успеам уште ќе одам надолу. Овој период сум баш како кога бев пред да останам бремена. Супер задоволна сум и горда на себе. Најбитно,се чувствувам убаво во своето тело. Се испофалив денес сама,доста е. Гости во најава од странство,свеки одма се испрчи да оделе кај неа,ако,барем нема цел ден да бидам слуга. Ако не викнат,ќе појдеме и ние,ако не,ќе ги носиме во град на кафе и благо. Убав и мирен ден денес,мајки!
Здраво мајки! Малку ќе шетаме со малото, подувнува ветре ама не е студено. Сака да шета, штом се каже чао веднаш бара патиките и пред врата. Учиме да зборуваме но слабо ни оди. Не вршам притисок но го терам, му зборувам да научи. Овие денови се чуствувам подобро но притисокот сеуште варира, низок е. Одамна не сум прочитала книга, ниту цел филм не сум изгледала. Некако немам време за ништо или слабо се организирам.