Ме наежи.. честито и алал да ти е за храброста.. Ти посакувам лесна бременост и да си родиш живо и здраво бебенце, без разлика на полот.. Ние сме три сестри, нема нешто поубаво од тоа
@danichap , немам како да ти честитам па еве овде Со лесно нека биде, секоја чест за храброста Што и да е, машко или женско, сеедно, само да бидете добри Сега разликата меѓу второто и третото ќе биде помала од таа меѓу првото и второто, така? Леле убавини бе Со лесно уште еднаш, мајка
Не пишувам во темава, ама морам да упаднам да и честитам на @danichap ,браво за храброста мајка! Само убавини да ве пратат во фамилијата Btw незнам дали гледате телма дека @AngelOfArh дели совети за доење, молзење итн во живо. Браво и за тебе мајка, убаво е да се слушнат твоите совети
@danichap честитки и со лесно да ја износиш бременоста! Секоја чест за храброста што се нафати на толку мала разлика, ама полесно ќе ти биде понатаму, заедно ќе растат. Нема поубаво од полна куќа деца!
Ок, фала Сепак да не отворев немаше да ја видам рецептата со макарони. Баш вкусно изгледа, мора да се проба
Браво @danichap честитки и со лесно да си ја износиш бременоста. Дал бато или дада небитно е, битно е да сте сите среќни со новиот член, а почекај на ехо да те ѕирнат може поише бебиња се @flower30 не се плаши, првата бременост ми беше лесна by the book, породувањето ко песна и ја се плашев дека со второто ќе ми се наплати ама исто лесна бременост а пороѓај за 20 мин (од паркинг до бебе у раце, имам пишувано во породилни). Така да само храбро
@danichap честитки и со лесно, уживај во бременоста! Бебе спие, ручек се готви, мајка стандард уморна и така секој ден. Имав една другарка на гости со нејзината принцеза, таа дека поголема само се врти околу бебево, а тоа трепери, се радува. Поминавме квалитетно време заедно, некако за многу работи имаме исти ставови, плус таа ми е советник број еден откако останав бремена, па после породување, едноставно во секое време е тука и несебично ми помага и бескрајно сум и благодарна за тоа. Денес планот е дома да се седи, немам сили да шетам, сакам само да одмарам, се разбира колку што ќе ми дозволи малото. Имајте убав ден.
Женче браво за храброст з трето дете, не з др туку дек мн блиску ќе ти бидат, меѓутоа смо лесн бременост д си имш, и нјвжно здраво, живо да ви е! @danichap вак кога те читам јас сакм второ, ама со новава рбота ќе треба,д почекам....
Јас сум на гости, т.е. на одмор кај мајка и татко на море, поточно во Паралија сум и морам да ви кажам луѓе, водата е катастрофа, гаднааа, значи не може човек да се избања убаво, трави, гнасотии, полно е Не знам како доаѓаат овде на одмор и тоа се се фамилии со мали деца, малиот од вода не можам да го извадам, ама вчера и денес и самиот се гади од глетката ми вика лелее колку е гаднаа, сирот едно идење на лежалки одма во вода сака и затоа денес бубулици насекаде му се исфрли, јас исто така на грб на лице, лом се направив, значи невероватно е колку е гнасна. А луѓе имаа значи тоа е чудо, полна е Паралија со туристи, ефтина е и тоа е само едини разлог да дојдеш овде, инаку за капење едно Гоолемо НЕ ! Ете тоа сакав да ви споделам за тие кои сте за идење на одмор, Халкидики number 1 без двоумење. Нема друго што да ви кажам затоа и не пишувам. Поздрав до сите и ве читам редовно....
Честитки @danichap ! Со лесно бременоста и алал да ви е на храброста! Едно по друго, три комада...у јеее!!! Алал да ви е, со среќа... со лесно!!!!
Здраво мамички. Честитки на идната мама, браво за храброста, јас после ова бебе не би се осудила на уште едно. А имав голема желба за ќеркичка. Едноставно исцрпено, преморено се осеќам. Сама по цел ден, помош од нигде. Мм мора по цел ден да работи од утро до мрак, зашто други приходи немаме. Многу нервози периодов, значи најубаво е да ти дојде плата во месецот да планираш нешто а не вака дармбаш како коњ и да се мислиш. Никој ни не прашал ( мислам на најблиски) дали имаме за сметки, за храна, за децава, само ние си знаеме како си преживуваме ама нека се здрави и живи.Годинава тешко и одмор дека ќе има а така ми е потребен. НЕкако многу сум нервозна и депресивна периодов, уморот изгледа го прави своето. Некни викнав една баба демек на помош, пак јас ручеци, јас средување, јас бебе таа си легна да си гледа цртани со поголемо дете. Не сум некоја мрза ама ете незнам што ми стана. Се фатив во левата страна од телото, бебе цел ден со мене, доење, кашички, пелени, друго дете , куќа и се се собра.Извинете на негативен пост, но немав каде да си се искажам.
Ооо колку убава вест. @danichap Дано,мајсторишта сте Честитки,леснотии нека ти даде Бог,полна куќа дечиња да ве радуваат! Арни сте ми сите,иначе? Ние добри,не сум може нормална ама на жешково палачинки се развртив. Што за благи,што за со лук,што за пирошки,и така цел ден. Мм се врати од работа,кога виде дека неговите заминаа,скока од радости. Не е навикнат човекот со други да живее под ист покрив,сега вика раат и мафе и спиење вечер Само убави новости нека се редат по темиве,мајки. Имајте убав ден!
Pamtam koga pisuvase deka tolku brzo se porodi! Ama ete, eden strav imam vo mene golem. Ama sto vika mm, greota e malata da ja ostavis bez bratce ili srstricka, oti ti e strav
@danichap браво честито, многу убава вест. @kallias како сте? Како е малиот? За Паралија и јас имам слушано дека е безвезе не знам што ги тера натака да одат.
Е да, таа сум. Ова ми е втор пат во емисијава, преубава емисија, со Марија некако ептен сме компатибилни. Се надевам ќе имаме и трет пат, да позборуваме малку повеќе за молзењето, има уште многу да се зборува. Данке, сваќе моја убава, за бепка бев сигурна дека е дечко, ај да видиме сеа. Мада три лепотици, би било прекрасно, сватот само за улошки ќе работи Ве гушкам, вие двајца сте прекрасни родители и третата беба ќе биде ептен среќна со вас На кратко само пред да одам на лулашки, да ве поздравам, малку одмарав, ама еве ме пак. Утре се читаме повеќе ако не најдам до вечер време.
Хелоу убавици Ние подобро ама навечер не спие дете никако Го посетивме и денес педијатарот и се откажувам од него,мислам дека поголем ретард во животот немам сретнато Дијагноза: Детето ви е премногу активно па затоа има температура се шокирав Би било добро да се испита но не би можел од што е многу активна Биди поздравена во превод Како и да е...од вчера сме без тт Со јадењето малце потешко ни иде ама нај веројатно од жешкото Овде пекол,не се оди никаде Освен до маркет и истеравме гости вчера Денес кога бевме кај педијатар малава преплаши едно бебе Тоа си беше во макси кози а ова мојава му се доближи и му вели вааааас,на цел глас Едвај дојде до себе бебето Незнаев како да реагирам,нормално се извинив и дџо ја подискарав малата дури таа паѓаше од смеење Да го ставам ова на сметка "дете е" или како? Јас добра сум,се борам со горештините,трчам по дете цели денови биче и боље @danichap уште еднаш со лесно Ајде на вечера мајки