Добар ден. Заспа малава, па да шкртнам некој збор. Прво да тргнам од дневен ред жалењето. Со заспивањево маки, од тоа мислам најмногу ми е тешко. И се спие, заплакува, ме гризе, ама се фрла по спална, беснее, 15 мин и требаат да се смири. Кога ќе се смири цица, ама се развртува и ме гризе, партал ми се брадавиците. Па се качува на мене да ја нишам, па ја нишам две минути, па пак легнуваме да цица две минути и така легни-стани пола саат на пеколов. Толку за жалењето, само заспивањево проблематично. Купивме тепалце за муви и само оди и мава по нив и иш им вика. Смешки живи е со нив. Му рече за прв пат тата на татко и и тој сиромашкиот умре од радост дека ете и он бил тата, уште прослава фалеше да фрли. Се олабави фала Богу, не е веќе таква лепенка, си седи со баба и дедо и не плаче кога ќе излезам од соба. Се стабилизира со одењето, па може и тоа има врска. И така, интересен и забавен период следува. Убав ден мајки.
Здраво мајки, да ве поздравам и јас. Мм на пат, сами останавме па се преселив кај мајка ми на неколку дена. Прав одмор ми е тука Еве сега ја зеде дедо и ја однесе во рамстор, јас кренав нозе у вис Нека е жива и здрава но многу е жива. Ги збесна мајка ми и татко ми фрижидер, регали, соби се е исконтролирано каде/што има. Мајка ми се нервира до душа но си премолчува. Еднаш годишно и одам па нејке да ме нервира. Што да правам и јас устата пена ми фака од зборење. Се нешто и бранам а и тоа не е убаво нели Шала на страна но ако тука не се опуштам малку реално нема каде. Вечер се врака мм па и ние ке си одиме дома. Утре немам никакви обврски па ке се шетне негде на целодневна изгледа. Позз мајки и убав ден..
живи сте женчиња? Ај добар ден и од мене Ние подобро,без тт и носето не е растечено Добро е,брзо помина а изгледа не беше ништо сериозно Деновиве де внатре де надвор сме Нормално е сончево но дождот и те како ни прави испади,а што имаше грмотевици се имам испаметено Дете веќе не сака внатре,сака да трчка по тревата,да си игра со камчиња,тие ни се омилени И да не ги изоставам магарињата,нив ги обожава Некогаш со мм неможеме да веруваме дека и ние ја дочекавме таа среќа да ни трчка дете по дома Па на пат е второ а до пред две години бевме сами со нашата борба за бебе Некогаш не сме ни свесни колку сме среќни а што се разлигавив јас Моменти де..... Место да кажам дека два дена не сум исчистила куќа и дека треба да станам и да се фатам за смукалката ја сУ се разнежила Ке биде и тоа,деновиве Вечерва сме на роденден кај синчето од една пријателка па треба да се средам некако Мислам дека цел тим неможе да ме доведе во ред ама ке поминам и вака Ајде да частам кафе @Верче4 среќен роденден на синче,гоолемо да расте Декорацијата
Немој да кажеш дека секој ден усисаваш. Абе опушту се малку куќа е за живеење не е галерија. Дани ја раздвижи темава некако слабо се пишуваше, и тоа со ептен убави вести. И ова зверчево мое навечер почна да збеснува последна заспива. Брат и не може асално да се успие од неа, вчера он заспа оваа рипа по кревет и и сржив малку да не го буди он па жалостив ми вика мамо не ја карај ако ме буди не е толку важно . Некогаш ме изненадува колку е срце ама па кога ќе го изнервира знае и да ја шлапне.
Дани со лесно бременоста. Ти посакувам голема куќа со три девојки како трчкаат во двор, а ти и сопругот уживате со кафе. Или пак ако е дечко, да рашараш малку розови и плави собички по дома Забавно ќе ти е у секој случај. Мојава ѕверка 5 мин не е мирна. Одам да ја успијам.
Од понеделник до петок секој ден,освен викенд Малата кога не е во градинка тие два дена неможам ништо да направам Што знам полесно ми е секој ден,ми требаат највеќе час и половина за вц,комплет смукање,прашина бришење и секогаш ми е чисто Кога ке оставам 2-3 дена и морам пола ден во чистење да го поминам тоа ми е премногу некако Секој ден кога одржавам ми е секогаш полесно
Поздрав мами, ние сме прилично добро. Лека полека се учиме. Вчера си се чувавме сами јас и двете прасиња и прилично добро поминавме. Добро уште имаме импулсивни моменти, ама многу помалку. Среди едно дете, среди друго за мене време нема. Кога го носев бебево на дежурен докторката ме подбра мене. Ми вика дали сум се погледнала колку сум бледа, кога последно сум испитала хемоглобин. Мм се спрема за на пат и ке биде отсутен две недели. Па мајка ми ке се пресели кај мене. Стварно многу ми помага, ама многу и збори. Главата тапан ми ја прави од што и како требало ама тоа е. Свеки е дури поекстремна. По најново е фиксирана на фамозните 40 дена. Е морало тогаш да се оди во црква. Јас викам не одам, мм не е тука, кога ке се врати ке одиме. Сама со две деца да се спремам и факам такси на жештиниве шанси нема. Ке прости дедо боже, од оправдани причини е. Ама морало тогаш. Абе жено ништо не мора. и така на секое гледање и јавување жената е фиксирана на тоа. Она ке ме носела. А како кога и она кола не вози стварно незнам. Едвај чекам да си фатиме ритам и рутина со двете деца, па да олабавиме од баби. Така мами, од утре пак дете во градинка ке оди после недела дена пауза, што значи ке има плачки сабајле. @Mari* алал да ти е жено. Ние некогаш едвај еднаш неделно стигаме да усисаме.
Мајки ве молам за совет, ќерка ми некако го извадила винтот на обетката дури раскрвавено и беше. И го исчистив со течноста што ми ја дадоа кога ги стававме ( пред 2ипол месеца ) и и ставив други обетки златни бидејќи на овие не знам каде го има фрлено винтот. Овие сега се на закопчување. Страв ми е да не и се инфицира. Да ставам ли и нешто друго?
Извади ги обетките чим има рана. Зошто нови си и ставила? И најди го винтот да не го голтне. Стави бетадине на раната. Ако гнои утре на доктор
Здраво мајки. Конечно фатив кревет и истегнав нозе. Денот го искористивме за да шеткаме низ еден голем парк со езеро, потоа ручек и на крај мал пикник во природа. Малото се изнаспа, големата се изнатрча а ние капнати како сто стапа да ни удриле. Со сиот мерак го зедов и дигиталниот апарат, па се распослав таму за да ја сликам големата како си игра. Таман шкрапнав еднаш, уште еднаш...покажа меморијата фул, нема картица внатре. Батерија проверив дали е полна, на картица ич не помислив. Колку ради реда шкрапнав со телефонот неколку. Мажот ми ме тешеше дека не е страшно, другиот викенд пак ќе дојдеме. Мора како што се измалтретирав ќе размислам дали ќе отидеме таму пак. Во село мое има некој вино фестивал па синоќа спонтано, седејќи на тераса, решивме да отидеме да видиме што има. Касно беше веќе, 21.00, ама се решивме да направиме исклучок, наместо во кревет да ги однесеме децата на прошетка. Беше прекрасно, им годеше и нив а и нас. До полноќ, од постела, го слушав бендот како свиреше добри рок песни. Рековме и вечерва да одиме, ама пладневната прошетка толку ме исцрпи па да не се форсирам останав дома. Среќа децава ја преспиваат ноќта па барем навечер вистински одмарам и акумулирам енергија. Утре понеделнички неколку телефонски разговори и правење термини. Со план сум и прва да бидам на касата во лидл за неколку работи кои ги бендисав . Малово гуга ли гуга. Срцево ми е полно и спокојно. Добра ноќ на сите
@danichap мила со лесно. Баш се израдував кога прочитав. Јас успивам бебе. Многу ми смени со спиењево. Мора со плачки да се успиваме. Топло, претопло. Не се диши. А слушам грми, ако заврне супер ќе биде. Да освежи малку. Годинава плажа нема. А толку многу ми се одеше. Здравје другата година. Ќе се ладиме со црево во дворче. Убава вечер мајки.
Си легнав и јас, па дури сега најдов време да пишам. Денес со целиот памет на топлото чистев и на крај не завршив се што планирав, така многу се нервирам исто ко да не сум чистела. Сакам се во едно да завршам кога веќе почнувам ама нема, едноставно ниту имав време ниту сили. Грбот ме боли како 5 дена да немам легнато на кревет, а со детево што ужива во раце тешко мене. Луѓе помагајте многу почна да ме гризе, вади заби и се плашам веќе да извадам града. Применив повеќе тактики ама без резултат, вака ако продолжи незнам како ќе тераме. Понекогаш добивам желба да ја одбијам и се осеќам како лоша мајка. Ама како големее така потешко ќе биде тоа знам. И така лека ноќ на сите.
Добра вечер и од мене! И јас денес денот во чистење го поминав, не сетив дека е викенд. Сега сум капната, ама чекам да ми испере машината, мантилите на мм за работа, касно ја вклучив па снема вода, дури пред пола час дојде. Да испере, па да ги бутнам во сушара, а сабајле ќе станам да ги испеглам. На високо живееме и секој ден снемува вода од кај 18 часот па до 22-23 часот. Да пукнеш од мака на ова жешково. Да не можеш да се истушираш како човек и себе и дете. Бебуш од петокот вечерта почна да кашла, првин по малку, ама вчера ептен зачести па го носевме на ургентен, го преслушаа, среќа нема ништо на гради, ни препиша антибиотик, ама инсистирав на нешто на природна база, па му давам сега сируп од бршлен и инхалирам 3 пати дневно, па денес подобро му беше. Утре ќе го носам кај матичната се надевам ќе поминеме без антибиотик. Од што можеше да настине на ова жешко, дали дека спие откриен цело време.....??? Се обвинувам себеси дека не го пазам доволно. Имаме проблем и со јадењето. Еве веќе скоро цел месец како пробуваме вкусови, повеќе од 50г нема изедено. Пробав секако и овошје и зеленчук, и пасирано и блендирано, и домашно и купечко, не бре кога ќе затвори тоа уста не дозволува лажичка да му доближиш. Што ќе се прави не знам? Ми е страв да не му ослабне многу крвта, ми е страв за како ќе тргнам на работа за неполни 2 месеци, ми е страв дека воопшто нема ни да прифати некогаш немлечна храна..... Почнав по неколку пати во ден да го молам, не гледам појадок ли е, ручек ли е, вечера ли е, 2 лажички да касне среќна сум. И така мамички, поздрав и слатки сништа!
Здраво мајки Јас се уклучив вчера али немам време два збора да напишам Еве сега цели 10 мин на распилагање додека чекам машина Честитки @danichap , со лесно бременоста да си ја износиш. Инаку ние вратени од одмор не можеме да се допериме, и да се средиме. Сега домче уживаме и ќе чекаме втора тура на есен здравје Добра ноќ
Ве поздравувам многу сите! Вака набрзина да ви шкртнам додека правам пауза од учење а и додека ме јаде дилемата дали да продолжам да учам или да си легнам... Премногу се радувам на прекрасни работи што ги прочитав тука! Честитам за сите нови бебуши, за сите родендени, за сите годишници, ... да сте сите здрави и прави! Особено ме израдува @danichap и и завидувам на можноста а богами и на храброста! Се повеќе сакам и јас да си родам уште едно "мало слатко" што би рекла ќерка ми... а и веќе во главата си вртам филмови што и како. Само морам малку здравствено да се поткренам и "подобрам" овој период, па здравје пред нова година да се уозбилиме на план ново дете. Ако може порано, уште подобро. Ама здрави живи ќе видиме. Годинава повторно во некој хаос поминува.. во полагања, учења, работа, секојдневни обврски... Ама претходната недела завршив со курс... утре полагам приемен за последниот модул.. се надевам дека ќе го положам.. и тоа во превод би значело раат сум до септември, а после само уште 3 месеци курс.. па здравје, да средам со испит пред Нова Година.. и од 2018 да почнам со "раат" живот. Друго ништо ново нема. Дополнително сум уморна и од ќеркичево мое, кое деновиве е решено да ни ја извади душата. Нешто ко да не и е по ќеф, само да е во центар на вмимание, и се да е како што ќе ќаже таа. Компромис од нејзина страна - тешко. Ако речеме "не" се лути и одма се противи... ако на сила нешто се направи (како што се осмелив во петокот после 10 минути молење да излезе од дворчето на градинката да ја земам во раце и да ја извадам) тогаш се случува хистеричен напад кој конкретно во петокот траеше 45 мин. Луѓе отвораа прозори да видат што се случува. Бруки невидени. Таа не сака ни чевли да облече, ако ја држам се бори и прета да ја пуштам, ако ја пуштам бега боса по улици накај градинката. Човек ќе си рече бог знае што и правиме по дома.. срамови.. жештини, спарно, јас препотена капки течат по мене, ова вришти ко будало.. пробувам да и зборувам ама не ме регистрира. А кога ме регистрираше почна уште да ми вика да бегам дека не ме сакала. Значи ќе си пукнев. На моменти издишував, ама џабе кога си се полнев со нервоза од мислите што ми еруптитаа како лава од вулкан.. што сме и згрешиле за вака да се однесува.. се и е пружено! Дали е невоспитана.. а зборувам, се пенам, раскажувам... внимание има... и така после 45 мин. Наеднаш се смири.. плачејќи почна да ме бара и да ме гушка.. ама јас веќе чадев од лутина. Ја седнав во количка и и кажав дека се лутам многу. Наведна глава и молчеше. Јас пак како помало дете од неа (идиот) за инает поминав од кај лулашките и и кажав дека сега не ја носам на лулашки затоа што не ме слуша. Верувам дека знаеше колку е крива, штом ич не се побуни. Па дома зема да ме гушка, да се смее, да се лигави.. лута сум, и велам. "Ама.. ама јас сум умна сега! Види? Те гушкам! Умна сум сега".. Ќе бидеш после умна? - Да! Ќе бидеш утре умна? - Не! Фала на искреност. Знам дека нема да бидеш. Ама тоа е. Пак е фаза каде што се бунтува дека не сака да се облече, па соблече, па пелена да и се смени, па сака само во нокшир, па не сака.. целата е фикс идеи и хирови! Се надевам дека ќе поминат лудорииве нејзини... Импулсивна е многу, преемотивна, ама и огромен инает. Искрено, освен моево, немам видено ниту едно или максимум едно дете да се глупира вака. Ноу комент. Инаку бев на првиот состанок на Ла Лече тука.. се запознав со лидерката, земав книгата од ла лече и ќе се удрам на читање. Таман имам послободно време да се посветам и на нешто што си сакам! Заминувам да учам сега дојч, ве поздравувам, па се пишуваме и читаме за брзо пак! Овој пат стварно брзо не значи месеци!
Убаво, свежо понеделничко дождливо утро. Јас пак со тој дожд. Штом заспие малото во план сум и јас да поспијам со него. Е сега план е едно, реализација друго. Планови многу. Сакам и да вежбам и да се туширам. А тоа едвај час да преспие. Многу малку спие преку ден, се велам малечко е треба повеќе. Инаку викендот супер мина за разлика од очекувањата. Имавме активности пазарење, шетање, гости, играње. Големата се премори едвај ја разбудив за градинка.
Auu toplo denesSladoled i mnogu voda mis e na denesno meni Odsabanle ja probavme novata kolicka...Malku mi e maka i nedomakinski sto se podnovivme,ama kila ke dobiev so onaa prethodnata.Ustemi e prva ljubov i navistina udobna kolickaa ama ne e za vo zgrada bez lift. Beba si raste i sega e vo faza saka da sedi a nema ramnoteza,pa ke se prevrti na mese a neznae da se vrati pa kenka....Muabetot mi e ic nemam vreme za sebe! Citam tuka mami spremaat ispiti,pa ucat kursevi BRAVo ! Kaj go naogate toa vreme,cekam recept
Здраво мајки! Конечно слободна да ви пишам, дете спие, ручек спремен, јас подсредив нешто низ дома и сега дур не стане малата ќе седам на фемина. Деновите ми се напорни, де повраќање, де дремка ме напаѓа, де ми се јаде па не ми се јаде... абе трудна работа, знаете! @Kaetana Колкава беше твојата ѕверка? Нека ти е жива и здрава, трпение да имаш многу оти стварно инаетчиче големо ќе да е! Ме насмеа муабетот кој сте си го правеле - Ама верувам дека тебе не ти е многу смешно! Се надевам период е и ќе мине, дотогаш дочувај си нервите зашо сепак е дете, твое најмило девојче! Јас како мајка на исто темераментно дете знам дека е тешко и напорно некогаш без плачки да го надминеш конфликтот меѓу себе и детето! Залажувам, измислувам, игнорирам и се лутам! Самата себе сум си смешна! Кај нас беснило ја фаќа кога имаме гости, дома- на свој терен пред други луѓе се преобразува во ѓаволче, се ќе направи само вниманието цело да биде нејзино! Последен пат кога ни беа кумовите на гости малата госпоѓица ни забрани да збориме оти она ќе пеела песна! Лигавежот и немаше граници, на крај татко и ја однесе кај баба принудно на гости! Плачеше и ветуваше дека нема да прави глупости, ама сепак не ја остави дома! Не е решение знам, ама стварно глупа ситуација, никој не смее да збори оти малечката ќе пеела! Не дека мислам дека наредните гости поубаво ќе си поминат кај нас, знам ништо не решивме, ама ете кога не знаеш што да правиш и ти се претвараш во дете и тераш инат! Многу пати сум кажала, само мајки на темпераменти деца имаат разбирање за такви ситуации! Никогаш не сум се насмејала ниту чудела кога ќе видам расплакано хистерично дете на улица, во маркет или било каде! Само си се тешам дека бар дома ми ги праи глупостите а надвор знае да биде добро дете. Дури ме прашувале ,,Леле како бре толку ја научи да те слуша? ,, Ахааа, ме слуша, јас си знам! Тоа е, ќе пораснат и ќе им раскажуваме какви умници биле како мали! Убав ден!
@danichap лесна бременост......се збунив малку дека од последна страна читам т.е одназад-нанапред...си реков па нели роди сега женава . Нека се живи и здрави 3 наеднаш ќе растат. Ќерка моја многу се распрди...виде повеќе луѓе и драми сега...тантрумите се засилија....јас викам остај ја со баби и со дедовци, ќе ја разгалат...ама пак и со нив треба време да помине. За две недели се смени скроз. Сака по цел ден надвор луѓе и драми цело време за да ја изнесеме надвор, а на жешково не се стои.Еве ја сега спие раат малку, а одручек во базен и после пак ќе драми за шетање. Да се пофалам има и позитивни резултати од дружбата со бабите и дедовците, поотворена е и поактивна. Мене времето ми е исполнето, со луѓе преку ден, навечер шеткање...ма да признаам изморена сум следниот ден, немам енергија ( си се навикнав во 22ч да си легнувам со ќерка)...сега покасно остануваме и енергија на пола, башка од жешково. Ќе си се опуштам сега со едно филмче. Убав ден.