Еве ме и мене! Лута сум многу! Многу! Имам проблем со градинката и ми иде да земам да ја запалам, жими се. Денес као на закажано отидов, ми избега луѓе женава, јас за врата она низ другата врата. Ај па женана што ми е врска и се јавила, па викала дека не сум дошла, па после дека немало закажано, абе мислам детево на Харвард ќе го запишам полес о него ли во градинка. Деновиве најтешко е да си мајка, страшно! Еве не дома, не сме кеиф ич. Дете си расте си сака друштво, вчера си играа во базен, уживаа, скокаа, дада му се изнарадува поише од него. Мислев ќе се плаши, ќе се тегави, тој како да е роден бо базен, така се понашаше. Денес ќе надувам и замок позади да скокаат рипаат, па малку пораат додека дремам со кафенце позади у двор. Малку ми е етрав да не го дупнат, да не го подкачат со нешто, па да не ни го украдат ама па сеа што да праам. Сега да спремам питичките за ручек и одам надвор, таман сенка е, ќе уживаат. Моментално гледа цртани во столче, јас да одморам малце главаѕа па да станам пак у поход. Некогаш ми е многу тешко, без помош, ми треба бре некој да ми го поземе, да ми го причува, да си поигра со него, јас да одморам малку. Ова ко у странство да живееѓе се осеќам, без никој помош. Некни бевме на роденден сосе него, таму топло, спарно, во сопче едно два на три, тесно, полно мебел нема кај да се свртиш, е тоа е, него му стана досадно, мм остана јас го собрав и ајде дома дома туш, заспа па јас со радлерче се пружив на тераса малце. Е тоа е, ама па ќе помине. Ве гушкам мамаситас!
Добар сончев ден мајки! Не да е сончев, пекол е. Ѕверот едвај го заспав, дали од жешко, дали од инает не сака и не сака да спие, ни преку ден а богами и навечер пред 12 нема заспиено. Мм секоја вечер се точи, не дека на жешкото ќе се галиме ама ај...на крај хрчи 100 на саат додека не го заспиеме тато нема спиење Денес ги зедов резултатите од крвта на синко. По втор пат ТСХ му е покачено, по се изгледа ќе ни дадат терапија... Периодов треба да му прават и гастроскопија заради ниско зелезо, да не случајно губи внатрешно крв Тешок период, се надевам ќе помине брзо.
Колку одамна не сум пишала... Честито родендени, бремености, да не ве означувам сите. Се најубаво. Ние добри, по дома. Прославивме и роденден, август ми одобрија лекарите и одмор, па септември здравје ќе почнам со работа пак. Сега сум happy desperate sick housewife. Шо убаво било маж да носи, ти да трошиш . Во моментов прашање што ме вади од такт е "ајде уште со количка, веќе треба да трчате". Од кај тоа правило детето да е проодено на роденден не знам, не е ни битно. Моментално тоа што ме исполнува е само дружење со детето, многу личности ме разочараа, од некои не очекував, но што е тука е, продолжува животот. Поздрав мајки.
Толку му се радував на викендов а го поминав како зомби, не спиејќи воопшто, со топломер во рацете.. Де парацетамол, де блокмакс.. Температура 39.4..големиов.. Среќа бебево добро беше.. Денеска бебушка на контрола со термин на болница и искористив прилика и поголемково го зирнаа.. Вурусна вироза со афти на усна празнина и грлце...едвај го видоа.. Кутро уста не отвораше.. Само витаминска терапија, витамин ц, б комплекс и пробоотик и локално со раствор на афтите.. Одма почна да каснува. Малово петка.. На два месеци 6кг..родилната ќе ја дуплирмд многу порано од колку што треба машала, бубмар цицач на мама.. И првото беше таков, па се измолкна како цревце Жешко прежешко... Не се живее без клима.. Пуштам во дневна и отворам врати малку да доаѓа ладно во спалните.. Да се спие по малку.. Одмор дури крај на август(ако најдам смештај ) додека да дојде ќе замине... Броени денови брзо заминуваат секогаш.. Ве поздравувам и убаво попладне
Monella поради тсх веројатно му е слабокрвноста...душичка...дај боже другото испитување да ви е во ред.
Eve i jas da pisam nesto,ve citam sekoj den no nikako da pisam so obvrski niz doma i so bebus.. Cestiit rodenden na site sto slavat i cestitki za site sto se vo blazena sostojba za vtoro,treto.cetvrto dete so lesno da si ja iznosat bremenosta. So bebus sme cel mesec po bolnnica,labaratorija,mikrobiologija na oftamolog.Dve-tri nedeli se macevme so solzenje i gurelki vo ocite so kapki ne pominuvase. pratija vo mikrobiologija napravivme brisevi I imame bakterija vo ocite I noseto. Vo sreda ce pravime kontrolni brisevi I DAJ BOZE DA E SE CiSTO. Pa ce odime na kontrola za eho na mozok I na ortoped . Dete ne saka ni kapki ni mast da mu stavam,kako sekava vo spienje odma si se vrti na strana ili na mese. Odmor godinava ce preskoknime,za vikend i taka si setkame slabi sme finansiski a i krstevka ce pravime zdravje na rodendenot. Imajte ubava vecer
Мамички јас се извинувам што ке отидам офф топик, но морам да се консултирам. Ми соопштија немил настан во фамилија и пртрпев стрес, морам нешто д се напијам но незнам што смеам со оглед на тоа дека дојам, дијазепм смеам ли Или бедоксин само ? Извините уште еднаш,знам дека не му е местото тука на постов...
Вака така понекогаш успевам да прочитам по некој пост. Со среќа нека им е на бремените мајки, честитки за принови родендени и се по ред само на добро нека е, за радост.. за среќа и за насмевки!! Другово нека не одмине сите. Одамна не сум пишала на темава.. пораснавме колку толку, ама њу борн веќе не сме. Се чудам мајки златни само колку љубов имам јас за ова бебе, секоја негова солза ми е гушење и убиство!! Толку многу љубов.. енормна и безграничена.. Ако постои тогаш тоа е таа, а секој друг и се друго е споредно ако треба веќе да дискутираме. Ние имаме дури 2 запчиња на повидок. Секојдневно шетаме, пееме и обавуваме обврски.. живот..! Едно 5 минути е тешко некогаш одмор да се најде.. ама па и не треба, ич не треба во споредба со него. Се спремаме и за одмор, дружба и топли насмевки, едвај чекам!! Времево годинава не послужи асално да уживаме и шетаме. Па се, користиме максимално до есента кога веќе овде е за на никаде. Батериите и среќометарот мора да се полни . Поздрав до сите
Гууд морнинг лејдис. Кафето сабајлево од мене и синко Јас пијам кафенце,тој гледа цртан. Кај нас е се па исто,секој ден буквална реприза на вчерашниот. Тој има страшни тантрауми,плус извади уште една петка.Периодов глава ми чади. Честитки @danichap за бременоста,со лесно да ја износиш и уште полесно породување. На останатите среќни годишнини,родендени... Викендов толку дешавки ќе има галичка свадба,пиво фест,Д-фестивал а јас на работА. Едвај чекам одморот да наполнам малку батерии,па имаме мн блиска свадба и потоа заминува маже Засега позз од нас,нон стоп ве читам ама никако да пишам. Не дека некому фалиме,ќе ни пише минус или не побарал ама,да чкртнам 2-3 реда Убав топол сончев ден
Вечер на лулашки, вчера се бањавме во базенче у двор, лудории. Добар ден мајки! Се спукав вчера малце со градинката и денес оп примен дечко, од септември ќе одиме во градинка. Ми падна камен од душа. Утре торта ќе правам, некоја сладолед торта додуша ама ќе направам. Нешто ко чизкејк, нешто ко сладолед, ем на татко именден ем ќе частиме. Бујрум кој е за! Мама моментално јаде сладолед и пие кафе, сокче испивме одсабајле од новиот соковник, сега малце да раскренам и ручек да се направи. Ве гушкам!
Децава се чудо!Во една минута ќе те изнервира до крајност,а веќе во другата ти прави политики,ти се смее и поминува лутината одма се топиш И ние одиме секоја вечер рутински на лулашки,не оти тој се лула или си игра со дечињата,туку за да излеземе од дома оти од досада ќе си пукне ергенов лудилото навечер соберено од цел ден го фаќа Да можев едно екранче да му закачам на количката да слуша песнички,само така седи додека ние со мм пиеме кафе надвор.Има денови срцка ми е,многу е мирен,весел,си брка работа со играчките,амааа има денови ми наплаќа за се,се влече по мене за фустан ме фатил и оди се сопкам од негокенка чиниш мозок ќе ти прсне нема крајомилена играчка му е некој човек,поголема и поинтересна здравјеНекој спомна за помош,да дадам еден совет да се помирите и да си легнете на брашното помалку ќе се нервирате така.Нема и крај,баталете ги и вие. И тоа е во врска со него,друго се е во ред,здравје добро фала богу Во врска со мене,ми касни три дена,бубулици страшни ми излегоа,јадам како коњшто ли ќе е сега,пак нешто хормонско,нема шанси трудна да сум Ќе одам утре на гинеколог за ехо,пап и брисеви,брука од пораѓај немам одено.Успат и ќе си застанам да не биде џабе патот до парфимерија. Одмор не планираме заради крштевка и роденден,два родендени и крштевка поточно,трошкови колку сакаш Тоа е мајки,имајте убав ден,убав одмор кој ќе оди и chill out без нервози,што и да е ќе помине
Дали има вирус? Детенцето ми е 6години има температура 39.2 ми е страв ако е вирус да не ми се разболи и бебушот...
има вируси и тоа мн бебчето чувајте го настрана доколку сте во можност.На лекар не бевте ли да видите за што се работи
Нене.. Му спадна сеа температурата па ќе видиме до вечер.. Ако го однесам поише ќе фати и од другите на лекар
Моево викендов имаше до 39.4..(поголемиот 3 ипол години). Вирусна вироза со афтички во устето.. А се чудев кога јадеше банана ми велеше дека му е луто!?!? Бебево е два месеци.. Докторката рече само дои го почесто.. За два дена се среди се.. Витаминска терапија само.. Вит ц, б комплекс и пробиотик..
@MamacitaBuena тебе три мене 6 дена и доцни ************************ иначе топло претопло е ни клима не помага,ни ладна вода .Куферите се спакувани,исчистено е се по дома,уште здравје да испазарам нешто за по пат. децата едвај чекаат да одиме.Само за тоа зборуваат.Они секако ке се одморат а јас ке се заморам трчајки по нив
@joy1 ајде изненади и ти со убава вест. Многу се радувам на бремености во последно, околу мене еден куп трудници, а ме има и желба за второ фатено, ама не е моментално ништо погодено. Знам дека нема никогаш да е совршено средено се, не ни барам, само ќе чекаме маалку подобри услови. Во Бт пекол, излегов на кратко дури преспива малиот, жива вода се вратив. Обично излегуваме кон 18-19 часот и уште е жешко, а дома досадно, предосадно особено за нив. Добивме од баба таблет на подарок, најдов канали едукативни за бои, форми, со деца (нормално на англиски), само кажете колку време би било идеално преку ден да гледа, а да не е претерано?
Блазе си ви на тие што се спремате за на одмор,јас имам уште месец и кусур дур отидам,а веќе одамна сум преморена,плус и жешково си зема замав,страшно нервозна сум во последно време,само се фаќам како викам по детето,а и она е нешто збесната не знае што сака,што неќе,ме полуде,не беше ваква,за се нешто плаче,при крај сум со нервите.Секоја вечер се прашувам што правам погрешно што е вака разлигавена,не и угодувам за се,мора да се има граници,ништо не слуша,тера инат,а не беше ваква. @Monella те читав и претходно околу ТСХ-то ,ако сакаш да размениме искуство повеќе опиши ми лп,ние од раѓање бевме на еутирокс ,ама веќе година и пол ни е укината терапијата,бидејќи вредноста на хормонот е во границите како што треба,др заклучи дека се работело за транзиторна хипотиреоза,односно покасно се воспоставила функцијата на тироидната жлезда со хипофизата па затоа мораше превентивно да се стави на терапија инаку другите параметри се беше ок и на ехо исто така и жлездата одлична состојба. Ама јас си знам како ми беше кога ми ја соопштија состојбата,од стрес ми се намали мислам млекото,ама за тоа барем има лек и тоа ме тешеше.