Поздрав мами! И јас денес тапан во главава, бебево еве го една недела заспива во 23 станува во 7. А од 5 кога ќе почне да станува за цицање на секој саат, значи ќе паднам некаде. Се си мислам да воведеме и вечера. Сабајлево и вчера вечер ми се слоши, сега доручкував па ми дојде подобро, веројатно од глад беше и од топлово. Сакав да пробам со помалку јадење да симнам некое килце ама тешко некако дур се доиме изгледа. Енергија треба многу за две динамични деца. Сега заспа бебче, стана другото па со него да се подружиме малку, и одиме на именден. Убав ден
Здраво мајки Пеколен ден и денес,едвај се издржува. Ладно нес кафе и под клима си уживам додека мм е на работа а малата на градинка. Беше принцезата на одмор 1 недела за Грција со баба дедо и вујче.На мене ми оставија аманет секој ден цвекиња да вадам на село и кучето да го ранам.Така да воопшто не се одморив,секој ден бев релација дома работа-село...Ама помина и тоа,си дојдоа фала му на Господ сите добри и ништо немаше употребено од малата аптека што им ја пуштив.Малата и боја има фатено,како што беше бела сега неможам да си ја познаам,срце мамино. Туку вчера и ја удрив последната вакцина на 18 месеци што беше(ја касневме 4 месеци заради сипаницата) Крвната слика не ми се допаѓа.Хемоглобинот 100(веке една година)го прашувам докторот таму ми вели штом е толку време може и да и е наследно(мојот е толку на пример)Ама друго ме загрижи,лимфоцитите одат од 17.0-48.0 % а на неа и се 65.0, @joy1 ако можеш да ми разјасниш за резултатите ке ти бидам благодарна. Со јадењето остануваме исто,таква нејадачка си еСака само 2,3 работи и тоа се прави ако не секој ама преку ден.Немам веке живци да се нервирам,колку ке јаде толку.Во фаза сме на одвикнување од пелена ама тешко ни оди,секаде ке се измочка само кај што треба не.Па затоа планирам кога ке бидам јас на одмор 2 недели во август да ја научам(и онака нема кеш за одење некаде)па бар нешто да средам тие недели... Веке зборува цели реченици и ми објаснува на пример вчера што правела,на учителките им кажувала кај била на одмор,како пливалаПолека полека растеме и учиме нови работи. Јас денес слободна и земав цел стан го исчистив,направив јадење и затоа сега уживам,а станата сум од 06.Кој рано рани цел ден ненаспан... И така мили мои,ве читам скоро секој ден ама ретко наоѓам време да шкртнам нешто. @danichap i @duffi Честитки за бременостите Бидете ми поздравени,убав ден
@AngelOfArh ти имаше проблем со упис во градинка? Што збореше со директорката кога отоде кај неа? Сакам и јас да отидам да зборам бидејќи многу деца имало и не знаеле дали ќе го примат ( а се мислам поради тоа што не е вакциниран прават така). Надвор многу топло, сабајле во кола 35 степени полажа, во 9 и тоа Мали спие јас се излежавам малку, сакам да му направам бисквити домашни ама топло ми е и не знам дали ќе ги погодам... Честитки до сите нови трудници со лесно нека ви е.
А од кај знаат они дека не е вакциниран? Тоа се прави кога ќе го примат, не сега, таму после 25ти кога носиш документи носиш и изјава. Јас бев накострешена да се карам ама излезе на арно. Сакав да и кажам дека реалноста е страшна, финансиски сме на крај, изгубив 4 работни места и фирма не отворив поради градинката, немаме веќе финансии но за сметки, ни за живот. Ама среќа не стигна до таму муабетот.
За другите градинки незнам ама за во Ѓорче нема шанси ако немаш врски и јас бев лично со неа да се видам ми вика вакви како тебе секој ден ми идат на листа чекале 600 од кој 300 ќе влезеле и кажав сама сум нема кој да ја чува само со една плата не бива,уво ја заболе за мене. И кога фативме врска одма имаше место. Сега зависи каде на пример мариз без проблем го запиша во железара
А за вакцините до сега мене не ми побарале книшка,а еднаш додека чекав на еден родител му побараа да донесе книшка да видат како е со вакцини
@Manuela. во глобала до некои си 3-4 години е во ред да бидат покачени т.с нормално е.Само да не растат драстично.Инаку се зголемуваат при пад на имунтитет,вироза или инфект на респираторните органи со лекар имаш ли разговорано до сега?
Добар ден, јас клима немам дома, па се разлдувам со сладолед и ладен нес додека бебуш спие. Термометарот ми покажува 32 степени, а ролетни навлечени, темница, под итно мора да го решиме случајов оти се сваривме. Деновиве со мм неколку пати се скаравме ради жешково. Синоќа бебуш не можеше да заспие па цел саат се возевме низ местово и едвај заспа. А и спиење ли е тоа, се буди на секој пола час, па дежурам цела ноќ и го ладам со еден картон. Некако сме многу неодлучни за клима уред, многу работи има за средување, мислевме дека не е баш на тоа редот дојдено, ама ради бебуш ќе мора да ставиме, не можам да го гледам како се мачи. Гледам на повеќето ви доцни, мене за некој ден треба да ми дојде и нестрпливо ја чекам. Мм мисли дека направил “малку’’ беља, па и една недела после тоа имав крварење кое траеше еден ден само и си увртев во глава дека е имплантациско. А не смее сега, НЕ, НЕ, многу е рано Мм гајле нема, што е до него тој веднаш се нафаќа, може и намерно ме зафркава за да ме нервира, не можам да го проценам. @Mariangel со помин нека е мајка, добро е што не е ништо сериозно, некоја настинка е сигурно, кашла и мојот неколку дена. @duffi честитки за бременоста! Среќна слава и вечно име на оние кои слават денес!
Епа за упис бараат потврда дека е вакциниран односно картон за вакцинација ама ние немаме тоа и јас им однесов од матичен потврда дека е здрав.
Здраво мамии аууу ме немаше едно доста долго време да пишам нешто.Едвај стигнав да прочитам некоја страна.Гледам нови идни мамички - Со среќа,честитки и од мене Ние периодов сме де со вирус,де нервозни ради жешково,де разранети околу вратче.Се чеша со сета своја сила што ја има дури рани си направил и крв си пуштил.Многу топло,се поти,а само по боди на кратки е и дење и ноќе.Многу нервозно детенце ми е незнам и овие топли денови како ке ги издржеме.Синоќа излеговме на тераса заедно тројцата,јас и мм се ладевме со ладно сокче и кафенце,а малиот гледаше цртани и заспа.Го туширам секоја вечер пред легнување ама пак не помага мн се поти и тоа му ствара нервоза што неможе и самиот да се поднесе па се чеша колку што може.Така е и преку ноќ,од што се чеша никако да заспие,а не е алергија или нешто друго само од жешко и од потта.Барем да заврнеше дожд малку да не разлади ама и тоа нема да е во скоро време изгледа. Бебушка едвај заспа го односев кај баба ми долу таму ептен ладничко и одма заспа па за тоа време му готвам ручек. Инаку си ја зедов дипломата за курост по германски А1/1 ама и таа ке си почека малку во фиока пошто ништо нема да биде од селењето во Германија.Ни обеќаа најблиски роднини на мм ама кога требаше да се почне процедурата и да се бара работа, оп немало демек работа за него и као демек веќе во германија не давале визи на никој странец ни на оние со бугарски пасоши.Имало некој нивни пријатели мажот бил со бугарски, а жена му децата неможеле да добијат визи врз основа на неговиот бугарски..Колку е точно незнам али небитно со мм решивме да си почнеме процедура за бугарски пасоши колку и да е тешка, а во мегувреме ке работи во Мвр. Инаку имам уште за фалење Мм потпиша решение за полицаец КОНЕЧНО од септември почнуваат,6 месеци приправник а потоа следува решение,Е сега наредните 5 години не смее да напушти ако напушти ке плаќа оштета на државата што бил на обука кај нив.Така да за тие 5 години ке гледаме да средиме пасоши и ако ни се пружи друга среќа да му ја летнеме некаде во друга држава.За сега остануваме.Ке продолжам со факултетот што едвај чекам да го почнам пак. Тоа е накратко од мене Убав ден ви посакувам мамаситас ве
@joy1 Немам прашано доктор за тоа.Кога ја виде крвната слика тој пред вакцина рече дека е супер.Јас дома дури видов дека се покачени а нашата докторка е на одмор па затоа те прашав тебе
Dobro vecer mamicki. Pozdrav od ubaviot ohrid godinava tuka sme na odmor a dogodina zdravje podaleku ke ideme. Bebe e super mirna premirna kako da nema bebe. Na sonceto ne ja nosam celo vreme sme pod senka a bato se slapka so mm. Za nekoj den si odime pa doma ke citam se po red sto imate pisano. Pozzzz
Здраво мајки. Ден година, како втор да почнал од сабајле. Јас лежам и го превртувам малово од стомак на грб веќе саат време . Упорно се врти од грб на стомак, си полежува, па кога ќе ја фатат мушичките почнува да вика и морам интервенирам. Грбов ме кине. Толку многу ме боли тоа чудо. Како ќе ме биде понатаму не знам.... Малото расте, се менува, ми ја краде секоја насмевка од лицето. Само ја гушкам. Големата, која инаку не е по мазење и гушкање, дали ја фаќа мала љубомора, па иде и она и ни се приклучува на групно гушкање. Срце расте расте...ќе препукне од љубов @Mariangel побрзо оздравуавње на шефот @H&J Не е точно. Баш минатата недела мм вадеше визи за едни работници, босанци со босански пашапорт. @mona22 убав помин
Добро вечер Еве не и нас будни Едвај станува за во градинка,со плачки се облекуваме Таму преспива 2 часа и јас се чудам цел ден со дете Цел ден ровари,де внатре де надвор и да не е уморно?Вистина не ми е јасно Јас сум уморна,веќе почна да ми е тешко Неможам да се наведнам Кога ја држам враце едвај дишам а и то кутро се бори во мешко Уште не родено а се чепкаат Кога ми е враце дадата тоа мрдка ли мрдка,таа се лути па ме удира по стомакот Тешко мене Еве заспа мајки,друг ден пишам повеќе Одам и јас да легнам Добра ноќ
Доброо утро по кратка пауза еве не и нас пак. Дете си расте во понеделник една година ќе прави. Ни никнува двојка горе и навечер ни е хорор фиилм а тек како ќе биде со друите заби. Мм договори одмор со газдерицата дирекно на хотелот вчера за од четврток дека ќе сме во Сончев брег,значи лудница само два дена имам да се спремам се страв ме фаќа што и како ќе помине синко како мотор во газот да има вода кога ќе види се радува многу. Друго денес на крштевка сме но се немам ппдготвено ништо што да облечам вчера на именден бевме,и ова моево мало хо сликавме фотосесија имаше за роденден лудо ни беше. @danichap со лесно бременот ми даваш храброст и јас за второ да се мислам ајде можеби одморпт ќе има резултати. И тоа е кога ќе имам време пак ќе ви пишам
Здраво од мене! Од сабајле сум многу гневна , и се чудам кому да истурам нервоза! Знам кој е крив и кој треба да сноси одговорност за испореметениот ми ред на денот, ама не личи да се карам со тинејџерка. Сионаќа малата преспа кај баба и, таму изненадено им се придружи и братучетка и (13 годишна) која ете не и се спиело па ја разбудила мојата малечка во 6 сабајле... Од 6 до 8 играле, на крај свеки се изнервирела и двете дома ги пратила. Свекрвица страшно беше лута, кој безобразлук луѓе да разбудиш мало дете со изговор ,, сакам да ја играм,, Ете ја сега малата уште спие. Крајно испореметен ден, нема денес преспивање дење... Нека спие колку сака па се надевам некако ќе го истераме денот! А знам си јас колку е нервозна кога не е спиена, знам си колку ќе биде тешко да се истера до 22 вечерта! Друго... деновиве резервиравме за одмор, одиме Јоснски брег Парга, туку малце ме фаќа страв како ќе издржам патувањето до таму. Трудна и плус со мало дете Ама вреди, местото е преубаво! Овојпат одиме со друштво, па и малата ќе си има другарчиња на плажа,е сега колку ќе си играат а колку ќе се закачкаат тоа не знам! Ви кажав ли дека малата секој ден го бацува мешо т.е бебето и го сака најмногу на цел свет? Ах, да потрае таа љубов, да го сака и кога ќе се роди! И онака ми е поременета, некако поемотивна и поприврзена станува за мене и татко и... Ќе и текне ,,мамо многу те сакам, најубава мајка си ти,, Или ,, дај бакнеж мамо,, Ме стопува со тие нејзини изливи на емоции... Тоа имав да кажам...
Патот е супер до таму Снегулке. Нема ни да го осетите. Само прав автопат, за 4, макс 5 часа сте таму.
Упис се прави од 25 август натака, сеа документи не ви требаат, особено ако трга ма 1ви септември. Нас не запишаа без документи, на 25ти здравје ќе се најдеме на список и ќе носиме документи. Место вакцинален картон ќе ставиме изјава дека не е вакцинирано. Иначе нив не гининтересира нишѕо друго, само статусот вакцинален, за да знаат да најават ако има епидемии кое е кое не е вакцинирано. Ево нас! Бебо нана, ја чекаме дада да дојде, па ќе кркаме сладолед после. Ова топло топло многу топло, мора да се кубури. Вчера на тато именден му славевме, малку дојдоа ама доволно за збеснитис да ги фати деците. Три беа, ама џумбус напраија како за 33.