Добар ден кај нас еден тон нови работи синко наполни една годинка на 17ти, прооде пред роденденот два дена повелете на торта и постапалки, на роденденот беше живи радости уживаше дете колку што сака трчкаше и се смееше на сите дечиња во глобала се беше како што требаше кога заврши роденденот ми се симна каменот од срце, сама декорирав од балони до слатка маса се на моја рака беше(кога ќе стигнат сликите ќе споделам). Плус имаме уште две нови запчиња. Поклоните сите ни се возила значи имаме дома возен парк или ја викам една игротека две три комплетчиња тренерки и едно преубаво палто од тила. Туку јас се заборавив да ви се пофалам дека вечер тргнуваме со моите души на прв фамилијарен одмор ќе биде интересно со кола одиме, и тоа е ај сега ќе одам да се допакувам ќе се читнеме дури по една недела. Поздрав лепотици
Женски немам поим каде да прашам па ќе прашам овде.. има ли некаков посебен начин како да го научам синко да се одвикне од блендирано? Мало грутче да сети повраќа А веќе скоро е 16 месеци
Ќе пијам трето кафе, не бива, не знам како ден ќе прекарам. Ѕвонев на мм да видам ќе дојде ли скоро да го чекам, вика пиј си ќе се задржам. Ме фати нервоза. Децата добри, си играат. Големата праве фарма, реде животинчиња а малото гледа прилика како се да и растури. Се обидувам да му свртам внимание не бива. Важно забавно е. Ќерката гледа флаери и набројува што се сака и тоа од сите по две работи. Една за неа, едно за братчето. Велам тоа е малечко уште не му треба тоа, ах вели ќе го користам јас и неговото додека порасне. Мисли таа и за него а уствари си го планира за нејзе. За ручек и направив палента со сирење и јогурт. Малото ручаше а големата во последно време ептен чурук станува за јадење, ова не, тоа не и се расправаме. Пералната испра одиме алишта да постиламе и тоа е забавно успат да ви кажам. Поздрав!
Да се пожалам и јас? Ништо полошо од болно дете, не, нема. Цела вечер не сум спиела, аман од шлајмови веќе, а и од климатскиве промени преку глава. Мм баш кога ми треба заглавува до 100саат на работа, а јас многу сум исцрпена од терапии, не знам сила од каде овие два дена душа немам. Сама трчам по лекари, по аптеки... Плус ни дадоа сируп бел слез (се користи над 3 години) и септоназал (над 2години)..а ние имаме една година.. . Ај биди паметен да те видам...
До 2.5 години блендирав, со извадени сите заби, само така ми го јадеше цело јадење и овошје и зеленчук. Потоа преку ноќ однејќе ништо ни блендирано ни не блендирано и еве сеуште трае тоа не јадење.....
Од блендирано пренимавме на пасирано постепено... Пасирав многу блиску до блендирано (ептен долго гмечев со вилушка), па погрубо пасирав, папотоа сецкав многу ситно и потоа следеше периодот кога почна да јаде нормални парченца храна! Кога преминувавме од блендирано на пасирано и сецкано се намали количината на обркото, некако се изморуваше дур да изеде, ама понатаму се нормализира и тоа па си јаде нормални количини! Си сака упорност, начекај го погладен да видиш дали и тогаш ќе прави проблем! Или пак некое јадење што му е повкусно понуди му го неблендирано!
Приватно работи кај Мавровка. Но подобро кај него одколку да се маткаш кај дуги дерматолози. Дупло пари ќе дадеш и кој знае дијагноза дали ке ти погодат. Агрон без сомневање е најдобар. Ако ти треба број пиши ми ЛП. Заборавив.. кажи дека ти е итно и мислам ке те прими.
А да пробаш да му оставаш сам да си зема парченца може ќе му биде интересно па полека да се навикне на покрупна храна. Мојава е у фаза сама, се сама сака, и јадење и облакање. Кога ќе заглави нешто вика *мама помомни* . Него многу упива глупости од брат и, тој па му е интересно и упорно и повторува, ќе го утепам. Преска ми кажа *гомо заедно* знаете на што мислам, и му се вртам љута на брат и он оддалеку се брани *не сум ја научил јас ова* а реално од сите глупости баш овој израз не сум го чула да го каже, од каде и е којзнае. Сабајле се испонаша ко права тинејџерка после излагање у град, се разбуди пред да одам на работа си цицна малку и си продужи да спие на гарнитура у дневна
Ме насмеа со постот Колкави сте? И ние сме во фаза се да правиме сами освен јадењето Од бебе уживаше да се шлака со храна и уште ја има таа навика. Иначе сме 2 год и 8 месеци
Во август ќе прави 2. Башка ако и изреаѓираш мисли дека е многу интересна и уште повеќе повторува. Можеш да замислиш какви фешти сме по дома, сеа ко што му е досадно на големиов на распуст како играчка ја користи и се зеза со неа
Мариангел давај му така да грицка бисвити,лебче, зеленчук убаво сварен (ако сака), овошје некое посочно и помеко како праска, банана...одреди си време пр. 15-20 мин нека се мачи да гризи...после нарани го со изблендирано колку што му е потребно да си се донајади. Пробувај го и со пасирано...со тек на време ќе му се изгуби нагонот за повраќање.
Ама верувам и нејзе и е поинтересно и не досага толку за разлика од батко кога бил сам и немал друштво околу него вторите се опасни, си имаат "учители".. бар од тоа што гледам околу мене
Женски пробувам цело време, само леб сака да џвака (и тоа минијатурни парчиња) останатото се плука или во најлош случај повраќа.. Значи заклучок мрзлив е.. прво викав нема заби, ама сега има 6 горе 2 доле доволно за да џвака Ништо, ќе продолжам со обиди.. Фала ви
Ќе пројаде нема дете што не пројало не блендирано, важно да ти јаде. Па и не е ни толку голем тој убавиот , абе го гледам стално во скриено ептен е златен . Ако е малку помал може за зетко да ти го барам?
Малава со макарони од оние најситните од кам се научи да џвака. И ги ставав сама да ги јаде, се мачеше, ама ги обожаваше и уште многу јаде од нив. Некогаш кога не можеше убаво со прсте сама да ги фати, се наведнуваше и директно со уста од чинија, како кученце