Незнам и јас Секое одење слушам не логични дијагнози и глупости,ама немам иЗбор Крвна слика никогаш нема направено се од видување добиваме лекови
Здраво другарки Досадно е, па да си попкрикажам. Ден број 9ти на одмор... И јас како Џој не сакам предолг одмор, 10 дена ми се сосема доволни, зашто близнак у хороскоп не трпи монотонија, све му здосадува брзо Тешко мене уште 20 дена Буквално ми иде да си легнам и да ги преспијам. Свекор ми напорен, моите напорни, муж ми напорен... Само од свекрвица и од детево неам жалби. Она душичка многу е радосна, две недели пред доаѓање раскажуваше на сите како ќе оди на плажа и дека ќе се бања. И сега да ја прашаат да си оди дома, неќе да чуе! Од вода исто не излегува а се тресе ко лист. Муж ми го испраќам утре вечер, останувам на милост и немилост со малата и стариве. За 5 дена и моите си одат па може и ќе успеам да одморам како лани, неговите ќе осеќаат одговорност да ми помогнат и угодат. Видеќемо Квалитетно ме мавна сунчаница денес, глава ме боли, грозница ме стресе. Интернет добивме вчера, па не се осеќам веќе отцепена, мош повеќе ќе ве дружам Хубава ви вечер
Добра вечер Напорен ден, ама мислам најмногу од топлово, збеснав денес и се осетив дека веќе ми е потребен одмор, ама тек до август крај ќе пукнам. Малата денес од градинка си отиде со другарки, мајкава на едно од девојчињата што си играт ми се јави дали можела да ја земе порано кај нив дека оваа жално застанала на врата и чекала и нејзе да ја носи, па цела среќна кога поминав да ја земам, едвај си дојдовме со плачки, дружбата беше побитна. Добра ноќ мамички, одам и јас да одморам малку
Мајки дајте предлог нешто за енергија вутамини... нешто лапни голтни. Преморена сум. Уште дојам. 2 работи. Мм 3. Утепани сме. Може и жешково да е. Ај утре ќе врнело...
Ај да се пријавам набрзина пред да потонам во сон додека бебе не ожедни или посака да ср почеша со цице Градите веќе ме болат од толку цицање исто каконво првите денови што болеа. Ама заби вади, жал ми е Најубав период ми е наутро и попладне додека сме си сами дома, си јади, игра, ја бањам 2 пати, а бе уживаме...Но, штом доаѓа ноќ, ептен се унервозува дете, а и јас со крај на сили, па знаете понатаму Со маж ситуацијата малку подобрена, но уште ми иде блиц лутина. Ептен сум злопамтило И тој го знае тоа. @Cka Освен многу вода и овошје, друго нема за жал. И кафе ако пиеш, турско горко. Јас ги мавам 3 на ден. А не одам уште на работа. Кога ќе почнам ќе биде весело Читам 2 работи работиш. Ако не се лажам и ти си правник како мене Дај идеја и јас да си фатам уште една работа, со оваа плата нема нова кола, а сакам, лично моја Поздрав жени, отидов јас да сонувам море, кафе, цигара, а не е лошо и еден црн, висок маж, да си погледам де Ништо од ова на јаве нема Само маж имам, ама ...ама....
@iloveyou29 не го форсирајте за во вода ако се плаши, нека си игра на песок под сенка евентуално мало базенче па да се брчка. Верувај помачно е ако не сака да излезе од вода, оди па разбери се не за друго ама мораш од сонце да ги трнеш во вода најлесно се гори. ние бевме викендов во охрид среќа топла водава не можев да ги извадам. Ај малава се заигрува и на плажа, мало базенче со вода па си наоѓа занимација на пауза ама со големион нема разбирачка. Ако го извадиш од вода одма се буни досадно му било па сме го терале по 4 саати пауза да прави а само 10м се бањал, не знам како го израчуна ова по некоја негова математика. Ај му викам оди пак бањај се ама мене ми студи не ми се влага одма, ок вика сам ќе се бањам и за 5м ете ти го , ајде мамо влагај со мене, уште колку ќе правиш пауза, а до каде да го испиеш кафето, гледај колку многу имаш..... уф некогаш нислам дека многу досадно дете имам бре колку и да го сакам. Значи не научи дете само да игра и не научи . Нејсе супер поминавме се изнабањавме и што е најбитно не ги осетив земјотресите па успеав и да се наспијам ноќе И ние на одмор долго време на едно место не додржуваме затоа и си делиме 1недела грчка 1 охрид и се по тамам, башка грчка скоро секоја година различно место гледаме да одиме. Таму веќе кога ќе се стационираме не шетаме многу бидејќи не сакаат децава мачно им е, поминаа тие времиња
кај е топло па уште пеглав .Малата рано заспа па незнаев што со себе спие по маичка и гакички,прозор отворив ама од надвор фрчат коли и мотори .Раат се нема од нив преку лето. да легнам или филм да пуштам?
И јас да шкртнам нешто после долго време Роденденот на синко е за скоро, кога ли само измина година, малото маже порасна скоро се е спремно и порачано , го чекаме уште тато да ни дојде и се да е комплетно ах пеперутки имам во стомакот кога ќе ми текне дека ќе се видиме после толку месеци Добра ноќ мајки
@Cka јас зедов од зегин некои мултивитамини слични на пренаталните, плус магнезиум директ, 5 дена пиев и толку, ги заборавив. Пробај нешто такво, ќе ти предложат по аптеките, јас кажав дека дојам скоро 2 години и се чувствувам слабо, преморено, без енергија. И тоа дома што сум, како издржуваш со работата, браво. Мојот е хиперактивен, со моторче во газето од будење до заспивање.
Ти ја разбирам возбудата на нас ни е точно за една недела на 31 ви прв роденден мажето порасна.Инаку денес успешна фотосесија ја израдува мама ептен многу беше умен.
@Cka Освен многу вода и овошје, друго нема за жал. И кафе ако пиеш, турско горко. Јас ги мавам 3 на ден. А не одам уште на работа. Кога ќе почнам ќе биде весело Читам 2 работи работиш. Ако не се лажам и ти си правник како мене Дај идеја и јас да си фатам уште една работа, со оваа плата нема нова кола, а сакам, лично моја Поздрав жени, отидов јас да сонувам море, кафе, цигара, а не е лошо и еден црн, висок маж, да си погледам де Ништо од ова на јаве нема Само маж имам, ама ...ама....[/QUOTE] Аууу многу колешки сме се собрале овде,мислам и @augustd дека е. И јас сум во последно време многу преморена,посебно имам тежок ПМС во последниве месеци,не се трпам дури сама веќе,што од напнатост,што од подуеност и се мислам и јас нешто да земам,сега сум на магнезиум и витамин ц,ама сакам плус нешто,слушам ги фалат капсулите од моринга и едно време за енергија една комшика пиеше жен-шен. Добро утро и убав ден,јас влегувам во бубањот
Добро утро Брее уште од сабајле домаќинки за мажи се размуабетиле....и то ново мевце Срам те било @azelea Кај мене продолжува сценариото со убивање инсекти Денес дневната е на ред Синоќе до 11 како така ја завршив спалната Како за награда најдов едно мало пајаче Среќа па немам многу мебел и оди лесно,најбитно ми е да ги усисам ѕидовите кошовите и да пребришам Кујната и купатилото ке ми се нај крвави ама ке викам помош за тоа Мм ја однесе кере вградинка и ме покани да шетнеме Еден ден е слободен а јас одма нешто друго наоѓам баш сум злобна Појадувана и уште некоја голтка имам од кафето До 12 ке работам па после се посветувам на маже и кере Убав ден мами
Дождливо, меланхолично утро а јас расположена, не својствено за мене. Ќе видеме колку ќе трае. Кафето испиено со сопругот. Ќерката во градинка, малечкото дома. Уште малку и тоа во градинка. Ќе ми биде мака но мора. Не знам како ќе биде, до поголемата немав проблем, брзо се навикна, се вклопи и со мерак оди. Утрово и многу и се брзаше ќе се вратела едната воспитувачка од одмор. Со оглед на тоа што сме странци добро е прифатена, немам замерка за воспитувачите. Добро почетокот беше малку тежок, проблемот беше јазикот, не ги разбираше но брзо научи. Викендот напорен беше, посебно саботата. Од дванаесет часот почнавме за излегување да се спремаме, излеговме дури во осумнаесет часот. Мм ај ова да завршил, тоа за пет минути де, ајде па едното дете заспа, па другото, па уште нешто излезе, па ме фати една нервоза и мене и децата. Конечно излеговме беше топло, спарно. На децата нешто не и беше денот, цело време и по и додека шетавме. Тоа сакам, тоа не сакам мм врие, се потскаравме малку. Така едно време сите се уморивме, седнавме на една клупа, така рамнодушни, замислени, децата и тие се смирија и минува друг брачен пар со дете но тоа нешто плачеше а таткото вика гледај спокојни луѓе, спокојни деца, мислејќи на нас (од страна кога гледаш ќе мислеш се е идеално) си збореа тие а сигурно мислеа дека не ги разбираме ама мм се придаде велејќи ахх до деца никогаш не се на чисто, се посмеавме малку и секој на своја страна. Поздрав и убав ден!
Мајки добро утро или добар ден, на кој штому е, мене ми е веќе добар ден, на работа сум, уште не сум почнала да работам ама имам време брза сум хахахха Туку @AngelOfArh мислам збореше за тоа дека најубаво им е дома кога се сами, исто и мене така ми е најубаво ама најубавото и не ми се случува така често со оглед на тоа што стариве се постојано дома, не им текнува сабота или недела да се јават кај некои пријатели и да отидат некаде на неколку саати да се видиме сами и со дете и со мм, ама нееееееее тешко тоа. Боже мој да речат дека одат некаде на неколку дена пресреќна ќе сум ама ни сам ти ја те среќе. Нешто со мм бевме малку како на игнор само ако мора да се прозбори ама од сабајле гледам како да се менува ситуацијата и тоа ништо не сме се скарале баш карање туку излезени нешто и ме изнервира со тие што седевме и мажите зборат како мајките нивни вакви такви демек секогаш се у право и ме изнервирав и му реков аман вие мажите сите на 40 ицицка да ви дадат фали од мајка не одлепени, и ваљда затоа е лут ама баш ме заболе си ја имам цуца и може да се лути колку сака. Цуца ми е кукла се смее, си брмчи нешто по нејзино си кажува ма луѓе сега сваќам дека после 8-9м јас се навикнав иако пред тоа викав да да се навикнав лесно, брзо ја прифатив улогата мајка, да јас се тоа правев што имав обврска мислам не го сваќав како обврска туку нели прво дете, пресоблекување станување навечер, цица не цица, формула сака не сака, болни гради, мастит, какало не какало, повратило се насмеало ма сега веќе баш сега е тоа тоа, сега е 10ипол месеци и последниве два дваи пол месеци гледам уживам максимално и посмирена како да сум ама ваљда влијание има и работата, единствено кога сум на раб ми фали цуца и едвај чекам да одам и да ја видам. Женски бркајте ме се расприкажав а имам работа а треба и до банка да одам па и плус и за доручек треба да мислам, туку само уште ова заради тоа што мн јадам благо се обидувам да намалам и на шеќерот во кафето и демек од сабајле помалку шеќер луѓе горчила ама морам, не е здрав шеќереот. Ајде пусаааааааа!
закажав утре контрола кај гинеколог.Да е до мене ич не би одела ама мм стварно напнува некогаш да правам редовни контроли и во право е де одите ли редовно на контроли?
Абе дојде ли тетката кај тебе? Мене дури после 9 дена доцнење,изнакупив 3 теста па и на контрола бев. Кога ќе видам дека нешто излегува од колосек трчам на гинеколог,а вака немам некоја навика,како што е правило на 6 месеци. А си треба редовни контроли навистина,женското здравје е многу важно.
Најмалово година и пол направи и уште не сум била на контрола. А од кога се спремам...порано одев на 6 месеци на пап и ехо и брисеви, сега никако да најдам време. На ехо на гради бев прошлиот месец. Инаку, здраво мајки. Не сум пишала одамна. Го пуштив и најмалото во градинка пред две недели. Ех, кога си бев дома со трите ни работа ни сабота најубаво беше...а тогаш кукав за на работа