Добро утро Мома оставив во релаксатор и гледа цртани дури испијам кафе Реков да шкртнам еден нормален пост дури не ме снашло ново чудо Срамота,глупост до глупост кај мене,нон стоп Сончево е ама дува и есенско ветерче Ме потсети на есен кај нас Носталгија за домче Од утринава се расправам со дете,се качува на комода и сака да го турка телевизорот Ко некој мајмун е,само некаде се качува Цел ден одам по неа,ми е страв да не падне Непотребни работи учи толку брзо Оди кај фиока и зема чоколадни бананчиња А тек ако нема од нив,куќата во вис ја крева Денес морам да ги префрлам слатките работи на повисоко,ваљда ке заборави за некој ден Сака да шкрта по собите,масата и троседот настрадаа пред некој ден (Да не знае некоја мама со што можам да исчистам шкртано со пенкало?) Со куќа и чистење не се запињам толку многу Некако периодов немам воља за тоа Толку мајки пуштив дете од кафез па ке се чуваме Убав викенд
Ckrtanici od penkalo se brisat so dezodorans i lak za kosa dava predn nekoj den na kanal 5 vo prakticna zena edna emisija,
Ako e eko koza probaj so sungerce i sjaj,definitivno denovive si br. !. Me iznasmea epten. A od dr strana mozam da zamislam kako ti bilo. Pozdrav zence.
Еко кожа е,пробав ама не излегува скроз и ко рашмрљано е Да пробам со лак за коса тоа имам дома А ацетон? Да не оштетам нешто со него
И ние уште малку ќе славиме,спремам и јас.За торта побарај на гугл, ќе најдеш милион идеи за такви торти со пеперутки розеви. Ние ќе имаме торта со Пиличи,порасна со нив.Ќе правам и мафини за децата,ќе ги украсувам,и ќе стојат во сталак за торти на маса кога сакаат да си земат.Исто така ќе имам и суви колачиња во облик на животни,и тие ќе ги украсувам.Ќе купам и многу Skitties пакетчиња и ќе ги наредам по бои во стаклено мало тањирче со капак одозгора. Укради си некоја идеја ако ти се допадна
@Saraa тие на сликата се М&М бомбони,чоколадни внатре со и без кикирики. А има и овошни како мастика се Skitties,јас ќе земам такви,инаку ги има по сите маркети и продавници.
Ги знам и тие, да, сега прочитав и погоре пишува дека се тие, но има едни рефус што се продаваат, амене ми требаат понежни бои ама ок ке пребарам може ќе најдам а може и не па ќе ги искористам и овие Добро е напредувам горе долу почнувамда имам слика како од прилика би изгледало. Само уште ресторан да одбереме па да имам ориентација со просторот што и како е таман ќе е се. Ве утепав жени извинете ама кој со што мака е.
Дoбaр ден мaми, синкo зaспa мaмa дa oдмoри мaлку Мaжетo пoрaснa уште некoј ден и прв рoденден Се е спремнo и се е изрaбoткa нa мaмa и дедo сo мнoгу љубoooв Букви, брoјки, укрaси oд стирoпoр, рaзни декoрaции зa слaткaтa мaсa, мaфинки, бисквит кoлaчи, мaшни, бaлoнчињa, едвaј чекaм дa дoјде денoт и дa укрaсaм вo рестoрaнoт
добар ден,дајте едно попладневно ладно нес Пазаревме,средив спална,купатило и детската и сега ја заспивам малата.Во детската буквално веќе нема простор каде да се диши од играчки ама самата сум крива кога незнам кога е доста со купување. некогаш мислев три соби ке ни се сосем доволно,сега си викам бар уште една да имавме каде да ставам непотребни ствари(магацин)
Здраво мамички Одамна ве немам поздравено, чат-пат ве читкарам и ме фаќа носталгија за деновите кога си бев stay at home mum Стани си, гушкање на раат со трите, јадење, играње, пеење, прошетај, заспиј ги, ручек, низ дома, врт-заврт поминал денот, исцрпена легни си навечерсо нив ама со полно срце и цел ден активно посветена на нив. Од ко почнав со работа...често ме фаќа тага па и да си подзаплачам знам Тројцата одат во градинка, наутро брзај средувај ги нив, средувај се себе, трчај да фатиш превоз, па разнесување по градинки, да стасам во 08 на работа...и после од 16 земај ги, превоз, пазарење..17 ме наоѓа дур се прибериме, преморена сум, што побрзо да се направи, па децата едно му се спие, друго му се шета, трето му се јаде и се почесто се затекнувам во ситуација како ги земам, ги гушкам со плачење, им се извинувам што сме одделени по цели денови и кој знае кој ги чува и којзнае што прават по цел ден... но факт е дека тоа е животниот тек и така мора да биде.. Често ви го пишувам ова и факт е дека е така - брзо растат, користете, гушкајте ги, градете убави спомени, давајте им само љубов и внимание и ценете ги сите моменти кои ги имате со нив. Небитно што сте затворени дома со нив, без работа, без социјален живот, што истуриле на масата или шкртнале на ѕидот... че ги барате тие денови, верувајте... Уживајте во најголемиот благослов мајки
Здраво мајки. Ај да пишам нешто ако успеам. Ве читам минимум 20 пати дневно, ама за пишување потешко Вечерва излеговме се доуморив. Не сум за излегување веќе Едно нешто да пореметам од редот на беба, оди после снајди сеПлачи, нервозна е, заби ваѓа, плус жешко е. Замислете колку ми е весело Сте имале ли проблем со околината како тазе мајки во смисла да се лутат дека не излегувате и не им одите на гости? Или јас станав асоцијална, ама навистина никаде не ми се оди. Само шеткање со мм, друго јок.Џабе ќе одам некаде кога таа речиси повеќе време е во раце, а и уште со думкање заспива. Ми преседнува одењето и затоа најмногу сакам дома да седам. Уште малку ај... @joy1 Јас имам таква соба засега и таа е нешто што не ми дозволува куќата да си ја наречам "средена" Црна дамка на домаќинлакот ми е Туку, ај поучете ме, мм запнал на неколку дена да оди со неговите, ќе ги носи Грција, па да поседел малку, да го пуштам ли Не е за недоверба, ама ќе ми фали помош. Од друга страна си викам одмор ќе биде и за мене, ни готвење ни чистење, само беба обврска @Mari* Уште кога ќе ти видам пост се смеам, без да читам Инаку флеки од пенкало на блуза излагаат со алкохол медицински. За мебел не знам дали бива заради таа еко кожата. Кога сме кај тоа, беба ми ја поврати кашата со вишни на бел тепих пред некој ден. Уште не ја исчистив флеката. Од мрза е
Истото и мене ми се случува повеќето од другарките ми се налутија зошто не ме сфаќаат дека неможам да им одам на гости ниту да шетам со малиот.Ми се одмилува одењето и кај моите а не па на друго место.Од бебе несака промени сака дома ужива.Ако не јаде во точно време или ги утне двете спиења после душата ми излегува со него.Несакам ни гости дома дека неможам да им посветам внимание.И веќе се откажав од објаснување на луѓето ако сакаат да ме сфатат ок ако не нека им стои.Како јас да несакам да имам живот надвор од куќава.Се надевам дека кога ќе почне да оди ќе сака да шета а ако не тоа е што е такво ми се погоди детето.Инаку претешко е никаква социјализација никаков контакт најчесто држам во себе ама некогаш пукам емотивно.
@simona_baby @BirMelek и моето бебенце така правеше,плачеше кога одевме на гости,од непознати,во парк,од гужва,од галама од се,и сакаше само дома и дда спие и се,на др место нема шанси и никаде не ми се одеше.но тоа беше на 3,4,5 месеци,сега е 8 и нема проблем секаде заспива,не плаче и само се смешка.фаза е ке помине. Еве ги заспаа и двајцата,пекол жешко се будат нон стоп,едвај гледам си легнувам,добра ви ноќ.
Хахаха изгледа мојов има долги фази имаме точно годинка ама потешко ни оди тоа шетање.Ма да е доста променет од почетокот кога урлаше од се и сешто.
Мајки,јас се преродив кога ве прочитав сега.Буквално истите проблеми 11 месеци,не ми се оди никаде,не ми се чека гости,се лутат сите,се испокаравме со сите,никој не разбира.Гужва не сака,галама не сака,плаче,кенка цело време,затоа и не мрдав никаде.И се лутат бе на тоа,забеган народ И уште трае тоа,малку по океј е,ама ништо драстично сменето.Додека јас да спремам торба,да го стокмам него и себе,тој или ќе огладне или ќе заспие,и си остануваш дома...... Се објаснував на почетокот,веќе не кој разбрал разбрал,кој не нека се лути.А многу е тешко по цел ден во четири ѕида,страшно. Шетање само навечер со мм и толку не издржува,го м'кнеме назад 2 километри во раце