А што ако е детето само со татко, мислам ако нема мајка почината е или било што. Глупави се правилата мора да има опција и за вакви случаи
Ej znaci ne mozam da razberam, vo sekoja tema mora da ima karanici i nadmudruvanje? Naporen stana forumov namesto mesto za relaksiranje.
@wannaBeMomma не сакам да се разбере погрешно, јас апсолутно не сум за кавга, но кога ќе видам упатени навреди, сега моментално избришано од модератор, и тоа навреди без основа, се иритирам. Цитирам "факт е дека постојат прости жени"... Каков е тој факт..За доење сме недоволно едуцирани, сега за ова со болницата па и прости... Мислам, извинете, ама мене ми е иритирачки и не можам да се воздржам на неосновани навреди.
Procitav toa so vreme, jasno mi e i sfakjam. I seriozno ne mi e jasna poentata na sekoja mozna tema edni te isti da se pravat najpametni i sekogas vo pravo. Treba da se debatira, a ne da se dokazuvame celo vreme. Naporno e!
Јас зимоска го оставив час син ми, го чуваше снаа ми, морав да се средам дома, во болница услови нема. И не го оправдувам присуството на татко во болница, доколку мајката е тука. Се знае каде си и зошто си отиден, посебно со бебе, доиш, вадиш гради, па те исфлекало, па си се натопенила... А реално, воопшто на маживе не им смета да си гледаат туѓа жена. И покрај сите напорни часови,минути,воопшто не ми е тешко или мачно.Видов задоволно и насмеано лице на моето животче мало,беше пресреќно денес. Мајки,како брзо поминува времето,не сеќаваме.Здрави и живи само да се сите дечиња. Еве дел од она што мама сама успеа да спреми
Добро утро! Среќен Роденден @LaDyDoLl голем да расте! Ептен ви било убаво Има богами за дискутирање деновиве, а тоа е форум, зарем не. Досадно е цело време едно-исто да си прераскажуваме каков ни бил денот, затоа јас не пишувам толку често. Јас се скрав со интернетот, цело време е фати-пушти и едвај читнувам нешто, за секое листање страна чекам да се реконектира. Денес на одмор ми е ден 21ви, веќе сонувам за мојот кревет Неиздржливо топло е, температурата е некаде до 35 ама влагата убива, да не е морето да не олади директно за лудница сум. Детево исто нервозно ради топлото, ептен е захтевна, а да не раскажувам колку е распрдена. Моите си заминаа на 31 и имам помош помалку посебно зашто родителиве на маж ми плус имаат и гости-роднини. Значи до 31ви сите желби и беа исполнувани, и сега кога овие сфатија дека ми направија контра ефект, незнаат како да се справат со детето а јас кинам живци. Кога ја карам ќутат, а кога треба они да ја скараат све е со блажен тон Едвај чекам дома да одам со татко и' да ја доведеме во ред! Мака ми е веќе и да преперувам на рака алишта и пешкири. Мака ми е секој ден да ми биде ист како претходниот. Свекор и свекица веќе ги фатило пензионерското понашање, не мрдаат од една иста плажа, не отстапуваат од домашна храна (бар да седневме од време на време во ресторан), навечер се тешки за шетање, а свекор ми тежок на трошење пари! Татко ми додека беше си правевме ќеифови, не ме ни оставаше јас да го плаќам мојот дел, а сега ни едно чоколатце не добила од другиов дедо. Се испожалив...Но толку беше, со баби и дедовци јас на одмор више НЕ (а кој ме читал знае дека истата приказна беше и лани ). Единатвена позитивна работа е што детево е цел ден во двор, трча боса, имаме мачка и мачиња и цело време ги малтретира На цртани скоро и не и' текнува. Поздрав мамици
Добар ден женски! Викендов ќе го поминеме дома. Имав една бемка на лице, бев да ми ја горат и сега додека не падне ќе си седам дома. Две работи завршив, од три кои ми беа зацртани дека ќе ги направам за себе кога ќе останам на породилно. За третата не знам дали ќе имам финансии, ама ќе се потрудам барем до крајот на годината да си ја исполнам. Многу давачки ни се имаа натрупано, кредити, кредитни картички... на 10 места за уплаќање. Затоа решивме со мм да извадиме еден поголем кредит, да покриеме се и на повеќе години за да намалиме месечна рата па да остануваат повеќе средства за живот. Дали е паметен потег ќе видиме допрва. Во однос на муабетот за придружба на деца во болница, сметам дека треба да е дозволено и таткото да може да остане доколку мајката на детето не е во можност. Не е воопшто хумано да се остави мало дете само на такво место, може да добие трауми и фобии за цел живот. Едноставно нека се одвои по една соба на оделение за тоа, секако не се случува тоа толку често. Поздрав и се читкаме!
досаден и мн топол ден.Некако со душа есента ја чекам,веројатно поради заладувањето. ке нарачам торта денес,ресторантот ни е закажан..па здравје во недела ке прославиме 3 години со најблсиките само ич не ми е расположените на ниво оваа недела.Пак се наогам на една прекретница ,раскрсница со мислите кога се прашувам дали лево или десно треба да фатам. Само знам дека морам да променам нешто.
Бебе заспа заборави да стане, а јас не знам што со себе Крај не ми се наоѓа нели? Мрза левел 100 ништо не ми се фаќа низ дома, само перам тоа што треба и садови мијам. И за бебе готвам, тоа е се. И пак време се нема Мм ме нервира се мотка, кога ќе станела беба да излеземе? Како небаре јас знам кога ќе стане, точно време ли чека не знам Во врска со штедење и јас сум на тој пат. Штедам од својата плата демек. До крај година се надевам ќе соберам за учество и ќе си купам своја кола. Друго на кредит. Фантазија или ќе го бидне не знам. Имајќи во предвид дека едно одење во аптека трошам минимум 1000 ка за беба, ќе биде тешко. @joy1 И кај мене моменти да се биде или не. Траат веќе 2 месеци. Се мразам што на моменти храброст ми фали.
Добар ви ден мами ! “ Кофибрејк„ дури беба спие, овојпат со ладно нес. Турско не ми оди многу на топлово.И јас се навлеков на темава некако. И кај нас секој ден е скоро ист, освен што бебуш не изненадува секој ден со нови звуци и покрети и така си се радуваме во круг. Два пати го однесовме на плажа, уживаше но после 19 дотогаш нервозно е, не трпи топло. Се смеев прееска најголо е дома, ние со маица и бермуди тоа со боди. Два три дена само плачеше, само мене ме бара, нон стоп во раце не јадеше и оп ете ти го првото запче. Значи тие моменти за мајката колку деца и да има мислам дека се најубавите, заби, зборови, проодување. И најнапорни секако. Требаше и на вакцина да одиме но ми е шубе некако на жешково уште таа ни остана до година после сме раат. Нека подзалади малку па ќе го носам Денес претопло е, сега одмор, па машини и ручек, да здиплам некое аливце одраснато и да спремам кеси. Не ми се верува колку брзо лета времево. ПОпладне се мислам дали до плажа да тркнеме или до едно планинско место тука во близина. И Охрид ни е на скоро полачас па ќе видиме, бар големиов ќе се радува. Секако до кај 17 глава не се вади надвор.
Добар ден мајки. Деца заспаа, мм испадна со колегите да се договорат за поделба на обврските за престојната работна недела а јас истегнав нозе. Мрзлива недела. Помина ручекот и ми дојде една дремка, ама тишинава е преубава за да ја преспијам. Големава како помала воопшто не спиеше. Се чудев, море и љубоморев, кога ќе прочитав децата спиеле по два пати на ден по 1-2 часа, па после како намалиле по еднаш. До 1.5 година ако дремнеше ова дете пола саат беше чудо и рекорд. Со моторче во газето е родено. Последнава пола година почна по саат на ден да дремнува ( некогаш, не секогаш) и кое олеснување било. А и малово си дремнува по два пати на ден по саат. Денес ни е годишнина. Пред точно една година кажавме ДА во матично. Со големата мома на задно седиште и малото во мешето. Има ли поубаво невестиче на својата свадба од ќеркичката. Годишнината ја дочекавме со прегратки и бакнежи од нашите кукли и нежни допири за мешето и третата среќа која расте. Да ни се множат само. Убав ден на сите
2 саати барав патиче низ станот, не знам како сме го ставиле у корпата за перење. А пред недела дена ги купивме, старите ги израсна, и одма викам го изгубивме. Среде ноќ станува малава, ме фаќа за нос и вика, коооолку? (Има една игра става венче на глава и и викам колку си убава, она вика колку и јас и викам многу.) И јас цела успана викам што? Коооолку? Викам многу. И си легна и заспа. По 2 минути станува и пак коооолку. Одвај се рпезаспавме. Мислам дека и е жешко плус натечени тројките горе... Нема да има спиење изгледа неделава.
@LaDyDoLl срекен роденден на синчето, живо, здраво, весело. @danichap срекна годишнина, вечно да се сакате. Ај добар ден. Станав сабајле во 7:30 и си викам ако не излеземе од сабајле дур не фатил пекол до вечер ке се исколеме дома затворени. И земав сите тројца ги разбудив мали, големи викам ајде,се чудеа што ги снајде . Отидовме во локлно местенце со игротека надвор. Големиот се изнатрча, мали спиеше, ние на тенане кафе испивме. Се вративме, ручавме, сега сите спијат убав ден.
@joy1 што направи со работата? Се сеќавам се спремаше да напушташ? @danichap среќна годишнина, да си дочекате уште 100! И јас сакам своја кола Решивме ќе штедиме со маж ми за идната година да си купиме едно половно количе ко за мене. Држ'те среќа, штедење не ми е јака страна
Мајки дајте предлог за стварно добар и квалитетен топломер ги имам дома 4 и сите ралично кажуваат тој што го имам на microlife некако како да не ми е точен на чело ја мери ТТ. ваков имам јас за чело.
Повелете мами кој што му душа сака јас частам. Денес е мој ден,денес ми е роденден Денов поминат во жешка домашна атмосфера,приквечерта излеговме со синко и мм.Прошетка,пијачка,пица...колку да обележиме. Вчера на свадба бевме синко главен беше се изнаигра оро затоа денес е додека траеше вечерата појдоа со баба му божем да прошетаат се пикнал кај музичарите им ги раштимал инструментите на лугето додека си вечераа Засега толку од мене одам да фатам хоризонтала @LaDyDoLl среќен роденденот на синко,голем да расте и ти помалку грижи да имаш. @danichap мајка херој среќна годишнина да ви се множат секоја година посреќни,повљубени и побројни @TutiFuti јас му мерам со обичен живин топломер некако најверодостоен ми е.
Мајки едвај чекам да ви се придружам на темава,а денес влетав да прашам кое бројче на алишта носи бебе од 6-7 месеци??