fala ti, bevme pred nekolku god. tamu i sega ideme so drug par pa padna odluka vo Polihrono. Ama ako nesto ne se snajdeme i smenime, ke te baram. Fala ti na ponuda. Tuku da ve prasam, vie sto ste/bevte trudni so vtoro, gi krevavte malite vo bremenost? Srekja mijava e slaba, ama sega najveke bara da ja zemam I site mi vikat da ne ja krevam, a zal mi e (iako se trudam pomalku da ja krevam)
@tincemajmunce @augustd Нека ви се среќни родендените @danichap вечно и среќни заедно Добар ден Помина и досадната недела Понеделнички од сабајле го слушам комшијата кај што сечи дрва со пила ми иде да го гаѓам со нешто Си ставил тој слушалки а ние ке се чудиме Дете од сабајле си има друштво Внучето од комшиката имаше дојдено и до сега си играа Многу сака дечиња Уште зела лажиче го храни и шлапка со устето душичка таа Баш ми е мака што нема дечиња за играње стално Сега конечно заспа,се надевам дека ке поспие подолго да одморам и јас Веќе неколку дена имам страшни главоболки, вртоглавици и гадење Не сум за ништо Да дремнам малку не би било лошо
Знам дека дискутиравте претходно,еве денес ми докде и мене ред. Многу често се затекнувам себеси меѓу два јазли, прашалници милион,прашања без одговор, дали е добро облечен,дали е испотен,наручкан,дали оброкот бил свеж,да не пробал нешто со поминат рок, зошто пие поладна вода,денес изел два сладоледи,Боже ќе настине,ако се накашла веднаш со грутка сум во гради, многу прашања и на крај пак сама си кажувам дека сум перфекционист,премногу грижлива мајка, но тоа сум јас и нема да бидам поинаква. И на крај, пак ќе се најде некој да ти мрчи,да те гледа косо и да кажува дека имаш само маани и недостатоци. Нејсе,ќе издржам јас,голтам голтам и секогаш ќе премолчувам. Дома си е дома,дете раат уште да се избањаме и правац кревет. Ме расположи денес свежиот лик на мајка ми, подобра е многу. Туку,кажете ми,се смета ли за лекарска грешка,погрешна терапија од страна на аптекар,кој наместо таблети пд 5мг и дава од 30мг,за жената да падне во кома и стигне до оваа состојба до која е сега? Брат ми е страшно лут и гневен,утре ќе раазреши, мене пак важно ми е само таа да е добро, не ми треба ни судови ни ништо,но од друга страна пак,истата грешк може да се повтори на друг пациент, не дај Боже дете, и да заврши фатално.
Среќни родендени ,среќни годишнини. живи и здрави да сте и цел живот да имате поводи за славење. Ние сме добри. Стандард шема си тераме. Исто време спиеме, исто време јадеме,само моево бебе не мења изгледа. Едино што смени од почеток до сега е што од 18 саати почна да спие 15. Ништо друго ! Смешко, мал палав, пргав, роденден му се ближи. Септемвриско бебе е тој. На тема-Мрчење од страна не можам да се пожалам нема кој да ми мрчи а кога има не се обидува бидејки сум терсене. Не трпам никој и ништо приватно. Сите ги сакам многу ама рчкање каде што не треба не смее да има. И раат сум во тој поглед.. @LaDyDoLl ако пишувало на рецептот од 5мг, а дал од 30 може да се буните но не верувам дека некој ке направи нешто. Одма ке се оправдаат-па вие што не читате? Некако ми е ќор сокак тоа. Нека е жената во ред најбитно е тоа..другото како ке си одлучиш.
Мари кога те читам си велам треба да ги споиме двете.. или мојава ќе ја подсмири твојата палавка (што не ми се верува) или двете ќе лумпуваат заедно (поверојатно).. Жени.. среќни родендени, ваши, и на вашите најмили! Да сте насмеани и весели, со мирна душа, одлично здравје и срце полно љубов! Среќни нови бремености, со лесно да си уживате во растечки мешиња... Дани, честита годишнина.. да сте вечно заљубени! Ме потсети на мојата желба - прво дете после свадба... мислам не се случи така, ама многу сакав така.. кога бев мала секогаш ги гледав сликите од свадбата на моите, и цело време ги прашував кај сум јас на сликите.. ме лажеа дека сум едно невестуле.. и многу се радував. Се додека не пораснав и не следеше големо разочарување... Како сте женчи? Како со топлото? Тука е таман, задоволна сум од времето. Нешто читав среда / четврток околу 16 степени. Се радувам. Не за друго, кога е топло е неподносливо, има преголема влажност во воздухот, и не се дише од усвитена влага. На работа тоа па тоа. Со курс завршив за летово уште во јули.. здравје од средина на септември - после одморите продолжуваме со последниот модул... не дека научив многу да зборувам, ама не и дека имам многу прилики да зборувам. Разбирам. Се ангажирав да читам литература, ама уште време да најдам.. Неделава сум така нервозна, некако се ми е собрано, особено моментот што имам карти за во сабота кои најверојатно ќе пропаднат... а мислам дека можам да завршам со обврските до петок па да одам на одмор.. ама се ми стои дека сепак нема да ми го дадат одморот.. па тогаш ќе се доизнервирам. А сега само си правам филмови и вријам по малце. Две недели. Што попрво. Една на одмор до Грција и до Битола.. дете не може да дочека.. само зборува како ќе пливала во вода со Нимо и со Дори.. и во останатата недела.. што останува.. сакам (како напатена душа) да одам на доктори... имаме два пара родители за гледање.. роднини.. пријатели.. свадба.. мислам... колку повеќе си мислам, толку повеќе се нервирам. Подобро да престанам. Еве ќе сменам муабет, ама нема тоа да ми го смени расположението. Две и пол недели јадам само банана за доручек, еден умерен оброк за ручек, и после јатки или така нешто да ме држи. Антицелулитна крема мачкам секој ден. Вежбам речиси секој ден (два имам скокнато). Две кила. Ми доаѓа да ја изедам вагата. Значи никогаш не сум била толку нервозна. Порано за месец по 8 до 10 кг слабеев.. не знам што е. Сериозно сум разочарана. И вака кога ќе се разочарам ми доаѓа да си купам 10 кг чоколадо и да се удавам во него, заедно со мојот неуспех. Нејсе. Се наоѓам се почесто во ситуации кога си мечтаам за дома. Веројатно е нормално. Ако нешто ме теши тоа е ќерка ми и градинката. Барем знам дека нејзе и е преубаво. И мирна сум. Седнала до мене, ме фатила за рака, и гледаме Нимо. Многу зборува, цело време се смееме со неа. Денес после градинка на маж ми му рекла дека сакала сладолед. И рекол ако си ја изеде бананата ќе и купи. Ја изела бананата нормално.. и отишле кај сладоледот. Му рекла - "сега само за мене сладолед. За тато нема". "Зошто?" - ја прашал маж ми. "Епа тато не јадеше банана!" ... Сега ќе ве поздравам, затоа што ме вика "да сме се гушкале". Да не е таа на крај на денот да се милуваме, ќе имав полудено досега...
Аптекарката три дена барала инфо за жената-мајка ми, да и каже да не ги прима тие таблети,зашто по грешка и дала појаки. @LBC јас не ни сакам да исправам ,, криви -дрини,, брат ми е многу револтиран, а и да е како што викаш, од кај па ние да видиме колку пишал доктор во извештај, колку ни дал аптекар во аптека, кога имаш доверба и во едниот и во другиот до сега, за од сега натаму веќе ќе знаеме.
Денес два пати пишам, се гледа дека ми е досадно. Досадно ми е кога беба е мирна и спие, велам јас оди разбери ме Ја гледам како спие и ми се плаче оти прееска се налутив дека не ја јадеше кашата и ја оставив да поплаче во хранилка. Што ќе ме разбере тоа од лутење? Ама навистина полудев, изводи и не јаде, а јас се убивам од готвење. Како и да е, не беше решение да се лутам и да плаче кутрото. Да беше поголемо ајде, ама сега џабе е и да викаш да се лутиш, не разбира тоа. Важно научив како најбрзо да го извадиш од кожа-игнорирај, како таа што не ме разбира и ме игнорира кога се лутам Надвор врни, грми, сека, а јас во кревет со фемина, па на спиење. Убав е животот самачки
@Kaetana женче,незнам колку си нервозна ама твоите постови смируваат И да,кога би се споиле нашите две,јас и ти за раче и психијатрија И вага ке си купиме за таму Еве ја заспана едвај ја слегов од кај телевизорот,уште корпа за овошје имаше ставено на глава,да тресне побрзо на под Колку е само мила додека спие и мирна Добра ноќ мамици
Не се нервирај, жешко е и затоа не им се јаде. Може се и заби. Еден доктор на тв зборуваш дека не е битна количината битно е да е разновидно и квалитетено јадењето. АКо не јаде да не се дава помеќу оброци ништо. Јас колку маки со мојов нејадач... сега и оставам сама да јаде колку изеде толку и мислам подобро е отколку да ја молам. Пмс јак ме мава, умор и се заедно. И жешко и тешко. И маж што јаде пуканки најзвучно на цел свет оти мисли не се слуша и сеа ме изнервира.
Хелоу фром ди адар сајд Веќе два дена како сме во другото дома и дури сега најдов време да пишам. Набрзина ве читав па не можам баш да се вклопам ама не е важно де. Прво да честитам на @augustd роденден, нека е среќен! @danichap да ви се множат годините, ви посакувам среќата вечно да ви трае! Ние сме хаос, поточно јас, бебе бргу се навикна на промените, јас тешко, ми се чини дека ми треба два месеца за да средам се. Денес чистев кујна, реди, прередувај, нема крај. Денес бев во маркет и изнакупував се што фали, најмногу за бебе работи, си доби и ново топче. Се радувам дека се спасив од топлото, овде е рај, баш е пријатно, вчера вечер дури ладно ми дојде едно време. Доста беше ајде лека ноќ.
@Adeline со оглед на возраста добра е крвната слика, референтните се за возрасен. До година е нормално лимфоцитите да се повисоки, а леукоцитите до 15. Хемоглобинот е добар.
Јас на почетокот ич не го кревав. Срце ми се кинеше верувај, беше 17 месеци. Но мене од доктор така ми беше кажано, зошто двете бремености блиску, а првиот беше царски. Најтешко ми беше кога се чувавме сами, мислам како да смениш пелена, или да го седнеш во столче да јаде. Ние почнавме се доле на тепих да правиме и игри и соблекување и ранење. На средина на бременоста малку се опуштив, па го кревав по некогаш. И последните два месеци ич. После вториот царски докторот ми рече дека кога ме отворил се изненадил во колку лоша состојба ми е матката и дека му е чудно како сум истерала две бремености и две операции една по друга без компликации. Моја препорака ти е колку можеш да се припазуваш.
Добро би било да се пазиш Мојава лесна е па ја влечкам нон стоп,од почеток па сега уште повеќе бара да ја земам и нема кој друг па морам Чувај се макар првото тромесечје да помине
Добро утроо мамии стално ве читам до сеа еднаш два пати сум се пуштила да пишам зар срамлива сум бебушка моја се заспа 3м ќе го почниме за некоа ден и секоа ден е нова раб со неа почнува да изводува да беснее прета си викам е седни а в дубак ако не го развозе низ салон е гарант ко шо прета само некош мирна злато некоаш сака в раце да прате све одозгора почнува да спие добро и сама да се дозаспива некош па сеа еден период недела дена имам некоа тактика незнам дали е исправна ја легнувам во трансп си се лула на земја и пред тв ама не блиску многу и си се загледува некое време па и се смешка се радува .. Исправно ли е што а оставам ? Овде прежешко денес нема излевање од дома до приквечер ќе лудуваме низ дома за самачки живот и ја мож се приклучам @BirMelek мж по цела ден на раб исто ко сама све сама функц па и мала несака гужви за мене е ок за неа пр што се навикнува вака па и само со мене Убав ден мами
Добар ден! Најчесто кога пишувам тука мрчам за нешто и денес сум таква. Немам сила, малаксаност чуствувам, пијам магнезиум, повеќе конзумирам овошје и зеленчук, благо исфрлив, ептен ретко. Децата и тие малаксани, малото повеќе, апетит нула. Ќе се разболуваме ли, некој вирус ли е, не знам што да мислам. Да заспие малото ќе спијам и јас. Имам некои работи да завршам ама ништо итно. За ручек рано е, уште ни идеја немам. Сакам да се фарбам костенлива. Заспав пишувајќи, не се наспав и јас.
Провери тироидна, јас таква мака имам, порано слабеев ко од шаѓа, сега јок, 6кг за 3м, проверив тироидна излезе намалена функција, вика докторот затоа сум угоена толку многу. И на строг режим ќе морам. Не можам многу да пишувам, кај мајка сум на гости, многу е топло не се дише. Гледам две деца и едно големо дете, (татко ми), малку е да речам пукам од нервози. Клима дува на 18 и не се осеќа. Се ми е собрано на купче. Поздрав!
Здраво женчиња, кога има слободно ви пишувамкога не, не, нема љутиш, хихихи како на некоја да и фалев што ме нема ама ајде. Жешко бре не се дише, искрено чекам заладување со душа. Цуца срцка беше синоќа на роденденот кај шо бевме се разгледа се испипа шо да ви кажам. Сите деца во количка ние во раце, сите деца гледаат во тортата и свеќичката ние во некои топки, балони лудило. Среќа баба и дедо ми беа замена и така, помина и тоа сеа да се посветам на нејзиниот роденден. Ај чао посао зове.