и ветив на големата за утре дека ке бираме рецепт и заедно ке го зготвиме,дека ке се лакираме и на крај ке гледаме филм уз пуканки. Со неа имав мн убав однос и мн и бев посветена.За жал по рагањето на малото несвесно почнав да ја запоставувам и знам дека мн и фалам како родител на моменти. Веќе влегува во ранлива фаза.Се претвара физички во право девојче,збунета е и без самодоверба.Сакам повторно да и се доближам и да и бидам блиска како што некогаш бевме
Добро утро! Додека го варам кафето да чкртнам некој ред. Да го испиеме, се облекуваме и излегуваме, имаме некои активности. Човек не знае како да се облечи или ќе му биде ладно или топло. Чуствувам дека напорен ден ќе е, само да имам нерви и да си ја држам устата затворена подобро ќе ми биде. Децата и тие поткашлуваат аман веќе од вируси, настинки, температура...
Не се грижи мајче, нема на која мајка не и паднало детето.. ако не и паднало, ке падне активни се и две секунди работа е да дојде до раб од креветот... но мекички еластични коски имаат, поминуваат пад без повреда опасна. Ехее дур порасне колку ке паѓа... Мојава спална висока е.. а има паднато, плачел од што бил уплашен само... после кога пркна и со џумки почна да се прави, ептен тромавко е... и до ден денес кој што прави, он само паѓа и тоа на прав пат
Добро утро мами, денес главава ми пука. Не знам како ќе се издржи денов. Ич не можев да спијам. Сепак, еве мм ме изненадил со појадок, убаво е некогаш некој и тебе да ти стави јадење на маса
Добро утро мамички ! И јас ви се приклучувам во темава ,синко ми е 22 дена до сега супер се снаоѓаме ,па ќе пишувам во секоја слободна прилика и ќе се дружиме . Поздрав до сите и убав ден
Здраво и од мене, мамички. И јас сум нова во оваа тема. Ќерката ми е месец и пол. Ќе си пишуваме тука
децава имаат шатори на сред соба.Одамна им ги имав кренато,па денес им ги извадив.Налет на растурено нека се забавуваат. јас кафе пијам што имате за ручек денес? @Lolipop23 тука ке ти пишам палтото ново ти е преубаво.Од молот ли го зеде или од надвор некаде?
Добредојде на новите мајки во темава. За паѓањево мојава два или три пати падна од кревет, ама од ниско и не беше ништо страшно. Сега паѓа, се сопнува, ама или на газе паѓа или се задржува на рачиња. И станува одма и го кара местото кај што паднала и си продолжува. Многу е интересна, уживам со неа, смешки живи е. Кога сака да си оди дома одма вика чау и мафта, ме фаќа за рака и си тргнува. И давам вода од шише си пие, пие додека и се пие после се лигави и цела утоп се прави. Па да и го земам и бега со него и вришти од радост. На пазар многу сака да оди, зема ќеса и ја става на рамо и тргнува. Ме гледа кога се прскам со антиперспирант, она го зема, ама место под мишки на газе демек се прска, знае кај си мириса најмногу. Уште си е залепена за мене, се гали и бацува со мене најмногу, на слика ќе ме види и ме бацува, мамина маза невидена е. Инаку, многу ме нервираат на лулашки кога пушат тука до децата, ај тука што пушат туку и пикавците ги фрлаат долу при толку канти околу. Па фаќаат пикавци малите после, најодвратна работа. Не знам што е толку тешко да се фрлат во канта, грозно е навистина, па треба малку осет да се има. За базенче и мојата има, ама поголемо е, па доста време одзема да се наполни, а во стоена вода не ја бањам, па почесто се плиска надвор во корито. Цело време е на чешма, цвеќиња вади, мие раце или муце, се лади, жешко е, тоа е. Подобро вака него ли зимоска студ кога ќе фати и тоа маглите кога ќе се спуштат да не може да се мрдне надвор од загаденост. Толку мислам имав да кажам.
ние имаме исто базент на дување ама од поголемите ама оваа лето не е наполнет ни еднаш.Имаме и кола на акумулатор ама и таа не е запалена. некогаш се прашувам зошто толку мн раб купуваме и остануваат неискористени?
Ме потсети Џој, и синко има џип на акумулатор. Најнеискористена работа. Дома го возеше и си играше, вака на надвор не. Сега стои кај татко му. Точакот пак си го искористивме максимално. Многу корисна и убава работа. Базенот е од оние што се пумпаат, ама и тој е кај татко му. Бевме цел месец на море, реално си се избања па може и без него. Јас водата ја менував секогаш кога го полнев. Не го бањав во отстоена вода.
Здраво женчиња Што правите викендов? Ние вчера бевме на водно, топло беше и горе но барем на чист воздух.. Денес сабајлечки чистам, средувам. А настината сум од климиве гости ке имам утре вечер на 1 ноќевање од странство, па да се покажам како добра домакинка нели до душа ручек не правам, мм вика да сме оделе негде на готово Имаме и ние базен на дуванје. Денес мм и го наполни на малава на сред тоалет го ставил уживанција, си се излади. Па се измори и сега заспа Денес ручек ребра во фурна со компири и зеленчук. Супа правев исто така од домашно пиле за малата. Втора машина пере алишта, 3 та чека на ред. Машина за садови исто пере. Прашина избришав, постелнина сменив. Мм ке помине со правосмукалка, паркети и ке го исчисти вецето. Негови обврски се тоа. После ке треба дете да се шета пак.. И едвај чекам да дојде утре, најавија заладување па да може да се дише малку. Се читаме мамички. Јас пијам кафе. Кој пие во моментов, нека му е на здравје
Добар ден и од нас! Маж сеуште болестан, можно ли е мајки затруен од храна еве веќе 5ти ден да го боли стомак,желудникот ај од таблетките го боли. И ние си имаме доста играчки, премногу да речам и секоја од нив е помалку или повеќе искористена. Мотор имаме и багер на акумулатор, се расипаа од возење кај нас и веќе не се поправаат. Куќарката и лизгалицата исто така се едни од омилените во двор. Точак вози не знам од кога, е тротинет купивме ама не е многу приврзан за него. Сега омилена му е кујната со пластелинот. Базенот годинава го извадивме само еднаш, влезе и направи сцена, не сакаше да излегува, вриштеше,па веднаш го сокрив и не го ни има видено. Попладне кафе средба во двор со колешките од факс, ќе си се изнаседиме.
Фала ти Џој, од Зара го зедов вчера, сега едвај чекам да застуди за да го носам. Кога сум веќе тука да чкртнам нешто. И ние имаме најавено гости за вечер и за утре. Утре може да ги прошетаме некаде и да јадеме надвор, но за вечер ќе морам да спремам. Башка што неколку дена ме немаше дома и цела куќа е за чистење. Синоќа едвај си дојдовме од Ск. Си тргнавме околу 22 часот, дома бевме во 01 ипол, а патот инаку е околу 2 часа максимум. Синко не можеше да заспие во кола и зајде од плачење. На сто места застанавме да правиме пауза, па ладничко, а тој испотен, па пресоблекувај на секое застанување, па таман ќе се смири ќе влеземе во кола и пак ќе почне да плаче. Заспа 15тина минути пред да стигнеме. Не знам што му беше, инаку нема проблем да се вози, за брзо си заспива, вака не е бил никогаш. Веќе сме и за седиште, транспортерот ни е мал. Мм не изненадил, купил клима додека не немаше. Сега ќе се живее, макар летото помина веќе, ама барем и ова малку што остана да не се потиме по дома. Па повелете да почастам!
ние лизгалаката ја користевме по дома се дур малата не ми падна од неа.После тоа ја спакував и качив на горниот кат од креветот во детска ке правиме еден рецепт со макарони да видиме како ке излезе. дојдите вечер на филм јас се опремив со грицки
Здраво мамици! Јас од работа ви пишам, пак сум со продолжено работно време оти колешката одлучи сите денови од одморот да ги искористи. Ох,реално немам право да се бунам и знам дека ја следуваат , ама верувајте луѓе немам сили повеќе. Не јадам редовно, не спијам редовно, немам услови бар нозе да оптегнам, а во сезона на најмногу работа сме и нема смисла да потфрлам... буквално лежам на бирото. Џабе ви се жалам, останува да си истрпам. Малата 4 дена наназад не е спиена навреме оти баба и не може да ја заспие, па дури во 17 некако се легнувале и се разбира вечер и после полноќ не наоѓа. Ептен сме изреметени со редот и ужасно се нервирам. Се фалев веќе во друга тема па ајде и со вас да споделам дека ќе имам уште едно девојче (се надевам точни се тие 99% со кои ни потврди докторот дека носам женско дете). Ептен сум среќна дека ќе си имам две ќеркички. Читам погоре муабет за паѓање на бебе. За среќа немав такво искуство ама затоа кога преоди ми падна во купатило на мокри плочки, на тилот тресна. Страшно се исплашив и се осеќав виновно. Оваа лето минавме без базент, искрено од страв дека нема да сака да излезе од него па ниту еднаш не и го наполнивме. Се пласкаше секоја вечер во када. Ова лето малата најчеста гостинка беше на село. Пресреќна си идаше дома со прикаски за фармата, за дрвјата и жовотните. Колку само се радуваше на секое одење таму. Мислам ќе и недостига селото ептен кога ќе започне со градинка. Туку ете го септември и се плашам дека е веќе одвикната од градинка па изгледа пак наново ќе се навикнуваме. ММ пак запнал да не оди зашо и онака кога ќе се роди бебушка ќе прекине да оди за да се заштитиме од вируси. Хм... ептен надалеку ја мислиме. Туку и бајаги ја развлеков, ај да скратам. Чао, убав ви ден!
Ај здраво мамички. Денес од сабајле се наоружав со нервоза. ККонечно со другарка ми договорив кафе многу ми фалеше муабет, а беба решила да не јаде. Налет нејадење, секој обид проследен со вриштење. Ја заспав и едвај фати во спиење. Се најаде и заспа, ја ставив во количка и тргнав. Таман стигнав, тел. ми беше во торбата од количката и земајќи го ја мрднав и стана. Расположена да се ѓиба со сите, дури и со згодните келнери во кафич Си дојдовме, заспа, 3 саати. Кога стана друго дете, одма се изеде и каша и вода се испи. Сега еве ја игра со едно гумено бебе, маста му ја вади. Јас лигавам едно кафе тотално безволно. Чекам малку заладување и пак во количка да шетниме, ако не заврне. @joy1 Кај мене ручекот кога сум кнап со време ( и волја) е ќофте, па така и денес. Ќофте и салата, убаво се натупав @snegulkata Нема поубаво од две девојки ( малку сум и пристрасна признавам). Да се здрави и живи само.
Јас денес решив да не готвам, излеговме до Рамстор тројцата, малата си играше во игротеката горе со мм, а јас на раат си шетав низ бутици, испазаривме во маркетот, па за јадење од тие готвените, за да си одмараме сите Се мислам вечер на некое место во природа да прошетаме кај што има и играчки за деца. Еве моментално ече по дома поточиња, се пее на цел глас
Ужас ден синко денес го приметив дека фатил вошки е сега од каде што и како не знам почна кожата да ми се ежи го купив овој шампон дали некоја го кориатела искуство?
Добра ви вечер цури Денес ден број 726352729362 на одмор Добрата вест е што задутре си одиме. Денес заминаа и гостите (незнам дали ги спомнав, фамилијарни пријатели но си плаќаа апартман) па денес сме турбо со чистење и пакување, сите нервозни, на плажа не отидовме а влагава убива! Не е толку топло, околу 30 степени но цело време вода избива од мене . Ова во Скопје на 40 степени никад не ми се случувало. Детево денес збесна од досада, прво и пуштив лап топ да гледа цртани, па наполнивме базенче во кое едвај 40мин се пробања и рече- нејќам више После тоа фати да бои, а на периоди кога не ја надгледуваме користи момент да напраи беља. А тоа беше мачкање со водени боици све што стигнала и успеала Ќе ставам слика во соодветна тема со доказот Муж ми веќе е порасположен, мада денес се спукавме поради татко му. Јас не ќутам, тоа што ми смета одма го кажувам, и да, му кажав дека татко му ептен е напорен и ме нервира Му немам раскажано во детаљи за да не го напињам, ама ќе чекам погоден момент во Ск и све ќе му раскажам! @snegulkata и јас сум емотивно врзана за девојчиња Но потсвесно осеќам дека мене второ ќе ми се погоди машко Баш ми е мило што ќе ти се исполни желбата. @joy1 бидејќи малава е уште мала, да пробаш повеќе да ја оставаш со некој друг, па да имаш време да и посветиш време на големата, само вие две...? Потребен е тој однос мајка-ќерка посебно кога влегува во фаза пубертет. Сепак имаш супер замисла за заеднички ден