Добар ден. Малата и татко и си спијат, шетаа сабајле, па се умориле. Прво татко и го успивавме, најна, најна му пеевме, па заспа и она. Вчера си ручаме дома, се прејадовме со мм, по едно пивце испивме кога си засмртка нешто убаво и двајцата ја погледнуваме и знаеме што следи. А така најадени леле, па почнавме, не јас, јас прееска ја пресоблеков, не јас, јас ја ранев, ај ти ако ја соблечеш јас ова ќе напраам... И на крај јас го извлеков подебелиот крај. тоа е. Почнува изгледа пак некој заб да ја мачи, значи збогум спиење. (И ова малку што беше). Едвај чекам сите да излезат и да куртулиме веќе. Иако нели, има време. @flower30 баш ми е жал, ама добро е што добро се држиш. Среќни родендени и на мајките и на малите.
Мајка на која плажа е ова како е за мали дечиња водата топла ли е?и ние сакаме до Охрид да тркнеме па затоа прашувам.
Добар ден мами. Со лева рака кафе држам , со десна бебо до мене, цица па заспива кратко а мама го чека. Бевме на контрола , му падна папчето вчера. Ме нервираат некои личности да го виделе бебо а ги немаше живи до сега, ама не се замарам ! Прашав за релаксатор докторката вика може, сестрата во ходник не начека вика немојте, чекајте уште 3,4 месеци. И сега? Имајте убав ден, тато решил лазањи да прави, едвај чекам eдит @RainBow колкава е малата?
Здраво мајки. Ме нема, ме нема, па ќе зачестам. Замислете, готвам. Помфрит, сос од домати, пиперки, летен ручек,месо не јадеме, освен цуца. За неа телешко. Бесна дома немај каде, умот само во бељите и е. Страв ме фаќа, само бељи прави, а тек кога ќе прооди... ќе биде весело. Чекам гости од Германија, моја омилена професорка и колешка, светска жена е навистина, 6 јазици збори, а научи и македонски, па за Богородица празникот резервирала во Манастир, Берово. Да се изнашетаме уште малку, од септември ќе ми биде доста напорно, се осамостојувам во работата, нема веќе кој да ме бутка напред, па ќе видиме како ќе биде. Ми се пие и кафе, ама чекам мм да си дојде да ми свари. Детево спие веќе два саати и тоа сама заспива, не не бара, уште еден благодет од градинка. Поздрав мајки и честито родендени, нови бебушки на темава, само за убаво да е.
Добар ден мајки Прекрасен ден во природа(или дивина) вчера. Ги наполнивме батериите и уморни се вративме дома. Од сега се поретки ќе бидат вакви излети. Снагава ме попушта и ми се слошува на моменти од умор. Денот почнува рано, од 06 и турбо е до 13.00. Пелени, јадење, думкање, играње на под... среќа после ручекот двете моми се кома, спијат, па тогаш дури здивнувам. Ама додека спремам нешто за јадење ми е најтешко. Ај за нас ќе рече човек не мора, ама за големава мора. Прееска со малото во рака а големава околу нозете стоев над шпорет. Да им беше преспивањто пред јадење ќе можев на раат да зготвам, вака се борам некако со кеајни сили да избалансирам. Денеска требаше да одиме да ручаме надвор, ама мм се забави, покасно се врати. Знаев гладна ќе немам сили да ги спремам децава и да испаднеме, па додека стасаме/нарачаме дека ќе се онесвестам, а и на детево дека ќе му се поремети се, па со последни сили сварив едни компири и ставив спанаќ. После спиењето, кај 15.00 часот идат свекор ми и свекрва ми ја земаат големата за да ја прошетаат. На моменти се чуствувам лошо бидејќи не можам да и го приуштам тоа, да трчаме по ливадиве и да ја носам на лулашките во шумичката. Важно детето ќе дојде истрчано и пресреќно, а јас сум успеала да фатам нешто низ куќа(ако ми дозволи малово). Полежав пола саат и поднаполнив батерии. Ќе биде подобро, мора. Кога ќе се разбудат и ќе ме гушнат ќе заборавам на сето ова што го напишав. Убав ден на сите
@eli25 i nie od pocetok ja stavavme vo transporter, a imavme i relaksator ama slabo go koristevme. Za transporterot i ortopedot dozvoli, samo da ne e poveke vreme vo nego(mislam rece ne poveke od 2h.). Na zdravje na lazanjite
Mozes vo relaksator ama kolku sto vidov i tvojot e kako mojov t.e ne se pravi vo lezecka polozba pa celo ke bide kako skifleno. Pricekaj da prkne da se zazilavi pa ke go stavas
Мајки најпрво здраво, пред малце го заспав бебушко по втор пат денес и сега веќе дури вечер кон 11 па тераме до кај 8- 9 саатот наутро. Па се "думам" кога почнуваат да спијат по еднаш на ден па навечер да не бараат млеко.хм...иначе сме 11м. Поздрав мамички
јас тек сега седнав а ништо посебно денес не сработив сем еден колач со вишни и една машина што исправ.Ручек частеше свеќи дома кај неа па се поштедив од тоа денес. планирам кафе да варам и да се налакирам. љута сум малце на мм затоа што осеќам дека во последно време сета сила и енергија ја насочува кон друг член од фамилијата а нас не запоставува.
Не ми кажувај за тоа ние само за тоа се караме,човекот никако да си ја направи листата за најбитни личности како шо треба се ние сме на второ место,ама сум го стегнала така убаво последниов пат еве го на одмор е дома е не мрда никаде (јас нема одмор годинава )се надевам нема да го подречам
Јас се изнаработив Маж, на работа, дете кај баба и дедо, јас ја претерав со чистење на све што треба и не треба. Ќе ги благосиљам стариве за оваа работа, кога ја причувуваат малата за да можам на раат да обавам обврски. Бевме до Веро-Џамбо да купиме нешто што фали и не' дочекаа со ручек, ем ја чуваат, ем ќе ја прошетаат приквечер па ќе ми ја донесат за вечера Папагалов ми прави друштво, шета по земја како куче, а јас решив малце хепи тајм за мене, нозе во лавор пред Тв, и една епизода од мојата серија
Мами едно прашање сакам малиот да го однесам на дежурен на клиника , дали ќе го примат уште немаме осигурување 10 дена е?
Да. Со твојата книшка. И ич да немаш не те враќаат со толку мало дете. Јас прво со моја книшка ја носев а после ич не ми бараа. Тргај одма ако треба да ср оди. До 1 год е бесплатно
Имате предност при влез. Не го држи детето у ходник туку надвор за да не закачи вируси а маж ти нека влезе да и каже на сестрата надвор што седи. Ако ве пратат за крв на 7ми кат јас би ти прњпорачала бебето пешки да го качите оти јас имав лошо искуство у лифт со едно раскашлано дете. Ова се од искуство се ќе биде ок. Докторите се мн фини доле. Јас за глупости одев па не ме искараа.
Здраво мајки,еве не домче,со синковци од вчера бевме кај мајка ми на село,иако мразам кога им се побркува ред на се,таму барем се одморам.Еве ги заспаа.Поголемкиот си играше со кучето,големо е но не се плаши од ништо бреј,цел ден трча без престан и уште ништо не јаде,со молење лажење не ништо не помага.Бебуш е ок,поткашлува му правев инхалации но док.беа на одмор а утре сигурно многу гужва ке има,накај вторник ке го однесам.Многу е интересен,почнува да лази на напред,сака да стои сам се исправа,мајки вие им се смеете ли на вашите бебушки?јас нонстоп,па многу ми е интересен па и зборува нешто брбља на бебешки гука. Одвикувањето од пелени кај големкиот тешко оди,почна да си кажува за мочкање но не и за какање.а друг проблем е тоа што не може да заспие без цуцла лажливка и секаде си ја носи со него,како да го одвикнам незнам,и тоа што многу бара млеко,но му давам само за спиење,и пак не јаде. Мм ми купил телефон утре треба да ми стигне,уште тој да си дојде,еве 4 месеци веќе не е тука,уште малку мораме да издржиме. Среќен роденденот на малиот на @blessed.an да биде среќен здрав прав. @girl-miri среќен нека е, една год.си поголема од мене.се најубаво... И тоа е,е да,со свекор ми баш и не сме во добри односи,замислете се лути.на синко,па и не сака да јаде од тоа што зготвам па јаде од тоа што најде во фрижидерот....епа и јас не готвам веке и навистина е тешко со стар да се живеело.... Убава ноќ..
Мајки дајте идеа што да купам поклон на прваче девојче ? Добра вечер денес со синко цел ден излезени шеткавме натаму наваму бев ме во манасир причеат да земеме за него и така, вие мајки дали ги причестувате вашите деца? Тоа е сега ќе си легнам да спијам глава ми е тапан и ми се спие ми се плаче. Добра ноќ.