Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    7.081
    Допаѓања:
    154.631
    Пол:
    Женски
    За малку ќе си го уништев денот, не обичен ден, на цуцава моја и е роденден :inlove: . Во план плажа спиење па ручече вечера со торта со се. Ми заспа у кола и вадејќи ја се расони мислев нема да презаспие и сите планови отидоа ама еве среќа презаспа. Не ми се пушта од раце сега па да не ја разбудам :$ . Како летнаа 2г не ми се верува. Со иглед кога е родена изгледа секоја година на одмор ќе си слави. Не правиме ништо др посебно здравје од 3ти родендем кога ќе си има нејзини другарчиња од градинка.
     
    На Kaetana, tina-63, snegulkata и 13 други им се допаѓа ова.
  2. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.758
    Допаѓања:
    38.678
    Пол:
    Женски
    Познаници од град, млад брачен пар, мајката пд друга држава, работеја на брод. Само што се породи, бебето 4-5 недели го остави на бабата, она го гледаше до својата 4та година. И тоа премногу посветена беше на внуката, навреме јадење, спиење, облекување. Цела храна свежо приготвена и многу здрава. Детето беше бубалче. Премногу воспитано и мирно. Но, во тие невини очички и мирен поглед,секогаш се забележуваше дека него нешто му недостига.
    Мајката се врати по 4 год, таткото остана на брод. Девојчето сега има околу 6 год. Се разведиле родителите, мајката си го зела со неа, а тоа кутрото плачело да живее со бабата и дедото. Бабата е страшно разболена(психички).

    Ние денес си се исшишавме, си јадевме сладолед и си истеравме ручек кај мајка.
    Викендов мм спомна да тркнеме до Грчка, купив некои ствари на попуст, купив и купачи ама не ми стојат баш, ќе поминам со ланските изгледа.
    Свеки зела спрема за зима, пече пиперки за во замрзнувач.
    @M&M Среќен роденден на малата, среќно детство.
     
    На Kaetana, mal.ecka, M&M и 8 други им се допаѓа ова.
  3. Верче4

    Верче4 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2015
    Пораки:
    1.219
    Допаѓања:
    5.368
    Пол:
    Женски
    Од мајките што имаат правено ми кажаа дека се правеле кога месечината се раѓала, т.е. млада месечина. Има многу адети околу ова ама јас многу не се водам по нив чисто само тогаш ги направав и раздавав. Толку знам.
     
    На Saraa и eli25 им се допаѓа ова.
  4. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.543
    Допаѓања:
    289.082
    Јас само би рекла да не се потценува улогата на таткото или неговата љубов во однос на онаа на мајката.
    Колку мајки се сами со децата додека таткото е на печалба во друга земја???

    Од мерак не отишол, туку борба за подобар живот, за подобра иднина на тоа дете.

    Тоа што мајката седи дома тој период не е нејзината љубов или жртва поголема од неговата и обратно. Подеднакво се родители и подеднакво ги боли.
    А дали гледаме исто на нив во случај доколку мајката замине и во случај кога таткото ќе замине?
    Мислам не, а не треба така.
    Подеднакво ги боли и од исти побуди го прават тоа. За подобра иднина на детето.
    Или мајката е поголем родител па треба да има поинаков третман???
    Јас би рекла само да не им е човек во кожата... ич не им е лесно. Од арно не одат сигурно.
     
    На Kaetana, mal.ecka, M&M и 19 други им се допаѓа ова.
  5. Оленка*

    Оленка* Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2014
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    1.751
    Пол:
    Женски
    Јас ве читам повремено, па сакав да ви споделам едно искуство во блиска фамилија..
    Дете оставено на баба, дедо, други внуци, тетки од 3-4 месеца.. Од што родителите не знаеа како да му удоволат и како да надоместат преку викенд за сето изгубено време го научија детето љубов да добива и изразува само преку материјално. Секој што ќе обрнеше внимание на детето тоа му се обраќаше со мамо..
    Родителите со второто дете си ја сватија грешката изгледа,тотално различен пристап кон второто дете имаат, но додека беа само првото за жал заради слепата амбиција за добра кариера ја изгубија смислата на родителството и мајката напати на блиски знаеше да каже како не чувствува потреба од детето и како понекогаш не се чувствува како мајка.
    Сепак од психолошки аспект (не сум мајка но многу се интересирам за развојна психологија) мислам дека во тие години односот мајка-дете е најосетлив и пресуден за цврста и квалитетна врска и меѓусебна доверба.
     
    На Kaetana, M&M, chocolade и 4 други им се допаѓа ова.
  6. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.543
    Допаѓања:
    289.082
    Тој што не е добар родител не е добар родител и кога е до детето и кога е на неколку стотини км оддалечен.
    Мислам дека темата се начна од едно искрено, отворено и реално прашање на конкретна членка. Реална сотуација и секојдневие со кое можеби сме се соочиле или ќе се соочиме. Ние или партнерот сеедно според мене.

    Примери за непримери каде децата не се опулени од страна на родители има доволно, се сложувам.
     
    На Kaetana, M&M, stevemila и 8 други им се допаѓа ова.
  7. LBC

    LBC Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2017
    Пораки:
    381
    Допаѓања:
    4.313
    Пол:
    Женски
    Не би оставила,ма на ниту ден. Не сум психички доволно јака за да сум оделена од него. Месец дена пред да појдам на работа се јадев жива, рачунав колку саати месечно ќе сме разделени. Премногу сум јас врзана за него, дури мислам повеќе јас неголи тој за мене.
    Секоја чест за мајките што го можат тоа. Кариера градев дур да останам бремена. од тогаш па наваму не, и не планирам. работам за да заработам, не за да напредувам. Фала богу што ете, не морало да напредувам повеќе за повеќе финансии па можам да си го дозволам луксузов (пошто у денешно време и тоа е) да си го гледам детето секој ден, по цел викенд и за празници.
     
    На Kaetana, tina-63, joy1 и 9 други им се допаѓа ова.
  8. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.525
    Допаѓања:
    38.738
    Пол:
    Женски
    @M&M среќен роденден, да е здрава, жива, многу убаво на одмор што ќе си славите.

    Навистина лета времето, ние наесен 2 годинки. :inlove:
     
    На M&M, Mari-Ja и eli25 им се допаѓа ова.
  9. flower30

    flower30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 април 2014
    Пораки:
    7.926
    Допаѓања:
    142.881
    @M&M sreken rodenden na malata, samo ubavini vo zivotot.
     
    На M&M му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Mari*

    Mari* Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 април 2016
    Пораки:
    3.730
    Допаѓања:
    45.638
    Пол:
    Женски
    Добро вечер

    Маже работи ноќна па јас со моите верни квики и чајче :angel:

    Напорен ден...
    Од сабајле термини,доктори, пазарење,чистење и конечно све на место :)
    Три дена не бевме дома и се насобрало прашина синкир цело лето немам чистено :^)

    Дете заспано,се надевам ке поспие сабајле подолго
    Многу сум уморна,ми треба сон
    По цели денови само одам по неа,се плашам да не се повреди мајки,немам мир
    Се качува на високо,турка телевизор,влегува во шоља,скока од кревет,крши тањири.....
    Неможам врата да оставам отворена ни секунда,излегува на патот или оди кај комшиите и сака да влези кај нив преку вратниче кај што влегуваат мачки :tmi:
    За паметно нешто да направи незнае :x

    На тема оставање дете не би сакала многу да коментирам
    Не дај боже да сум приморана можеби и би го направила тоа
    Ниеден родител не би го направил тоа освен ако навистина мора...
    Познавам доста такви случаи и не би сакала да му судам некому,секој си знае зошто и како :)

    @M&M Среќен да и е роденденот,гооолема да расте :inlove:

    Добра ноќ мајки :*
     
    На green.eyes, Kaetana, tincemajmunce и 17 други им се допаѓа ова.
  11. Monella

    Monella Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2013
    Пораки:
    2.086
    Допаѓања:
    31.967
    :hai::hai:
    Заврши нашиот одмор, еве не повторно назад.
    За прв пат во овие години затекнавме гужва невидена, 12 часа бевме заглавени во место, патувавме вкупно 30 часа (facepalm)
    Како да не беше доволно тоа не фати и дожд, хорор невиден.
    За среќа стигнавме здрави и живи па сега ќе одмараме и ќе ве дружиме почесто.
     
    На Kaetana, M&M, girl-miri и 4 други им се допаѓа ова.
  12. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.394
    Допаѓања:
    260.024
    Претходното мислење некако набрзина го напишав па сега го го прочитав и мислењето на мајката, размислив што би јас сторила. Би отишла дефинитивно. Ако тоа значи поголема плата и подобар живот, ќе издржам 15 месеци. Ќе пробам што почесто да биде кај мене и со мене.
    Исто е и кога таткото оди во друга држава за да заработи. И тој е родител.
    Но, има едно големо но. Конкретно за син ми, татко му го сака многу, но знаете што на крајот, МАЈКА Е МАЈКА, која и живот дава.
    И татко ми прави се за нас, прават не велам не, ама мајката е посебна и секогаш ќе биде над таткото. Не дека он е небитен или помалку сака. Едноставно мајките се по емпатични и емоционално повеќе поврзани за децата. Затоа нам ни е потешко да се одвоиме и да ги оставеме макар и на 1 недела.
     
    На muchacha_a, Espadrila, mac.mac и 10 други им се допаѓа ова.
  13. Seline

    Seline Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2017
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    3.658
    Пол:
    Женски
    Добро вечер!

    Чекам да ми се исуши коса, толку касно одамна ја немам миено,гледам порано да е за да си легнам на време, ама ете сега испадна така и ќе си дремам. Со фен не ни помислувам да ја тегнам и така ми опадна целата. Врти сучи јас пак за косата, ама што да правам, мака ми е многу, се плашам без коса дека ќе останам.

    Друго што да кажам, се враќаме во колосек, во овој дом, кој воедно по кој знае кој пат е друг веќе запознав комшивка и истата веќе успеа да ми ги остави нејзините цвеќиња за полевање дури е на одмор од наредната недела. Така ми е кога незнам да кажам не, ќе си вадам туѓи саксии со бебе во едната рака. Ајде бар нему ќе му биде интересно.

    Инаку имаме комшија кој ја коси тревата во заедничкиот двор, па кога го гледам од балкон се замислувам како онаа од Очајни Домаќинки:D Само што ниту градинарот е згоден како во серијата, нити јас средена како очајната домаќинка. Ама мора во слободно време филмови да правам инаку ќе пукнам по дома сама.

    Бебе е своја приказна, девојченце мало, денеска и велам што ти прави мама со четката за коса ајде покажи и искрено не ни очекував дека ќе реагира, дека сега почнува да учи такви работи, таа ја зеде четкичката и почна како божем ме чешла, абе се стопив, ја опсипав со бакнежи од радост, така ми дојде топло на срцево.

    За оставање на дете и јас не би оставила, ќе ми биде мака, а пак нему кој знае колку. Комплексна тема, сепак не би да раздолжувам, ама не е мое да судам ако се одлучи на таков чекор.
    @M&M Среќен нека и е роденденот, се најубаво!
    Добра ноќ
     
    На flower30, muchacha_a, Mari-Ja и 11 други им се допаѓа ова.
  14. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.366
    Допаѓања:
    7.838
    Пол:
    Женски
    Добро утро мајки, одамна не сум ви пишала. Навака натака се нешто излегува, па ни искллучија нет, па дете големо се настина и така. Тешко било ова родителствово. Се спремаме по малку за школо, за роденден и се надевам за подобри работи.
    Ве читам за оставање дете, јас не можам дур е мало па што сака нека е. Мислам дека има време за кариери. Реално 31 година имам и мислам дека барем до 35 ќе направам нешто и за мене а едно дете ќе има 10 а друго 5 години.
    Имам пример во комшии, детево од година дена е оставено кај баба и дедо во село, мама и тато на работа одат и ретко го гледаат. Пример идат од прва смена не го земаат до вечерта барем. Таму спие, таму се и им плачело кога сакале дома да го донесат. Родителиве си шетаат, си работат како да немаат дете. Секој си знае за себе, но јас не можам да не ги видам. Пре ќе земам некоја баба дома дур ме нема, барем кога ќе си дојдам да го гледам.
    А за во друг град, ако многу ми зависикариера и финансии ќе гледам некако да најдам начин да е тука и тоа со некоја баба или слично.
    За поголемко дете над 7 8 години мислам дека е подруго. Се знае која е врската, веќе има стекнато доверба дека мама секогаш се враќа, а и веќе други работи му се поинтересни и денот му е исполнет ама за малечко не верувам да би оставила, срцето ќе ми пукне.
     
    На Kaetana, muchacha_a, tina-63 и 4 други им се допаѓа ова.
  15. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.543
    Допаѓања:
    289.082
    Добро утро мајки.
    Досадна сум сама на себе веќе. Секоја сабајлина, секој ден, едно исто(facepalm).
    Животов околу пелени и готвење ми се врти... како шлаг останатата куќна работа.:doh: Едвај чекам викенд да дојде да шетнам малку.
    Синоќа Благоја Груевски сум го сонувала, пеачон(facepalm).
    Од каде вакви со соништа да ме прашаш. Фин беше човекот, муабет си поправивме :rofl:
    Мм од 05.00 замина на работа, враќање бог знае кога. Ова говори очајот за да испаднам од дома. Треба нови вреќи за спиење да купам за децава, па ако дојде порано може ќе го убедам да отидеме до некој дуќан:tmi:. Големава ми прави мајнунџулаци. Ќе измиеме заби, ќе смениме пелена, облечеме пижами и вреќа и ај добра ноќ ќе кажам. Влези по некој саат во собата она пиштол гола, уствари на памперс и боди.
    Се изџиткала:o.

    Мора некоја вреќа каде патентот е на среде, па на опаку да кнја облекувам за да не може да ја мајстори. За такви со странични патенти или на рамењата копчиња профи е да ги соблече.

    И така.
    Големава ровари, растура... мајкава со телефонот во раце и кафе пие не се штрекнува. Малово е во монтажното на среде соба со поглед ја прати големава и се радува, се смее.

    Убав ден на сите :coffee:
     
    На Kaetana, tincemajmunce, mal.ecka и 19 други им се допаѓа ова.
  16. chocolade

    chocolade Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2014
    Пораки:
    2.215
    Допаѓања:
    6.882
    Пол:
    Женски
    Хелло :hai:
    Што правите, арни?
    Јас си го пијам првото утринско кафе и си уживам. Петок, плус продолжен викенд, ке се ужива :lol:
    Малава спиеше кај тетка и, па вчера си одморив дома, си напрвив пуканки и си пуштив Game of Thrones дури 3 епизоди изгледав...
    Денес кога се разбудила и рекла на тетка и мама нема да дојде. Тетка и и ги прави сите кеифови, нормално да не сака јас да одам :D
    Друго ништо посебно немам да кажам. Убав ден на сите :)
     
    На Kaetana, Mari*, Monella и 9 други им се допаѓа ова.
  17. mac.mac

    mac.mac Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    657
    :D:D:D @danichap се изнасмеав посабјле за сонот твој. Ми текна дека пред некој ден јас Роналдо го сонував. Демек пријател ми бил и дошол на гости. Па сакал да.се шета во нашето градче:lol:

    Ништо перверзно... ама кога ми текна на сонот се изнасмеав. Не му кажав на мм оти после сто год. ке ме зафркава.
    Деновиве значи ме знам ден ли е ноќ ли е. Бена станува на 2 сати . Не спие мирно. Ги вади тројките..побелени се ама се уште не пробиени. Ние се спремаме за одмор.деновиве купувам се што ни треба за по пат. Со кола ке одиме на повеќе места.
    Денес во план се да се испере и испегла и така....
    Убав и весел ден мајки:hai:
     
    На Kaetana, Mari*, Monella и 6 други им се допаѓа ова.
  18. Seline

    Seline Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2017
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    3.658
    Пол:
    Женски
    Ме потсети дека и јас треба нова вреќичка да и земам, само незнам дали да купувам поскапа или некоја со нормална цена. Првата вреќичка беше од поскапите и навистина се покажа квалитет, како нова е, ама многу брзо ја израсна, еве оваа цело лето што ја користиме е од Лидл, не е толку квалитет, ама врши работа, башка патентот е како ти што сакаш на средина и кога се закопча доаѓа кај ножињата и неможе да го фаќа така лесно. На првата вреќичка пак постојано ги ставаше копчињата во уста кога начекаше и се смееше како палавка некоја кога ќе ја скарав. Од каде купуваш ти ако не е тајна?
     
    На Lolipop23 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.543
    Допаѓања:
    289.082
    Во Германија живеам, од тука ги купувам.
    Инаку и јас сум купувала и поскапи и од алди и од лидл... уствари 70% од облекава на децава е од алди/лидл.
    Цените се смешни а за препирање што би се рекло некогаш квантитетот е поважен од квалитетот, иако и квалитетот е доста често баш солиден. Се за по дома, за во парк, лулашки, делумно и за низ град... се ни е од таму. Јас сум задоволна. 3 блузички или 3 боди за 3 евра а еве и помалово ги доизносува. Е се исплати богами.

    Лошо е што е секогаш на акции, па тоа што му треба на човек, конкретно вреќава на пример, би била можеби дури по неколку месеци во понуда.
     
    На Kaetana, Mari*, Kitten и 6 други им се допаѓа ова.
  20. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.189
    Допаѓања:
    111.336
    Пол:
    Женски
    Ај добро утро!

    Кафе спремно уште пред да заспие беба, заспа и со брзина на светлината излегов од спална, ако де разбуди налет заспивање. Се ме боли, кичма, колкови, глава, грб, нозе, раце... Прво ќе испијам кафе, а ако не пројде после јогата ќе испијам и некој лек.

    Одсабајле бевме да провериме списоците дали се извадени, очајна сум, очајна! Нека поспие после ручек ќе се спотегнеме пак, очај! Мора да тргне во градинка, мора, и мене да ме види господ, да излезам од дома. И јас како сваќата Дани се исто, секојдневие ми се пелени, ручеци, оброци, играчки...

    Се спремаме за свадба следниот викенд, денес ќе го спремам подарокот, имам во план да им нацртам интересна слика, тоа да биде "пликот" за поклонот. Уште да го урамам после и ќе биде баш финта. Секогаш се вложувам во тоа да наорљвам интересни подароци и после ми е криво што другите не се замараат со мене и ме проаѓаат ради реда, никогаш не ми иде паметот. Не е дека сакам да ми вратат исто, ама ме иритира што ме проаѓаат ради ред.

    Детево како се разболе се размази до немајкаде, лигле, маза, ми иде и се гали во мене, не смеам да тргнам поглед. Станува во 7ипол - 8 и прво се гали едно пола саат, се гушка, после станува. Ми ја врти главата и се бацува, отвара уста и ме бацува. Се гази ко некоја зеленаица, се кикоти, ма уживам. Е јас уживам ама некој ден снајка ќе ме оговара во снаи и свекрви, мада како ме гушкаше, како се галевме кога ја видов последен пат, ништо чудно двајцата да си ги галам.

    Одам џенцки, имам доста работа денес, капак на тоа и три кеси сливи за средување.
     
    На Kaetana, mal.ecka, Monella и 6 други им се допаѓа ова.