На молитва кога се носи детето не влегува во црква пред неа стои, после само родителите влегуваат. Барем кај нас е така.
Кај нас детето беше внатре во црквата цело време, не беше сеуште крстено, дури после неколку месеци го крстиме. Изгледа секаде е различно. Не гледам проблем во тоа, бебе е во прашање ако не е крстено но родителите имаат намера да го сторат тоа зошто да не би било внесено внатре.
Ne vlaga vo crkvata vnatre do oltarot. Kaj vratata t.e na izlezot se pravi molitvata, taka i nie koga pravevme popot mi kaza. Posle molitvata bebe cekase nadvor sp drug a jas vlegov da bacam ikona.
@Верче4 @TheSecret ние кога бевме на молитва да надвор стоевме таму се одржа молитвата, влегов бакнав икони 2 или 3 беа не знам точно, потоа прашав дали смее да се влезе со некрстено дете ми рече попот да смее како и да е ние го крстивме синко на 2 ипол месеци.
На молитва кога се носи попот прашува дали е крстено или не.ако е крстено тогаш внатре ги внесува и мајката и бебето.а ако не е крстено тогаш само мајката влегува остава дарче ако носе и парички на икона и плаќа колку треба за молитвата.а тоа што прават заедно на роденденот и крштевка е само заедно да прослават а детето го крстат порано на 1.2 3 месеци ако им се кумовите во странство па да ги чекат. До сега незнам дете да го крстат на годинка.
Има посебна тема но сте почнале дискусија, на децава му пишува некаде дали се крстени или не се кога влегуваат во црква? Самите кажуваме дека секаде е различно, што значи дека и поповите не се верни, Боже прости ми. Еве во мојов крај, се почитува тоа, дете не смее да се внесе не крстено, за 40 дена не знам каде ги внесуваат децата, но овде молитвата се пее пред врата и таа молитва од 40 дена не е за детето, туку за мајката. За време на крштевка, пак ќе речам, овде кај мене, децата не се внесуваат во храм веднаш, туку се носат во посебна просторија, пее попот молитва па се крштеваат. Инаку сум за крштевање на дете, молитвата со која се прима детето во хростијанството е прекрасна, и не дека некој е верник повеќе од другиот, туку чисто ради душевен мир. Да ве поздравиме од свежото Крани. Иако службено на некој час, воздух се изнадишивме. Периодов од пожари и чад( кои сеуште се над нас) мислам дека цела душа ми мириса. Ноќеска патуваме и ние да искористиме продолжен викенд и дете нек се порадува малку на вода. Долг пат за само два дена, но машки ум не можеш да преправиш. Па ај викам, само кукам ексик, никако да поуживам, само грижи, само мисли, ајт пушти таму мозок малку. Ај да спремам и време е да фаќаме магла, таман дете ќе преспие по пат.
Јас го крстив детето на годинка, што има врска тоа. Нит кумови ми се во странство, нит друго нешто, едноставно така си одлучив, не на роденденот, една недела порано. Мајки јас сум дома со синко сама, тато е на викенд со другари, јас уживам со синко. Еве сега ќе си легнеме двајцста да си поспиеме, дљ се одмориме. Ајде на која и е досадно дома кај мене на журка
малата заспа сега па ке правам ручек ориз со зеленчук(омилено им е на децата).Големата ме напна до Кам да одиме,донеле школски прибор па ајде отидовме.Вака така пола ден замина а ништо не фатив по дома сеуште. поднесов апликација за во градинка.Понеделник ке иде пробно 15 мин со мене чисто да види што е тоа градинка а после ке чекаме повик да не примат.Кога ке не викнат тогаш,секако јас не се брзам.Не ми е неопходна ама и треба малце промена и нејзе а и мене.
Му ја најдов маката на син ми, си сака детето веќе а јаде работи со вкус, еве му направив корнфлекс со млеко и урми, јаде, не плука, не се мршти, не се бутка.... Ај да видиме де, да не е само прегладнет. Појадуваме, спремаме ручек и правец кај тете на шеткање. Денес е ден за шетање!
Добар ден Цела ноќ будни,дете имаше грчеви се изнаплаче кутрата Многу грозје јаде вчера па се мислам од тоа да не е Сега ко ништо да не било,трчаме,растураме,се смејме Јас во паники сношти го лупнав малиот прст на ногата во комодата Мислам дека е скршен,помодрен е и ме боли страшно Се мислев да одам на доктор ама за едно мало прсте сигурно нема да направат нешто Освен што би морала по ренгени да се маткарам и таблети за болки да добијам,сега тоа не ми е потребно Време овде никакво,запурно и облачно Што ли ке се прави денес незнам Шетањето ни е неизбежно па ке прошетаме со кере,за друго ке видиме Сега шетаме без количка,дури изодиме 300 метри потребни се 30мин Де седи на тротоар,де мафта по колите,оди по луѓето....радости Останатото ни е стандард Татичко на работа а ние си се дружиме со момава Убав ден мајки
Moeto ima skoro 5godini pa nikogas ne sum mu dala grozje.Izbegnuvam jas koga jadam grozje strasno me boli glava i dobivam dijareja
Ручекот готов, дете отиде во комшии цртан да гледа (како дома цртани да нема). Ептен ги сака комшиите, душа дава за нив ама и тие многу му одат по ќефот. Одкако се вративме тука пак почна глава да ме боли. Што ти значи одмор, дружење и релаксација. Сега пак по старо, по доктори и прегледи имаме закажано до нова година тоа ти е јбг. Попладнево планираме да одиме до некој трговски, којзнае може да фатиме уште од попустот @girl-miri честитки за бременоста, со лесно да си тераш до крај! Убав неделен ден мајки!
Луѓе без да навредам некој ама аман бе со верувањава, мало бебе да не може да се носи во црква???!!! Не сум воопшто верник, јас сум крстена по интервенција на баба ми на 5г дека моите ме заборавиле (а баба ми си беше побожна), мм на 29г пред свадба. Се венчавме во црква најмногу поради атмосферата бидејќи во матично е очајна. Децата ми се крстени и носени на 40 дена во црква ама јас сето ова го гледам како еден убав обичај и традиција и не сум се замарала дали треба да влезе некој во црква не крстен крстен. Знам многу луѓе што не се крстени па одат во црква дал за свадби, крштевки... инаку онака редовно во црква не одиме. Можеби јас сум од постарата генерација, растена малку и во време на комунизам па затоа вака ги гледам работите. Ама во секој случај пак ќе кажам зошто мало бебе не би можело да се однесе во црква?! Да не сум офтопик денес мирен ден, се шетнавме со малово па малку зачистив додека она сама ручаше (сега е во фаза се сама сака да јаде ), големиот ги малтретира татко му и баба му по дуќани за патики. Ручек имаме од вчера, малава заспа сега ќе си ја ленам и јас со неа. Ептен се улежав одморов секој ден до 8 спиеме плус секој втор ден и денски си дремнувам и пак во 10 сум готова. Леле како ќе се навикнам на староно темпо
Нормално до сега немаме имано проблем со грозје,редовно јаде ама вчера претера малце со него а и нектарини јаде доста Сака многу овошје па не и бранам...шо знам не би помислила дека не е добро ни со тоа да се претера
@Mari* ако те боли многу прстот, ќе ти стават како фластери за да е во една положба, не мора да се снима. Секако такви ставаат за прст на нога мислам. За грозје, јас пред некој ден му дадов прв пат, ги сечев на пола зрнцата и зедов од тоа без коски, и пак ми беше страв, ама му се допадна и не заприметив да има проблем после. Велат овошјето да се дава како ужинка неколку часа после ручек, ама не на вечер заради варењето и потешкотии во мешето, може и од тоа е ако има јадено покасно. Да се пофалам јас, пред некој ден пишав дека се спремам за петките, а денес случајно видов една долу и тоа цела излезена. Немаше проблем за неа, барем не колку тројките, сега на спиење ќе видам и другите дали се излезени, инаку е невозможна мисија дури е разбуден. Имајте убав ден.
Добар ден мајки. Момите спијат јас седнав пред компјутерот. Преку ден смеам да погледнам на нет само од телефон, никако појавување компјутер пред големава. Досадна недела Ако, ми фали, да здивнам малку. Синоќа малово се будеше неколку пати со вриштење. Во 04 ја зедов во раце, па сменив пелена, дадов млекце, татко и ја прошета малку низ соба и за среќа презаспа. Од 06 пак на нозе, се разбуди. Среќа дада и во 07. Како ќе ме биде со овој ритам и јас не знам. Белким едново кога ќе тргне градинка ќе биде полесно. Појадок омлет со многу зеленчук. И големата си се најаде убаво. Малото без негодување и тоа си лапна кашата што му ја направив. Минатата или пред минатата недела пржев риба, цела куќа мислам мирисаше цел ден. Денеска го пратив мм да донесе готова пастрмка. Сите тројца, со големата, се изнајадовме. Се мислам летна количка(иако помина летото де) и монтажно креветче за кај баба/ дедо им да купам. Купувавме за дома, за кај мајка ми... сега истиве работи по трет пат Се тешиме, три деца, ќе се искористи се. Убав ден на сите
јас вака по дома и денес е мн топло,се гушам.Децата цртаат ,мм е во Охрид ,мене досадно.Ручек уште немам ставено.Мм вика ке дојдел кај и да е па да сме јаделе надвор некаде одам да допијам кафето
Денес досадно па да не го преседиме дома денов земав детето и со моите заедно на викендица кај старите кумови сме (нивните, не дека се стари де Тука тарапаана луѓе, откачено друштво се па се изнаслушав мрсни и безобразни муабети Вчера беше многу умна и решивме да ја почастиме со огромна боенка од Џамбо што ја сакаше претходно, но тогаш не ја доби зашто беше лоша Добиле и некои нови барбики со тракатанци па сакаше и тоа, но земавме да и' објаснуваме дека тато треба да земе плата, па што е плата, дека тато оди на работа за да има пари. Сабајлето маж ми влегува дома од трета смена и она:- тато, дојде од работа? Сега имаш пари?
Мами денес е голем ден,денес му е роденден на синко Маже мое големо порасна,не е веќе бебе Истеравме и крштевка и роденден,преубаво ни беше Еве да почастам