Добро утро! Кафе испиено, дете доручкувано па ќе се спремаме за прошетка. Ах спремање така е зборот да земеме само шишенце со вода и да облечеме патичиња. Знае тоа штом кажеме чао веднаш ги донесува. Овие два дена баајги сонце, чудо некое. Има еден дуќан тука па на намалената роба имаат уште 50% па ќе тркнеме можеби нешто и ќе купиме. Јас и попустите не знаеме за крај. Кога ќе се вратеме може ќе заспие па нешто да сработам. Додуша вчера кога спиеше малку читав една книга на комјутер, ми недостига понекогаш убаво е човек да се опуште, само кога ќе ја дочитам тоа не знам. Малово пак се ми се мота околу нозе и маме, маме научило а тоа е дека сака да цица, не се деле од мене никако по цел ден. Ќе треба и за ручек да смислам нешто..
@Kitten Хахахха секогаш знаеш да ме насмееш со твоите постови Ме утеши да знаеш џабе да не и викам, да ја оставам нека се замислува дека е маче До душа може и јас имам удел во тоа затоа што секогаш кога си ја галам и викам “маче мајкино“ .. Па може и влегло во глава тоа Бацки до полжавчето @azelea welcome back Мене искрено од @danichap ми е срам да се пожалам дека ми е тешко со едно дете. Кога и ги читам постовите си увидувам уствари колку ми е лесно мене @danichap ретки се жени како тебе, ем со толку обврски ем толку позитивна. Секоја чест
Ај добро утро! Бебо еве го шета околу, касно станавме и ние, и јас како сваќата денес ќе пишам во весник, дури нешто пред 9. Појадувани, спремни, сега кафе да мцнам и одиме да однесеме на урамување една слика за чичо за свадба. Да се спремиме во 4 сме на едно истражување за пелени, кај тато на работа, мама ќе си муабети, тато ќе чува бебе со тетките и чичковците во канцеларија. Денес изгледа конечно ќе ги добијам и парите од ентериерот, душа ми мирна За периодот од 1 до 2 години потврдувам дека е многу тежок, уствари кај мене од 9м почна, тогаш господинот сфати што е штекер, како да крене газот да лази, нешто покасно и да оди.... Интересно баш. Сега е во момент кога баш па и не му се оди надвор, у раце сака, а сигирно у раце ќе го држам ако не па. Количка не купивме за у раце. Денес да ја исперам дури се заарни времево, за свадба да заличе на нешто, на одмор ја направи мачканици. Не знам дали смеам да кажам, апетитот ни де врати конечно, зел цело утро гнете пиперки црвени, лом е целиот, тие па и налутнуваат и само подголтнува лиги Еве го сега една бисквитка лапна, да допијам кафето и ќе излеземе. Мајки на здравје кафињата, јас спремам дете и искачам
Добро утро, добар ден. Станувам гледам десет саат. Ја зема татко и сабајле, ја пресоблече, ја нарани и ја однесе на шетање. Еве уште ги нема, па си ставив кафе. Ми требаат две кафиња дневно за притисокот што ми е низок, ама тахикардија некако ме фаќа од второ, ми се тресат раце и си останувам на едно. Не знам како по пет-шест пијат луѓето, јас право во болница со толку кофеин. За мене многу полесен е периодов, да не спомнувам колку е поинтересен. Проодувањето беше малку напорно, ама сега е супер. Башка се одлепи од мене, и помина што и да и беше и друго е. Можам и да сработам нешто, она трчка натаму наваму. А кога беше бебе во вц не можев да одам, се во раце, дури мм кога ќе дојдеше да јадам набрзинка и да се избањам и пак во раце. @Mariangel лесни чекоричиња.
Хелоу Морав да ви кажам дека сум испеглана од глава до пети Уште малтер на лице да ставам и одиме папа денес,тато ке не шета Малку сум му лута ама шетање не испуштам,гајле ми е Ке го казнам друг пат Дете трчка низ соба а јас ко ве читам за тежок период едвај чекам да наполни 2 годинки Одам мајки
@Mariangel лесни чекорчиња на шефот,лесно да чекори во животот. @danichap дани орден да ти се додели. Јас еве сама по дома,незнам што со себе Мм замина за Германија,со синко бевме на викенд до кај моите,тој продолжи за во село со другата баба јас дома за на работа.Имам некако вишок време незз што со себе,ме тепа некоја носталгија и црни мисли Се надевам со помин ќе е за брзо. Сте збореле за потежок период мене до 2 роденден ми беше потежок.... Како бебе бел ден не видов,мн немирно хипер дете,рано прлоазе,рано прооде,научи да се качува,фрла,што се штекери,како се отвора кај што не треба..... До душа уште не е да го оставиш сам ти да си работкаш,ако е тишина а не го гледам знам дека де крчка нешто не мн арно. Како и да е сега е полесен знае да се загледа цртан,лепи стикери во сликовница,коцки,ми помага за ручек,кафе.... Да не се пожалам имам помош и од свеки го варди додека сум на раб,вистина му удоволува и ќефови му прави ама го гледа. Кому му треба помош,да му зачистам по дома,дете да му завардам барајте тука сум имам вишок време една недека незнам како да го искористам Позз засега кој е за второ кафе ајде јас давам
Прекрасни, браво мајка. Лесно да чекори низ животот и гооолем голем батко да порасне!!! Ние само што се заспавме, втора рунда. Од 7ч станати како да не е втора еј не знам дали се пофалив, бидна руската салатка и сум мн среќна оти супер искочи уште ракијка да си набавам и спремни да ја дочекаме зимата Шала на страна, денес ми се увртело во глава уште тегли да купам и компот од праски за бебо да ставам. Ептен домаќинлукот ми е разработен Бебе спие, мајка ќе доручкува, па да му ја мислам за ручек што. Вчера се успеав да исчистам и средам така да денес ми е пегла деј а и некоја машина ќе сврти уз пат сигурно. Се читаме на второ кафе мајки, убав ден на сите
Ммммм, руска и ракијааа Во Скопје живееш? Како се наближува есен па и зима, мене носталгија ме фаќа за старото мое друштво и дневни седенки по кафани, ракија и мезиња до бескрај, дур не не стемни Жал ми е што тој дел од друштвото што се уште без обврски-деца сметаат дека ние другиве сме отцепени, не пиеме ракија и не сме веќе забавни Вечер сме на дружба со школски другар и неговата фам. кои се отселија во странство, девојчињата ни се врснички, а во сабота пак сме на детски роденден....А мене ми се пие ракија Епа стварно изгледа не сум веќе забавна
Еве сум и јас... во малку подобро расположение кое се надевам нема за скоро да ме напушти. @Mariangel лесни чекорчиња и ептен си ги дотерала стапките. Многу впечатливи! @azelea добредојде! Љубопитна сум каде го теравте одморот, Парга како што пишавме или друга дестинација? Верувам дека супер сте си поминале! Јас во врска со тежок период околу децата не би го сметала оној после 1 годинка, напротив тогаш ми беше полесно. Кај мене најтешко беше кога беше бебе од 0 месеци до 13 месеци. Нон стоп во раце, нејќе количка, нејќе во друг, нон стоп кенкава и вечно ненаспиена. Најмногу ме мачеше тоа што не спиевме воопшто, се прашувам како издржував. Откако наполни една годинка, се одбивме со цицкање и направивме супер ред на спиење, па почна сама да се заигрува, па прооде и можеше да го истражува сама просторот... За мене беше полесно, бар бев наспиена! Инаку со дечките е страшно непредвидливо, до големи знаат да прават проблеми! Ете мојата малечка денес несакаше да си дојде дома со мене кога појдов да ја земам од кај баба и. Се инаетеше и тврдеше дека баба ќе ја заспие, ама дома не си доаѓа. ОК, попуштив и си се вратив сама. За пола саат ете ги, по мене посакала дома да си дојде. Манипулација, изживување... Вечер по казна нема одење во парк.
Zenski, kako poaktivna temava da ve prasam, znaete li dali ima vo skopje casovi plivanje za mnogu mali deca? Kako sto ima po zapadov
пуштив машина да пере шарени алишта и ке легнам сега да дремнам еден час со малата.Немам енергија воопшто а незнам зошто.Нонстоп на спиење ме тера. да поспијам па ке се вратам саглам пост да напишам
Луѓе да си поплачам малку на темава. Мојава двегодишна забушава со јадење. Ама има по пола ден уста да не отвори, а трча, скока , има енергија. Ако јаде за ручек не јаде за вечера, а когаш знае и за два оброка речиси ништо да не јаде.Вака со денови. само јас ли сум со макава или има и други вакви ситуации?
Какви часови? Никој не работи со деца под 4 години, дури и во градинка. Гледам кај нас во градинка англиски јазик и балет почнува со групите од 4+ години.
Здраво мамички. Чекам бебе да стане, лежам во дневна пред тв, вистинска реткост. Направив само едни ќофтиња од тиквица о тоа ќе биде за денес. За бебе денес најлесно, блитва со мелен ориз, готово за 10 минути. Месо не варам оти и онака последниве денови го фрлам, влегла пак во нејадачка фаза, полудувам. Вчера кога ја хранев се тргна нагло и ми ја турна лажичката директно на ѕид. А замислете јадеше вишни со к. млеко, па ѕидот изгледа како народна шара Затоа мојот апетит машала, нагоре иде Размислувам курс да запишам за возрасни, како подготовка за деловен англиски, ми треба дипломата. Да го завршам и тоа додека сум дома. Од вчера официјално ми заврши породилно, сега малку го продолжив, па одмор и ќе ми се фати уште 2 месеци дома со бебе Да пркне уште малку. За најтежок период досега, ги прогласувам првите 3 месеци. Но, мала е уште, има време пак да се жалам. Сега учи да лази и само го крева газот како топче некое Во дубак ја ставив и никако напред да тргне, наназад тера @Mariangel Лесни чкорчиња, колачињата ептен махерски, домаќинка една Мене не ме бива, признавам @joy1 Ако не е притисок, постојана дремка мене на друго ме асоцира Поздрав, едвај го чекам мм да му кажам дека идам на курс, а тој ќе се дружи со ќерка му за тоа време, да го израдувам малку