Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. Adeline

    Adeline Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2015
    Пораки:
    2.037
    Допаѓања:
    4.715
    Пол:
    Женски
    Така е да но нели кумот после треба да го крсти здравје второто дете, па понатака свадби така натаму....
     
  2. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    20.474
    Допаѓања:
    334.868
    Пол:
    Женски
    денес повеќето млади за кум си го бираат најдобриот другар така да затоа не бери гајле дека мора по традиција да се оди
     
    На Melinda85, TheSecret, Mari-Ja и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Adeline

    Adeline Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2015
    Пораки:
    2.037
    Допаѓања:
    4.715
    Пол:
    Женски
    Да те утешам ние заспиваме во 23часот. Преку ден преспива два пати. Уште малце еве годинка. Ретко се случува да стане навечер за да игра, значи мноогу ретко. За спиење не би му менувала ако се прашувам јас скроз ми одговара , но кога е буден ее стварно БУДЕН:D иначе колкави сте вие?

    Најдобриот другар на мм го одби ете.. сега мојата најблиска другарка ке видиме што ќе каже.
     
    Последна измена од модератор: 31 август 2017
  4. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    20.474
    Допаѓања:
    334.868
    Пол:
    Женски
    се плашат пд трошак повеќето ,верувај заради тоа одбил
     
    На Mari-Ja му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Adeline

    Adeline Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2015
    Пораки:
    2.037
    Допаѓања:
    4.715
    Пол:
    Женски
    @joy1 да, заради тоа беше...
     
    На Mari-Ja му/ѝ се допаѓа ова.
  6. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.365
    Допаѓања:
    21.353
    Пол:
    Женски
    Тешко е во денешно време кум да се нафатиш, ради огромните трошоци. Поштедете ги лугето од трошење и ке прифатат. Ние така направивме. Сакавме детето да ни го крсти најдобар другар наш. Човекот е од друг град. Му рековме дека нема никаков трошок, се ние си плакаме, ни поклон не треба. Неговуот трошок беше да дојде и тој изрази желба да го облече син ми, инаку и тоа си имав спремно. И прифати, сега и второто ке ни го крсти.
     
    На M&M, LaDyDoLl, Mari-Ja и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Seline

    Seline Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2017
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    3.658
    Пол:
    Женски
    Скоро годинка, нека заспива во 22 ама да не се буди, на 5 месеци по цела ноќ преспиваше сега ова незнам што е. Или веќе ако се буди нека не седи по цел саат будна и со плачки.
    Додека пишувам чекам бурек да се испече и се надевам дека конечно ќе јадеме. Мора да чекам да дојде мм за да приправам нешто инаку со неа неможам ништо да зготвам.
     
    На Lolipop23 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Adeline

    Adeline Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2015
    Пораки:
    2.037
    Допаѓања:
    4.715
    Пол:
    Женски
    А да пробате со помалце преспивање преку ден некако повеќе да се умори..
     
    На Seline му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Mari*

    Mari* Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 април 2016
    Пораки:
    3.730
    Допаѓања:
    45.639
    Пол:
    Женски
    Момето мое до 3 месеци преспиваше цела ноќ
    Од тогаш па до сега минимум 3 пати се буди навечер,заспива и во 12
     
    На Seline му/ѝ се допаѓа ова.
  10. blessed.an

    blessed.an Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2016
    Пораки:
    2.588
    Допаѓања:
    12.061
    Пол:
    Женски
    Добра вечер мајки..Прв пат деца да заиграт сами па јас да испијам едно кафе раат..По цел ден како моторчиња да имаат не застануваат..Срека напладне заедно заспиваат па можам пола час да одморам бидејки синко повеке не знае да сврзе сон..Еве керка сака џамки (пижами) сакам нанам ми вели ама синко нема абер за спиење..Убава нок имајте мајки јас одам да успијам деца @Arendelle и јас мислам да кажете дека не треба ништо тој да дава дека ке се нафати..тешко време дојде и многу скапо @Mariangel лесни чекорчиња на малото
     
    На muchacha_a, ma4e1311, Mariangel и 3 други им се допаѓа ова.
  11. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    7.326
    Допаѓања:
    157.323
    Пол:
    Женски
    Мене баба ми ме има крстено, и кума и се :) . Прашај некој близОк роднина, кажи им дека вие ќе покриете трошоци и готово.
    @augustd среќен роденден на цуцата мала, жива здрава весела.
    Ние арни нешто ич немам воља за пишување деновиве. Се спремам за турбо темпо од понеделник, школо, градинка, работа :?: . Од една страна едвај чекам големиов да тргне во школо веќе не знае што со себе по дома ама кога ќе ми текне што ме чека секое сабајле а мене времето броено во секунди ми се плаче. За малава се мислам да не тргне баш од понеделник или некој ден покасно да не биде у најголемите плачки, ќе видам утре и брисевите дали и се чисти.
    Заспаа двајцата одам и јас, добра ноќ:hai:
     
    Последна измена: 31 август 2017
    На muchacha_a, blessed.an, Mari-Ja и 3 други им се допаѓа ова.
  12. augustd

    augustd Популарен член

    Се зачлени на:
    13 март 2017
    Пораки:
    1.175
    Допаѓања:
    11.296
    Пол:
    Женски
    Ооо, фала, ама на мм беше роденден, затоа пишав големото дете :rofl:
     
    На Sunshine_1979 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Mari-Ja

    Mari-Ja Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2016
    Пораки:
    1.518
    Допаѓања:
    15.090
    Пол:
    Женски
    Добро утроо!
    Ние спремни :D кога ќе ме праша некој што да земам за детето да спакувам за на море, одговор имам јасен и гласен: тркала на куќата и носи :D е тогаш само ништо нема да фали.
    Со слика и прилика покасно ќе ве поздравам.
    Убав петочки ден и на здравје кафенцето да ви е :)
     
    На M&M, Lolipop23, Mari* и 4 други им се допаѓа ова.
  14. Arendelle

    Arendelle Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2017
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    7.405
    Пол:
    Женски
    @augustd хаха ти сите не збуни и јас мислев на детето е роденден, не е важно на кој среќен да е.
    @blessed.an погрешка си ме означила сигурно на аделине си мислела, ништо страшно :)
    Во последно време ептен сум напната, нервозна за ситница знам да избувнам и знам дека претерувам. Со мм повеќе муабет на телефон направиме него дома. Често касно доаѓа од работа, малку ќе си поигра со децата за тоа време јас нешто ќе спремам, па да ги успијам децата и на крај и ние заспиваме. Од утре викенд па може малку да се опуштеме.
    Во врска со кумство луѓето го избегнуваат највеќе заради трошоците, но ако взаемно се договорат може да се сведат на минимум.
     
    На M&M, Seline, Mari-Ja и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Sunshine_1979

    Sunshine_1979 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2015
    Пораки:
    1.351
    Допаѓања:
    11.929
    Пол:
    Женски
    Добар ден, одвај чекам денов да помине да одам да си ги гушнам моите девојчиња,:inlove: од вторник до сега година ми се виде! Ќе има гушкање вечерва а од утре ќе почнам да се жалам колку ми е напорно :D

    За крштевка и јас така се нафатив на другарка откако и откажа кумот, тогаш навистина бев во криза со финансии но прифатив и и нагласив дека скромно ќе поминеме, таа дури ништо не сакаше но ете колку можев се организирав и пак тоа “скромното“ ме фати 5-6 илјадарки - фустан, џемперче, боди, хулахопки, чевли, играчка, украси за коса, торта, свеќи за во црква,,, битно и јас и се најдов и сега уште не почитуваат како кумови на девојчето!
    Доцнам со честитките но се што пропуштив нека е за арно и убаво, сите живи и здрави во среќни семејства уште долго да се читаме!
    @girl-miri , среќен празник, се надевам дека се е во ред со семејството!
     
    На Mari*, azelea и girl-miri им се допаѓа ова.
  16. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.614
    Допаѓања:
    290.518
    Добро утро.
    Уште една непроспана ниќ.
    Идентична ситуација како предходната. Баш пред да ја легнам да спие се искака. Повторно зелено.
    Си реков дека е остатокот од предходната вечер, оти измеѓу немаше какано а цел ден си беше весела. Ама пак се будеше од сон, сега со грчеви и плачење.
    Додека се договаравме како да правиме, сите четворица со се малото да одиме во болница или сами да ги праќам со татко и за среќа ми заспа во скут. Душиче. Го масирав мешето, ја галев и заспа.
    Потоа спиеше немирно но со татко и во соба, оа едно време ја зел кај него во постела.
    Од 11 сме на систематски па се надевам ќе ну кажат и нешто околу ова.
    Инаку момата ја пратив сабајле во градинка. 08.30 дојде баба и.
    Малата пресреќна оти ќњ оди да шета од рано сабајле. Со двете рачиња чао ми правеше, пољубчиња ми даваше а мене срце ми се крши.
    Единствено дете ќе биде кое седи со баба, не со мајка:(.

    Може хормони, ама многу ме погоди тоа. Партал сум одкако замина.

    Едвај чекам да дојде и да ја гушнам. Да чујам како поминале. Единствена мома е во групата за сега. Сите останати машки:rofl:. Ја пратив со нало ранче, без работите кои треба да ги однесеме. Резервна облека за преслека, облека за на дожд имаме, но не успеав од дм да купам памперс, влажни си сл. Ама секако денес се околу час само таму. Понеделник ќе пратам се.


    Ставив јадење за малово, за нас супа спремам... после систематскиот колку ќе имам време да засукам ракавите да готвам не знам ни јас.
    Малово заспа и тишина е. Чудно некако, пусто, ново.
    Убав ден на сите:coffee:
     
    На Melinda85, M&M, JuLleE и 15 други им се допаѓа ова.
  17. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.822
    Допаѓања:
    114.753
    Пол:
    Женски
    Среќен прв ден во градинка на снајкааа... Ние во понеделник здравје. Денес документи да доспремиме и готовоооо....

    Мама кснува по малку сега, па после ќе дипли алишта, имам за извоз. А две вреќи дадов, и пак има многу. Ќе дадам уште, само да имам време да одделам.

    Пиено кафе денес во школски двор, да искорстиме додека нема гужва, после ќе нема место за нас од дадички и батковци, ќе се префрлиме во градинка ние. Многу брзо ми порасна детево, пребрзо, дур да трепнам порасна. Си сакам пак да си е бебенце паааа.... Ова е знак дека сум заборавила на бебешкиот период и би се потсетила пак, ама мора прво да се поработи, да се собере некој денар и да се има подобри услови за бебуш. Жално е да сакаш да раѓаш и да сакаш да имаш повеќе деца а да немаш услови. Јас би родила 5, ама ако успеам 3 да имам би било супер, не е само роди го, треба и да се извадат на прав пат тие деца. Што мислитр вие на таа тема? Колку и што е важно за одлуката за повеќедетно семејство?
     
    На JuLleE, TutiFuti, danichap и 2 други им се допаѓа ова.
  18. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.406
    Допаѓања:
    5.912
    Пол:
    Женски
    Нема врска. Мене баба ми ме крстила. За ќерка ми, нешто такво ќе биде, венчалниот кум ни е спречен. И црквата не наметнува правила кој да биде кум. Битно е кумот да биде крстен.
     
    На Espadrila му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Lady*Bug

    Lady*Bug Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2017
    Пораки:
    1.520
    Допаѓања:
    5.185
    Пол:
    Женски
    Како и за се друго и за оваа тематика има различни размислувања од различни жени. Затоа јас лично ќе си го кажам мислењето - за повеќедетно семејство (мислам кој не би посакал, 3 е идеално) но најбитна е домашната финансиска состојба. Не е проблем додека се бебиња ај ако веќе имаш едно ќе носи облека од првото, како така може човек да се снајде. "Проблемите" настануваат да не речам од 7 год.натка кога детето тргнува во школо па излегуваат многу потреби, посебно со модерниов начин на живеење. Јас сум малку поспецифична во тој поглед сакам се да има и да не му фали ништо :) така да ако финансиската состојба ми е како сега здравје за 2-3 гидини би размислувала за друго дете, доколку не тогаш би размислила два пати, сепак станува збор за дете. Од друга страна па и не иде да го оставиш само, најдобро е да се гледа на заработувачката со широко отворени очи за да се нема проблем околу планирањето на семејството ( ова како нзс за крај :)
     
    На Kaetana и Kitten им се допаѓа ова.
  20. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.406
    Допаѓања:
    5.912
    Пол:
    Женски
    Не се само парите. Треба да се има желба, нерви, трпение, а многу од нас го немаат. Битни се и други услови, колку помош имате од сопругот, од околината, колку помош може да очекувате во иднина. Замислете вашиот сопруг е попадне на работа или ноќна смена, вие се враќате од работа, бремена сте, треба да внимавате, а трчате по бесно дете кое трча цело време наваму-натаму. Ќе треба да одите и на прегледи, а некој да ви го сочува едното. Ако едното е во градинка, а вие бремени со второ, мора да се пазите од вирусите кои првото ги носи, а и ако имате мало бебе, а другово нон стоп болно, постои голема опасност да го зарази. Ќе треба да се грижите и за болново и за бебево. Е сега добро би било барем првото да е осамостоено, во поглед на одење, говор, вршење нужда, па да се почне со второ. Исто така, не е работава само кој ќе го чува детето додека е мало. А кога ќе тргне во школо до некоја возраст, некој нели треба да ги преземе тие деца? За распуст не треба ли некој да ги чува? Родителите немаат годишен од три месеци, па плус и зимски. Според тоа, пак во игра влегуваат баба, дедо, но да се живи, здрави и прави, а како ли ќе биде? Исто така треба и простор за живеење. Колку повеќе анализирам, толку помалку сметам дека има услови за второ.
     
    На flower30, m.i.g, BirMelek и 12 други им се допаѓа ова.