Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. MissDior

    MissDior Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2011
    Пораки:
    1.214
    Допаѓања:
    10.130
    Никогаш не сум била дечарка па и не можам да се сетам дека сум посакувала да бидам мајка, едноставно таква сум. Откакао останав трудна нешто се смени драматично во мене се и целото мое битие се посвети на новиот живот, на мојата мала светлина. И благодарна сум и што реши да постои да се роди баш во нашето семејство. Дојде во нашите животи непланирано и не научи на среќа која не знаевме дека постои.
    Иако 24 часа ми се малку да ги завршам сите обврски, иако сум млада навечер се ме боли кога легнувам и едвај отварам очи сабајле, сепак сакам за некоја година да си добие друштво (сестриче или братче). Голем восхит имам за мајките што имаат две или повеќе деца со мала разлика, тоа е храброст и сила(y)
     
    На Kaetana, Melinda85, azelea и 17 други им се допаѓа ова.
  2. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.202
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки.
    Мене ме фати стомачен вирус :worried: Вчера маж ми, денес мене. Глава ме убива, повраќам на празно, грчеви во стомак, ладни нозе...Кај ме фати ова. Среќа имам помош во секое време, мајка ми сабајлето веднаш дојде, а попладнево ја пуштивме малата кај другите баба и дедо, па се надевам нема и нејзе да ја фати оваа грозотија од болест :worried:

    Можеби грешка направив но си лапнав пола јабуче, душава ми гореше за нешто свежо :(
    Баш денес не сакав да ми ја земат, ептен е мазул, премногу ми фали да ја слушам да си игра околу мене.

    @girl-miri Среќен празник мила!
     
    На Kaetana, eli25, azelea и 7 други им се допаѓа ова.
  3. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    7.082
    Допаѓања:
    154.645
    Пол:
    Женски
    (facepalm) читала не дочитала работава. Е ако де и него нека му е среќен :)
     
    На eli25, snegulkata, Mari* и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. muchacha_a

    muchacha_a Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    1.236
    Допаѓања:
    14.580
    Пол:
    Женски
    Хахаха изнасмејав се.и јас сакам такво дете.ама ова само кукла може така да биде мирно како што опиша.нема такво детенце толку мирно не сум сретнала до сеа.
     
    На eli25, azelea и Mari* им се допаѓа ова.
  5. BirMelek

    BirMelek Популарен член

    Се зачлени на:
    30 декември 2013
    Пораки:
    2.673
    Допаѓања:
    14.780
    Пол:
    Женски
    Јас мислам за второ дете голема улога играат и односите меѓу брачните другари. Не во смисла на љубов дали се сакаат, туку во смисла колку првото дете влијаело на нивните меѓусебни односи и брак. Секој ќе рече дека детето ја зацврстува љубовта, но не е секаде и секогаш така. Зависи и од тоа колку мажот "помага" во одгледување на детето и домашните обврски, ма се! Свесни сме дека повеќето мажи, за жал, гледањето на деца го сметаат за женска посла. И потоа жената се лути и префрла, па влегуваме во зачаран круг на секојдневни кавги кои ја исцрпуваат енергијата.
    Лично јас никако не можам да замислам второ дете. Можеби дека ќерка ми е уште многу мала, не велам не, но целата љубов на овој свет ми е резервирана за неа. Не дека не можам, туку не сакам да ја делам на други. Себично можеби, можеби се ќе се смени, рано е да кажам. Ова го имам еднаш кажано јавно и ми рекоја дословно " ако ја сакаш нема сама да ја оставиш". Бог да чува од муабетов, демек тоа што сакам да ја сакам само неа, да ја мазам и пазам само неа, по цели денлви да си играм само со неа, да и го посветам речиси животов не е ли сакање? Шта речи....
    Од друга страна сестра ми ми е се на светов, благодарна сум што постои. Добро е да имаш брат/сестра. Но, по секоја цена и да не сакам да морам да родам второ не!
     
    На eli25, mal.ecka, azelea и 9 други им се допаѓа ова.
  6. Adeline

    Adeline Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2015
    Пораки:
    2.037
    Допаѓања:
    4.715
    Пол:
    Женски
    Ако има исто презиме и не е полнолетен?
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  7. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    7.082
    Допаѓања:
    154.645
    Пол:
    Женски
    Ако ти е за утеха јас и мм само на скајп дур сме на работа збориме. Дома во исто време сме ама од децава не стигаме да си направиме муабет :)
    Да се надоврзам на муабетот и јас завршив со раѓање, сакав две си имам две. Големиот ми беше многу напорно бебе ама и покрај се бевме решени за второ, само што не се осмелував на помала разлика. Моиве најблиски мислеа дека нема да сакам второ зошто првово маста ми ја извадило :)
    Како ми расте малава така ме фаќа жал што никогаш веќе нема бебче да си имаме, а од друга страна си викам не би пак се од пошочеток
     
    На eli25, azelea, Mari-Ja и 8 други им се допаѓа ова.
  8. orhideea

    orhideea Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    5.991
    Допаѓања:
    66.495
    Примате ли нови мајки ^_^
    Имам син од 25 дена :inlove:
    Темава уште во бременоста ја читам, и ги знам сите мајки што пишуваат овде.
    Прво бебенце ми е.
    Сама си го гледам, живееме во странство и немам помош од никој. Кога се породив мајками дојде за 2 недели и си замина. Мажот ми е по цел ден на работа и јас сама со бебуш.
    Засега е мирен, на ноќе си спие, само кога му се јади заплачува, му давам јади и заспива.
    Во 6 и нешто станува на сабајле.
    На дење си преспива и ако успеам и јас легнувам со него малку да поспијам. Ќе пишувам во темава колку што ќе ми дозволи синко :lol: сега уште е мал повеќе спие па најдувам по малку време за форумот, ќе видиме како ќе биде кога ќе подпорасти.
    Убав ден мајки :f:
     
    На Kaetana, flower30, Melinda85 и 28 други им се допаѓа ова.
  9. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    20.149
    Допаѓања:
    329.295
    Пол:
    Женски
    добар ден мајки
    ние до сега си спиевме :) .Пред спиење на поголемата и падна заб.Бидејки сеуште верува во забната самовила го ставила забот под перница :D .Не сакав да и кршам фантазија па и ставив паричка демек стварно била самовилата.

    немам планови за денес.Нешто ке подсредам по дома и нешто за јадење,бањање и денот веќе отишол.Дајте ми предлог за интересен детски филм.
     
    На Kaetana, eli25, azelea и 20 други им се допаѓа ова.
  10. BirMelek

    BirMelek Популарен член

    Се зачлени на:
    30 декември 2013
    Пораки:
    2.673
    Допаѓања:
    14.780
    Пол:
    Женски
    Добро утро мајки! Јас утрово зомби. Бебе веќе 2 вечери се буди на секој саат со кенкање, а некогаш и салам вриштење. Цица демек гладна е, а голема е да се буди од глад. Давам и ад околу 4 саат, ќе испие и после пак иста песна, на секој саат се буди со плачење. Не знам што е. Нови заби нема на повидок. Полудечу!:@
    Еве ја сега во дубак, му зборува само, не знае да вози(facepalm)
    Мм излезе по јадење, не ми се готви, а и уште не сум му се смирила, не знам што ми е, мислам можам вака до недоглед да терам. Нека, ако не види како е, како ќе знае што жена има:D
    @joy1 Анимиран нема грешка со ice age. Ама 1 или 2, другите се глупост. После, пингвините од мадакаскар, браќата мечки или стјуарт литл. Се гледа кој обожава детски филмови:tmi:
    @orhideea Добре дојде во нашето царство мајка:hai:
     
    На eli25, azelea, tina-63 и 11 други им се допаѓа ова.
  11. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.543
    Допаѓања:
    289.114
    Добро утро мајки.
    Да можам пак да си легнам, да поспијам... се ме боли и душава ми плаче за сон.

    Хорор ноќ повторно.
    Големата не кака веќе зелено, да не не' мислите :tmi:, ама малово уклучи алармот. Околу полноќ кога почна хистерично да вришти... аиии(lalala).
    Еден саат се одра од вриштење. Сменив памперс, понудив млекце, масирав меше, мм ја шеташе... не бре. Се задави од вриштење.
    Ждрига, прди, нос целосно се затна не знам веќе што и се и беше.
    Ај ставив капки, инхалирав, па некој некој мрсул од што рикаше испадна.
    Таман си реков се посмири, ја легнавме пак пична со вриштење.
    Цело маало ечеше. Се грчи од болки.
    На крај ставив чепче и после 15 минути се намири и заспа. Кај 04 пак почна хоророт и пак одново.
    Шетање низ куќа, масажи, инхалации, млекце..
    Во 07 стана и другата и мм ги однесе во дневна за да дремнам еден саат.

    Се тегнат големава и татко и околу чорапите. Омилена активност и е соблекување, не само чорапи, да ја оставо чоовек и гола, и да трча низ куќа. Малово ми е во скут, па ем думкам ем пишувам.

    Успеав и лате да испијам.
    Јупи:rock:

    Толку сум уморна, безволна, без енергија и да мислам. А цела недела ја чекам саботава. Сакав по салониве за мебел да прошетаме.
    Убав ден на сите и искористете го денов:coffee:
     
    На Bozica1980, Kaetana, eli25 и 16 други им се допаѓа ова.
  12. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.372
    Допаѓања:
    5.847
    Пол:
    Женски
    Не знам за тоа, ама прашај си во црквата каде планирате. Мислам дека треба да е полнолетен, а за презимето не би требало да е проблем. ама сепак прашај.
     
  13. muchacha_a

    muchacha_a Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    1.236
    Допаѓања:
    14.580
    Пол:
    Женски
    Добро утро уствари добар ден рано си стануваме па како си се изнаплачав сега...толку ми е тешко и психички и физички немам сила немам воља само пред другите се правам силна а јас сум станала прав слабак
    Синко ништо не јаде и накај 4 ми станува и кажува дека цревата му кркорат ајде го заспивам некако луѓе му се гади од јадење става у уста и плука и вика бљак
    Ке пукнам веќе
    А бебуш пак нешто го каснало на окцето на капкот озгоре и му е малце отечено и црвено модро малку незнам што да му ставам или да го носам на болница незнам...
    Денес или утре треба да ми ја донесат и наместат кујната и колку толку да се средат некои работи.
    Август ми летна но овој ке видеме
    Убав саботен ден.
     
    На eli25, azelea, Saraa и 9 други им се допаѓа ова.
  14. Seline

    Seline Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2017
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    3.658
    Пол:
    Женски
    Добро Утро!
    Станавме околу 7.30 што е разумно време, со едно будење, вака е ок. Сега спие, прва дремка, јас доручкував и седнав малку да здивнам.
    Ги сакам саботните утра, гушкањето на спална сите тројца, малите итроштини кои ги изведува девојченцето на мама и не тера на миг да станеме и ние деца заигрувајќи се со неа. Потоа ритуалот едниот го средува бебето, другиот прави кафе и доручек, замирисува на дом, топлина се шири некоја која едниставно ме смирува и дете среќно и ние исто. Отсекогаш сум велела дека викендот треба да трае три дена место два.
    Ми отекол зглоб на десната рака, не се сеќавам дека сум се ударила, а ме наболува по малце, се надевам дека ќе помине.
    Оваа сабота решив да го пратам мм половина од пазарлакот да го заврши сам, тоа што мене ми е досадно де за да имам време во големиот маркет повеќе да шетам.
    Сакам и до центарот да прошетаме, деновиве се тука некои празнувања, со штандови, програм со музика и спектакли и огномети. Е оваа година со бебе тешко дека ќе го гледаме огнометот, уште е мала а тој е прегласен. Лани се сеќавам со стомак до заби го гледав, ама на половина си заминав оти ми беше страв да не се исплаши бебето во стомак.
    Имам цел куп за пеглање, за чистење да не зборувам а јас си правам планови за цел викенд. Ќе видиме што ќе биде. Убав ден на сите.
     
    На Kaetana, eli25, azelea и 9 други им се допаѓа ова.
  15. Arendelle

    Arendelle Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2017
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    7.405
    Пол:
    Женски
    Добар ден!
    Од 05h сме будни, уште не е пладне а мислам веќе е 15h. Kако ден ќе се прекарува не знам. Организацијата ни е нула. Наместо да прошетаме малку мм да поспијам, јас перална уклучив, да го успијам малото, големото тешка работа дека ќе легне па таму час можеби и ќе излеземе. Пак ќе кажам убаво е човек да е организиран, знае таму и таму ќе одам, не мора да е нешто екстра, обична прошетка да е ама кај нас се спонтано се случува, се е пет до дванаесет.
    Ручек денес не правам, на децата правев само палента па со јогурт ручаа.
    Поздрав и имајте убав викенд!
     
    На eli25, azelea, tina-63 и 7 други им се допаѓа ова.
  16. Adeline

    Adeline Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2015
    Пораки:
    2.037
    Допаѓања:
    4.715
    Пол:
    Женски
    Најверојатно сестрами ќе го крсти, другарката само што одби , ете тоа е.
     
  17. BirMelek

    BirMelek Популарен член

    Се зачлени на:
    30 декември 2013
    Пораки:
    2.673
    Допаѓања:
    14.780
    Пол:
    Женски
    Мене ме има крстено чичко ми на 12 негови години, малолетен и со исто презиме. Битно е тој да е крстен. Исто и јас имам крстено 2 бебиња едното на 9, едното на 10 години кога имав.
     
    На Espadrila и Adeline им се допаѓа ова.
  18. augustd

    augustd Популарен член

    Се зачлени на:
    13 март 2017
    Пораки:
    1.175
    Допаѓања:
    11.296
    Пол:
    Женски
    И ние се пријавуваме во неспиените.
    Којзнае што и биднува оваа недела, веќе втор пат плаче, рика цел час, ништо не ја смирува, ама баш ништо. По час рикање дадов пола доза парацетамол и се смири, можеби нешто ја болело.
    Со мм оваа недела скоро и да се разминуваме низ дома, ми иде на живци, среќа што сум независна од него за се, па можам комплетно да го игнорирам.
    Не сум расположена, а понеделник имам куп обврски. Наместо да одмарам, јас се замарам.
    Море да стане детево од спиење, ќе ја облечам и има еден убав ресторан во близина, во природа и ќе ја однесам таму. Ич не сакам да ја двојам од татко и, но ете некои денови ми треба одмор од него.
    На вас ви посакувам подобро расположение.
     
    На eli25, azelea, mal.ecka и 11 други им се допаѓа ова.
  19. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    7.082
    Допаѓања:
    154.645
    Пол:
    Женски
    Ако е за филм litle rascals нема утка http://m.imdb.com/title/tt0110366/
    Не сум му го пуштила на синко ама еве се потсетив, јас можам да го гледам сто пати.
    Релаксирана сабота низ маало, мажињава возеа точак ние пред зграда на лулашки. Да заспие мачку малово јас нешто по дома, ручек ова она, без некои планови и обврски нека тера викендов.
    @orhideea добре ни дојде
     
    На eli25, azelea, Mari-Ja и 3 други им се допаѓа ова.
  20. chocolade

    chocolade Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2014
    Пораки:
    2.215
    Допаѓања:
    6.882
    Пол:
    Женски
    Здраво мамички.
    Јас конечно на одмор^_^
    Летот помина супер. Дете пресреќно. Овде има занимации за деца цел ден. Не можеме да постигнеме и плажа и активности. :wasntme: За активности за возрасни не ни помислуваме. Нема време, битно она да е среќна.
    Јас вчера вечер мислев ке умрам овде од главоболка. Легнав у соба се превртував во кревет, офкав, плачев. Мм беше на море. Не можев ни да му кажам дека не ми е добро кога си заминав во соба. Од страв да не сум бремена испив само парацетамол. Не помогна. Дојде мм кога ме виде ми даде аналгин не можеше да ме гледа таква:worried:. Го испив :| таман рече ке вика доктор, кога фатив да повракам :puke: Секогаш повракам од јака главоболка. Па се радувам аналгинот го извадив барем. После ми помина наеднаш и бев како нова :) сега сме супер, уживаме во одморот и се надеваме дека нема да ме повтори. Убав ден на сите :hug:
    Едит: @BirMelek и јас исто мислев за второ но кога ке порасне првото стварно свакаш дека е себично да ја оставиш сама. Иначе никот ти е убав :angel:
     
    На Kaetana, eli25, azelea и 10 други им се допаѓа ова.