Па, ако не брани попот, може уште поарно.Како сестра никој не е. И јас ќе одам со некој од фамилијава по се изледа. Не планирам ни ручеци, ни гоштевки, пригодно нешто за кумот или кумата (кој и да е ) и толку. Детево ми е доста пргаво место не го фаќа, па ќе одам на едноставна варијанта. У памет му се љуљашки, деца и топки, не сака седенки и гласни муабети. ---+-++++-**********************************-*2***0666663,33333356000 + - Ова погоре е дело на ќере. Математичарка на мама. Ќе и отвори мама профил на фемина, најмала форумка ќе биде
Добро утро мајки! Со среќа на сите првачиња и забавачиња, и на сите дечиња кои почнаа во градинка. Ние два дена тука од кои едниот се изврна за сите пари. Денес одиме за Хрватска на прошетка пошто времево многу многу за бањање не ни е. Важно воздухот не е ист како оној дома, голема промена за нас Сте се расприкажале за дечиња, јас ќе речам само да имам финансии доволно, не премногу, 4 би родила. Сакам големо семејство, среќа па и мм се согласува за три, е за четвртото ке треба да поработам изгледа Здравје прво ова да пркне Одам да спремам торбици и полека да го фаќаме ние денов. Убав неделен ден на сите
добро утро приметувам колку ми се различни децата.Големата со зор да ја натерам да оди во купатило насабајле за да се среди,па со зорт да јаде.Малата зема сама столчето ,оди во купатило бара четка и паста и се мие.Седнува да јаде супа и вели можам сама.Мн е поснаодлива од големата иако е мн помала. неделно и облачно.Ако не излегуваме некаде ке правам клуб сендвичи и ке пуштам филм.Вечер ке се пегламе за утре ,прв ден на школо поздрав мајки
https://drmitov.mk/d-r-mitov-zdravstvenite-problemi-od-upotreba-na-zhivotinski-mleka/ Информативен материјал кој би било добро сите мајки да го прочитаат. Поздрав
Здраво од мене. 3 пати јадев отсабајле незнам што ми стана Ручек пастрмче се крчка малку порано оти пак ми се јаде. Бебе денес мирно, вчера и завчера не му се погодуваше. Со среќа утре кој има дечиња во школо . Да се редат петки
Добар ден мајки..Конечно тишина а јас едно кафе на раат да испијам а ми се спие ми се плаче ама сакам малку во тишинава да уживам..Синока синко се нешто кенкаше па стана во пет во седум заспа и во девет веке беше буден а за тоа време три пати го презаспивав кога ке фати ред тоа дете стално се прашувам..Утрово малку зароси облачно беше ама сега сонце топло не се излегува надвор..Попладне сме на роденден па керка брзо сакаше да заспие за кога ке стане ке оди на роденден..Тоа е мајки со срека на дечињата во школо..
Напорен бешто денов а демек релаксирано почна. Малава заспа во 1 и да ја оставам на спална отвори очи и пробував до 2 да ја презаспијам. Во некоја полузаспана соатојба е а не се заспива, не знам што и денес. А имам обвраки еден куп по дома ако остане ваква нема ништо да завршам толку ме умори ако заапие ќе легнам и јас. Мразам вакви денови ништо кога не ти оди од рака
Моите абер немаат за спиење, малото преспа 20минути во кола и тоа е. Мм легна да поспие па се подразбира да биде тишина. Тешко оди. Пиштат, викат, трескат...Веќе шетавме. Синоќа пола ден дома, пола надвор. Излеговме за малку но се задржавме прилично, се разбира непланирано. Важно беше забавно. Имаат нови играчки па и двете сакаат во исто време иста а од утре веќе нема да бидат интересни. Ручек готов и порано ручавме. Кафе испиено. Уште ломот да се среди.. се надевам порано ќе заспијат, цел ден се активни. Таман после ќе ги избањам па може да спијат. Колку вашите деца ги сакаат ликовите од цртаните, еве пример јунаците и принцезите од Дизни? Мене ќерка ми знае прилично да ме изнервира. Фустан со Елза и Ана, Рапунзел, Пепелашка, Миа или заспаната убавица.. ташничка, патики исто со некој лик. Знам деца се радуваат но има штосни работи и едноставни што јас порадо би ги избрала.
Здраво мами утре си одиме дома со синчето е сега вие што имате транспортно креветче дали му ставате нешто во горнијот дел за спиење или само така како што е
Здраво мајки. Обично предлпладне пишувам, ама денес викендашки, па ни се поремети ред . Каката е кафена, да не не' мислите . Порано слушав како зборуваат за оние "досадни" мајки кои едни исти муабети прават и ја споредуваат бојата на каките кај децата, па што јаделе, што кажале.... демек немале друг муабет веќе, не можеле да се вклопат во муабетот со останатите. Тогаш бев индиферентна по тоа прашање, ама сега приметувајќи се како давам апдејт за каката на детето кузнее што би си рекол човек од страна . Не би ја сфатиле важноста на суштината која сакам да ја доловам . Малото драми драми аииии. Вриштеше, пиштеше, се превртуваше цела ноќ. Масирав, инхалирав, мм ка шеташе низ куќа и некако се намири... за кратко. Големата не се сеќавам некогаш да спиела со нас во кревет. Во текот на ноќта, кога не била добра, можело да ја зедеме во постела, но сме ја враќале во креветче. Синоќа мадам ја зедовме во постела и ја ставивме меѓу нас. Детево ај во хоризонтала што спиеше, па и на мијава страна преовладува. Јас ја преместувам накај татко и, она пак накај мене . Што од вриштењето што од нејзиното удобно спиење, јас без сон останав. Сабајле 06.30 важно како под аларм двете викаат. Јас малото го наранив, пресоблеков, мм големата и му ги пуштив во дневна да поспијам од 07-09. После он замина на некој саат, имаше работа, а јас полна надежи дека ќе одиме во бољи живот зедов на рати да се спремам. Одделно коса миев и пеглав, удрив брзински туш, па веѓи чупав, па алишта бирав за мене, за децата, па ранче со резервна облека и памперси, ранче со термос за вода, флаши и млекце, па се шкинкав. Сето ова траеше 4-5 часа оти измеѓу каши правев, ранев, деца туширав и пресоблекував, килим чистев од истурен сок, ги успивав ама надеж пуста. Нели во град ќе одиме, со луѓе ќе се социјализирам. Иде мм, јас спремна како пушка, уште да пукнам, пријателот со кој бевме договорени не му крева . Два пати се слушавме, рековме за денес на пладне, ќе се чуеме ама сигурно... и толку од сигурното. А јас нели пеглана, спремна . Недела не работат шопинг центри, свежо за по паркови... а невестава нели спремна, ако не ме изнесе ќе здивам . Спонтано ни текна на игротека Изгуглавме каде има и право таму. Големата се изнатрча, малото радознало се пулеше, ние налку муабети свртевме. Се релаксиравме. Во 18.30 се јави пријателот . Не ни спомна за виѓавање, претпоставувам ради реда и пропуштени повици. Додека немавме деца многу интензивно се дружевме со него си сопругата. Со нив а и со неколку други. После првото дете добивав впечаток како да не одбегнуват, после втото веќе сум сигурна. А штета. Толку се фини и стварно многу ни одел муабетот. Сум се чудела кога правеле некакви поделби помеѓу парови со деца и без деца во интензитетот на дружење и одбивав да веруваѓ дека постои такво нешто. Сега веќе не сум толку сигурна... Помислувам да не стварам некаква болка, па и со трето меше...и не се осмелувам да замерам Решив од утре јас ќе одам во градинка со големата. Срце јуначко не додржа во истрајноста на првичниот план да оди со баба и . Едново заспа до мене додека пишувам. Добра е. Се надевам на мирна ноќ со повеќе часеви сон. Пријатна вечер на сите
Ние до сега шетавме бевме кај едните баба и дедо па кај другите и сфативме дека ја и мм сме му многу досадни на детево одвај чекаше да си игра со нив.Од утре маж ми почнува со втора работа толку сум несреќна кај сама по цел ден и тоа во најтежок период кога проодува па уште кога ќе помислам дека детето нема да си го гледа мака ми е.Уште потешко ми е сестра ми искрвари па ништо од бебе.Тоа е.Ќе биде понатака.Одам јас да поуживам во кафето со мажето дека од утре ни тоа нема да го имам
Абе чути најдов кума , сепак пријателка ќе биде. Добро е. Ееепа таман да те прашам . Цело време во црква кумот го држи бебето или не? Прашуваше кумата дали да облече балетанки зошто синко е 11 кг машала.
помина и овој ден малце бевме до Џамбо,Ваикики и дома.Со големата неможеме да се разбереме околу ранец.Јас и викам нешто еднобојно модерно она запнала за принецези се тоа па тоа и остана без ранец.Мм во среда ке оди за Скопје и ке види во Просветно дело што има спремивме за утре сукња и тексас кошула .Нешто баш и не е радосна што ке почне со школо
Мојата дека плачеше јас си ја држев повеќе време. Кумот само неопходно, кога вртеше кругови околу водата и така нешто ситно.
Кумашинчето беше 5 години. За раче се држевме. А може да крштева у балетанки ако и е страв. Јас уште не носам штикли кога шетАм бебе.