Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. chocolade

    chocolade Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2014
    Пораки:
    2.215
    Допаѓања:
    6.882
    Пол:
    Женски
    Здраво од средоземно море :hai:
    Како сте мамички? Гледам некои болнички па посакувам брзо оздравуванје на болните.
    Со срека на првачињата :)
    Ние одмараме, се дебелееме, јадеме 5 пати на ден. Плус меѓуоброци:sweat: што да правам кога се ми пред нос, мора да се проба:$
    Малава ја пазевме да не се разболи пред одмор. Затоа тука се опуштивме и оп ете ја настината. Целата е затната и и тече носето. Се тешам дека од соленава вода ке и помине.
    Па си играме во вода божем таласиве немирни цело време ја плескаат во лице, а тоа уствари мое дело за да и влезе во нос вода.Не плаче туку одма ајде тато сега ти под вода, го удави човекот:D битно дете да оздрави.
    Срека детево е друштвено па со мм можеме да искулираме малку и на само. Нејзе се и е поинтерсно од нас |( Многу е самостална, освен кога јаде тогаш е бебе па морам јас да ја хранам (facepalm) изводи како и одговара така.
    Отидоа да спијат во соба со мм. Јас шмукам кафе на плажа и ве читам :) Ке ви ставев слика ама незнам како на спојлер :$ позз
     
    На НаталиЛили, Kaetana, Girl-Rabbit и 13 други им се допаѓа ова.
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.274
    Допаѓања:
    67.881
    Пол:
    Женски
    Дај боже да се одвикне. И мојата престана еден период, така сама од себе, еве сега пак почна.

    Си пуштам машина прееска, набрзина пикам алишта, кога после гледам моркови и пиперки си се вртат.:drunk: Секогаш проверувам да не има нешто, овој пат набрзина и заборавив, а малово стално си пика работи таму. Па ја стопирав и ги вадев. Супер.

    И помина времето за спиење, закаснивме денес и со страшни плачки дури сега заспа. Ни цицање помогна, трчав по соба ја нишав, цел пакет и клапна на крајот душа.

    Сега кафето на раат да го испијам, нервите да потсмирам.:sweat:
     
    На mal.ecka, Kaetana, Girl-Rabbit и 15 други им се допаѓа ова.
  3. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.874
    Допаѓања:
    28.593
    Е на ова и јас сакав да се жалам! Жени бре срамови сме, 3,5 години сме а јас сеуште јадења со лажица морам да ја хранам! Со вилушка сама, ама со лажица обавезно ме тера да и давам. Ама ова само на мене, во градинка вчера грав сама јадела, е последните лажички учиталката и ги дала. А дома не ни почнува сама, штом виде лажица. Ок, признавам, имаше вина и во мене, ептен касно ја пуштив да се осамостојува во јадењето, ама па стварно до толку лигавеш не очекував.
    Мој совет, уште од мали остајте ги сами да јадаат, макар и да се извалкат, макар и да ви направат неред, макар и помала количина да јадат... ова поминува, ама навиката останува.
    Искрено срам ми е, и не знам веќе што да преземам.
    За покомплицирани нешта сме самостојни (веќе сама седи пред зграда со деца, сама мие раце, сама седнува оди да мочка, облекува чевли сама, пробува и облека сама да облекува ама не е баш успешна) ама штом виде лажица одма ,,мамо ти давај ми,,
     
    На Kaetana, Girl-Rabbit, Kitten и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Arendelle

    Arendelle Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2017
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    7.405
    Пол:
    Женски
    @RainBow добро што си видела инаку алиштата ќе се добиле боичка. Го имам и јас истиот проблем, пералната ми е во кујна и малото се што ќе најде става таму, мислеш сеф е. Обично проверувам но еднаш ја пуштив и слушам трас, трас.. стопирам, вадам играчка, метална количка. Еднаш беше и некои етикети мушнал па на алиштата имаше растопена хартија..
    Со апење исто имаме проблем, се апе некој период почесто па подзаборави но тука е сестра му да го потсети. Почне да го гњави тоа се брани и апе, колку само кажувам не така, не така и на двете и се носи матна вода, ефект слабо.
     
    На Girl-Rabbit, azelea, Mari-Ja и 2 други им се допаѓа ова.
  5. chocolade

    chocolade Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2014
    Пораки:
    2.215
    Допаѓања:
    6.882
    Пол:
    Женски
    Се сложувам дека е наша вина. Да видиш овде на русиве и германциве децава помали од нашиве сами јадат и со лажица и со вилушка. Родителите си гледаат своја чинија децата своја. Нема нервози и молење како што правам јас. А искрено дур ја наранам мене ми се оладува и одмилува јадењето па јадам онака за да се најадам. Вкус ништо не осекам. |(
     
    На Kaetana, Girl-Rabbit, azelea и 6 други им се допаѓа ова.
  6. Manuela.

    Manuela. Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2015
    Пораки:
    292
    Допаѓања:
    3.384
    Пол:
    Женски
    Мајка ми сака да ми помогне ама на погрешен начин.
    Ја зедоа од градинка и дојдоа со две мали мачиња.Па трчаше да купи песок и се што треба,па папагал бендиса и кафез...Оффф си велам што и е на оваа жена,3000 ќе дади за тоа а на мене фрижидерот ми е за молерисување:)
    Па жено во стан од 50 квадрати неможам сите да ги вдомам,едвај за нас има место:rofl:
    Ама малата сакала.Абе и јас сакам еден тигар ама не бива нели.Се не бива!

    Едвај ја убедивме со тато да ѓи носи на село(facepalm)
    Вели кога не и раѓаш братче нека си има другарче.
    Ме убива,а знае дека немам услови.

    Да не се разбереме погрешно,обожавам животни ама не сега.Сега најубавото животно седи до мене:l:

    Таму на село сега весела дружина,мачки,кучиња,пилиња.Сите среќни и весели;)

    Имајте убава вечер мајки,јас наминав да ве насмејам малку:*
     
    На Kaetana, Girl-Rabbit, JuLleE и 13 други им се допаѓа ова.
  7. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.396
    Допаѓања:
    260.038
    Ова за самостално јадење и нам ни е проблем. Син ми е 3 год и 10 месеци, а не јаде сам. Ама јас сум виновна. Он си бара, ама јас не давам оти и така е слаб, а кога јаде сам пола паѓа и не знам колку ќе се најаде. Страв имам да не остане гладен. Денес ја прашувам воспитувачката дали јадел, вика да, ама морам да го хранам оти сам не јаде. Он е во група деца родени 2013 год, а он е во ноември. Има деца што ќе полнат за некој месец 5, а он 4. Може ќе се научи побрзо да јаде сам.
     
    На mal.ecka, Kaetana, Girl-Rabbit и 6 други им се допаѓа ова.
  8. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.646
    Допаѓања:
    17.650
    Пол:
    Женски
    @Mari* пробав и јас на тој начин демек да сфати дека боли погрешно или не ама немаше ефект.Сум пробала и смирено демек ајде со нежности да возвратам пробав и со повишен тон џабе.Мм се смее вика никој нема да верува дека е од син ти сите ќе мислат те тепам :) инаку и он ми пушта крв ама тоа е ќе помине.Јас да се пријавам дека во 10 си правам пржени компири ми се пријаде хахах.Синко спие татко му фудбал гледа а јас изгледа од досада јадам :) убава ноќ да одморат сите мајки а дечињата мирно да спијат.Утре е нов ден нови сили нови предизвици
     
    На muchacha_a, snegulkata, tina-63 и 5 други им се допаѓа ова.
  9. kelebeim***

    kelebeim*** Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2015
    Пораки:
    533
    Допаѓања:
    1.336
    Пол:
    Женски
    Хаха и кај нас иста песна. Ако не е во машина во вц шоља е. Отварам завчера машина и гледам патика, лажиче и од мама пижамите :)
     
    На RainBow, Mari*, snegulkata и 2 други им се допаѓа ова.
  10. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    7.082
    Допаѓања:
    154.646
    Пол:
    Женски
    Преска се чувствував преморено сега не ми се спие. Морам да си направам навика едно пола саат после работа да кренам нозе малку, не мора да легнувам, па макар децава дубеле на глава. Ама не се ни они криви, јас кога ќе дојдам уште додека сум раздвижена и имам енергија фаќам вратата со нив надвор или нешто роварам по дома па цацко ми е крив. Откако заспаа сите се истуширав и уживам во мир и тишина, и хрчењрто на мм на увце :D , па ми се поврати силата. Денес си се шеткавме сами со малоно, мажињава на некој роденден беа, се изнаигра, ме изненади колку беше умна послушна и ненапорна. Многу ми е порасната и сменета во последниве неколку недели, може човек да се разбере и да си направи муабет со неа како со поголњмко дете малтене. Ја прашуваш си одговара, она мене ми поставува прашања и се по ред :) . Уште да ги оставиме пелените и да се откаже од цицање и голема девојка ќе биде :D . Море ќе ми биде жал, уштсилатнеделе, многу бргу ми пораснаа децава.
    Преска На лулашки се насобрале група деца од некои 13г, повеќето машки и неколку девојчиња. Муабетине им беа леле мајко, може исто сме биле а сум заборавила ама многу ми се бљак на таа возраст, кој ќе ги трпи кога ќе стасаат во пубертет не знам. Затоа да си поуживаме дур се мали и мили :rofl:
     
    На Kaetana, Girl-Rabbit, mareane и 15 други им се допаѓа ова.
  11. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.517
    Допаѓања:
    27.302
    Пол:
    Женски
    Поздрав мами!
    Нека им е со среќа на сите првачиња и воопшто на сите ученичиња што ја започнаа вчера школската година. :f: :sun: :f:
    Јас на дадите од маало им спремав мали подарочиња, тетратки и прибор со ликовите од Фроузен, пресреќни беа, ама заслужија ептен, цело лето го чуваа, го шетаа синко, многу ми беа од помош.
    @TutiFuti среќен роденден на мт! :)
    @danichap побрзо оздравување мајче, се надевам веќе си подобро! :hug:
    @LanaDelR добредојде, се надевам ќе не дружиш почесто! :)

    Од понеделник тргнувам на работа. Правам списоци што како треба да завршам оваа недела.
    Периодов ми е сличен на оној пред да се породам. Тогаш бев така, се да исчистам, да се испазарува, да зготвам, нешто благичко да направам, па и зимници сега... се си мислам дека потоа нема да имам време за ништо. :doh:
    Синко приврзан за мене повеќе од било кога. Кога не сум во близина оди во сите, кога сум присутна само во мене сака. Наместо да кратиме подои, тој се почесто и почесто бара да цица. Ноќеска се буди на 2 саати. Како да осеќа луѓе, дека ќе има некоја промена.
    Мм највеќе ќе осети, тој ќе го чува кога ќе сум на работа, ќе ми биде тешко и на мене нормално, ама пак барем нема да го слушам како плаче. Ама нека види и тој што значи родителство во буквална смисла, некоја непроспиена ноќ додека да се навикне бебуш, нема да го убие. :P
     
    На mal.ecka, Kaetana, Girl-Rabbit и 15 други им се допаѓа ова.
  12. victoria

    victoria Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    29.164
    Пол:
    Женски
    Добро утро.. Заврши одморот, броените денови летаат брзо.. Битно супер поминавме и со поголемиот и со бебушов :) догодина ќе биде поинтересно, кога ќе биде годинка и двс три месеци.. Сега стани , цицни, легни... Најлесно поминсв со него :)
    Еве ги двајцата ми станаа "по грчки", порано еден час отлолку што си спиеа дома ... А мене ми де спие, ми се плаче.. Три машини со алишта, крпи пуштив и имам сортирано уште три... Не сакам да прескокнувам куфери дома, одма сакам да средам..
    Ве поздравувам, да фатам нешто додека седат мирни
     
    На Girl-Rabbit, orhideea, tina-63 и 11 други им се допаѓа ова.
  13. Manuela.

    Manuela. Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2015
    Пораки:
    292
    Допаѓања:
    3.384
    Пол:
    Женски
    Добро утро мајки

    Ден 3 градинка-уште поголем хорор.Вриште дете,јас влегувам со неа поседувам малку и кога ке се сврти да земе играчка јас бегам колку што ме држат нозете.А ја слушам кога ќе види оти ме нема еден глас вади да ти е страв од неа.Дури и надвор ја слушам.:(

    Ќе помине знам,само да издржиме.

    Вечерва сум трета смена и сега наместо да легнам јас кафе си сварив.Јака сум јас и неспијана можам да одам не е проблем:DПосле ке кукам какви подочнаци имам.

    Имајте убав ден:hug:
     
    На Kaetana, M&M, orhideea и 10 други им се допаѓа ова.
  14. tincemajmunce

    tincemajmunce Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 февруари 2014
    Пораки:
    2.348
    Допаѓања:
    28.384
    Пол:
    Женски
    @victoria наздравје одмор побрзо прилагодување домичка,и што е можно во најбрз род да,се среди хаосот по дома што сите знаеме како е после одмор.

    @Lolipop23 среќно тргнување на раб од понеделник.Ќе се привикнат и мт и синчето на новонастанатата ситуација.Малиот најбрзо ќе се адаптира.

    @danichap се надевам дека си веќе подобра и дека денес ќе те прочитаме со подобар пост дека си веќе подобра.

    Ние уште повраќаме,вчера демек поарен не му беше цел ден ништо чат пат ќе се пожалеше на мешето апетит нула ама не повраќаше.
    Ама синојка хорор да плаче да,се витка како новороденче од грчеви се слушаше како му брие во мешето 2 пати исповрати па му олесни малку.Цела ноќ ја поминав дежурајќи,чистејќи....Еве го лежи не му е ништо погодено само плаче.Да пие чајче и ќе одиме до болница да го ѕирнат.
    Се спремав божем викендов имам мн блиска свадба закажано фрирура,шминка којзнае што ќе излезе на крај.
    Само нека ми е тој подобар.
    Засега позз се читкаме после.
    Дремам од на нозе мислам дека ќе ми падне главава некаде.
     
    На Kaetana, M&M, orhideea и 11 други им се допаѓа ова.
  15. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.543
    Допаѓања:
    289.116
    Добро утро мајки
    Вчера го шкртнав денот, денес живуркам :rofl:
    Барем температурата е 37.5. Доволно да се чуствувам како претепана, ама барем не е опасна. Ќе ме држи уште малку... ама малку подобро е од вчера.

    Заврши и еклузивниот третман како кон болен, па и мм од 05.00 замина на работа:D
    Сабајле сирените се уклучија во 06.30. Па ај со малото во раце отидов со детска, кај големата, за таму да и дадам млекце и да ја пресоблечам. .
    Пред очи да и бидам на големава за да не вика. Кога го завршив малово го ставив во креветот на сестра и а нејзе ја извадив за да и сменам пелена и да ја облечам.
    Втора рунда да се преселиме во дневна со што е можно помалку драми.
    Ај пак малото во раце, големава ме тегне за нозе отидовме до дневна. Влечев тоа хранилката за да ја легнам малава, да може да ме гледа додека спремам појадок за сестра и.
    Оти нели, ќе вика ако не сум и пред очи.
    Се плашам да не го достигнам моментот кога нема да се штрекнувам на викањево на децава :x.

    Спремив појадок, спакував кутиите во ранчето и чекам да дојде свекрва ми. Женава касни ... што е нетипично. А големово прегладне, нсучена отвара очите и одма да пикне нешто во уста за да јаде. Кога чекала она, иско и дадов малку за да ја залажам и да не е празно мешето.
    Работава нели со другарчињата да јаде во градинката а не најадена да им отиде па да рипа скака додека другите јадат.
    Кога се сетив да го погледнам планот, денес не било 08.30 туку 09.30 (facepalm)
    Ај ја соблеков јакната и блузата на малава, со добра мисла да не се исфлекаат фармерчињата ја седнав да јаде. Што го изгладнев детето дали за да дочека да каде до градинката за да јаде се што имаше пред нејзе изеде. И наравно се искака:D.
    Ајде газе миевме, наново облекување. Се освестив дека ќе биде два саати, дека може пак ќе и се пријаде, па ај назад во кујна да доправам уште нешто.:sweat:
    Да не заборавам дека малово во меѓу време уклучи сирените поради недостаток на внимание па го влечев монтажното од детска за да ја легнам во него. Во 09.15 свекрва ми се нацрта на врата, ги испратив и се пикнав во кујна да спремам нешто за каша за малово. Точно пред три саати пише млекце, тешко мене ако почне да вика пред да се свари крушката и киноата:sweat:

    Додека пишував се освестив дека не сум арна, носов дека е чешма (facepalm).
    Да допишам па да ставам еден чај.
    @tincemajmunce побрзо оздравување на малиот шмекер
    @Lolipop23 среќно нека е тргнувањето на работа и што побрза адаптација на новонастанатата ситуација.
     
    На mal.ecka, Kaetana, Girl-Rabbit и 19 други им се допаѓа ова.
  16. muchacha_a

    muchacha_a Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    1.236
    Допаѓања:
    14.580
    Пол:
    Женски
    @danichap кога те читам исто ко јас сто работи во секунда само што јас не ги опишувам тука така како тебе.
    Многу ме нервираат кога ми викаат ,Јака ти душа..
    Еве го стана бебуш и кафето ми остана не испиено
    Поздрав мајки должноста вика..
     
    На Girl-Rabbit, Espadrila, M&M и 6 други им се допаѓа ова.
  17. Sunshine_1979

    Sunshine_1979 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2015
    Пораки:
    1.351
    Допаѓања:
    11.929
    Пол:
    Женски
    Добар ден!
    Еве ме да ве поздравам од работа и да се пријавам во ненаспаните мајки! Вчера шетавме низ Бисер, дадето го подновивме со прекрасен фустан за на свадба, вечеравме и се си помина во идеална атмосфера! Но хоророт почна дома, од врата беба почна да плаче, одвај ја спремив за спиење, некако брзо се успа но дремката и траеше само 2 саати! Само што легнав, се разбуди дете, некоја несоница ја фати и до 6 остана полубудна! Срце ми спие денес, едвај чекам дома да си одам, да дремнам барем 5 минути, ако шефиците дозволат :D
    Фала Богу, стигнаа негативните брисови од грло и нос па сега сме спремни за во градинка, здравје од понеделник!
    Околу хранењето и самосталноста, јас имам малку поразличен став! За големата ќерка многу имав влијание од средината, де уште ли не јаде неблендирано, де уште ли не јаде сама, многу притисок ми правеа и мислев дека грешам па правев по нивно - дете плаче, повраќа, а јас упорно се трудам со поцврста храна, кај беше со слаб апетит и слабикрвна, мислам дека си ги зголемив нервозите со тоа да ја научам сама да јаде неблендирано!
    За бебево битно ми е само да е најадено и среќно без нервози и за мене и за неа! Сакаш блендирано - ОК, сакаш мама да те рани - ОК, битно мирна ни е глава и со сласт си ручкаме, а за ред има време, ќе научи кога ќе и дојде моментот!
     
    На Kaetana, Girl-Rabbit, M&M и 9 други им се допаѓа ова.
  18. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.199
    Допаѓања:
    111.375
    Пол:
    Женски
    Еве ме мене! Задоволна од градинка пијуцкам нескафе и јадам сончоглед. Утре ќе си ги почастам учителките на синко, нели во петок ми е роденден. Леле детево колку ме изненадува со неговото позитивно однесување, ептен сум ќефлија, само да не смени. Нејќеше да си оди прееска, се враќаше назад. Кога го земав мирисаше на парфемот на негователката, ги гушкала се гледа, она презадоволна од него, а мама од нив. Само спиењето без цуцла ќе биде проблематично, ама ќе се одвикнеме, нека се навикне прво на градинка.

    Немам многу за фалење, освен дека викендот што измина бев на многу блиска и драга свадба, а у петок ми е роденден. Денес ќе пазариме, утре здравје ќе си направиме тортичка, да се стегне во фрижидер, во петок преку ден ќе частам а навечер ќе одиме во село на викенд.

    Убав ден мамички, одам да блендирам! А да, и јас сум таква мама, блендирам месо оти бебе ми плука иначе, па побитно ми е да е најаден отколку муабетите на народот.
     
    На mal.ecka, Kaetana, Girl-Rabbit и 14 други им се допаѓа ова.
  19. Selest

    Selest Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2017
    Пораки:
    407
    Допаѓања:
    1.456
    Пол:
    Женски
    Поздрав мајки:)
    Знам дека темава е најактивна, па би сакала тука да прашам за совет што би ми предложиле за гардероба за групна фамилијарна фотосесија со клинциве. Знам дека кај нас нема многу избор се мислам дали да шијам ама некако сум пишман. Дали би било штосно да нарачам од оние маици обични што ги печатат (да е тематска ) ? Секоја идеја би ми била од корист.
     
  20. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.759
    Допаѓања:
    38.688
    Пол:
    Женски
    @AngelOfArh Ангел заедно да славиме роденден, пример сабота, зашто мене во недела ми е :) Мислам да си го почастиме катчево тука :)

    Убав ден и од нас! Уште 20 дена сум со свеки. Ја испраќам после и гледање здравје по 2-3 години. Среќа што така поретко сме заедно :) Од сабајле нервози со неа, гледа дека синко не сака да и оди по ќеиф, она со сила го тера да прави нешто. Па после ми се жали не бил мирен. Повеќе од час е на вибер со ќеркаи, детево сака до неа да седи и да слуша. Е не оди тоа така.
    Ручек спремив,си се наручаа па си подлегнаа. Јас дете успивам, да подработам нешто па и ние малку да спремаме за мојот роденден. Не правиме свечености и церемонии, но моите секогаш доаѓаат, комшивката и поблиски пријатели еден пар. Торта ќе има обавезно, се друго ако стасаме дополнително.
    Ве поздравувам!
     
    На Kaetana, Girl-Rabbit, Sunshine_1979 и 9 други им се допаѓа ова.