Добар ден и од мене, нешто затишје на форумот, бебуш заспа, па седнав со кафенце, стандард за овој период од денот. Од утре ќе имаме гостинка на една недела, на мм тетка од странција, па мозгам што како да се готви деновиве и каде да се прошета. Нешто многу планови а слаба реализација. Требаше летово да наместиме парно, ај денес, ај утре, дојде време не можеме мајстор да најдеме, дури за крајот на месецов договори мм. И како да не се нервирам, 9 месеци сум дома ништо не направивме, сега баш кога ќе тргнам на работа, кога ќе сум мртва уморна, ќе ми трескаат и бушат 5 дена дома. Па и потоа белење, чистење, средување..... не сакам ни да помислам. А кога му велам дека не е организиран и чека се во последен момент ми се лути. @BirMelek навистина брзо помина времето, ете ги врснициве исти нервози ни задаваат. И мојов ми штрајкува за јадење. За појадок колку толку ќе изеде, ама за ручек, леле мајко, штом го ставам во хранилка почнува да вреска како да го колат. Ајде велам период е, ама цел месец веќе така прави. Мака ми е, едвај успеав домашно пилешко и телешко да најдам, зошто, за сите во канта да завршат. @girl-miri мајка се надевам се ќе биде во ред и ќе си ја истераш бременоста до крај. Те гушкам!
Денес така некако релаксиран ми е денов на работа,а и брзо ми минува време.После се спремам и решивме да идеме за Банско викендов,цело лето сакавме ама не се поклопија коцките,па сега да искористиме прилика што уште ни трае зелениот картон и остана некое денарче од одморот . Ќере си оди во градинка ,сега во поголема група па само кажува дека била голема .Многу ми е интересна периодов само нешто раскажува,па со очите прави некои фаци како некоја теткица ми е .Многу сака да и читаме приказни од сликовниците,па потоа она прераскажува,додека читам сто пати прашува кој е тој,па зошто е,па каде,па ги зема и сама си седнува и си чита,а ние со мм од страна се смешкаме меша и принцези и прасиња,јариња,смешки живи е,се надевам ќе ја наследи љубовта кон книгите од мама. А и да се пофалам еве неколку вечери спие без цуцла,веќе некое време наназад и зборев како е веќе голема и дека ќе спие без цуце,па не и ја дадов со изговор дека е во поголема група во градинка и дека другарчињата нејзини не спијат со цуцла,па за чудо не плачеше мислев дека ќе вришти и ќе ја бара,но сега сака до мене залепена да спие,ми се пика и ме гушка силно со стегање и само испушта некои звуци додека заспие,како да пати ама паметна па не дава слабост да ја побара ,се надевам ќе ја заборави и ќе се навикне без неа. @danichap мило ми е што си подобра ,богами најлошо е со мали деца да си легнат во кревет. @flower30 мила богами последнава година многу ти се насобрало на душа,знам дека ти е напорно со детето ама пробај малку да се релаксираш,и јас на моменти исто сум се чувствувала како тебе,но мораш да си најдеш нешто што те расположува и што влијае на тебе позитивно @girl-miri издржи душо,се ќе биде во најдобар ред @chocolade поздрав до Средоземно море и испиј едно турско за мене @Lolipop23 со лесно да се адаптираш на работа,се сеќавам и јас вака тргнав септември после породилно,се осеќав како учениче
Мамички добар ден. Вр читам а никакк да пишам ,баш напорен период. Бебе мало само што направивме 40 дена спиење слабо,секое попладне после 18 часот плаче ,ќенка, виси на цицка па во 9 заспие. Големафа почна во градинка секој ден одење ама плаче ја оставам по кратко овде во странство имаат друг начин на адаптација па и плус пола саат во правец ми треба да градинката . Вечно сум ненаспиена будење на секој два часа од кој еден обавезно сме будни подочњаци до колена имам. Плус свеќи е тука имам помош греота е да се жалам жената се ми помага. Средував летна зимска гардероба овде залади се затрупавме со алишта три дена едвај ги средив на децата. Многупати си помислувам колку е напорно дека избрзавме со второто,знам дека ќе помине само треба да си давама сила дека се е пролазно кога че потпораснат малку ќе биде подруго. Убав ден заврши мојата пауза бебушка ме зове.
Добар ден. Малава уште спие, се измори сабајлечки по паркчињата. Почна да не ги дава играчките на децата, порано ќе ги остави и не ни приметува кој си игра со нив, сега оди и се кара. Ама смешна е многу. Баба и само и вика, карај го дедо ти, па ова мавта со прстето и си брбори, моите се смеат многу. Затоа сега си мисли дека е забавно да се караш и не кара сите по дома. Јас контра и викам дека се галат сите и не се караат, па да има од се по малку. Какви се интересни вака малецки човечиња, порано да бидам искрена воопшто не ми беа интересни дечиња, сега со сите муабет си правам. Ама прцлава моја љубомора покажува, одма вади прстето и напрчува муцето ако со друго детенце си зборам. Ќе и направам денес благи мафини, имаше интересен рецепт во групата, со урми и какао, да заблажи душа.
Zdravo majki-lavici Teram vtor del od odmorot pisle more malku planina,Se ubavo super ama sinko me preplasi denes na pladne.Povrati sest pati vo saat vreme.Odma na pedijatar go odnesov,virusce. Offf kako se potresov...sto znacelo majka<3
Здраво мами дали некоја од вас користи фраксипарине и дали се стават на иста страна зошто на болница на иста страна ми ги става
@Belabelinakinder јас после царски 10 дена примав, и таму и дома си ги ставав во десна страна од стомакот. Макар што мислам можеш и да ја сменуваш страната.
Добра вечер мами. Денеска едвај чекав да стигнам дома после работа. Не дека другите денови не ама ѕверето посебно ми фалеше после 4 дена работни. И нормално, излегов порано од работа. И брзам брзам брзам...скокам по две скали до наш спрат,влагам задишена и-он заспал Ајде одморив малце се истуширав, стана после саат време и почнаа циркузите. Мајки ќе ви се верува ли дека на секој мој осмех се смееше по природа е многу ведро дете, ама денес на глас до закашлување смеа. Не е прв пат ама ете...јас изгледа нешто денес сум така поосетлива па го нагласувам тоа хахахах. Од понеделник адаптација. Држете ни среќа. Знам дека ќе е лошо. Но до тогаш имам3 цели дена само за нас двајца и ништо друго не ме интересира
Аман, што те снашло. Се надевам дека се е во ред. Јас се спремам факултетот да си го дозавршам. Времето моментално го користам целосно на ќерка ми...готвење, јадење, шетање, играње и малку суредување. Се надевам дека кога ќе дојде за полагање, ќе ми се најде некој да ми ја почува. За среќа преспива по 2-3 часа дневно, па тогаш ќе користам за учење. Малку само што подзалади и веќе не ми се станува наутро од кревет...ќерка ми станува пред мене и ми ги носи играчките во кревет или си бара млекце или за јадење...станува од кревет и одма гладна е...ако...само нека јади момето. Многу мака имам од грбот.... легнувам со болка, станувам со болка....како добро ми би дошла масажа пред легнување.......се мислам некои вежбички за грбот да почнам, многу си се запоставив себеси во секоја смисла...ако сака и момето со мене да вежба уште поубаво...ако не ќе треба наутро еден час порано да се стане, додека спие таа.
Добра вечер и од мене. Последниве месеци константно под стрес, од некои мои стравови (како велат од главата си патиме), па се одрази и физички. А сами сме, како повеќето од вас, се чувствувам исцрпена целосно, и ко ќе ве читам со две мали деца, ви се восхитувам искрено. Само да помине овој период, чекам некое помирно време. Дајте некој совет како се релаксирате преку ден, покрај обврските, како останувате позитивни и смирени? @flower30 многу ми е жал за тоа што се случи, ако имаш потреба и мој совет е да поразговараш барем со психолог, или па со најблиските за да не собираш во себе, и полесно да се преброди. @girl-miri се надевам се е во ред, со лесно да е. @Belabelinakinder 5 во болница, 5 дома, тие дома сама ги ставав, ми покажаа сестрите. Колку треба да примиш ти?
Снегулка...нека игра со игри кои вклучуваат лажица...некоја стара лажица и песок нека црпи, ориз нека црпи од еден во друг сад или во шише со поголем отвор, па со вода потоа......инаку и ние сме како вас со лажицава, планирам и јас да почнам со вакви игри..да се навикне на лажицата...да не ја гледа како најголем кошмар.....идејава ја видов од мама и беба списанието, како до самостално дете.....и мене ми е криво што не и дадов да јаде сама од старт...требаше само да и сошијам како заштитна облека за да не се валка облеката и уште да можи да седи на едно место додека јаде добро ќе биде...само зборувам и пак ништо.
Проблемот лежи баш во тоа што обврските ги гледаш на тој начин, како обврски. Направи да ти се задоволство, уживај во се што правиш. Биди свесна за она што го имаш и не го подзаборавај. Не си го дозволувај луксузот да не си смирена. Гушкај бебе, уживај во него, не мора секој ден да готвиш. еден ден нарачај,друг зготви, нареден одмрзни, потоа пак зготви. Фати си некоја рутина оја највеќе ќе ти одговара и најди си издувен вентил. Книга, јога, медитација, блеење у таван..небитно што ама твое да си е.
@LiliBoz се согласувам, само мисливе се проблем кај мене. И во најопуштените и најубави моменти, еден дел од мене е стегнат и во грч. Не успевам да најдам нешто да ја изгубам негативната енергија, да сум релаксирана и опуштена и да уживам, а свесна сум колку сум благодарна и благословена со него.
ти си мајка драга моја. од сега па натаму секогаш еден дел од тебе ќе е во грч ќе научиш да живееш со нив со тек на време...
Мислам дека 5 ама утре ке се јавам за сигурно јас од со гледав и така ставам нели се стават како пролутекс
@Belabelinakinder да, мислам дека исто- поткожно се става, се фаќа дел од кожата со два прста и се пушта течноста, лесно е за сама.
Добро утро мајки. Се успавме денеска. Легачки живот . Малово уклучи сирената во 03, па ај инхалации, менував пелена, давав млекце, игравме пеевме.. и 05 не фати додека задоволна заспа. Мажот ми во 05.30 дојде од ноќна смена и конечно се намирив. Ама сиренава на малово бидејќи порано се уклучи, стандардното помеѓу 06-07 изостана, а без нејзините глички и плачки и големава си потерала... отварам очиве едно време и што да видам. 08.00 Кога се шаштисав Не дека ќе не вратат ако закасни 15 минути, ама сонлива глава до толку не мисли. Наденав на мене првото што ми испадна пред очи, немиена влегов во кујна да и спремам појадок. Мозок уште спие, иновативност рамна на нула. Арно го здогледав тестото што го спремав синоќа и решив пишии да и испржам . Во меѓувреме мм во комирана состојба сами ме бакна во образ и замина на работа, имал термин, а малото уклучи сирените оти нема никој во спална. И така. Го стокмив момето со пишии и сиренце за појадок во градинка. Да се знае дека од Македонска куќа иде. Едвај ја извлеков од кревет и таман додека ја облекував слушам тропа клучот, свекрва ми иде за да ја носи. 08.15 дошло. Едвај едвај, со тргнење ја спремав и испаднаа. Малово полно гомна (леле многу муабет правам за какиве на децава, не знам што ми е ). Ја пресоблеков и почнав да спремам млекце. Дете вришти а вода млака... Да се биде или не. Да одам да притоплувам и да ја оставам да вришти или да си пробам среќата со млака. Си пробав среќата со паролата ако е гладна ќе пие, мани не неоѓа. И пиеше. За момент се почуствував како мм. Он кога ја пазеше големава она пројаде и бадеми некршени, и мандарини неизлупени од тоа кожинките... и да не редам. Оти него го мрзело И така. Се врати свекрва ми од градинка. Доколку не ни се јават во меѓувреме ќе отиде да ја зеде во 11.00 Денес два часа. Го испивме кафето и за да не пречи женава се повлече во некој дел од куќава, а јас да искористам да ви пишам. Утре и е роденден. Се надевам ќе успееме да испаднеме со мм да и купиме нешто. @alana ти посакувам успех и среќа со факултетот. Знам и @zuto учи, плус две дечиња има... алал нека ви е. Јас не би имала сили. Знам дека кога е за борба за подобро утро и последните сили се црпат и мајка и невозможното би го направила возможно. Се восхитувам. @kristina.k одличен совет ти дала @LiliBoz . @tarantula побрзо закрепнување и се надевам ќе успеете да наполните батерии на одморот. @LiliBoz со среќа адаптацијата на малото. Некогаш делува страшно кога ги читаме туѓите искуства во темата за градинки, но добра мисла само. Искориститето го викендов и од понеделник почнува нова етапа. Ми заврши мене паузата мајки. Да ставам зеленчук да се вари за малово и ручек за нас и големото. Убав ден на сите
@danichap ве замислувам секое сабајле, богами интересно ви е браво за силата и позитивноста Добро утро и од мене. Денес празнично, мм е дома па и јас сум во подобро расположение. Утрото е попаметно од ноќта. Ги спремив и на прошетка ги пуштив, па и на кафе ќе седнеле. Малиот пресреќен, слегува по скали и папа ми прави, инаку не ме пушта од видик. Јас да искористам дома нешто да средам, да вратам играчки на место, и ќе месам погача со желба за во црква. Имајте убав ден сите.