Мами да ви пишам пред идење во градинка. Како за Австралија да го праќам ми е. Ич немаше да ми е тешко ако сакаше деца. ама тоа е што е. ќе мора со плачење... Држете ми среќа одам да лапнам еден бедоксин и да поаѓам. Убав ден на сите
Добро утро мајки, да ве поздравам и јас. Убав почеток на нова работна недела. Зад мене се две пренапорни, напнати недели, па се надевам оваа ќе се одморам малку. Ни помина и роденденот, се беше супер, дете радосно, помина и првата недела на школо со нова учителка, нова училница, нови книги. Премногу е за дете од второ ама ајде ќе се надеваме на поарно. Мм ме остави сама ( не по негова желба) , почна со нова работа, па службени патувањеа, ваму таму,во сета гужва и трчаници, подготовки за роденден и школо. Мислев дека на роденденот ќе се онесвестам. Па и бебево не стоеше со никој, штом ме види плаче по мене,па со криење, се среди се некако. После тоа, пак дома една недела со гости бев, стави крени, миј кој не стигнал да дојде, кој не бил тука и сега се помина. Се фокусираме на учење и секако на бебушко, кој ете го 9 м ќе ги наполни, па да воведеме нови храни, сака да се исправа а не му можи газето и тоа е. Напорно многу. Само си велам нека се здрави и живи за мене како било. се тешам дека за две години тие ќе си играат а јасќе си се тинтрам. ( гладна кокошка просо сонува ) Да се насмееме. Убав ден мами!
Добро утро и од нас, ние прв пат во темава, се надевам ќе се дружиме, сега имам повеќе време за форумов. Да се пријавиме и ние со растечен нос и неспиење Денес ќе ја носам на контрола, да видиме што ќе каже др. @BirMelek не си сама, и мојава не јаде кашички, овошје и давам така со раце, или ако е потврдо ќе и го изгребам со лажичка, и го јаде. За зеленчук не би да кажувам, не го сака, и не ја форсирам. Место тоа понекогаш и давам лепче со јорурт или кисело млеко. Него да станеме побрзо да искористиме од денов, попладне демек пак ќе врнело Убав ден!
Ја однесов денес прв пат во градинка влезе без проблем виде играчки во ходник и се затрча. Ми рекоа за некои 20тина минути да се вратам. Кога се вратив уплакана ама онака брз глас само липташе, уште пожално, срце ме заболе Од утре ќе ја праќам свекрва ми да ја носи додека е тука да ја ускористам. Ми рече учителката ако сме во можност накај 9 да ја носиме првата недела, јас не можам многу ми е касно ама добро што е баба тука. Само што е женава жалостива преска заедно ја земавме и она се расплака. Ајдеее ако не ќе видам женава што ја чува па она да ја носи дур не се навикне. Бреј сум заборавила колку е мачно тргањево Учителкава ја знам што сум ја гледала порано големиот кога го носев, младичка е и ми изгледа многу фина а и чув дека е дора. Се тркалам сега накај работа ај таму ќе влезам во бубањ па да не го мислам детево многу
Добро утро! Малата во градинка, ММ на работа а јас допивам кафе и исто заминувам на работа! Уствари кафе не е ни чепнато, нешто ми се гади, ми се повраќа... знаете, утрински труднички мачнини. Ова со настинките ич не ме чуди, секогаш овој период кога времето е вакво шашаво да не знаеш како да се облечеш сите настинуваме. Нема да се изненадам ако и малата моја настине иако се трудам да е соодветно облечена, ама ту ладно ту жешко и баш не знам што да и облечам. Туку сакам за прв пат да и земам нешто за имунитет, Бимунал? Имунобор? Киндеримун? Имате искуство, сте користиле нешто вакво за поткрепа на имунитет и кој е ефикасен? Солидно јаде мојата и внесува доволно витамини ама се си мислам дека полесно ќе минеме ако пиеме плус нешто за имунитет. Побрзо оздравување на настинатите дечки, со лесно во градинка и убава работна недела!
Добро утро и од нас! За многу години празников денешен! Здравје на сите Бог да дава! Да да, ние сме од тие што си поспиваат насабајле А вицот сте го слушнале еден ден врнеше три дена? Е кај нас пет станаа, не престанува луѓе мои Мм нс работа, дете си игра, мајка пие кафе и се мисли по чизми каде да оди да бара после. Следна недела ќе имаме гостинка на десетина дена, па ќе ни биде интересно... Дома е хаос уште луѓе ми фалат и да треба за уште некој да мислам доручек, ручек, вечера, постави крени, ама тоа е. Ќе поминат брзо позитивната страна, бебе ќе има кој да го причува, уште сега мислам на маникир, педикир, фризер. Морам нешто за себе да направам оти сум тотално запоставена. Дете маани не ми наоѓа, ме гушка се уште со рачињата најмили, ама јас за пред огледало да застанам не сум а не за пред народ Туку малово на име не се врти место за паника има? Малце сум оптеретена со тие работи пошто овде се луди, ќе ми го направат заостанато детето скраја било! Што се однесува до настинки и вируси, тука тек со тт ако има повеке од 3 дена примаат, инаку велат мора организмот сам да се бори, така се стекнува имунитет. Антибиотици како бонбони делење нема, се на природна база нешто препишуваат. Битно, што побрзо нека минуваат настинките на сите дечиња! Убав ден мајки!
Јас сум задоволна исто од наставничката исто, фина е и сослушува. Ама и моево теленце плачеше многу. Сва среќа еве го дома сега расположен, игра..
Имуностимолатори на своја рака, кај здраво дете без педијатар да утврди дека има потреба од истите, не треба да зимате мајки. Имунитет се ствара на природен начин, вака не. Повеќе педијатри се со ваков став, ама многу мајки на своја рака даваат и прават полошо. Користи природни работи, можеш мед, гроздов маџун, овошје, кокосово масло, аронија, сега има капини, малини, за грло витамин ц преку ацерола, или лимон, портокал. Преку храна мајка само.
Здраво мамички Бебе вчера скоро цел ден го преспа и ноќеска си поседивме малку разбудени. Станавме во 8 часот, добро е не е многу рано па си лежевме докај 9:30. Го ставив во Релаксатор, за среќа моја еве пола сат седи мирен па јас кафето го допивам па ќе си легниме пак. Машина пуштив да пери. Ручек малку подоцна ќе правам. Времево и денес катастрофа врни, дува ветер, температурата под 10 се спушти, ноќеска и парното си го пуштивме. А како ми се излегува да го по возам бебево и јас воздух да земам ама мало е уште не ми се изнесува дека мн ладно надвор. Толку од мене бебуш заплачи да си го земам. Убав ден
Добро утро Мама пие кафе на раат .а бебе го занимава чичо .Денес денов ми почна во 5:30 бебе кенкаше па го земав си дојдовме во дневна да може тато на раат да поспие од нас ,да биде одморен за на работа.Да раскренам низ дома,да пуштам една машина ,па да каснам нешто и со бебе ќе фатам малку да прошетаме .Маж ми ми го намести транспортерот во кола да можам да шетам и со кола ама некако сеуште ми е страв да го возам сама ,така да ќе го прошетам со количката низ мало малце .Толку од мене убава работна недела на сите
Мамички здраво. јас на работа, двете во градинка а големата школарка завршила со часови и со татко и шета. Ми фалат деновите кога си бев домче со нив по цели денови... За имуностимулатори, јас им давам ц витамин и мед постојано, на есен почнувам со рибино масло и маџун и плус пиковит. Прошлата недела големата прими вакцина и викендов крена малку тт. Претпоставувам од тоа беше. Имајте убав ден мајки
Мислењето на тамошните се совпаѓа со мислењето на овдешните педијатри. Сам организмот ќе го оставиш да се бори во случај на настинка, чаеви и супи само да даваш повеќе е нивната препорака. Едино што би давала јас е мед или матичен млеч, ништо друго.
Од утрово се токмам да напишам и еве пладне ќе ме фати. Направив турско, утрово нес пиев, го дружев мм. Викендот арно го минавме, шетнавме малку, децата поиграа, гости имавме и така. Цел стан е лом, во детска се е извадено нема кај да се згазне. Во кујна исто, корнфлекс има на сите страни. Вчера играа во детска па заспаа и викам ај да не тропам оставив за денес, башка треба и селекција да направам нешто да се исфрли, нешто да остане. Цело утро уште ништо не фатив, доручек спремав на малото, си игравме, се гушкавме, неуспешно се успивавме и еве пола ден минал. Ги учам и нив да собираат, битка биеме со ќерката воопшто не и се собира. Има куп цртежи од ќерката сакам во папка да ги чувам, кога ќе потпорасне ќе и биде интересно да ги гледа. Тмурно време не излеговме да прошетаме а убаво ќе ни дојдеше свеж воздух.
Еве сум јас со одговор ко што си ветив педијатаров вика после третиот месец нормално е да качува на тежина од 400-600 гр. Ние сме 8.100 за еден месец сме качиле околу 600 гр што е горната граница всушност. Не знам вие колкави сте ама 8.800 е одлично да не му се секираш
Мами само да ве поздравам! Дојде денот Д, официјално заврши моето породилно. Од 2 одам на работа. Многу ми е тешко, имам чувство исто како да ќе го оставам бебуш на месец дена, а не на неколку часа. Ќе е мирен до кај 20 часот, супер се чуваат со татичко, ќе дојде и мајка ми на помош, ама потоа кога ќе дојде време за заспивање сигурно многу ќе плаче. Па и не знам дали ќе сака да пие млеко од шише, како мал кога го оставав на чување пиеше мое измолзено, ама одамна нема пиено, може нема да сака сега. А јас дури во 23и30 стигам дома, до тогаш он веќе втор пат се буди за цицање. Сега спие, сакав и јас да си легнам до него, ама треба да му го сварам зеленчукот за ручек, а и да направам за нас нешто, се пости денес па може да спржам пипер со домати. Со лесно на дечињата во градинка, се надевам побрзо ќе се навикнат, нас тоа здравје од пролет не чека. @LaDyDoLl со малку задоцнување нека ти е среќен роденденот!
@Lolipop23 со лесно мајка на работа и јас ги броја ситно деновите еве го први како минут ми летаат деновите незнам како ќе биде и дали дете до тогаш ќе се адаптира во градинка. Денес кога го оставав ми рекоа ќе пробаат со спиење,а ми јавиа во 10 да го земам ништо не јадел не пиел се вознемирил многу и не престанувал со плачење, заспа само што го ставив во количка. Го преместив во креветче кога стигнавме дома после пола сат стана го легнав на спална цицаше си го изнагушкав и презаспа, еве сеуште спие. Срцево ме боли што мора вака да биде неможам да го гледам вака. За ручек денес посен грав варам па и за малиот ручекот воедно ќе ми е готов. Туку сеуште ми доцни зедов тест сабајлево ама ќе го правам утре, ме фаќа паника и само да помислам на тоа. Мм се смее вика ти да не земаш веќе вагиналети бебиња ставаат во нив. И синко се фати месецот кога примав иста терапија само тогаш една доза земав 6дена, а сега две дози па може ќе се близначиња - на цела мака да си се насмеам. Имајте убав ден жени