Mene nemi docni nego ic ne mi e ni dojdeno posle poroduvanjevo.OK,se pazime znaci nema trevoga nego drugo me maci...Dali ima vrska toj disbalans na hormoni doenje-ciklus,so neuramnotezeni hormoni od tiroida? Si mislam ako dobijam moze ke mi se vratat u normala(samo eden hormon e malku nad granica). A otkako ja osetivljubovta so raganjeto na sinko,uste odma bi rodila drugo bebpce Ama neeeee,neka prkne ova malku pa posle,za 3god bi sakala.... Denov ukakan...bezveze....Bozem posle odmor so novi sili i elan,ono shipak...Zivotec,toa e...Ke si zemam da peglam da okupiram misli... Prijatna vecer
јас и реков ууу фала богу што немам синови ,пресреќна сум ма ајде таму и не е прва вака да ми каже,ко да се девојчињата за буниште.
Искрено и јас сакам три. Како кристина, близнаци сакам и јас Првиот пат мислев дека ке се близнаци ама ете, едно сакало да биде. Претходно имав спонтан и се мислам девојче дека беше тоа. Сакам и машки и женски, не ги двојам по пол, но мислам дека и пак да сум бремена , повторно ќе е машко. Ете, не знам од каде имам такво чуство. Но здравје, прво треба услови за повеќе нели, не е само роди го...
Сите сме се опуштиле за крај на лето изгледа @joy1 ние сме три сестри и цел живот ми викаат не му опалило на татко ти за машко, како ние да сме пропали покушаи, значи тешка простота ако дава господ нека ми даде девојче душава ми гори за ќерка многу сакам
@tarantula мене по година и пол од пораѓајот ми дојде прв пат. Ептен одморив, а се пазевме, не направив ни еден тест за тоа време. Инаку и јас имав хормонален дисбаланс пред да родам, ама висок пролактин, и еве да не се урочам од ко добив сега е понормално од порано, пред да забременам хаос ми беше циклусот.
И јас се надевав дека со второ ке ја биде полесно но ништо од тоаТреба да (не)добијам на 17 ти, па денес цел ден си замислувам дека ми се врти А може ми се врти стварно но од умор не од бременост. Сега здраво на сите Малава као божем денес подобра, искочивме прошетавме. Сега пред спиење пак се истури од повраќање. Што налет вирус ке беше незнам. Ништо не јаде веке 3 дена, 3 залчиња кифла, кисело млеко, варен ориз малку. Толку. Од што живее незнам. Утре требаше да одиме со јатрвица на море на еден ден. Пропадна планот. И нејзиното дете се разболе исто. Така весело ни е, со болни деца веќе и почнавме да се смееме од мака. Поврати едната, поврати другата. Температура едната, па другата. Па плачење, тегнење.. Кога ке размислам може и подобро да добијам јас месецов после кога ке подзаборавам на макиве ке размислиме пак
@chocolade во Германија ли сте уште на гости? вас се таму нешто ве фаќа или пред пат.Ако добро паметам и лани пред летот малата ваков вирус ти фати
Читам муабетите за второ и трето дете, јас претходно се имам изјаснето на таа тема. И јас имам ќерка и денот кога дознав дека носам девојче ми беше еден од најсреќните, иако до пораѓај се плашев да не "смени" пол не сакам да ги навредам мајките што имаат синови ама длабоко во себе посакував да е девојче, толку многу работи сакам да ја научам. За второ кога ќе му дојде време повторно би сакала да имам женско ако даде господ. А доколку е машко ќе биде вистинско изненадување и предизвик за да го воспитам не да биде мамин син, не да биде бељаџија, туку воспитано и културно дете. Ме нервираат коментари на мајки па и татковци од мојата околина што малите машки деца ги воспитуваат со глупи муабети- да врти многу женски, да биде тепач, ги учат на пцовки и им се смеат, ги тераат да ја удри келнерката по задник и сл Инаку од близнаци имам уплав, прво што е по ризична бременост, после пораѓај е многу напорно и треба постојана помош од некој и поголем трошок за храна, облека, прегледи и сл. Ама како ни било пишано така Да се пријавам во мајките со дете во градинка, тежок е почетокот ама не се предаваме за сега од срце сакам да ја засака градинката, на страна сите мои стравови како родител, зашто е дете што ужива во друштво, брзо се спријателува и приврзува и сака секаде да е само дома да не седи.
Го читам текстов на црно бело и си блуцнав малку. ( ) Spoiler: Текст Сите кои се движиме некаде од 25-тата до кај 40-тите години верувам дека имаме мајки излиени како од еден калап. Бесконечно силни и истовремено бескрајно нежни. Не се вратот по кој се движи машката глава, нашите мајки се и главата и вратот и срцето и бубрегот. Нашите мајки се сè! Алфа и омега, почеток и крај на секоја наша можна приказна. Нашите мајки се материја од која се создаваат соништата. Неуморни се, неуништливи, вредни и сочувствителни до некоја граница на кристална наивност. Далеку од глупави, препаметни се нашите мајки, а најчесто страдаат поради сопствената добрина и претераната посветеност. Кон сопругот, домот, децата, внучињата. Секогаш и секаде за сите други освен за себеси. Такви жени и мајки веќе не се „произведуваат“. Ги нема. Нашите мајки се последната серија, а ние не сме ниту блед одраз на нивната суштина. Нас сè нешто нè боли. Сè нешто нè мрзи. Секогаш сме недоспани, уморни, раскенкани. Знаеш, ние имаме кариера. На работа одиме, зарем не сте слушнале? И од пустата работа си немаме живот. И кога доаѓа ред да аргументираме зошто проклето не можеме да се посветиме на ништо друго, ние како навиени секогаш го кажуваме истото: Знаеш, мајка ми беше од 7 до 3 на работа и немаше мобилен на кој ја ѕврцкаат постојано и не проверуваше мејлови во 2 по полноќ. Добро. Да речеме дека до некаде и „држи вода“. Ама мајка ти, односно мајките наши куќеа куќа. Навистина е тешко да се сфати, ама беа домаќинки. Денес звучи по малку тажно можеби, а некои го дочекуваат и потсмешливо, ама не е. За восхит е. Мајка ми сама преместуваше мебел. Татко ми понекогаш си доаѓаме од работа збунет при првото влегување да не стапнал во погрешна куќа. Се варосуваше, се шиеја завеси, се переа теписи, се правеа „генералки“ на домот. Се месеа кифли, се правеа домашни торти, компоти, ајвари и зимници. Ни правеа родендени по дома, ни помагаа со домашните, доаѓаа да нè гледаат на приредби и патронати, се интересираа за нас, нè прашуваа и вистински разговаравме. И не се жалеа, не кенкаа или барем ние не ги гледавме такви. Секогаш на нозе, насмеани и ведри, уште по гости и со гости постојано, на излегувања и излети, на слави и свадби. И секаде без исклучок достоинствени, дотерани или малку потсредени, барем со карминче. И за тоа имаа енергија. Цел еден исполнет живот за кој ние немаме сила. Се причувуваа и туѓи дечиња на куп, се бдееше над нас кога бевме болни, беа и мајки и докторки и психолози. И сè уште се, за нашите деца. Повторно истиот круг од почеток, повторно вредни, повторно од утро до мрак, повторно на нозе, и сè дочекано со некоја нова сила, нов елан и насмевки. Женишта. Мајките наши се женишта. Ние сме уште изгубени, исплашени, разгалени и мрзеливи девојчиња кои сакаме да глумиме куќа и дом. Мајките наши се херои, борбени, издржливи, ментално и физички пресилни за нашата кршливост во секој поглед. Ако сме третина од она што се нашите мајки, може да се гордееме. Нашите мајки не воспитале нас и каква генерација сме ние е благодарение на нивното воспитување. Мојата мајка конкретно секогаш ми викаше, не се мачи ти, јас ќе средам, имаш ти време цел живот ќе работиш и одржуваш куќа. Потоа се жалеше колку е уморна, а од друга страна не сакаше никаква помош. Поради ова мене ми се створи огромна аверзија кон домашни обврски, а поради жалењето не сакав порано да имав дете, зашто мислев дека е огромен терет. Сметам дека и поради нивното воспитување се повеќе се одложува имањето деца и на сè се гледа како на страшна обврска. Они веројатно изработени и непоштедени како млади, сакале нас да не поштедат, ама не лишиле од здрав однос кон домашните обврски. Секоја генерација си влече свој терет, па вакво плукање кон нашата мене не ми е на место никако.
Оваа возраст е преодна од игротеки им е преку глава. На последниве родендени како одиме само урлаат и се бркаат, нема шанси нешто да ги анимираат девојчињана што работат таму. И јас уште сега се мислам за во март здравје. Бевме скоро на свадба со бенд со забавна музика, детево со уште 2 други колку него се скршија од играње. Останавме подзинати колку добро играа мислиш на хип хоп оделе, каде ли научил не знам. Ми вика мамо јас тука сакам да славам, па се мислам има кај нас една игротека што е поделена на 2, едниот дел за помали а другиот е јуниор за погилемки и е направена како диско па може такво нешто да дојде во предвид ако уште има желба. Инаку и твојава идеја е супер и убаво што прифатила. И др.идеја, едно дете последната година од градинка договори таму со учителките магионичар да им дојде за неговиот роденден и класична частовка а децава беа одушевени. Се распишував за родендени Денес малово останало 1 саат во градинка и малку плачела ама си нашла некое мече си го гушкала па се смирила и ја вратиле свекрва ми да ја земе покасно. Засипнат и е гласот душа од вчера и денес што плачела
Кој го постави прашањето дали има некоја што не и доцни И мене ми доцнеше и мислев трудна сум ама добив Сакаме второ со мм ама не сега, да потпорасне малку малово. Што се однесува до мм он би одма ама јас не сум спремна. Туку друго да ве прашам, има некоја мајка што ги чува/чувала децата дома до одредена возраст? Јас сакам да почнам да работам ама нема кој да ми го чува малото, во градинка во градов моментално имало 300 деца на листа на чекање, а друг момент е и што често патуваме поради мм. Кога ќе ме праша некој дали работам малку незгодно ми паѓа бидејќи како со сожалување ме гледаат и демек ајде ќе порасне па ќе се вработиш Какво е вашето мислење на темава?
Мајки, овој месец откако е синко до мене стално размислувам колку е тешко да си родител и посветен на детето па и си викам како им е на оние што имаат две, три, алал како постигнуваат.. .. Јас научена на цакум пакум, а бебо почна да изведува нонстоп да те осеќа до него, спие залепен до мене ако мрднам оп рачето ме влече за маичката... Опасни се од мали се разбираат. Синоќа дури го бањавме како го фати маж ми за коса, тегне не пушта Следна сум јас. За полот нема да лажам оти сакав ќерка. Ама после сите перипетии уште на почеток на бременоста, си викав ма нека биде машко да не се мачи како мене ... Љубовта е таа, машко, женско. кога бев во болница , некако констатиравме со мм дека ќе ни е доволен тој.... Сакам 2 деца, ама ете после се моментално тоа ни на крај памет не ми е.... @sunshine2015 за жал огромна е злобата кај народот.... Нека не те секира тоа, битно е ТИ како се осеќаш. Мајка ми чекала да не порасне , па после работа, и вика ич не ми е криво. Јас до некаде ја обвинувам бидејќи баш во најубавите години ( 22 па натаму) место да работи, излегува од дома била домаќинка .... Сепак децата се најбитни ама и финансискиот момент ....
Ние вчера полошо од првиот ден пројдовме страшно липаше и не можев да го одвојам од мене. Неделава по половина час ќе одиме шанса нема повеќе. Добро утро на сите. Едит-Саншајн јас им се дивам на мајките што не работат. Да можам до негови пет год не би работела. За жал таа опција ја немам.
Биди среќна што без проблем си остануваш што да кажиме ние со инвитро пред две недели се породив и уште сега се мислам за друго дали ќе можам да издржам јас на секое каснењето и болки во стомакот се молев да сум бремена се надевав дека ќе се случи чудо ама не битно сум сега мама на едно преубаво синче и честитки ако си навистина трудничка
Добро утро додека ја чекам ќере во градинка сме веќе втора недела ама плачеме соте други деца си играат и остануваат подолго само моето ме први си одеме повеќе времеми треба дур се средиме и дојдеме отколку што седеме ама тоа е мора да се навикне само што кај нас ќе трае. Две кафиња од утрово испив бебе стана уште пред 6 тоа е кај нас цицање,пресоблекување едно па друго и се така во круг спиење три четири саата. Денес сме на контрола ќе видиме бебе колку напреднало ,убав ден мамички
И мене не ми касни,во последно време цела сум пореметена порано ми доаѓа,дури во јули два пати добив,треба да одам да се проверам хормони и тироида па и на гинеколог не сум била,за ќотек сум. Мм нешто ми спомнува за второ дете,ама јас не сакам уште,не се чувствувам спремна моментално ни психички ,ни физички,нека потпорасне уште малку и вака ми е напорно со едно дете сами а незнам како со две,затоа сакам да е поголема разлика.Животна желба ми е да имам големо семејство,барем три деца,ама на овие години тешко дека ќе се решам на трето,ама сигурна сум дека ќе раѓам второ ,само здравје да ме држи. Инаку и јас многу посакував да имам девојче и ми се исполни желбата, за второ како ќе биде така мада сакам и едно маже,ама ќере нешто само спомнува сакала "сесичка". Муабетите од типот на "женски деца" не ми се ни за коментар,заостанати во времето на дедо ное,простачки и кога ќе ги слушнам ми се ежи коса.
Добро утро мамички На југот ништо ново.Адаптација градинка втора недела поуспешна,од 20 минути плачките се намалија на 5. Верувам дека наредната недела нема веќе да плачеСе радувам ко мало дете кога ќе ми кажат дека јадела таму и сега сум цврсто убедена дека сака да биде опкружена со деца,да има друштво и да јаде. Пред 2 недели падна на еден стаклен украс и си ги удри предните 2 запчиња горе.Од тогаш до сега се жали дека ја болат и не сака пример да грицне кифличка или бананка напред,ги влечи залците настрана. @Annath Ова мислам ти можеш да ми го разрешиш.Бевме вчера на заболекар ама рекоа не се клатат и ако за некој ден потемне забот пак да одиме.А до тогаш ништо.Дали само од себе ќе помине незнам,битно она не сака четка да види,а убаво миеше заби по 3,4 пати на ден. Исплашена е и вода не сака да види,не дава дури ни очи да миеме Кога спомнав за водата не сака ни да ја пие сега,многу ретко. Тоа е тоа,живот,таман мислиш си се опуштил и се е во ред,секогаш има нов проблем,поголем од претходниот. За второ дете имам се изјаснато одамна дека немам услови,а сакам многу деца.Ако случајно животот ми се подобри може и ќе биде а дотогаш нека ми е оваа жива и здрава Да испијам кафето и да се фатам за работа. Имајте убав ден
Sakate moeto da vi go dadam place koa ke go zimamod gradinka,za sreka golemkoto mi trgna prvace pa sea samo so dr.se molam vo gradinka deka treba nastavnickite doma da si idathhh
Добро утро лепоти, мм однесе дете во градинка плачел се тегнеле нема подобрување @ma4e1311 јас мислев само мојов е таков, баш вчера ми рекоа вакво дете немало не виделе, сите и ќе се заиграле и ќе се загледале цртани само тој не се откажувал @Belabelinakinder мила цел пат минат до бебе се заборава кога ќе се земе во раце, се ќе помине а кога ќе си опуштена полесно фаќа, ќе дојдеш и ти да се жалиш овде ми касни хехехехехе година и осум месеци се обидувавме за првото незнам колку солзи проплакав, а еве сега се молам да ми дојде ама мислам дека нема тоа да се случи многу ми касни, тест ќе повторам во петок па што ќе биде нека биде само здравје. @*Ane* среќна мајка си и мојот плаче на земање ама од кога ќе влезе од врата па додека излезе хахахахах