И јас мирот го наоѓам доцна навечер ми се спие а малава неколку дена е неподнослива скала да спие во количка ако не се треска,почна и многу инат да води мм ме криви мене сум ја разгалила,ако не е по нејзино мава,фрла прво шо ќе и се најде. Еве скоро 23 месеци како нема ни една вечер цела преспиено и јас со неа,живциве ептен ми се попуштени ми се иде негде усвет да фатам со мм цела недела не сме како шо треба и двајцата инат си водиме,месецов не ми тргна на арно се надевам другиот поарен ќе биде.
Добро утро мајкички. Еве не со прво утринско кафе и убава вест. Бебе е подобро денес, но ќе си одседиме домче до понеделник. Едни мрсули колку може да те извадат од колосек тоа е чудо едно Ќе де дружиме денес, ќе се гушкаме, не знам дали е паметно да го вадам надвор.. Многу ми е интересен кога пробува да оди, човече мало. Ќе се намести ќе појде 2-3 чекора и оп на газ Изгледа полека ќе се спремаме за постапалки. Убав ден на сите!!
И јас мразам мрсули, не знае да диши со нив. Среќа многу сака капки у нос, па за еден ден ги средуваме. У полоши периоди и оделе у грло и повракаше од нив, ама па докторите викаат дека така барем не се спушта на плуќа оти ги вади надвор. Вчера ја носев у отворена игротека, ама децата се многу лоши, не сакаат здраво да и направат. Она сака да ги погали по глава, оти удираат... стварно не сфаќам зошто толку насилни деца има.
Гуд морнинг лејдис. Во ова наше катче тешко гуд ама ќе биде за некоја година. Ќе пораснат деца,ќе спијат цели ноќи,ќе јадат,памперси ќе се исфрлат од употреба. После ќе седиме будни ќе ги чекаме да се приберат од чаршија @zuto можеш ти.Ти си мојот херој мајка.Период е ќе помине @girl-miri се надевам ситуацијата и кај тебе оди кон подобро.Гушки до дадичката голема. @Nikita7 мислам сите тогаш го наоѓаме мирот. И мојов е во некој период ..... Дали вака искажува револт што замина татко му што не е тука,или некоја последица вирус прележавме со пролив,повраќање. Ако не е по негово вика,ма не е викање.Урла,се дере,пишти како да е крај на свет уште и ќе ми рече тиии ѓубре едно Ми иде да го изнаплескам. Го фаќам,гушкам објаснувам џабе.Игнорирам за 5 мин се смирува заборава ама после 10 пак почнува со нова идеа. Еве моментало преговараме за појадок.Зошто попара сакал гриз... Среќа колку толку ми палат уцени ајде јади и ќе одиме таму,или ќе правиме тоа и тоа.... После вирусов ко глувче е направено,слабо исушено. Луѓе ми фали мм. Упм премногу ми фали Се тешам ене каде е нова год ќе дојде одма.
За добро утро не ми е баш добро синчето од 3сат до сабајле не спиеше грчеви има мама будна не спана два дена по еден сат не знам што да му правам имаме термофче за меше еднаш го употребив е сега некој да ми каже втор пат како се употребува и некој лек од поискусните мами. Сега ми дреми на раце да заспие и јас да дремнам ако спие
Добро утро мамички. И јас сабајле вадев мрсулчиња на бебе. Се нервира неможе да цица, се закашлува. Од капките за нос поврати 2 пати Душиче... Синоќа се разбуди во 4 јас радосна викам до 6 ќе продужи, се најаде, кога за саат време вришти му пропуштил памперсот Сега заспа, ама негодува и црвенее во сон откако го покрив и тоа со тетра. Шо ќе се праи зимно време незнам Дури не го тргне ќебенцето не престанува. Мислев да купам вреќичка, ама не е за него....Вие што мислите ? Ќе ѓи успее со вреќичка за спиење? Јас искористив дури мм се спрема на работа да го причува да си спремам кафе, доручек, чај ... Вчера бевме пак до картерс на краток шопинг, па имаше породилно , бебе мора да се части А мама се запушти @Belabelinakinder извриј го 15 мин ( во тенџерчето стави крпа доле да не се залепи) и чекај да се олади па пак ќе ја кршиш паричката. 3 дена на бебе не сум дала ни еспумисан ни колактаза грчеви нема. Убаво ми викаа батали хемија.
Добро утро лавици и од мене јас со кафе да ве поздравам @Belabelinakinder јас термофорчето го вриев во вода околу 10 мин и беше одново спремно за употреба @eli25 и мојот е ист со покривање не сака ништо врз него кога ќе го покриам се врти се превртува додека не се отскрие и со тоа се буди, земав зимоска вреќа нема шанси вреска пишти во неа. се мислам да барам за зимава како целосни шпикозни со ногавици и ракави некои подебели ма да и тоа не ми трајно решение кога ептен ќе залади
Така е ние на второ место и јас сум таква во сабота сум на свадба си викам што ќе давам пари за глупости ќе носам тоа што имам со парите ќе му купувам на синко не дека нема да му купам ама на него прво мислам а и ништо не ми се купува додека не ослбам
Мајки добро утро! Вакцината ја решив за наредна недела, до тогаш ќе се спремам Бебе супер напредува, 8920 гр, 74 е веќе долг, мајко мила 5 мес има само! Нека е жив и здрав битно! Еве не веќе дома, бебе игра, јас пијам кафе. Чекам да му се приспие од 7ч сме станати. Денес смислен ми е ручекот па сакам и торте едно да направам имам праски многу останати никој не ги јадеме, само купувам за џабе. Смукалката рече ќе заигрува, па да видиме се спремаме за гости, дома макар да е малце од малце средено и чисто, за повеќе не се замарам, на кој му смета, слободно може да чисти, не се лутам! @augustd да споделам само случка налик твојата. Срби се луѓево, случајно ги запознавме, жената педијатар, дојдена на специјализација, маж, девојченце година ипол со нејзе, заради нејзе, да ја поддржат. После три месеци се разведуваат, он се враќа во Србија, почнува пак да работи на старото работно место, а она останува тука со малата. Не сакал да оди никаде ама и покрај сите противења, на крај решил да оди со нејзе. Причина зошто си заминал и ги оставил, му здосадило да биде домаќинка. Девојчето градинка одма не добило, морал да ја чува, и пошто ваљда" бил спретен" како и повеќето мажи во чување на деца, почнале кавгите. Додатно што бил типичен балканец, па ниту во кујна ниту за домот не знаел да се грижи. И тоа што не одел на работа му дошло капак, па еден ден жена му на врата ја пречекал со муабетот или доаѓате со мене или си одам сам. Муабетот ми е, со сила убавина не бива, разговарај ама свесно размисли и за неговиот живот. Влези му во чевлите на момент.
Добро утро и од мене мајкички . Денес си поспавме со бебе до кај 9 ,умик на мајка тој си нанаше убаво .После ритуал се пресоблековме ,јас му зборам тој гуга се смее па малку бјуцка од што е прелаком кога цица ,па почнува да ика па ајде пак пресоблекување од што се изблјуцка,па малку да цица за да престане да ика и си заспа сега па мама пие кафе на раат .Ме фатило некоја мрза ништо не ми се работи да ви кажам право вчера цел ден ме болеше глава па така го прележав денот .Него маж ми е слободен викендов па сакам да го терам да појдеме негде на викенд ,цело лето нигде не сме биле така се погоди со бременоста јас неможев да патувам па се породив и дома жештината и летото го поминавме ,ама се надевам другото ќе надохнадиме и за ова . Ај да баталам мрзава да раскренам нешто низ дома ,убав ден на сите
Добар ден. Јас сега идам од болница, таман се пофалив дека настинката поминува, таа се влошила. Вчера вечерта почна да кашла, ја избањавме и цела се исповрати, дали мрсули или шлајмови не знам што беа. Дијагноза црвено грло и сува кашлица, го папавме пак со антибиотик Таман на време, еден месец има од последната настинка Да ја заспијам и да фатам низ куќа и јас, така имам оставено све баталив... Времево само за шетање е . Имајте убав ден сите !
Капки за грчеви ако го доиш ти препорачувам чај за доилки да пиеш благи масажи по стомачето и вежбите практикувај ги и само трпение до 3месеци и да не заборавам пази што јадеш (нормално ако го доиш) среќно мајка
Добар ден и од мене. Од седум сме станати. Бебе е како аларм. И сега го успивам и очи ми паѓаат. Ама ручекот ме чека. Од сабајле три машини пуштив, свеки лево ме гледа хаха, малце и пипер полупев и сега со големото домашна да напишеме, додека беба спие. Да се пофалам демек домаќинка сум. А за вчера не кажувам дека скоро цел избегавав да сработам нешто. Само пројдов пајажина и усисав, зошто кај и да беше ќе се уплеткавме во пајажините. Ептен домаќинка. Поздрав женски. И повелете на тавче гравче. Ќе ставам после слика ако не заборавам.
Добар ден мами! Јас денес задоцнив со кафето, веќе и глава почна да ме боли. Синоќа бебуш доцна до заспале па сабајле спиеше до 9 и еве сега пак го заспав. Вчера му беше именден на мм, сме имале доста гости, но додека се вратив од работа веќе си имаа сите заминато, му реков на мм да си легне (кутриот по 3-4 саата спие овие денови), а јас раскренав дневна, па дури се измолзам ме фати и мене 02 часот. Сега кујната е хаос, ако стигнам нешто да средам ок, ако не вечер кога ќе се вратам, овој саат време рилекс уз кафе не си го скратувам. Поздравче!
Здраво! Не сум со сите деновиве, кај ништо посебно не се случува, па и не се чувствувам најдобро, некој вирус ме фатил, ноќва дежурав, плус други здравствени проблеми кои никако не се решаваат. Ми е страв нешто да не ми се искомплицира, за детето ми е кој ќе ми го гледа, не сакам да сум песимист, ама мора на сите исходи да мислам, така е кога човек е сам. Ни се ближи и роденден, некако мислев дека со поголем елан ќе спремам се, ама не, други работи натежнале во мислите, човек да не е раат. Бебе е струја, не мирува, едвај ручек и ставам, дури и кога јаде не седи како порано, само се врти, се преместува, де ќе седне сама, де во мене се пика, важно јаде се што ќе и дадам. Ноќеска можеби и немаше да се разбуди поточно накај 5 саатот, ама јас со моите екскурзии по станот, колку и да пазев ја разбудив. Брзо заспа, ама џабе кога јас неможев да заспијам. Па ја гледав како спие и се радував, малото девојченце на мама расте и секој ден се менува, посакувам само здравје на неа и на нас за да можеме да и се радуваме и таа да не има како подршка долго време. Поважно нешто од тоа за мене нема. Тоа мајки, се надевам дека викендот ќе ми донесе подобро расположение, за разлика од претходниот за овој немам планови, па ќе видиме. Кујна ми е хаос, како за 10 души да сум готвела, не за едно бебе, а тоа верувајте на еден перфекциониста тешко му паѓа. Не сум научена да уживам во хаос, ама со тек на време изгледа ќе морам. Убав викенд на сите.
Добар ден, само да ве поздравам кратко пред да продолжам со обврските низ дома. Смислувањето што за ручек, ми е потешко од правењето без идеи сум веќе. Не јади малиот гравче инаку лесно ќе беше денес. Со помин на сите настинките, вирусите, со лесно да поминува се.
Жени добар ден, прво за мене па на тема бебе упс, голема е веќе значи прво за мене па на теме дете Јас на работа како и обично за овој период од денот, второ кафе на ред, доручкувана и ужината помина. викенд се протега, дуѓичката мала не ми беше добра па сеа изгледа се сети викенд дека доаѓа малку од малку си се оправи, барем не повраќа. Јас сакам силно сакам неконтролиран шопинг!!! Од пантолони, фустани, сукњи, кондури, чизми, ташни- никогаш не ми се доволно, капут, јакна, кошули, да да за се зборувам во множина а кај и да е ќе купам тук таму по нешто. Следи викенд а не сум баш викендашки расположена, ама тоа е он си доаѓа и не ме прашува, море и ќе помине додека сетам. Е сега детево се разболе, после роденденот, ама еве ја се опоравува, туку луѓе полоша варијанта и мм го префати, а нели маж кога е болен тоа е крај на светот! Ама ќе му помине и него. за викенд најавено е ајвар ќе се прави, нека се направи па да фатам куќана да ја средам, имам чувство дека да чукнам и ќе киниса Така мајкици, денес ова утре ќе е друго нешто и дур трепниш животот отишол. Смејте се, сакајте си ги дечињата, гушкајте се не знаеме кога е последниот ден. Поздрав, мили.
Добар ден. Детулево спие, рано заспа, па ќе спие пак два пати изгледа. Сабајле стана во седум, ама ептен ни се спиеше со мм, па се убедувавме кој да стане и ја прашавме малата со кој сака да оди чао и си рече тато. Така јас си поспав докај девет и кусур. Втор дел од постот, стана накај еден, бевме пазаревме и шетавме малку, па ја оставив со баба и дедо да се подружи. Јас пијам кафе, се мислам да зачистам нешто, ја гледам куќава, толку е растурено што да влезе крадец ќе си рече, еј овде некој ме претркал. Зимно време дека повеќе дома по малку секој ден се средува и е почисто, летно време станување и право низ врата, само за спиење дома и немам кога да средувам. Здравје, тоа секогаш ми е најнакрај на листа. Читам на еден сајт прееска, во Австралија бебе родено во 25та недела има 65% шанса да преживее, а веќе од 30та 95%, алал да им е значи. За одење од земјава заедно сите одиме, кога и да биде, тоа одамна е решено. Се надевам дека ќе се среди зашто мир во земјава нема да имам никогаш, нит се гледам тука како стареам ипи раснам дете. Не во овој презагаден и пренатрупан град. После на лулашки нормално, без тоа или игротека не се поминува. Детево обожава деца и мора да се подружи малку, а и јас со некоја мајка да си сврзам муабет.
спие малата ,ставив ручекот во рерна и си прилегнав и јас во спална.Сега големата кога ке се врати од школо и ке види колку тракататанци сум ставила со месото да печам ке почне да негодува да ви кажам право едвај чекам да залади, бар за десетина степени да падне Т.Па после тоа можам да почнам со генералки.До тогаш мн е топло за чистење