Еве сум и јас За денес реков дека ќе седам дома,никаде нема да отидам и ништо нема да правам.Само на малиот му го посветивме цел ден. Детето беше како преродено.Ни нервозно,ни плачливо,абе милина. Ќе кажеш мали се,од ништо не се разбираат ама не е така. Си сакаат внимание повеќе од било што друго. Па и блиски ни дојдоа на гости,и они го заиграа,колку само се радуваше. Од утре пак иста песна,пак сами ние двајца.Пак досада ќе го мачи,пак ќе сака да излеземе два пати да прошетаме,пак ќе морам да правам се што треба плус со него во рацете.Тоа е. Нека ни се живи и здрави,предизвик голем се. Лека ноќ мами,да наполниме батериите
Здраво жени Скоро се прибрав од работа,малата ме чекаше па ај ја залулав и заспа за кратко ама јас наместо да легнам пуштив перална и сега цацко ми е крив што треба да ја чекам да заврши Па ај си велам да штракнам некој збор овде кај омилените мајкичќи.... А ми се спие тонам.Мислам дека перницата ме довикува. Темпото ми е многу брзо,животот ми мине,ми лета времето.Оваа недела имам 7 работни дена се со различни смени.Малата ке мисли дека татко и и е мајкаМм е главен и одговорен бебиситер. Да видите само каква ја носи на шетање.Све ми боје лепо стое...Аууу па косата ц ц ц чешел да не ја допре,таман работа,ко струја да ја фатила.Сто пати му викам,бар спој некоја боја,зачешли таа коса,а он што и фалело...Мажи!!!! А една коса што има пу пу цела на мене,спрејче и прскам за да ја расчешлам,салде локни е На крајот испадна дека се радувам што ке спијам со ќерка ми,а тоа што не ја гледам преку денболи! За тоа ми е најмногу мака. Доста несврзано пишував,да закачам алишта и да се треснам на спална. Добра ноќ добри луѓе
Како овие неколку дена што плачење удри ѕверчето мое, мислам во 19-те месеци нема плачено! Им завидувам на мм и на дадето што утре ќе си отидат на работа/школо!!! Леле бре мами, многу сум папсана, живци немам, енергија у минус...дал е до годините или до Магдето мое незнам ама 5-6 дена е болна а јас ќе се срушам од умор и нервоза! Туку ај добра ноќ, одам да видам зошто ме бара фрижидерот па да дремнам троа дур не се уклучиле сирените!
Те ме мене Дури сега ја заспав малава пред 10тина минути. Ептен лош ред си фати откако настина Денес ништо посебно, ја прошетав малце во кафиќ и рикверс дома, пекол беше. Настинката ни се ублажува, добро е. Ми се спие, го чекам маже ама ништо, се загледал пак некој филм сигурно, ама ако ќе ме бара и тој утре ама.... Отидов. Добра ноќ
Добро утро жени. Значи бебуш има аларм.точно у 6 е буден си гука превртува,а мене мисе спие ми се плаче.Исто ко на работа ке одиме па толку рано ни започнува денот.Но ми заспива рано 8ипол 9. Мами вашите по 9 ипол мес.кога заспиваат и по колку спијат и преку ден исто? Вчера бевме кај моите си направивме пинџурче си сукавме зелник и боденик... Ич немам сила за ништо,воља енергија 0000..... Ви посакувам убава и лесна работна недела. Ви имам ли кажано дека Понеделник ми е омилен ден од цела недела?! Позз
Добро утро и од мене Јас со синко мака си мачам ноќеска накај 4 ми поврати во сон а пред тоа цело време нешто го мачеше се врткаше трткаше не спиеше едно саат време во рок ос 15мин повраќаше. Вчера јадеше пред да заспие краставица но и плус некако падна незнам како го видов само на земја лежеше ама нема никаде црвенило што значи не е на главчето малку заплача и толку. Плус сме настинати и сега малку поврати незнам од што и како е попосле одиме кај матичната. Со негатива ми почна неделата дај боже да биде се најдобро понатаму инаку си е весел онака. Убав ден надрухите мајки .
Добро утро! Полноќ ме фати додека заспав, на секој час и половина се будев и од пет и нешто сме будни. Маж на работа, ние сигурно цел ден дома ќе сме. Време никакво. Понеделнички ни тргна, како ден ќе прекарам не знам. Деца кенкави, јас ништо подобро. Мразам кога сум ваква. Ајде доста мрчење од мене. Големата седна да црта, да бое малото и тоа сака па не може да се спогодат. Едвај чека да тргне на училиште, желба голема ама има уште време. Кафето испиено додека пишував. Поздрав и убав ден!
Добро утро и од нас. Психички се спремам за во градинка... да се надеваме дека оваа недела нема ништо да закачи и барем малце ќе привикне. Ако не ќе му пратам и правосмукалката, најдобра другарка му е се поред неа седи цело утро кога ќе ми текне колку плачеше од неа надеж ми дава дека ќе свикне да оди во градинка. Кујзнае како ќе е потоа расположен за шетање а јас веќе испланирав.. и тоа е знак прашалник. Убав ден мајки
Добро утро и од мене , јас кафе си пијам , ја испратив ќерка ми во школо ,инаку добро ни оди , и се допаѓа многу. сега треба да се фатам за чистење , па до пошта да одам , да завршам некои работи додека е во школо поздрав жени убав ден
Добро утро Кој рано рани-цел ден ненаспан ке си биде Наместо во 7,во 6 сум направила аларм.И ајде што е тоа е,си сварив едно кафе и директ на тераса.Бидна 7 и ја будам ама јок,*не сакам гинка* и фино лепо се заврте на другата страна.Се чудам како ке станува за на школо.Ја молев пола час и конечно кралицата се разбуди.Без плачки и такви работи отидовме на раат. Фала Богу се заврши и сама си влегува во градинка,умница на мама.... За мене денот ке биде турбо.Плата денес,па сметки,кредити,јадење и оп пак на работа. А не ми се мрднува од креветот,вечито преморена сум. Имајте најубав ден
Тука сум и јас мајки! Синоќа имавме нервозна вечер, малата дури во 01 по полноќ се предаде и заспа. До тогаш лигавеш невиден, само се превртува, се открива па се покрива, па од креветче на спална се префрла... Ма ни викање не помогна, а и во 1 по полноќ не ми е ич доба да ја кревам зградата во вис. На крај морав да и се заканам дека на балкон ќе ја извадам да спие, ја избркав надвор и ајде некако уплашена успеа да се смири и да заспие. Конечно, во 1 по полноќ. Мислам до крајност оди некогаш. Ви правеле дечките некогаш вака??? И денес нема шанси да ја разбудам во 8 да оди на градинка, си остана дома оти утрово ни јас ни она не бевме способни очи да отвориме. Ете ја уште се излежува на спална, а јас сум и лута за случката од сношти! Така беше кај нас синоќа мамици со мојата лигавешка мала! Денес се надевам поарен ден да истераме.. баш да видам! Убав ви ден...
Многу позната и секојдневна ситуација. Многу честа ситуација кој кај нас трае долго. Обратен биоритам кој никако не влегува во ред. Се нешто испробавме. Сега малку од малку се стабилизира па најдоцна не наоѓа 1 по полноќ. Инаку сум дежурала до 2, до 3.... Бев нефункционална, зомби. Да си олесниш за вечер, разбуди ја сега. Не ја оставај да се отспие скрос, пошто попладне касно ќе и се приеспие, касно ќе стане и вечер пак касно ќе ти заспие...Пробај, и со среќа. Ти бар лесно да поминеш, јас се изнамачив.
Машала, машала денес мн не има ранобудни. Јас станата сум од 6, се спремав се стокмив и излегов, возам часови, ќе полагам за кола, како и да е кога ќе положам ќе частам. Беба не ми поврати синоќа, спиеше подобро, ама се вративме во матичнта спална и изгледа таму ќе останеме да спиеме. Вчера денот ми беше турбо, чистење дома, конечно куќата си заличи како што треба се се врати на место, сега ми е мерак да си седам во чисто. Машина пуштена, пружени и собрани алишта единствено не успеав да испеглам, ама изгледа тоа вечер ќе е на дневен ред. Плакарот на госпоѓицата е среден, пререден, кое ќе се носи кое не се се натамамено, за неа зима може да доаѓа. Мојот плакар не е пререден ама ќе почекам уште недела две па ќе го суредам и него чунки нели зима ќе доаѓа... хахах Туку сабајле си ги извадив за носење фармерките од девојче хахахах, фармерките од пред бременост морам да се пофалам точни ми се па дури и подобро ми стојат сега. Ете така, сега чао морам да работам, посао зове! поззззз
Добро утро! Или пак за некој веќе добар ден. И мојата не сакаше во градинка. Среќа маж ми дојде од трета смена, па асистираше со измислени приказни да ја прелаже, ја спремив и тој ја однесе. Јас нервозна, ми се собраа така малце непријатни сознанија задниве три дена, нова одлука на работа за работното време, некои фамилијарни проблеми ако можам така да ги наречам (зашто јас сметав дека немаме проблеми), плус вчера беше краен ден за добивање но не добив. Освен со маж ми и со вас неможам муабетов со никого да го направам Ептен ми падна тешко. Оваа година ми се падна да работам само втора смена, плус со подолго работно време, така што детето ќе си го гледам само 2-3 саати во денот Најефективниот период од денот ќе ми поминува на работа или на пат од/до работа Во врска со ова другово, три дена имам симптоми за добивање, грчеви во стомак, цела карлица ме боли, плус и нервот баш на тие пршлени каде што имам дископатија ме штреца, неможам ни да се исправам ни да дигнам дете. Што ќе биде ќе видиме, ама ради нервози неможам да се опуштам и со радост да се понадевам дека сме успеале. Сега допивам кафе и ме чека банката, требало да давам пари
Добро утро! Едвај очи отворив утрово. Сношти бевме на свадба, го носевме и малиот, немаше кој да го чува. Многу сака музика, играше до 21 и после си заспа в количка, не му сметаше ни музика, ни ништо. Спиењето до сега не ни било проблем нас, до годината преспиваше денски 2 пати и со тоа и ноќта подоцна заспиваше, ама сепак ја преспивал од секогаш цела ноќ. Се надевам нема да се смени тоа во иднина, не знам колку можат да се променат ко поголеми. Е после годината почна да преспива само еднаш и тоа само еден час, и во 21 часот е во кревет до 8 сабајле. Одиме сега да прошетаме, убав ден на сите. @Kitten нема ли шанса да се промени нешто на работа дека со дете си? Се надевам се на крај ќе испадне како што посакуваш
Фала @kristina.k Но во врска со работата нема шанси. Одлуката е на ниво на колектив, незнам дали знаеш, имам зборувано, во образование сум. За да има промена треба да ме стават друг предмет да предавам а за тоа е касно да барам, почна годината. За догодина ќе бркам правдини
Добро утро! Време за доручек кај нас, па ќе следува прва дремка и така. Инаку продолжуваме со фазата немирно спиење, незнам веќе што е проблемот, ноќеска се будеше често, божем се гледам да е погодено, пријатно е за спиење во собата, избањата, нацицана и пак исто. Без спиење сме со мм, па едно инает што станала од збор не се разбира. Си мислам да не и растат нови заби, ама колку што можев да видам нема уште ништо. Како и да е, периодов е хаос, не смеам воопшто да ја оставам сама, се качува секаде, паѓа и да не набројувам. Вчера неплански излеговме, времето беше пријатно, супер и дојде и неа и нас, кога се вративме заспа, а ние засукавме ракавите и по дома. Нема одмор, мора некој да раскрене, да среди, да зготви и дур трепнеш денот поминал. Додека пишам бебе јадеше и заспа, сега јас сум на ред. Поздрав
Добро утро мајки. Кафе пијам млако зш дури заспие беба и грав можам да сварам, не па кафе да се олади Вчера рано утрото излеговме со мм до парк и планиравме да седнеме на доручек додека нема гужва низ град. На бебе му беше време да заспие па си рековме таман во количка додека одиме до парк ќе заспие и ќе бидеме рает. Аха, сигурно! Почна да се нервира, да кенка и на крај силно да вришти. Се тоа од што и се спие, ама не сака да спие. Реков ај ќе ја седнам на една клупа, ќе и дадам да цица и ќе заспие. Ама додека ја местев, ми се лизна раката и ја удрев со рачниот часовник во чело. Душата ме заболе. Немаше ништо, ама удри уште една тура плачење. И така, си ја зедов во раце, мм туркаше количка. Така испивме и кафе и правец дома. Одма заспа. Во меѓувреме јас шминка и депилација, па вечерта бев на свадба. Супер се опуштив, мм и мајка ми беа со бебе.И тие добро поминале, без плачки. @kristina.k да не сме биле заедно, во која кафана беше ти? @Kitten Ти добри вести ли очекуваш? Уште една лепота Фамилијарни проблеми постојат цел живот, додека има здравје за друго не се секирај, се средува. И за работното време исто. Врват деновите брзо, а подобро 2 квалитетни саати со малата, отколку 20, а постојано да ја караш. Инаку, јас добив
@Kitten не знаев, знам како одат работите, и јас бев во образование- за жал само на замена до сега. @BirMelek во Вавилон бевме, во големата сала.
Ne si sama, sekoja vecer e istoto, zombi sum veke, vcera se predade vo 1 30-2 veke nez kolku bese. I toa mu se iznavikav ubavo , se naluti i si legna so placki. Jas sabale vo 7 stanuvam za na rabota. Nikoj ne se zali bre od nespienost ko mene, pa i drugite imaat deca !!! Inaku go cuvaat baba i dedo i sega garant uste dufta po doma, a nie umirame za spienje. Da sum doma ke go budam, koga ne sum im odgovara niv poveke da spie.