Само кратко да ве поздравам... Да си олеснам на душава... Сабајлево хорор.. Синко плачеше корнеше.. Ме молеше да не го носам вградинка.. Знаев дека после викенд ќе ми прави вака, ама сепак срце ме боли.. Три дена, од средата одеше без проблем.. Но сега изгледа свесен е дека е за цел ден таму и реагира.. Воспитувачка рече нормална реакција, ама како да му кажеш на ова срце мајкино дека е нормално детето расплакано да е така... ах мајки мајки.. Тешко е.. Си го галам бебушов сега и си мислам на големиов... Знам дека ќе помине се.. И ќе пораснат.. И ќе "летнат "низ животот..ќе заборават.. Само ние нема да ги заборавиме овие моменти... Поздрав
@Espadrila @coconaut Секоја ноќ вака? Нема шасни! Колкави се дечките? Како издржувате жени? Уствари што прашувам, знам дека е напорно, јас минав период на неспиење кога малата беше бебе ама веќе е големо детенце од 3 ипол годинки и тераме некаков ред на функционирање кој го одржуваме секојдневно. Затоа ми е криво што синоќа до толку ми се разлигави, оти не сме се така. Се надевам нема да ни се повтори таква вечер, страв ме фаќа од лигавежот нејзин со кој периодов се потешко се соочувам. Се надевам дека и кај вас за брзо ќе мине ова касно заспивање, ако се веќе поголеми дечиња од 2-3 годинки обавезно менуваје нешто, ептен лигавеш е ова седење до 1 или 2. Оф мајки сме, се нешто мора да трпиме! Ете ја сега малата спие, во 13:30 заспа, јас цел ден лута сум и па до толку беше послушна што успеав многу работи да зачистам низ дома. Дури ме праша дали можело играчките да ги растури, оф мори мајко, НИКОГАШ досега не прашала такво нешто, дури за инат ги расфрлаше кога и велев НЕМОЈ. Ама денес дека виновна од синоќа ми се прај послушно дете. Ние иначе смешки сме низ дома, некогаш мислам дека ко снаа и свекрва се џанкаме со малата.
Мојата е 2 години. И тоа траеше секоја вечер околу 6-8 месеци. Имаше исклучоци, а беа ретки. А имаше и ситуации кога ќе се разбудеше свежа у 3 сабајле и му се игра на детево....а мене....ми се плаче ми се спие. И она че заспие таман јас пред да идам на работа. и така....
Денес за малку не доживеав нервен слом синко го однесовме на контрола да видиме за мешето да ни дадат нешто и многу ми спиеше денски а и очината му беа жолти па мислевме дека е жолтица зошто на болница почнуваше да го фаќа. Појдовме го видоа и кога го вага кога ми рече педијатарот дека е гладен и дека за неделите вопшто не напреднал ќе се онесвестев а по еден сат стои на гради а ад му намалував и градите ги стегав имаше млеко а тоа срце на мама изгладнет бил .
Леле бе мајки, дајте некоја утеха...момево мое деновиве само плаче, дали оти е неарна па де капки ставаме, де нос чистиме, повраќаници бришеме дали период е, фаза во развој...ме полуде!!! Никогаш не е била толку плачлива како сега, за секунда ако не и е погодено вриска, тепа, рика и тоа со саати трае!!! После и да и направам по нејзино џабе ми е умирување нема и нема!!! Ај да ја наранам дури е мирна ... пред да ги вклучи сирените!!!
гладно бебе тешко дека мн ке спие ,напротив ке е будно и ке плаче гласно. и очите од глад не пожолтуваат во никој случај
Што правите? Ние сега де вративме од прошетка, денес малава е по смирена и по разбрана. Братучетка и си замина вчера, сега е сама па мислам затоа е таква. Туку јас денес треба да добијам. Обично не ми касни Дали психички или не цел ден имам вртоглавица и ми се лоши (првиот симптом со првата бременост). Никој не знае освен вас. Дури и на мм не му кажав Сакав да забременам а сега кога треба да не/добијам јас сум загрижена. Се јави себичноста во мене, ја гледам малава си викам детево веке ќе го запуштам. Нема да можам да и посветам доволно внимание. Не сакам љубовта спрема нејзе да ја делам со никој! Може и од промена на клима ми касни Немам никаков симптом на добивање.. Може ПМС ме мава па чувствата ми се каша попара. Утре да стигнам во СК и ако не добијам одма правам тест
Епа и мене ми е чудно како гладен спиеше по 3 сати а синко од двај го будевме. Кога ми донесо пумпица за да се измолзам скоро ништо не измолзив а претходно цицаше а гладен беше. А за очината не си ме разбрала добро појдовме на доктор мислев дека има жолтица затоа спие. Кога се роди имаше покачени резултати за жолтица и го сонча. Жолтицата се повлекувала од долу па нагоре очината последни . Незнам само знам дека се сруши се на мене кога ми кажа дека детето ми е изгладнето
незнам зошто се ориентирате по количина измолзено млеко?Јас никогаш не успеав да извадам повеке од 20-30 мл од мене а беше само на доење и напредуваше 1200 грама месечно.Некои жени неможат преку пумпа да извадат онолку колку бебето може да извади. можеш вага и за дома да купиш и да мериш.Претпоставува ад ти дале.Ок но колку можеш пак и на града ставај го,пак ке има бенефит од твоето млеко
И претходно беше на ад ама повеќе на мајчино сите така ми вика повеќе да цица ад му давав само навечер.Е сега ни рекоа прво да цица на двете гради по 10 минути и после ад и во четврток сме на контрола значи преизнерворана сум
не му се секирај де.Ке пркне еве сега со ад и никому ништо јас едно исчував на ад едно на доење и двете пораснаа исто
мојот не плачеше кога беше гладен. исто висеше на цице цело време, он да си мљацкал само а да не тегнел доволно количински. за два дена ослабе. и јас си велев ако е гладен ќе вришти, ама ова не важело за сите посебно не за новороденчиња кои уште не знаат што е глад. мислиш грчеви има затоа се витка оно од глад. хорор ми се случи. на никоја мајка не и го посакувам тој стрес... страшно нешто.
Здраво мами, со помин да се настинките и повредите најголем дел ве исчитав. И ние од петокот сме со антибиотик црвено грло и растечено носе. Додуша денес мали е добар, а јас и мм настинавме. Викендов немав време ни да ве поздравам саботата лутеница, само што ја собравме вечерта правев компот од праски до два часот после полноќ. Неделата правевме ајвар и денес душата ми се малакса и цел ден сме вкревет. Утре да видиме како ќе помине синко во градинка после три дена пауза и безредие. Ве поздравувам мајки одам да си прилегнам еден фервекс и толку од мене
Само да ве поздравам децава заспаа, уф богами јака ви душа како издржувате до 1, 2. Еден период летово малава знаеше до 11 да беснее па премногу ми беше не па толку. Еве сега па почна да заспива докај 9:30, 10. Намали малку временски на пладневно спиење ама и поарно. Само да тера вака и коа ќе се откачи од цицање. Многу се осеќам уморна нозеве ми тежат ама ќе станам мора да средам кујна па ќе се мушнам во кревет. Малава не ја пуштам уште во градинка, носево и се средува ама кашка повремено и не ми звучи баш на арно. И големиов денес на 1 наврат инал пак проливче ќе го оставам и утре дома па ќе видиме за среда. Како би си останала и јас да можам
Исто и кај нас ние мисли меше го боли ќе го преболи и си спиеше сите вика мешето го боли тоа гладно толку се чуствував не убаво пред докторката ни идаше во земја да потонам
за недела дена прави годинка и уште ме прати таа траума. дури не сакам да се навраќам на тој период ич. но реално знам дека претерувам. он новороденче, јас тазе мајка... среќа ете за два дена дознавме... ова и за тебе важи. ако ти е за утеха потоа бубрег се стори, еве го сега 11 ко ништо има. периодот на адаптација е хорор филм ама ќе помине. не се јади, ете има и ко тебе со иста мака.
Мајки само да ве поздравам. Периодов ме немаше да пишам (од оправдани причини) а не ни успеав да дочитам се', ветувам ќе ве дружам повеќе. Малиот ми е со затнато носе, јас сум постојано по болници, свекрва ми ни дојде на помош Разочарана сум многу, имав пишано и овде дека се имав онесвестено летово, епа пред некој ден добив една дијагноза за која не знае никој освен јас и мм. Животот е таков каков што е. Мора да се оди напред, па има ли нешто поубаво од детски глас што вели ,, мама јас те сакам,,! Децата се најголемото богатство, за нив вреди да се живее! Извинете за негативноста, секој си има проблеми, некој можеби и поголеми од моите аме ете, тука се осеќам слободна да си кажам што ми лежи на душата. Поздрав жени, лека ноќ!
ми се случи истото. Срце ме боли сеуште. Го носиме ради јако плачење и неспиење , го мерат (ад и мајчино) качувало 50 гр дневно , педијатарот коа викна како сме го прејале, да исфрлам ад и само на доење.. И по цел ден на града тоа вришти пишти, лиже се пред него.... Нема да заборавам, се будам една вечер а тоа ја лиже решетката на креветчето ко за цицање детево гладно. Го носиме на контрола по 1 нед се попраило само 30 гр. Педијатарот вика гладно мајка! Коа се враќавме од преглед плачев. Сега повеќе цица, ама имам трауми ако видам раче во уста или ако вришти. Синоќа цицаше и му дадов и ад малку среќе цело го исфрли, да не го прејадам и оптеретам. И немој со глупости дека нејќеш ад. Поарно тоа него дете гладно.
Сама детето да ми е најадено не ми е битно со што ме изгоре во душата вчера цел ден бев за никаде на мајка ми само и викав ни крива . Ако треба нема ни да спијам само синчето да ми е најадено . Знам дека ќе се среди а зошто така да биди што се не претрпев како можеше да дојди до ова а баш во средата бев кај матичната моја рече имаш млеко давај му биди упорна. Ама овие денови многу сум напната нервозна ништо чудно ако и немам