И ние со пролив да се пријаиме...вчера 2 пати, денес 2пати од сабаље само....сега пробиотик да дадам и орс......ај си реков вчера не е ништо ќе се среди, ама и денес кога видов......не повраќаме сега за сега, дај боже така да поминиме.....сега пред 2-3 недели еден поминавме стомачен, сега друг....аман. Само температура нека не крева...од тоа најмногу уплав имам. Инаку и јас овесни со банана дадов...ај си реков дека со банана нема ништо да биде...после и јас ќе печам јаболки и оривче најверојатно ќе биде ручек. Мислам од камилица чај можеш,ако го бендиса....рибчиња соленки грицкајте, бистра супа купечка од кокошка за течности да надокнадува.
Колку време даваш пробиотик континуирано? И јас на малава и давам неколку месеци прво биогаја па дармфлора и ќе ја прашам баш и докторката дали е ок подолго време или треба пауза. Мојава беше во болница пред 3м и тогаш кога ја прашав за препарат за имунитет ми рече дека е мала за друго само пробиотик да и давам. Ама еве ја па се подразболе . Кај мене се па и двајца и влњчат еден од друг нема спас не можам да ги одвојам никако. Инаку и на големиот му давам пастили пролајф можеби не секој ден ама доста често Оф ај да оздрави побргу. Значи дефинитивно коси некој стомачен. И мене ми е само страв од температура бидејќи она покрај стомачниов малку и кашла и носот и е затнат. Пие вода фала богу се распи во последно време а и цица уште па со течности мислам дека е ок. Тоа е деца ќе пораснат само ние да издржиме
Ма не знам...се си мислам од водава што ја пиеме се ова стомачниве вируси.....кај ги фати така сите наеднаш.
Па јас скоро цело лето давам,дека имаше нели и летото стомачни вируси,плус на одмор промена на клима и некогаш неколку дена правам пауза па пак давам,незнам дали би имало штета. Еве и кај мене на работа денес колегата со стомачен вирус,минатата недела колешка,многу има периодов,јас откако памтам секоја година септември не фаќа сите стомачен вирус
Мајки,ларингит како се средува?Големата од вчера поткашлува ко кутре,гласот денес веќе и е цел фатен,одвај збори.Од вчера е со Лоретадин и инхалации со Декстаметазон и физиолошки ама гледам тешко иде
На синко.му помина повраќањето среќа еден ден држи вирусот но за жал не сака да јаде само што ќе цицне тоа е моли тегли влечи не и не бе каков инат е. Ај си викам нормално е нели дека вчера повраќаше на се што ќе стави во уста,ние веќе втор ден пиеме антибиотик сумамед др ни кажа дека бил доста јак па ќе видиме како ќе помине и настинката вакви сме веќе со кашлица и растечено носе две недели.
Гилемово мое само еднаш до сега на 3г го фати и тоа ептен опасно, од тогаш до сега успешно ги избегнавме ама сега нема бегање. Којзнае дали може и да е до водата нир одсекогаш од чешма сме пиеле
Добар ден мајки, ние сме за частење. Дете денес се заиграло во градинка  . Срце на мајка. ем плаче ем си игра вели негувателката хахаахах. Ете еден чекор напред сме, ама тоа зашто скоро сите се адаптираа па не му вришти никое... Мама кс правеше денес Хмгб 150!!! во живот сум немала олку убав хмгб нешто и еритроцитите скокнале па треба да ѕирнам што како, ќе се замоли Џојка ако може совет околу тоа... Инаку дојдовме само зашто бебе заспа во кола. денов прекрасен за шетање. после пак. убав ден мајки
Ние два стомачни летово поминавме и најзадоволна сум од Провен пробиотикот. Веднаш му го среди мешето, а prolife не делуваше кај моето. Баш ми е жал што читам за толку вируси на темава, фобија имам од тие стомачни, а реално најлесно се пренесуваат. Брзо оздравување кај сите!
Епа добра терапија ви дале и плус ладно за ларингит,сладолед,ладна вода никако топло,од тоа повеќе отекуваат гласните жици.Јас зимно време ноќе замотана со ќебе сум ја вадела надвор кога ми се закашлувала така зарипнато,тоа ми е совет од др.
Провен е супер пробиотик, најдобар досега што сум го користела, за жал моево големо не ги сака таблетките, па морам Нормиа да користам. Инаку континуирана употреба без прекин не е баш препорачлива. Десетина дена со ред е одлично и сосема доволно за одреден период. После тоа треба пауза. Во лето е пожелно да се даваат почесто, ама не мора секој ден. Ако одите на одмор, една недела пред одморот и во текот на самиот одмор да се прима пробиотик е препорачливо, за заштита на детето од несакани стомачни вируси при промената на климата и местото на престој.
Вака како падобранец ви упаднав малово има дијареа неколку денови.Пробав со Линекс и Смекта ама не и помага.Аптекарката ми рече дека од што пие млеко не и прекинува.Нема повраќање,ни тт ни кашлица.Само ова.Матичната не ја ни прашувам,не ја бива
Па млеко не е препорачливо кога има дијареја, општо кога има проблеми со стомакот. Колку пати дневно оди по голема нужда и колку е старо?
Тешко ми дише ноќе,тоа ме плаши најмногу.Ама лошо е што не мирува,цело време збори и е во движење Никако млеко да пие,исфрли и го дур не се среди проливчето.Исто и ако повраќа,мелко строго забрането.
@m.i.g Стефан по стомачниот вирус уште неколку дена имаше дијареа, само од Провен како што пишав уште истиот ден прекина. Се и сешто пробав инаку. Млекото исфрли го дури да се среди, и давај сува храна, ориз, банана, варен компир, двопек и слично. @Annath врсници се со моето на @m.i.g во ноември ќе полни 2 годинки, се надевам не смета што одговорив, може ќе имаш совет плус.
во водата има бактерија која предизвикува стомачен. не сакав да ја начнувам темава искрено ама има црно на бело од пред двњ недели дека е тоа така.
Не смета @kristina.k не бев сигурна колкаво е. Работава е што може да има потечна столица, а не мора да значи дека е дијареја. Ете, кај твоето било последица од стомачниот вирус, ама @m.i.g не кажа дали нејзиното имало претходно нешто такво, а рече и дека нема други симптоми. Некогаш некоја храна знае да предизвика потечна столица, а да не сме свесни за тоа, а можеби во овој случај детето го има стомачниот вирус, само во поблага форма. И јас пред една недела имав ужасни грчеви во стомакот и болки во желудникот без други симптоми, се испостави дека е стомачен вирус, со Провен го средив. @LiliBoz, во која вода, скопскава? Каде тоа има црно на бело, а да не знаеме?
Имаше по нетов пишуваше дека има бактерии и од кои извори. Тоа е едно. Друго Јас лично имам црно на бело од мојата чешма, си однесов ми испитаа. На дете од чешма не давам, првенствено зашто овде во станов водата е како стакло да голта човек, не гаси жед и ете има бактерии. Очигледно цефките не се променети откако постои населбата. Зимам пластика (нормално обележана со знак дека не е токсична и таа исто така ми е испитана еднаш) или стакло.
Уф. Фала за инфо, не сум видела по нетов, не сум налетала на таква информација. Јас ја филтрирам водата од чешма, ама не е доволно тоа... ќе се бара друга опција... или појак филтер или автомат за вода....
@LiliBoz која вода ја купуваш? Јас Ладна, ама не е безбедна пластика. Мислам имаме коментирано еднаш, ама не се сеќавам за која вода беше. И кај нас во зградата од пред 20 години и повеќе не е сменато ништо, па ми е страв од чешма, иако е исправна за пиење.