мој совет ти е наточи исфилтрирана и однеси на институт за храна. јас таму носам и вода и млеко и урда домашна и сирење... можеби малку е претеризам ама два пати месечно фаќав стомачен а ретко од чешма пијам вода. Планинска Роса Кратово. ако нема зимам Ладна. Низок натриум имаат и двете и во ред се.
Бактерија не предизвикува стомачен вирус. Стомачен вирус си е вирус, бактерија е друго. Ама како и да е, не чини да има бактерии или вируси во водата за пиење... А ретко кај нас флашираната вода е во безбедна пластика, стакло е најсигурна опција.
Немаше ништо претходно,само проливче.Млеко пробав цел ден да не и дадам,насабајле ко ќе стани не е проблем,со овошје ќе ја залажам.Но навечер пред спиење е тешкото,не можи без млеко да заспие.Ајде денес ќе и дадам нешто полесно пред спиење па така да заспија некако.Ако ми плачи пак,можи да и дадам сокче од јаболко за да заспија? Оти без да се напие течности не заспива.Ако и вака не бидува ништо тогаш Провен ќе и дадам @kristina.k нема проблем за одговорот
@m.i.g ќе ја одвикнеш од таа навика да заспива со течност. Побрзај со време, после потешко ќе ти е. Сокот од јаболко не е исто препорачлив при дијареја, ама ни за забите не чини. И млекото не чини за забите, јас од таа гледна точка тргнав. Најубаво е ништо да не даваш пред спиење, и за столицата, евентуално може чајче од нане, без шеќер, ќе го смири стомачето.
Добар ден Денов пак во 7 ми почна,однесов дете на градинка и извадив месо да одледи за јадење па си велам чекај да прилегнам еден филм да изгледам.И јас така си мислев,кога сум заспала,немам мака,што ти значи умор луѓе...Коа рипнав 12 часот,ајде трчи,прави јадење,да има за малата коа ке стигне од градинка. Ама што да правам,до 2 сабалје на работа бев,кога си дојдов малата се измочкала на спална и триста тракатанции додека легнам. Сега додека се печи јадењето едно турско пијам и да видам мајките што ми прават. Татко ми ќе ја донесе од градинка.Да спасам малку бензинче Јас сум најзадоволна од провен пробиотикот,до сега најефективно се покажа.А деновиве малата е со мрсули и затната а не дава ни спреј да и шприцнам во нос,бега како од оган.Па сакала нејќела,мораме Утре и задутре ке здивнам,слободна сум конечно. Имајте убав ден
Даваат ли боледување за 1 ден? Не сакам да ми го рачунаат како ден од одмор. Матичната ми е поручек па ионака имам нешто да завршам кај неа да видам и за боледување. Луѓе ме нервира големово, не можам бре во последно време никаков муабет да свртам со него, на игнор не става. Цел ден го мољакам нешто, само превртува очи као *не ме замарај* и ништо не му се прави. На 7г ми се понаша ко тинејџер, ќе ми пукне филм ќе го надрља а сакам со убаво ама не иде. Не знам како да допрам некогаш до детево, што каактер ќе беше не знам
Ние сме во болница ради ларингит во моментов. Наводно кај некои деца било полесно. Епа ние ептен лошо. Сега инхалатор ќе купам за дома. Дете никогаш не ми кашлало ама еве вирусно било. Вода од чешма никако. Цевки стари над 50 години и више, метални, посебно тие по стари згради што живеат... и јас не пијам од чешма.
@Annath , @LiliBoz мислам дека стомакот најмногу страда од водата која ја пиеме...затоа и на така ми оди умов....Еве вирус нека е...како се распространи така наеднаш...оп сите болни....вирус би требало да се пресенесува од еден на друг и тоа би траело подолг временски период дур се распространи....ова оп...цела Македонија вирус ја фати наеднаш. Планирам да почнам ако не друго барем да ја превривам, па да видам дали ќе осетам некоја разлика.
Ццц,како бе.Ајде лесно и брзо да ви помине Големава ми е склона на гнојна ангина и ларингит,често фаќа ама за два дена е ко нова, ама ова некако полошо ми станува и се плашам.Јес да мојава е 5 години,поголема е,демек појака ама нема врска.А инхалатор имам,земав за малиот ама кај него не делуваат инхалации никакви,сега за големава ќе видам ,до утре треба да ја инхалирам. Вода од чешма на деца и јас не давам,само купечка.Од нашата чешма песок и црни парчиња наоѓав во чаша,страшна работа. П.С.Го мразам периодов,сите испоразболени,и мене ме фати нешто,температура,нос затнат и отечено грло,неможам веќе
Мајки да ве почастам Денес ми е роденден, да сум здрава и жива тоа ми е најбитно. Инаку и ние сме со затнато носе и некоја слаба кашлица од време на време. Инхалирам колку ми дозволува синко и давам бронкоклеан, се надевам ќе помине за брзо.
Да ви се убацам во муабетите како падобранец, ве читкам повремено и ми падна мислењево во очи. Ние мајките некогаш имаме тенденција да ја минимизираме улогата на таткото во животот на детето, мое си е и што сакам тоа ќе правам. За да извадиш пасош на дете се потребни двајцата родители да бидат присутни, за да извадиш дете од државата треба согласност од таткото и да сте разведени и целосно старателство да имаш пак треба негова согласност, така да не е баш така едноставно си го земам детето и си одам а ако не сака да ти даде согласност нема жива сила што може да го примора на тоа.
Се си во право. Само што секој си го знае човекот што го има дома и начинот на кој го добиваш она што го сакаш од него