Реагирај ти. Јас искрено кога гледам дека не реагираат родителите јас им зборам на децата, нормално нема да викам по туѓо дете ама им кажувам да не ја удираат, буткаат исто како што кажувам и на моите. Некогаш ако сме со некои пријатели поблиски знам и да им сржам на стариве да си ги приберат децата. Иако пишав дека моево знае да мафта со рачето, да се кара, да се тепа со брат и, не можам да кажам дека е насилна. на блиски пријатели девојчето е малку постара и секогаш кога ќе се сретнеме све и граба на мојава од раце ама онака колку да и земе и и фрла, не и враќа, многу пати пробала да ја бутне а нејзините не мрдаат, тогаш јас реагирам. Какво утро напорно имав. Малово се будеше ноќеска често од грчеви и гасови, ме тераше да станам да ја мијам и менувам пелена а немаше ништо. Во 6 запна да станела а не беше наспана, после плачеше за спиење па големиов почна да плаче да не одел во школо. Мене главата тупан од неспиење овие двајца во хор урлаат. Успеавме некако да се убедиме со големиов да се спреми па сме заспале со малово до 9. Среќа инаку мислам дека ќе паднев. Еве ја пак и се спие а јас со милион планови во глава што да правам дур спие а гарант нема ни еден да остварам
Фала многу значи исти се лало тука што ги гледав. Во упатството пишува за имунитет,апетит ,колили, и шри давање антибиптик. Значи не се само за бебиња,може и за две годишно дете.
Здраво мајки, деновиве турбо- не знам дали е ден или ноќ. Нека е за убави работи само, ќе издржам. Време немам за пишување ама темава ме погоди ептен. И претходно сакав да пишам ама да не речете оваа новава одма се жали Знам родиели секакви има и ако сме искрени не секој родител е добар- ни воопшто, ни за своето дете. Летово се изнагледав се и сешто по паркови, игротеки и ресторани и еднаш дури морав и да изреагирам а од секогаш ме нервирале таквите мајки што се мешаат од страна -ама ми прекипе. Па мајко мила ако си седнала у иготека-кафич и си платила 80 ден. кафе ај сеа другите детето нека ти го гледаат. Не да не трзаат туку ни не знаат каде им е детето 2 и пол саати. А тоа се качува (буквално) на туѓи маси, зима туѓи шишенца, бара да пие вода пошто нема кој да му даде на 35 степени а мајка му внатре под клима се лади. За буткање и удирање да не почнувам. Никој ни да им каже немој така не е убаво нити било каква реакција. Па јас ли да го бранам моето дете од твоето зашто фејсбукот е моментално побитен. Деца се ок и не треба да им висиме над глава ама луѓево не сваќаат ли дека се тоа 2-3 годишни што мораат да имаат надзор. Ја земаат игрчката на моето дете 5-6 пати. Се насмевнувам, викам ако мамичка да се поиграат ќе ти ја вратат. Децава ја газат и кршат (намерно) мајкава седи и се смее Да не редам уште куп ситуации ама имам впечаток дека децава се страшно агресивни а родителиве страшно летаргични по прашањево. Никогаш не сум рекла бутни/ удри и ти и нема да го направам тоа. Дали дека не е учено така па ни самото нема таков инстинкт ни одбранбен механизам. Затечено е целото кога го тормозат и не знае како да реагира. Моето дете не удира и не бутка ама ако земе нешто што не е негово таму сум за да му кажам дека не смее, не е тоа негово и мора прво да праша. И послушува, секојпат. Така му е кажано од првиот пат кога земал нешто туѓо. Може некоја ќе се навреди, може нема да се согласи со мене а можеби дури и ќе помисли сешто за мене. Ваше право и ваше мислење. Ама моабети од типот деца се, па како ќе научат, стално ли ќе им висиш над глава не проаѓаат. Ако додека се мали ги научиме и им покажеме како после нема потреба да им стојам над глава. Ете, толку од мојот краток пост Ви посакувам да ја дочекаме есента здрави и да се дружиме со дечињата во парк ( без буткање
Малово од нане не го сака не па црн. Не успеав ни еднаш да и протнам деновиве. Вчера ми бараше црвено чајче, пие од мешано овошје и и направив, викам чај е не е свежо овошје не може да ја протера. Само не и ставам ни мед ни маџун да не ја иритира. Имав од дренки сок (а ми кажаа дека тој стега) па тоа им давав на двајцата. А гледаш не ми текна зрнца ким да и ставам во водата може ќе ја смиреше малку
Sorry sto se ubacuvam vaka ama te citav stalno za tvojata kilaza. Kolku kg imas? Ako ne e tajna de.... Kim vo sekoj caj mozes da stavas go smiruva meseto. Stom pie crven caj vo toj stavi maalku crn caj, taman nema da gorci.
Здраво и од мене Бебе спие, јас лежам до него...Не можам да го оставам сам, ќе стане и ќе се лупне некаде Во однос на агресивните деца, само родителите се криви... Моето е уште мало, денес полни 1год и 3 месеци, ама од сега го учам да гали и да дава играчки... Викендов со братучед му добро помина, се чепкаа и се туркаа за да поминат, ама немаат осет уште... Малиов се плаши од детето на едни пријатели, бидејќи таткото еднаш агресивно ги приближи со количките демек ко на игра и детето почна да го чепка и штипе моето Па сега кога и да го види вреска А од други луѓе нема гајле, сѐ додека му приоѓаат ненападно Ручек имам од вчера, така да од тој дел сум ослободена Нека е за многу години празникот, на сите нека дари здравје Имајте убав ден
Здраво мајки Се пријавувам во групата ,,вечито ненаспани,, Имавме тешка ноќ,синко го затна целиот абе наеднаш носот му се затна па секрет му се слева па кашла па плаче кисне уф,не дава инхалација да му направам нит капки спреј у нос ама го држев мораше со сила а 2 секунди е а тој вришти.... И тт ми крена па не сака сируп пола по земја по пижами и нешто голтна. Некако заспа но ко не може воздух да земе плаче па ми го разбуди бебуш.и го однесов у дневна се смири па го презаспав и бебо,и цела ноќ трчав од дневна у спална .... Дури накај 5 сум заспала до 7.толку.детево си кажува мама боле тука и покажува на грлото и го носев кај док.и да си имало едно топче гнојче кај крајниците.во април имаше загноени крајници сега пак.на 5 мес.отприлика дали е знак дека детево ке си има проблеми со крајници??!!! Страв ми е сега малото да не прифане од брат му ....оооффф животе ги мразам болките болестите разболувањата.... И сега не можев да дремнам кога аклот ми оди на сто страни па правев каша за бебуш супа за дечкото и леќа за нас.... Имајте убав ден..
@simonka93 Еве јас имам агресивно дете, не се познаваме лично, но верувај, мене и на мм очи ни капат од срам кога синко гризне или штипне некое дете. Далеку од тоа дека сме го учеле така, устава пена ми фаќа веќе од зборување, објаснување, скренување внимание, каЗнување, тепкање по газе. НИШТО не помага, ништо! Она што тој замислил, ќе го стори и крај. Да не ви кажувам колку срамни зборови си кажува, слушнал, некој му кажал ама јас сигурно не. Води инает голем, а искрено и возраста не му е да сфаќа толку многу. Само трпение мислам треба. Честит празник и за многу години, повелете на слава. Гости брача Срби испративме, други дојдоа, убаво релаксирано е. Дете од ноќеска се мрсулави, само лесно да мине. Убав ден на сите
Мајка, Калиас е во право. Звучиш ко 150 да имаш. Знам точно како ти е јас 35 качив во бременост. плус и пет од претходно имав. Сега сите се симнаа. Ама мислам дека променливово време у комбинација со диета ништо умно нема да ти донесе...
За многу години да е раѓањето на пресвета Богородица! Утрово бев во црква, синко го оставив дома со баба му. Среќа што жената е на гости па гледам да помине се' во најдобар ред, инаку ќе се скренам. Може пак и апчињата си го прават своето, ме предупреди и докторот дека ке бидам нервозна Синко не е агресивен воопшто, надвор му треба време да се опушти со децата ама потоа игра не се закача. За братче или сестриче ( не дека бев во план ) ќе почека некое време, треба да правам магнетна р. на главата па потоа да ми ја средат терапијата. За килажа гледам се збори, јас цел живот сум камшик Во последно време страв ми е на вага да се качам, сигурно сум послаба од пред да се мажам (55кг) и толку не е добро ама ете... мора да не има секакви
Не сум на строга диета, уствари е пред се здрав начин на исхрана, не е диета толку. Море мене на 150 ми личат, гардеробата се потесна и потесна ми е, му се смачи од туники и хеланки. Треба да се дотераш, да се облечеш, не личи така. Имам куп гардероба, ама што кога носам едно та исто. Душа ме боли за едни фармерки убави преубави, ги купив од Теранова, искинати убави, бојфренд џинс, и ниеднаш не ми се облечени од што сум огромна. Ги купив за мотив да ослабам а тоа качив поише. Здравје да симнам и ќе почнам и да вежбам.
се те сфаќам. и јас бев страшно голема. како тргнав на работа избацив леб и благо и сега сум она што бев претходно.. внимавај само на имунитетот.
Да ви се умешам во муабетот за агресивните деца. Мојава тепа т.е сега престана, ама еден период беше страшно. Устава пена ни фати со татко и, разни начини и тактики употребивме, едвај се одучи. Се надевам нема пак да се врати на старо. Сега не тепа, ама им се криви на децава со јазикот Ова е тазе, па не чека долг пат додека се одучиме. И не, не е секогаш до родителите. Што мислите вие, ние ги учиме така? Не дека нема такви родители, ама повеќето верувајте сакаат децата да им се воспитани и мирни, ама ете не се. Не сме сите исти, нели?
И јас си помислив дека имаш некаде 100че И јас бев 86-87 пред да останам бремена и сега сум за 10кг полесна ама не се гледав дебела него крупна да речиме И да...и јас сум нон стоп во хеланки и широчки блузи Ама зависи и до градбата и висината,за некои и 85 изгледаат многу
Здраво! Бебе заспа во ниедно време, нејадена, изгледа ќе вади нови заби па е со променливо расположение и биоритам. Да си кажам веднаш дека иако е мала приметувам доза на агресивност, ме плаши тоа, ама се надевам дека е фаза, од друга страна невиден гушкач е, незнам што да мислам ќе покаже време. Синоќа мм ја чуваше едно пола саат да ја средам спалната, да сменам постелнини наши и нејзината во креветчето, па ајде фатив и со правосмукалка, па ајде прашина. За тој пола саат таа падна, се удри на главчето, па плачеше, па му ја бутна кашичката и двајцата беа лом, трчав со крпата на припомош и на крајот ми рече алал да ти е како издржуваш цел ден. Епа издржувам, ама навечер немам сили ни за тебе ни за себе му реков, ме погледна жално, ме гушна и рече ама вреди нели, заради ова мало душиче кое е нешто најдобро што ни се случило, за овие две очиња кои ни се смејат кога се буди, за ова бебе татино, а таа гледа во нас луѓе како да разбира. Веднаш забораваш на умор и се, навистина вреди, вреди секоја минута што им ја посветуваме на нашите деца, тоа е она што ни ги полни срцата со топлина и ни дава мотивација за понатаму. Денес до касно сме сами мм е на деловна вечера после работа дирекно, ми беше смешен вчера кога ми кажуваше, како да се правдаше, не ми се оди, ама ете важен клиент, му реков е добро де не е секој ден. Искрено жените без секојдневна помош од мажите не сакам ни да замислам како им е, а добро знам сум гледала цел живот една таква, гледам и сега многу околу мене и им се восхитувам. Долга и широка тема е тоа. Се читаме.
Ајде ќе се цитирам сама оти можеби некој грешно ме разбра. Се е ок, и да има вакви и такви деца, и ок е кога им се дава до знаење на децата да не бидат агресивни. Јас го споменав оној момент кога родителите ги учат децата да се тепаат, тргнуваат од таа максима дека тоа е начин да се снајдат во непријатна ситуација и во животот воопшто. А тоа повеќе се однесува на поповлечените деца, не на оние кои веќе "здраво се снаоѓаат во секаква ситуација".