@LaDyDoLl кажала одприлика тоа што јас сакав да пишам уште од сабајле ама не стигнав да го пратам. Сакам да се надовзрзам на муабетот за деца багабонти и деца бубачки мирни. Ќе бидам искрена, мојата е во првите, багабонт (како што ги нарекувате таквите деца) , темепраментна... лоша по мислење на некои мајки. Не знам колку искреноста се исплаќа, бар овде може да се премолчат некој работи ама ете сакам да слушнете од мајка која има такво дете како она гледа на работиве. НИКОГАШ не е учена да тепа, да бутка, да кубе, да штипе... Напротив, секогаш и е кажено НЕМОЈ, дури ми се случило по казна и дома да ја однесам за да сфати дека со лошо завршува нејзината непослушност. Всушност мојата и не тепа, туку бутка и влече кога сака или не сака нешто, и вика ,,мое е, јас го сакаам,, Кога подобро ќе размилиш и не може сите деца исти да се, некои поупорни, некои попопустливи. Најчесто ваквите турканици стануваат за играчка, мојата е да речеме цврсто дете и успева да ја извлече играчката, па плаче другото дете, па ајде јас убедувам да ја вратиме, па плаче моето... Овие збрки не стануваат секогаш за туѓа играчка, туку и за наша. И не секогаш сум јас таму за да интервенирам. Сакам да кажам, не ги учиме ние децата да по секоја цена успејат во замисленото, тие дури и не можат ова да го сфатат, туку детето си го носи во себе тој темепрамент, таа истрајност, упорност и цврстина, тој инат, па ете успеваат да го остварат замисленото, макар со буткање, макар со повредување на други деца. Ете разлика, пишувате дека ги учите да маваат, ЈАС како мајка на багабонт дете никогаш не сум воспитувала ,, мавни го, турни го,, ама вашето не турка а моето без подучување бутка друго дете кога има замислено цел. Зборот ми е дека не секогаш е така како што ги учиме, некогаш и они по нивно си тераат. Кога настанувале збрки во парк, на лулашки, во игротека секогаш сум ја држела на око за да не се заинати за некоја играчка или ред на лулашка ( ова се причините поради кои бутка мојата) без причина досега не турнала никој. Учам и јас да гали и да си игра, и баш ми е срцка кога ја гледам колку е добра во група со деца, и колку знае да се прилагоди, ама ете има и ситуации кога се збутнуваат дечките. Ако им стоиме над глава полошо е, тогаш очекуваат наша подршка. Инаку факт е дека таквите поживи и поупорни деца се сметаат за невоспитани,а само јас си знам како ја учам и колку објаснувам како треба а како не. И мене ме иритираат деца кои кршат намерно играчки, се качуваат врз лулашки, пцујат и сл. ме иритираат и мајки кои не ги надгледуваат дечките во смисол ,,само нека се снаоѓа,, ама си велам од страна е лесно да износуваш заклучоци но како вистински стојат работиве си знаат родителите.
Мајки малиот ме исплаши. Каков вирус има? Детево кажа прво дека го боли меше, па после вели дека се испотил. И гледам се препотил. Пак сега се жали на болка во мешето. Нема пролив.
Dobro vecer od mene. Tuka sme i nie ne nemase odamna. Pominaa mnogu ubavi denovi,pomina i od sinko rodendenot sega poveke ne e bebe sega e edno malo mazence na mama.Mnogu me fakase panika da ne ne stasam sinko da ne se razboli,no se pomina super. TOLKU ZA SEGA OD MENE
Auuu kakva glavobolka popladnevo,a ke vikav eve eden ubav den Majka mi,brat mi i bratuced mi(sto.mi e ko bratce) mi bea na gosti bozem rucek ke im pravam,merak mi bese i majka mi da.odmori.Ono zenata isprzi pileskite prsti,kafinja sokovi ona nosi krevaj,tanjiri mi izmi,i na kraj vesot od terasa.mi go sobra i ispegla(( ee a zenata ima osum operacii i mi vika denes ne se zanesuvaj kakva gradinka ili zena da plakas,jas ke ti go cuvam so ke pravam po cel den.Realno nejkam da ja optovaruvam dete da mi cuva,zahtevno e malovo. Zdravje,ke vidime sto ke bide.Da pomine vakcinata,planiram da go zapisam u gradinka za sekoj ßlucaj... Go mislam i analiziram maz mi...Dobar decko e,ama ne e toa sto ocekuvav.Nekako neznae da ceni sto pravam jas za famikijava negov,pa da kaze nekoj ubav zbor na mene da me okurazi(nekogas mi treba potvrda deka se ke bide ok)... I uste nesto da dodadam...MI FALI TATKO MI <3
Здраво мајки, како сте ми? Со лесно и со помин да се настинките, ние уште утре сме со антибиотик и ќе го носам на преглед иако и понеделникот веќе беше добар ама матичнниот ни рече да пие сируп 7 дена. Околу агресивните деца мислам дека никој родител не тера и воспитува дете да биде агресевно но сметам дека може со постојано укажуваење да го заузда таквиот нарав со тек не време, мојов син засега е мирен и плашлив кога го напаѓаат се повлекува, кога му земаат играчки ни да заплаче сеуште е мал за да ме разбере ако му кажам врати и ти и не би така да го учам ама кога го напаѓаат деца обично во парк, на лулашки или игротека јас го одбранувам на мирен начин укажувајки му на другото дете не така бато е мал не смееш да удираш други дечиња и сл. Има родители кои си ги знаат децата на пример е во период да каса, штипи или удира одат зад своето дете и обично предупредуваат внимавај да не го удри касни и постојано повторуваат не така немој случајно си удрил итн ама има родители кои мува не ги лази оставено детето само на себе и се околу тероризира, седи малово во игротека на под поминува детово во трчаница го удира по глава и сега што да направам јас да земам да го бркам и да го носам детето да му врати за да не испадне овај знае што сака од животов а мојов седи чврги да му маваат. Ако си знаете дека детето ви е темпераментно ќе го следите во чекор и ќе гледате со својот ''темперамент'' да не повреди друго дете и упорно ќе повторувате не така до денот кога ќе прекине тоа да го прави. Околу дебелината ми се плаче кој да ме види ми вика што си направила од себе имам 88кг висока сум 175 а пред бременоста бев 70кг и неможам никако да се вратам ма да од 96 тргнав надолу ама заглавив. Туку да ве прашам мајки до кога сметате дека треба да се дои и тоа да не биде ''невкусно''. Денес баба ми жена од 80 години ми вели ајде до кога планираш да му даваш да цица одбивај го на ништо не личи голем е веќе. Вчера тоа ми го рече и една пријателка и многу рандом луѓе во последно време и тоа како да ми прави притисок а несакам сега да го одбивам
Стомачен има, кај нас почна во саботата со големиот сите ги изреди само јас за сега сум ок. Еве малава денес е ок, 2 пати само со малку понормална столица, весела беше се изнаигра само уште послабо јаде и бргу се уморува. Да се надевам дека помирно ќе спие ноќеска и за неа и за мене искрено ми треба една ноќ да поспијам раат. Денеа ми кажа син ми дека едно дете му удрило шамар во школо, само ме изненади колку тоа го кажа без вознемиреност, он во принцип не сака закачки тепачки и порано знаеше многу да се вознемири од вакви работи. Тоа дете им е најпроблематично во одделение и лани го ставаа се со син ми да седи бидејќи е он помирен за да не се тепаат, еднаш реагирав после си викам ок и тоа дете треба да седи со некој се додека не го закача и не се жали. Денес онака го прашав дали е уште толку лош или се смирил, ми вика како не се смирил ми удри шамар мене денес . Му викам ти што направи, го бутнав на земја, ајдеее си викам и моево ќе стане тепач . И му зборев не е убаво да се тепате кажи и на учителката ништо не вика ќути. Мене ова ме плаши, како растат секогаш имало онакви *bulies* што гњават други деца, значи на поголема восраст треба да се загрижиме како се однесуваат. На 1, 2г не се работи за агресивност туку за карактер и не можност да се искажат поинаку, фази се и поминуваат.
Јас вечито одговарам на ова прашање ќе рече некој се опседна женава . Наполни 2г пред неполн месец уште цица и веќе планирам да ја одбијам, искрено не сакам и ми е жал ама големка е веќе. Колку има твоето? Муабетите од страна не ги слушај премногу си дозволуваат луѓево. Ај кај блиските ама некој онака на здраво малтене што сум, како една на работа што се дрзна и тоа како со заповеднички тон * ааа доста и е голема е веќе, ајде откачувај ја* и тоа беше муабетот после 1г откако наполнито. Веќе не ни коментирам пред луѓе
Погрешно си ме разбрала, таткото на детето на сила ги доближи со количките и малиот повеќе од тоа се исплаши,отколку од чепкањето И до децата е, не дека не е, карактер и нарав (не знам точен збор) е тоа, ама еве конкретнава случка кај нас беше од родителот предизвикана... Во мое окружување за жал се гледа дека е до родителите Кај мене допрва ќе се покаже каков е малиот, може и тој ќе е лош и агресивен, не би можела да знам Поздрав
Децата прават што прават, може е фаза, може нешто ги мачи, може имаат некаков револт... Ама ние како мајки треба да реагираме нели. А не остави детето нека се тепа, нека гризе...Мислам кога мајката знае какво е детето треба да го следи. Една мајка баш стоеше до малата, ми рече фрла со што стигне, мава, не можам да ја оставам ни секунда, очи не тргна жената и ја сопираше пред да направи нешто и ја исправаше постојано. А не да ја остави па нека мава по децата. Има секакви возрасти на куп, има мали дечиња и треба одговорност. @Vennera.aa јас не одговарам веќе на такви прашања, зашто секако нема да разберат. Они не знаат колку моето дете сака да цица, дека ќе се зајде од плачење ако не добие цице и дека ќе се осеќа како казнето и нешто да згрешило ако не и дадам, а тоа си го знае од раѓање. Знаат само да дадат глупав, игнорантен коментар кој они мислат дека е совет. Ти си го знаеш твоето дете и нормално дека ќе правиш како е најдобро, а за другите ич да не ти е гајле.
Каков глупав ден денес, подобро и да го немаше. Да не прерипнеше. Сабајле стана малата во 10 и требаше да одиме кај една пријателка. Тргнавме и на половина пат ни се расипа точачето. Се извади едно штравче, и неможеше да се врти ни лево ни десно. Среќа помина една бивша колешка од работа и не пренесе со кола Си дојдовме после дома, ја истури вазната со свежо цвеќе и лом направи. Таман тргнав да бришам, се лизна на ламинантот и падна на раката. Кога почна да писка и да црка и раката не ја мрда никако. Веднаш ја однесов на приватно на ортопед, проба да и ја намести ама не беше изместена. Леле детето се зајде од плачење Ја гледаше на ехо не е скршена, туку само напукната. Мораше да и стави лангета Во сабота треба да одиме на контрола, па ќе и ја вадат лангетата. И ако е подобра да ја мрда раката ( дај Боже ) во ред, а ако не , на рендген ќе ја снимаат и пак лангета или гипс Си дојдовме дома, и сега не ја боли, ептен малку ќе ја мрдне и страв и е. И сега цело време како вкочанета. Дури се навикне. Цело време по неа морам да одам, страв ми е пак да не падне или да се лизне па полошо да е.Цел ден притисокот ми е 200, не да се нервирам , ќе пукнам Па капак на целиот овој ден ми беше мм , кога му кажавме ми вика требало повеќе да пазам Извинете на негативниот пост, ама морав да се искажам
Здраво мајки. Ме нема, зафатена бев. Отпишав дете од градинка, не сакам да го измачувам, ако не сака да оди нема да оди. Ако одиме за Франција од март, тогаш ќе мора, а засега нека ужива. После била разгалена. Па како мајка и.. . Ме игра како што сака, ама ич не сакам да ми се нервира, што да правам . Ептен паѓам на нејзините плачки. Денес happy day, по 12 години сменав возило, ќефови сум. Утре кафето од мене  . Да се разгалам малку и јас, полесно ќе пребродам проблеми. Добра ноќ, чувајте се.
@simonka93 Те цитирав не дека не се согласувам со твоето мислење, или се контрам, туку сакав да си ја опишам мојата состојба. И јас се надевам дека е период, ќе помине, јас во принцип сум трпелива личност, обожавам деца а и до некаде студиите ми беа за воспитувач и работа со деца. Секогаш избирам нешто ново како би го сменила однесувањето на син ми, и пак сама си доаѓам до заклучок дека во животот на детето има повеќе фази, периоди, етапи... Порано или покасно детето мора да ги мине тие фази, кај потемпераментните деца е далеку поизразито сето тоа. И на крај, криво ми е зошто сум го карала, или плашела( зошто гледам дека она што ние го кажуваме и поучуваме влегува во неговата глава) Сепак, треба премногу внимание да се посвети, да се зборува со децата и воспитува. Гледам дека сето тоа врудува со плод кај нас, зашто моето дете кога е на гости очите му се вперени само во мене и се поставуваат прашања дали смее нешто да направи. Ама , агресијата си постои а се сомневам да љубомора или пак такво некое изразување на љубов кон друго дете. Се ќе помине знам, само брзо, многу брзо и после ќе мечтаеме за овие мигови.
Тежок период кај сите лелел многу болни дечиња.Кај нас не е настинка него друг проблем.Пред една недела му отече непцето кај десната горна единица до пола забче и отокот е накај двојката.Си мислев да не е од други забчиња да не избиваат четворки или пак да не е од тоа што го иритира од што става секакви играчки.И веќе неможев да издржам го однесов денес на стоматологија во државна на детска стоматологија.Знаев што ме чека и колку плачки ќе има.Го земав и татко ми со мене дека на синко му е омилен.Таму само што ги виде во мантили почна да вришти.Дојде докторката мене ме избркаа од таму во ходник го слушам вришти заоѓа.По пет минути излегоа татко ми одма го изнесе надвор јас останав со докторката.Ми вика дека паднал го набил забчето и од тоа сега почнало гнојче да му се собира.Потребно било да му го буши забчето да истечел гнојот да му остане така отворен забот додека не потпорасне па подоцна ќе ставала лекче и пломба.Ме стаписа.А кариес нема.Вика да му дадеш нешто за смирување дека заоѓа плачејќи страв ми е да работам така.Сега сум цела збунета ама секако би сакала и второ па и трето мислење ипак несакам да има такви трауми детево.Малку и ми е нелогично што незначи дека докторката незнае.Ние сме година и два месеци скоро стварно незнам кај да го однесам а да не се извади од памет.Он никако не отвара уста па дури ни на мене можам да го видам само дур се смее.Прашањево може не е за тука ама морам да ве прашам каде ги носите малите некое вакво слично искуство со волку мало дете.Човек само да не е раат.Душата ми се скина кога го видов со толку солзи и така уплакан.
Ставот и стравовите на родителите многу често се рефлектираат на детето. Имам познати кои од секогаш беа убедени дека нивното дете нема да се навикне на градинка и до ден денес така е. Една пријателка постојано зборуваше како и е став дека нејзиното бебе нема да прифати цуцла, и никогаш не прифати, го прихрануваше со шприц. Или мајка што прв ден после пораѓај е убедена дека нема да има млеко. Знам уште многу примери каде родителите не намерно пренесуваат негативни чуства на детето. Знам дека во стресни периоди не е лесно да се контролираат сопствените чуства, но колку и да е мало бебето убедена сум дека добива информации од нас како мајки. Звучам како оние книги за моќта на мислите, тајна и сл, меѓутоа има вистина во тоа. Ние сме универзумот на нашите деца додека се многу мали, од нас потекнуваат сите сознанија за светот кои ги добиваат.
Оф душа мала, срце многу е мал, @Annath колку што знам е стоматолог нека пише нејзино мислење или препорака каде да го носиш
Добро утрооо!!! Ние супер го почнавме денот! Детево мое ме поштеди од будење, сама се разбуди...конечено барем еден ден! Расположена, со песна дури и смешки ни правеше утрински. Веќе е во градинка, кај учителките и другарчињата. Туку се мислам дека изгледа многу ја облеков денес, прв ден на долги ракави отиде! Мислев студено ќе е, а оно пак топличко ми изгледа! Вашите како одат во градинка? Едвај чекам викенд да почне оти ми фали време поминато со малата цела оваа недела. Се некако си мислам дека кратко време од денот минувавме заедно, па сакам да надокнадам. Јас кафе пијам, па ајде кој ќе прави друштво! И бебуш во мене утрински расположен, клоцка ли клоцка, а мене ем не ми дава мир ем ме радува кога е вака пргава, оти реално повеќе е спанка (барем засега во меше дур се тОпли). Убав ви ден мамици и дечки!!!
Добро утро! Да пишам некој ред додека не почнала гужвата низ куќа. Ве исчитав сите и ви посакувам што поскоро да помине периодов на неубави случувања. Некогаш не знаеме тоа лошо за што е добро. Само побрзо нека завршува! Ние гости имаме се уште, сместени се блиску до нас, а цел ден се кај нас. Бебе е веќе нервозно до макс, некој ред за спиење имавме каков-таков, сега веќе никаков. Кива, поткашлува, носе затнато... Ќе издржиме до недела, после се враќаме на стара рута Убав ден мајки!
Добро утро мразам вакви утра кога синко ќе стане со петлите и ќе плаче зошто не се наспал убаво!!! Па ајде надвор да оди бевме уште во 7ипол излезени во мало замислете како мојто црвче и комшичето исто два месеци е постаро од нас беше надвор во исто време ги фаќа лудориите и ајде надвор саат време поседе и се вративме заспа. Друго проблем имаме и покрај ва антобиотика тој пак си кашла ако нека кашла веќе не знам што да правам кс одлична е, оставам дека е такво времето болно.Не сака ништо да јаде за жива глава значи се е со плачки и сам доаѓа и ми бара цоце си пљаска со устињата и покажува на цоците. Се едно исто во круг . Околу дебелината и височината сум 70кг со 165цм знам дека сум топче зза тркалање но што да правам си ги сакам старите 58-60кога бев ,,згодна". Но едно се тешам па мајка сум на прекрасно синче и се спремам за второ дете така по млада подобро да ги изгледам двете набрзина иако живци уште сега немам. Но ќе видиме додека мм дојде може ќе се премидслам за второ. Тоа е убав ден мајки.
Мајки, ларингитов кај големата се влоши.И се фати целосно гласот, вчера ја носев на контрола, ја боцнаа со Урбазон, и дадоа Амоксиклав и инхалации Пулмикорт со физиолошки 5 дена. Се плашам премногу зошто гласот само на смеење и се слуша по малку а кога збори нема глас, шепка. Башка од вчера и се слева секрет позади во грлцето и тоа обоен. Кажувајте дали имате искуство со ваква работа и колку трае и дал помага терапијава, побудалев веќе.А и малиот од вчера ми е со мрсули и кашлање, Цитерал му дадоа. Се плашам многу, летоска два пати во болница лежеше, се на штрек сум. А и не ми јаде, ми прпа да не го фатил и стомачниот, вчера чудна столица имаше. Аман веќе, три месеци дома беа ништо не им беше, една недела се само во градинка триста глупоштии закачија. Ќе побудалам веќе Ве читам за агресивни деца и незнам што да кажам, двете ми се многу мирни и незнаат да се тепаат, закачаат и затоа постојано некој ги тепа, малтретира и многу ми е криво. Големата кога ја закачаат или тепаат го крие главчето со рачињата и моли да не ја тепаат ,многу ми е криво и жал што е таква ама незнам што да направам за да се смени. Малиот исто ми го закачаат, дур го тепаат ги гледа чудно, не плаче ама цел е со прашалници, а мирен е и многу сака деца. И искрено е до нас родителите, како ќе си ги научиме и насочиме така ќе се однесуваат.