Добро утро. Се сте во право за воспитувањето на децата. Но, едно ке кажам. Дур е мало и си го чуваш дома е една работа, но моментот кога ке почне во градинка, каде што минува добар дел од денот, се јавува влијанието на средината и врсниците, и ти ги меша лончињат. Моето дете беше скоро па мутаво. Ако го удреа или му земеа играчка само немо гледаше или па ке трча кај мене со плачење. Таков беше зошто дома си беше сам, мирно,тивко,немаше потреба да се бори и докажува. Е од како тргна во градинка, се од таму научи. Значи стана борбен,сака он прв на лизгалка па ако порано него го буткаа, сега тој ке турне прв да се качи. Па клоца и мава со раката ( дома не видел клоцање сигурно). Дури мислам тоа како игра го сфака. А бидејки и многу пага( до сега два пати на дежурен имам трчано) кога сме надвор еден од нас обавезно стои до него и го контролира, а другиот чува бебе во количка. Може е глупаво им висам над глава на децата дур играат, а другите мајки си седат на клупа и муабетат, ама тоа. Вчера бев во болница да ја видам, немав бебе на кого да му оставам, па и него го носев. @joy1 навистина,зошто мора работите да станат вакви па да станеме искрени еден со друг. Јас и она сме карактерно многу различни, ама многу голема поддршка една на друга. Незнам што би јас без неа. Не сакам ни да знам.
Исто. Дома е сама, нема конкуренција во ништо... Ама градинката ја научи да се бутка. Бидејќи немам прилика да ја гледам во градинка како се однесува, ја следам кога ќе ја однесам на лулашки. Се бутка прва да се качи, ако некој проба да ја мајтапи дека нејзе и е поминат ред се буни, ако некој ја скубне за коса -го клоца... Ич несакам така.ИЧ !... ама па несакам и да биде изманипулирана, измајтапена, натепана и потисната во друштво. Сакав да кажам, во градинка неможе човек да контролира агресија. Сигурна сум дека моето дете доживеало некој вид терор што се научило така да реагира.
Моите две од 8 месеци одат во градинка, однесувањето не им се смени, големата е полни 5 ,остана осетлива на тепачи и деца што ја закачаат и зборат глупости, остана плачлива. Малиот е мал, ќе видиме како ќе тера. Во градинка сите се борбени,бесни,тепачи,на таа возраст дури знаат и да навредуваат, мојата остана иста. Затоа зборам дека се е од воспитувањето.
Не би рекла дека се е до воспитувањето. Мислам дека се е до карактерот и личноста на детето. Дали сака и може да го прави тоа што го гледа или не.
Кај јаслите да. мојот во градинка им зима топки на децата и тие плачат. како јас да 'воспитам' бебе од неполна год да не им ги зима!?
Не би рекла.До некаде влијае карактерот на детето ама факт е дека на дете колку ќе му дозволиш така ќе прави.Не зборам само за моите деца, туку ги гледам и на пријателките и на сестра ми и на девер ми.И гледам дека сите деца користат кога родителот попушта и допушта, тврдам, никој неможе да ме убеди во спротивното.
И мојот е јасли.Дома некогаш ќе ја бутне сестра му со рака кога ќе сака да и земе играчка а гледа дека не му ја дава,му зборам дека треба да ја гали и гушка а не да ја бутка и удира и со зборење ми успеа.16 месеци е.
мојот нема година. он дома не бута зашто нема кој да бутне, си игра со играчките најнормално. ама ете во градинка им ги зима. што и да зборам е џабе зашто е прерано. јас сум сведок на 6год дете испуштено од раце од родителите, ама на оваа возраст е стварно зезнато како да му објасниш кога не разбира. вајда треба да почекаме да порасне...
Не зборам јас за толку рана возраст, ама кога ќе видам деца во групата на ќерка ми што се прават, коса ми се крева. Или моментот-подобро он да тепа него да го истепаат ми е врвот.После тоа мирните деца си имаат проблем.
Гледам и јас кај внука ми, дека во иста градинка одат. со машкиве ќе е посебно зезнато ако некој го удри па ми дојде некој татко што ќе сака физички да се пресмета се смеам а не е смешно знам...
@ivi1987 ако ги прочита претходните постови, неколку мајки имаа напишано дека устата пена им фатила од зборување на детето како правилно да се однесува во дадена ситуација и тоа зборување било за џабе, зошто не вродило со никаков позитивен резултат од страна на детето. Што во ваков случај?
Јас ги гледам во групата на малава моја, машките се многу агресивни, со боксови се тепаат ама родителите се со ставот-Деца се,сами нека се бранат и борат и си бркаат работа.Така да,нема да имаш гајле во тој поглед Види, темава е долга и широка, зависи од многу фактори.Прво, кој се го чува тоа дете, само родителите, баби, дедовци и.т.н. Многу е битно и дома што гледа, т.е родителите каков однос имаат и една најбитна работа, со ќотек ништо не се решава.Има и многу други работи кои играат важна улога за воспитување на детето ама тоа се многу битни работи.Моите деца не се оставани со баби и дедовци, немаат во живот ќотек изедено и од мали се во градинка.Мирни се и разбрани.
Добар ден! Синко заспа, јас да мавнам едно кафе и да почнам да се спремам. Многу ладно сабајлево, јас уште ги немам извадено есенските алишта, не знам до кога мислев дека ќе тера летово. Викендов значи морам тоа да го средам. Сабајлево ми се нажали за бабичка да си ја видам. Две недели како ја немав видено, па го спремав синко и се прошетавме до кај неа. Таа ми е единствена од бабите и дедовците, останатите се починати одамна и не ги паметам. Ја начекав како прередува дрва, на 82 години ејјјј, едвај оди ама битно не застанува. Многу се израдува, испивме едно кафе и си помуабетивме на кратко. Не заборави да ме посоветува како и секогаш, да не брзам за второ, да не си го запуштам маж ми и куќата ама и себеси да не се запуштам. Во врска со муабетот за децата, да, сметам дека многу зависи од карактерот на детето. Да ми е живо и здраво уште од сега го гледам како е темпераментно, кога сака нешто упорен е да го добие, писка и се нервира кога не е по негово. Уште е мал за да му зборам, ама секако дека кога ќе почне да разбира ќе дадеме се од себе за да го научиме што е правилно, а што не, а колку тоа ќе даде резултат ќе видиме. Ама сметам дека како родител на такво дете мораш цело време да си покрај него и да го пазиш што прави, не може да го пуштиш да руши и да ги малтретира децата наоколу, а ти спокојно да си пиеш кафе и да се правиш дека тоа не е твое дете. А има такви родители, додека детето тероризира, тие зјапаат во телефоните, ќе ја подигната главата за момент и демек ќе се заканат - Само ако станам... или - Само ако ти дојдам.... и толку, а кај детето нормално такви закани немаат ефект. Во такви ситуации знам да изреагирам до родителот да превземе мерки или директно да му се потскарам на детето, кој сака нека се лути слободно.
И кај нас беше исто 2-3 дена се жалеше на мешето,ќе се свитка ко ѓеврече и ќе се препоти од болка. После почна повраќање и пролив и мн грчеви навечер.По 3 пати го пресоблекував се препотуваше мислиш со кофа го потурил некој.Една недела на лесна диета,лесна храна сега добри сме.
На кратко да кажам само, да до родителите е, ама и до тоа колку родителот е карактер на детето па тоа да прима од надвор. Ако моето не е не за детето, тоа нема да прима од надвор, ако не ме есапи два посто џабе зборам. Кај нас дома јас сум карактерот, тато е лигавица, ама еве го сега и он се труди да биде воспитувачки настроен. Не може да речеш не а со рака да го буткаш во глупостите. Чист пример, јас сум Гестапо за храна, не давам глупости, ама пред него и не јадам глупости, затоа и ми успева, никогаш не ме видел да јадам сендвич, сладолед многу ретко сега откако почнав се да давам да јаде па го оставам да брцне прстето и да лизне, манџи се јадат и затоа досега не ми се десило да треба да отварам тегли или да дробам попара кисело млеко. Исто е и за шетањето, се знае, за рака се оди по крајот на патот, а мм го остава сам да оди и рака не му подава за жива глава. Децата од мали се воспитуваат, откако ќе почнат да осознаваат. Зато често сум нападната, ти се погодило детето, не може да ми е погодено и за јадење да јаде се, и за спиење да спие цела ноќ и денски, и за количка да ми се вози во количка, и за шетање да седи мирен, за се баш, мора да има нешто и во моето воспитување. Не влагам во дискусии оти погрешно сум разбрана секогаш, сит гладен не верува нели, ама мислам дека е полесно кога од пев ден се земат работите во приоритет, мајка да одлучува за се, да нема мешање, оти така работите одат о контрола и деца збеснуваат. Тешко е да чуваш сам дете и да бидеш домаќинка, ама се исплати на подолг рок, оти деца разгалени се најчесто од другите, не од мајките. Да ви се пофалиме, дете ја донесе првата петка! Какви мали работи ме прават среќна, би рекла дека цел живот ќе ја чувам во спомен петкава на раче оти бил умен. Убав ден, мене ми крчкаат тенџериња!
Готово за само еден ден и малово ми де разболе.Нос тече како чешма и поткашлува му направив инхалација спреј му ставив.незнам што друго.после ке го однесам до кај док.имам страв немој нешто да му се спушти на гради.уф... А големиов и лани беше болен ова време добро се сеќавам баш на 21 на празникот ама лани одеше у градинка а сега од што се разболе...аман веќе.немам сили .зошто мора тие мали душички да се разболуваат.нека биде по нас големите.
@M&M @RainBow малиот ми има година и два месеци а толку затечени од доењете мислиш нивната цицка ќе им ја извадиш, избегнувам да зборувам за доењето посебно од кога наидувам на налудничави погледи и глупави коментари, ми се јавува пријателка и ми вика ајде вечер во 10 да излеземе и велам да го заспијам малиов и после тоа ќе ти се јавам да тргнеш и ми вика аман бре уште на цицка го држиш обесен. И и откажав ме изнервира, како некој партал да ќе држам на цицка Планирам до напролет да го дојам и пред летото да го одбијам, уште од сега за тогаш срце ми се стега искрено од првиот момент уживам во тој чин а детето да не зборувам кога ќе ме гушне, кога ќе се припие во мене па ме гледа со најмилите очиња секојпат како да е првпат, ма несакам да се оправдувам само не знаев дека доењето е заостаната работа за припрости луѓе и ваквите коментари се секогаш од жени Кога зборувам за тежината муабетот е еве сега кога ќе го одбиеш ќе ослабнеш, имам главоболки - сега кога ќе го одбиеш ќе се средиш хормонски ќе прекинат главоболките, ми се спие - одбиј го да се наспиеш како човек итн до бескрај така да жени лекот за се било да не се дои дете
Ти да им кажеш што имам на форум една пријателка да имаше млеко ќе молзеше до 2 години. Глупости! Мани ги муабетите.