Фала поарни се сите, најлошо пројде мм и малово така така ама помина. Веќе од утре полека да почнам да и давам нешто асално да јаде на 2 намирници е 4 дена. Не знам зошто ама бананата ич не ми ја јаде во последно време а само тоа можев да и давам од овошје деновиве. Кога е јадење во прашање е инат тежок ако решила нешто да не јаде не го јаде и точка. Како се тресна преска сирото не ја ни видов стоеше позади мене и трес се лизнала изгледа со чорапчињата на паркет и легната на грб ја најдов. Се уби од плачење главчето сигурно го удрила се надевам не многу. Не е паѓачка и е претпазлива па не сум навикната вака да ми треска, срце ми застана. Заспаа рано денес ќе се релаксирам со некое филмче сега. Добра ноќ Ау ќе заборавев @Kitten честито со лесно, баш ме израдува
Добро вечер мамми Синко заспа конечно па да шкртнам нешто Денеска добивме убава вест, убава за нашата иднина, ама пак од друга страна не толку убава за нас како семејство, неубава од аспект на разделбите кои изминативе години ги имаше многу, премногу. Визата за работа на мм е одобрена и доби понуда за убава работа овој пак во Австрија, години работеше во Германија само чат пат Австрија а ете сега тука била среката. Сега сака да е поинаку, да одиме и ние со него , ама не знам нешто не ми дава, многу ми е страв , мало ми е детево уште, безброј мисли во глава имам, што и како А, од друга страна пак ли сами со синко да седиме тука , и он да расне без татка си Оф, колку би сакала да има некој да ми укаже што е правилно и како да постапиме...
Многумина велат дека Виена е најубавиот град во Европа, така да вреди да се проба. Цела држава е прекрасна! Тука ништо не ви бега. Чим мм добил добра понуда, верувај дека заедно ќе ви биде поубаво. Само јазикот малку, ама и тоа се учи. Таму за деца, каде каде се е понапредно. Башка второто ако ти се роди таму од државата имаш 18 год паричен додаток за него. Кај нас ништо немаме. Едно породилно ти го доцнат 3месеци. Така да поддршка и со среќа визата на мм!
Не е во Виена, во Салзбург е работата, он уствари ке патува и по други градови за работа ама ке мора да бидеме сместени таму. Ти благодарам ми значи сечие мислење , затоа што навистина не знаеме што да правиме, ако оди он сам нема да се видиме мин. 6 месеци, од друга страна пак дома се реновиравме, уште и мајстори имаме кои работат на куката, се ке оставиме така, а доста пари вложени се, тешка одлука, ми се чини најтешката до сега.
Китен мене ми пее малата Со лесно и спремај се за двојно повеќе љубов отсега. @alisijad знам дека си пред голем крстопат, голем чекор правите. Ама јас за себе знам и дека што и да биде ние не се делиме. Каде еден-таму сите. Добра ноќ, еве дочекав да заспие и големиот, легнувам и јас.
Морген мами Јас будна а тато и кере спијат гушнати Ке се частам едно кафе во тишина за почеток а за вас торта Полнам 26 денес Еден ден за нас и мислам малку е Треба да пазариме,да правам торта ,да се средам,да чекам гости и на крај со маже на вечера Ова последното ке биде ако гостите си одат на време ако не пропадна резервацијата Како и да е... Одам да се запеглам малце и да сум до некаде спремна @Kitten со лесно мајче
Добро утро, нокеска сто пати станав. Сама сум со маливе, и те едното, те другото стануваше. Незнам што им стана, не се будат толку,сега ко за инает. Големиот е па навикнат со мм да зсспива и на секое станување го бараше, да си пукнеш од мака. А мм на пат викендов. Сме се наредиле на спална ко сардини и така спиевме, да не се шетам бар низ собиве. @Kitten со лесно, со убаво да си тераш, сега едно синче да ти се погоди. @alisijad ретките се ваквите шанси. Пробајте,куката тука ке ве чека. Ти ке се помачиш и ке ти биде тешко можеби да се адаптираш, ама детенцето ке има поубава перспектива таму. @Mari* срекен роденден, жива, здрава.
@Kitten честитки мајче, леснотија и убавини да ти даде Бог. @Mari* Среќен роденден мила, секоја желба реалност и само убавини. Утро.... Прво на план шетња во град, може и бербер за синко, вечер вечера. Соремаме изненадување за роденденот на свекорот, заслужи човекот. Уште само 5 дена се тука Дете размрсулавено и раскашлано. Времето е лудница, се мислам да почнам со греење. Убав ден!
Од @Mari* тортата, од мене кафето. Среќен роденден и тебе мајче, сега ми текна дека заедно славиме јас и ти. Нека ти е среќен роденденот, жива, здрава, весела и сакана...
Добро утро, добар ден жени прекрасни Мм на пат минатава недела, јас сама со двајцата...среќа рано легнуваа накај 21.30-22 бар наспана сум.. До средата хорор до синко вградинка при оставање.. А во четвртокот и вчера ко друго дете да носам... Насмеан, весел.. Дури и репете од ручекот побарал ме плаши сега понеделник, пауза два денс викендов.. Ама се објаснавме дека градинката не работи во сабота и недела зошто и тато и мама се дома... Ќе видиме, со господ напред кско ќе биде беблаков само нс под го ставам на јоргани.. Се превртува ли превртува.. Веќе страв ми е на гарнитура.. Мислев само од грб на меше зне ама ми покажа дека научил и обратно.. А 4 месеци и 12тинс дена е... Кога поминаа.. Вчера мм ме изненади.. Ни беше 5 годишнина од брак а 11од љубов, но бидејќи на пат беше и не знаевме кога ќе стигне рековме викендов ќе си прославиме.. На врата звони натоварен со куфер, кеси а во рака ми носи букет и ферреео бомбици секогаш сме се радувале на мали нешта и двајцата.. А јас му подарив силно гушкање заедно со двеве синчиња Наредната недела ќе бидам малку ангажирана со убсв повод, на малиот ќе правиме крштевка, здравје боже си велам ќе помине добро.. Честит роденден @Mari* @zuto @Kitten со лесно. Господ секаде убавини да дава Од утрово сонце, нека биде вака цел ден.. Ќе шеткаме фамилијарно малку.. Си недостигавме некако *
Син ти има многу поубава иднина таму. Можам до утре да ти кажувам за нивните училишта и градинки. Куќата тука не ви бега. Добро утро и од мене. Среќен роденден Жуто и Мари
Е многу страшно јас од ноември лани до сега сум 30кг. Ун ќе ја држам и ќе ослабам решен проблемот Happy birthday
Добро утро. Утринсково да го испијам раат додека беба е со баба ѝ. Денес стана од 8 часот. Од 5 до 8 само се превртуваше, цимеше, ја бараше цуцлата. Кога ќе станам што да видам, испомочана цела и пуштила пелената... Кога сме кај паѓање пред некој ден ја оставив во двор со дубак да направам ручек, секунда не ја видов и кога се свртив детево нигде, кога ја гледам на еден праг од дворот е повисок, таа седи во вис наведната соси дубак Нозете ми се скратија. Среќа брзо изреагирав ја вратив назад На мм ништо не му кажав, паничар голем е, ми вика кај ти се очите. А кога е со него кога ќе се удри вика нема гајле Денес ништо во план. Може до кај золва ми да отидеме само на едно кафе. @Mari* @zuto среќен да ви е роденденот, уште долги години да си ги славите @Kitten со лесно да си ја износиш бременоста Имајте убав ден сите!
Добар ден е за мене станата од 7 синко станува на секои 3 сати за млеко не мора аларм да правам срцето мамино напредува бевме на контрола во четврток само ни ја смена храната бљуцкаше на секое сега сме нареден четврток пак има денови кога плачам стварно поминав низ тежок период немаш подршка од никој да ти каже се ќе се среди мојте сите се во друг град скоро цел ден сама мажот ми на работа скоро цел ден свекрвата и таа по работа и поубаво да не ја гледам од кога си дојдов од болница еден убав збор немам слушнато се само коби На малиот носните каналчина му се потесни и некогаш шмрчи со носето и ми вика настинат е а им кажав сто пати душа ме боли како да си играт со нервиве. Извинете за постов ама морав некаде да си ја олеснам душава
Добро утро мајчички Бебе ми стана во 7 сабајле цицаше и си презаспа па уште спие ,другите дома се сите на работа па ај јас да пиам кафе на раат во тишина .Бевме вчера на контрола педијатарот рече супер напредуваме па и дека бебе на главата имало хипократов триаголник што било знак за темпераменти деца .Денес ќе имаме гости на повојница па се мислам што да спремам немам никаква идеа .Валјда ќе смислам нешто до после ,а денес времево сончево ќе биде па сакам малце да го изнесам синко да го прошетам. @Mari* @zuto нека ви е најсреќен роденденот само убавини ви посакувам @Kitten лесна бременост да имаш Убав викенд мајки
@Mari* sreken den,sreken rodenden! Site zelbi ispolneti! @Kitten so lesno neka e! @alisijad na krstopat si,ama ako treba da se bira mislam se treba da e vo korist na deteto.I sto ako renovirate kuka,kakva idnina podobra bi imalo detenceto vo avstrija za sporedba so mk.Jas pred.mazenje bev resena nikogas nema da mrdnam od mk,ama otkako go rodiv ova majmunce znam deka bi otisla bilo kade za negova podobra idnina a i zaedno da sme site trojcata. Nie cekame majstori,ako ispadne da dojdat porano na kafe da izlezem soncevo da se iskoristi