Е така бе жени, убави вести нека има, @Kitten денес си ми позитива на денот! Со лесно, со среќа мамичке, слатки мекици да јадеме за бебулето твое! @Mari* и @zuto , среќен ви роденден, од здравје, среќа, љубов и пари цела година да не куртулите! @augustd со здравје да си ја возиш колата, брм-брм во нови успеси и нови авантури! Ме немаше 2-3 дена и пак немам што арно да ви пишам! Малата уште кашла и нос ѝ тече, планирам во понеделник да ја носам во Филип втори, или Жан Митрев по ново, таму премина нашата докторка од Козле па да видам и она што ќе каже! Многу се развлече оваа состојба, ваљда ќе ни помогне со совет и терапија... Во меѓувреме во четвртокот завршивме на ургентен оти падна од кревет и со устето се удри во масата, среќа со малку помина но уште тоа ми фалеше на сите болештини и проблеми и сето тоа оти брзаше по седми пат да ги собуе чорапите со мраз ноџиња смрзнати! Од петокот пак и големата се разболе а од денес и мм! Само изгледа јас немам време и можност да бидам болна, фала Богу Морам да го "пофалам" Магдето мое дека е голема лошка и инатџика ... се трудам да ја корегирам но не бре брате, што наумило - тоа прави, ако не ѝ попуштам, гриза спална, маса, играчки и пика цела шака во уста да провоцира повраќање. Сцени имаме за се и сешто, и за давање рака кога шетаме и за обување чорапи/чевли и за врзување коса...последно сега е заспивањето во раце, нешто што и како бебе не го практикувавме но неќна кога не оставија на посматрање на ургентен ја држев да дремне во раце и сега во сред ноќ ме буди да станам и да седнам да ја држам во рака...и најсрашно ми е тоа што кога не и попуштам прави намерно работи да се повреди или друг да повреди...уф стварно незнам ...се трудам правилно да воспитувам но дали ќе успеам...само 20 месеци а толку инат!!! Ете, си кажав што имав, полесно ми е на душичката! Добра ноќ, леко сонче мамички
Леле не ми кажуј за инат еве колку е 3н јас ја нишам во количка еве една недела сака само во количка да спие и точка па и плус да ја нишам. Се лигавеше плачеше мм и свика и заќуте ама само се превртуваше а јас пуста мајка да не се мачи еве нишам количка. Се надевам шо и да е воа ќе помине брзо оти бардовци не ми бега.
Добро утро. Госпожа си стана сама, не ни пријави дека е будна, си отиде во дневна и ме остави да "спијам". Уште да знаеше сама да си го избрише газот добро ќе беше Нормално, и јас станав по неа. Сум се наспала ко бебе, конечно се стоплив под ќебе, а фротирките редно беше да ги спакувам. Денес е ден за правење чистка кај моите, да се испразнат моите шифоњери, тоа што е во лоша состојба да се фрли, очуваното да се поклони. Ќе фрлам и стари играчки, касети за касетофон, дрангулии....спомени, ама навистина немам каде да ги носам Малку по малку мајка ми не' исфрли од дома мене и брат ми Се зезам. Ама план е наскоро да го продадат станот, да не зјаат празни две соби за џабе. @M&M 34 во моментов, додека да родам ќе имам 35. Ме фаќаат паники од додатни прегледи, да не треба амниоцинтеза и слично. @Sunshine_1979 фала мила
Добро утро. Бебе пред пет ме разбуди ама ни два ни три го викнав татко му да го чува јас си продолжив Ме буди накај 8 и нешто со нарането дете и кафе. оо си велам на што се должи поспивањево и кафево, кога памперсот до гуша мочки ама не се лутам битно спиев хахахах. После ја дознав целта. Денес да сме оделе до солун или утре, да купиме што треба за роденден на дете. и во 12:30 фудбал ќе гледал ма све може откако се наспав. солун утре ќе чека денес сигурно ништо не работи. Ние сме подобри здраствено ама градинка неделава не. здравје другата недела.. имајте убав ден мајки
Добро утро жени , како сте , која е за кафе Јас само што станав , до 3 часот бевме излезени со мм , ама реков да си станам јас да не се легачам многу многу утре во 7 саат треба да се станува Да го испијам кафево па одам да ја земам ќерка ми , додека сме ние излезени со мм свекор ми и свекрва ми ја чуваат - а јас ја земам утредента убав ден на сите @Kitten честитки за бременоста
Добро утро Ви благодарам на честитките друшки Ние стигнавме вчера се да завршиме И да се пазари,и гости и брзинска вечера со маже Напорно,не посакував така да го поминам роденденот Сакав мирна атмосфера со маже и дете...како и да е помина За одморена не сум,како сум станата само ми се лоши,мислам дека е од стресниот ден Дете до мене и одмара од спиење Куќа хаос а попладне иде девер ми се надевам ке успеам да средам дури да дојде За ручек гравче и баница не е петок ама за тоа имам време Убав ден мајки
Ееее во цутот на младоста си Нема потреба да се плашиш од испитувањата со двете правев амнио ништо страшно. Мрзливо утро што да се прави денес
@Kitten cestitki majce, so lesno da si ja iznosis bremenosta. @Mari* sreken rodenden, ziva i zdrava da si, sekogas srekja da te prati. @alisijad teska odluka, ama i jas mislam site zaedno e najdobro. Tesko e sama so dete vo stranstvo, ama barem cela familija zaedno ke ste.
Најсреќен роденден Среќен и на славеничките од вчера, да сте живи и здрави Мали спие, ја до него одмарам... Деновиве нешто навечер лошо спие, којзнае што го мачи
@joy1 Среќен роденден, да е жива и здрава Вчера нели реков не мрдам, мене некој вирус да ме фаќало. Малаксана сум.. Малку грлце ме боли. Друго нема за сега. Убав ден мајки..
@joy1 Најсреќен роденден на убавицата, само да ве радува. И кај нас ништо ново, мислам дека премногу обврски оваа година си ставивме на рамо со мм, па сега едвај успеваме да ги завршиме сите. Ме нервираат луѓе што ја користат нашата добрина, се мешаат во нашиот приватен живот, наговарајќи не на кавги... Дете сеуште со растечен нос и кашлица, до кога ли ќе трае? Денес демек недела ние сите разотидени на разни страни. Ај убаво попладне бар да имаме сите.
Среќен роденден на убавото девојче, да е жива и здрава, да расне во среќно семејство! @Nikita7 , која прва стигне до споменатата клиника, нека чува место за другата Мајке ми, понекогаш си мислам премногу сум стара за мало бебе, ама јбг сега намисли дедо Боже да биде... Денот до сега фала богу, мирно поминува, мм и големото ќерче отидоа на гроздобер кај свекор, размрсолавени и раскашлани се ама тоа е, поарно на воздух да сеа и да помогнат малку! Патем, како ги додржувате чорапите на нозе, нам ни успева мах. 4 минути
@Kitten жено ептен ме израдува, со лесно да ти е пак ќе раѓаш близнак изгледа, Д нека му ја мисли со тројца @Mari*, @zuto, Среќни да ви се родендените, да сте живи, здрави, весели со најмилите @joy1 Среќен роденден на женската, да расте здрава и паметна @alisijad јас не се мислам ни пет минути одма тргам, секој ден сум се повеќе на мисла кај да избегам од ова труло општество, па за Австрија да не збориме, плус и Салзбург Ние добри, ќере си спие јас до неа подвиткана под ќебе, смрзнав, ручекот денес од свеки
Мами во благодарам на сите за советите и поддршката Немавме многу време за размислување мораше брзо да се даде одговор на работодавачот, па така да одлучивме мажле да оди сам, да најде сместување, да се среди па потоа ако се оди по план и ние да отидеме, иако искрено воопшто не ми се оди, страв ми и дали ке успееме, дали ке се снајдеме, јазикот не го знам, сама таму без никој близок... Мислам дека вака е најдобро затоа што и ова е ново за него, до сега кај предходниот работодавач имаше обезбедено сместување а сега мора сам да си најде. Заминува наскоро, уште од сега ми е тешко, ама за нашата иднина мора, нема да ми е првпат да сум сама со синко, се надевам како и досега ке издржиме.
Здраво мајки Мене одаамна ме немаше на темата и општо на форумот, али чат пат читкав Честитки за сите родендени и за сите трудници и само здравје, среќа и сила на сите мамички Ние имавме едно да речам убаво лето (со исклучок на негативностите од одредени личности). Научив игнор да им правам на сите што сакаат да ми расипат расоложение .не само расположение туку во секојдневието да ти навлезат и во животот да ти се мешаат. Ѓи има да , али како да ѓи нема веке. Финтата била колку повеќе се трудиш да угодиш толку на глава ќе ти се качат. Затоа летото си го поминавме со максимално внимание и угодувања на нас тројца Додуша бебуш малку од поиќе го размазивме али нека, растат се менуваат , учат еднаш се бебиња па одвишок внимамие на никој не смета. Секој ден е се поинтересен, секој ден ни е забава Ја читам @Mari* и си викам од каде таа енергија жено, алал да ти е. И мало дете и бремена и што успеваш и ручеци и торти. Бтаво значи. Јас за бебе успевам сите оброци да ги спремам секој ден ама за нас не секогаш. Ние двајцата често јадеме и брза храна Торта една година немам направено, калапчињата за куглоф и слатки рѓа имат фатеноо најверојатно. Јас одам да правам едно попладневно горко кафе. Ке ве читам и пишувам почесто Поздрав