Баш ме и интересира како им примаат болни деца во градинка?! Мене ми викаат не ја носи без потврда дека е здрава, а матичниот еве втора недела ми вика да остане дома.
@Sunshine_1979 ti go nemase preeska celiot post, sega go citam i se smeam sama. E bas i jas sum taka.... Jas odam na kontrola za tiroidna, bez lekovi sum, ama mora da idam pobrzo na kontrola. Moze i mene nesto mi e so nea zafrknato. @kristina.k bogami, ne da mi treba pojako.... Ama ete me mozeme da pogodime sto
Здраво мајки секој ден на поминување ве читам, сега заспа синко па да ве поздравам @Kitten со лесно да си ја износиш бременоста, @Mari* @zuto @kristina.k сите желби да ви станат реалност, @joy1 среќен роденден и на лепотицата голема да порасне секогаш да ве радува. Дојде дождот се расипа времето, цело време дома па пука депресија, нервите слабеат па се поткачуваме и со мм и се така се собира, туку што можам да пијам за нерви бидејки го дојам а да не е б6 и така имам вишок кг? Денес понеделнички дете во градинка, работа по дома зачистив, ручекот и ми се чини само што се свртив дојде три часот, бев по него времето катастрофа си реков воздух да фатам и ако на само три минути пеш ми е градинката ми се чини измрзнав. Денес мали бил повознемирен понеделнички ама јадел и спиел и полека се опуштал и со другите деца, ќе не биде како почнавме до каде стигнавме добро е. Ве поздравувам
За повисока температура кога не делуваше само парацетамол или брзо ми креваше пак комбинирав на 4 часа со блокмакс. Колку имате тт?
Неделава е од 8 до 16,и најчесто е така.Виктор е втора смена. Ние денеска бевме. Ја прашав сестрата дали примаат нови,ми рече фулл биле и да сум го прашала лично него. Ете изумив,а за на братми малиот сакав да прашам. Секоја му чест на дечкото,професионалец до бескрај.Достапен 24/7. П.С.Види појди директно таму,немој телефонски.Не одбива и да прегледа,иако не е матичен,па за префрлање фино лепо ќе си го прашаш. Немој да се збуниш што речиси ич не збори.Секој збор му е алтантаков карактер е...
Здраво мајки! На цела мака се изнасмеав со постовите. Сите сме со проблеми со нерви. Како една не се најде читава? Ама кај мајки, па и жени сме, тоа е одговорот И јас ке си земам сега нешто, ќе почнам со б6. Домашната ситуација катастрофа.Со мм се помалку се разбираме, вака не било никогаш. Не знам, можеби било, но јас не сум била никогаш до толку одлучна да не попуштам. Од попуштање се доведов до ситуација да ослабам со нерви и да избувнувам за небитни работи. Размислувам да продолжам со животот сама некогаш, е до толку ми е преку глава. А околу мене се семејни утопии, семејно гушкање, ручеци-вечери итн. Никогаш не сум била тој тип. Не знам љубов да искажам, освен кон беба. Вчера до толку се натажив, недела, семеен ден, јас без волја за ништо. Не можам ни да плачам, па си реков не ми се живее долго, само беба колку да ја извадам на пат Денес нема ништо од тие мисли, ми се живее секако. Не знам како во двор бев кај свеки и изгледа го слушнала ова, па вечерта мм демек ништо не е, се понаша како се да е ок, изгледа искаран беше Но, не му помогна @flower30 Тебе цвеќе лекот ти е враќање на работа. Мое мислење. А желбата за секс е сериозна работа. Јас исто како тебе, немам. Ги сакаме ли маживе? @kristina.k Среќен роденден. Генерација сме школска, инаку онака сум 89, ама школо одев со 88. Не знам како не те знам @joy1 Среќен роденден на малата( кај вас големата) Има и друго за честитање. А, @Mari* Запамтив дека имаше роденден кога се изненадив колку е млада, не знам оти постара те мислев. Среќен роденден забавно женче
едно искрено прашање како жена на жена ама без да се лутите?Сериозно немате односи по цела година ,и како ви реагираат мажите?Мојот не би прифатил брак без секс никогаш
Јас не. Скарана нескарана, викенд барем без секс не поминал. И викендов имаше иницијатива, но овој пат стварно сум повредена и не можам. Ако се расчисти ситуација, можеби желбата ќе се врати. Инаку и со мм сме двајцата категорични, ако нема секс, нешто со бракот не е во ред. И кога се караме, кога сме се смирувале со секс, тој вели дека додека има страст ќе има и брак. И јас мислам до некаде така.
па како го оправдуваат отсуството?! Детето ако ти е со темперстура 2-3 дена сигурно нема да го носиш во градинка. Ајде еднаш ќе каже дека патувале, еднаш се успале, ама децата во просек се разболуваат на секои две недели. @LiliBoz не е лично прашањето кон тебе, сама се прашувам, можеби некоја мајка што го практикува ќе се издаде
@BirMelek па може и се познаваме а сигурно се имаме сретнато низ град некогаш. Фала ви на сите за честитките, кај сите само убави работи да се враќаат.
Ох. Јас спаѓам во оваа група. Не е дека немаме цела година, ама ептен ретко се случува тоа. Не знам точно до што е кај нас, не се караме нешто посебно, немаме некои посебни проблеми, ама ете... Јас навечер сум капната, додека средам деца и додека ги успијам заспвам и јас со нив. Тој рано на сабајле станува да тренира. @kristina.k јас и ти два дена само разлика, нека ти е среќен роденденот.
Ние ко зајци сме Страв ми е некогаш да му се доближам,све ко секс ме гледа @BirMelek можда дека лупетам ко некоја баба
за истото се нервирам и јас. две недели по два дена оди по пола час и се болен ми доаѓа дома. никој не ги проверува во градинка изгледа. оздраве пак го однесов нит ме прашаа зашто го немало нит ништо...
Не по цела, али по пола година хахаха. Се зезам. Преку недела ретко, викенд да, имаме. Најчесто е тоа зашто мм е по 12 часа на работа. Кога сме повеќе време слободни тогаш повеќе...